Хахаха имам јас потреба тебе да ти пропагирам нешто. Не се преценувај. Цел автопат кичево охрид е промашен, Миле и Коле битно ги средија жутоклунците ама ако нели, битно ерга омнес. Бате Мијалков денес се повикуваше на фикусот, аболицијата да му важела. Ама битно ерга омнес. Не се обидувам да наметнам мислење кај никого, не ме интересира, ама барем не сум слеп при очи и глув при уши. И ај да не се цитираме бесконечно и да не се расправаме без потреба, само едно нешто ме интересира, дали веруваш во автентичноста на разговорите. Тоа само кажи ми.
@Mamli Бомби кои го уништија и докажаа какво зло е вмро се пуштени одамна, ако си ги заборавил пушти ги, преслуша ги пак. Инаку вмро не договорило ништо прво зашто Груевски сакал да останеме дупка со која лесно ке може да манипулира и контролира, лесно да краде и да ја уништува државата. И второ Грција е таа која не сакала договор, а не Груевски. Немој да се залажувате дека работите биле во рацете на Груевски, барем договорот за името не.
Не ми стигна нотификација дека си ме цитирал, сега случајно приметив. Значи се јавил уште еден кој размислува длабоко Какви се тие размислување пештерски? Дали ти си живеел со нив па знаеш како они размислуваат? Можеби си експерт во пештерско размислување, па чувствуваш потреба тоа размислување и на другите да го наметнеш. Не прифаќам никакви измени во името Македонија. Опозиција 11 години не прифати договор за промена на името. Мојата земја во изминатите 11 години се викаше Македонија. Сега можеш бомбици да постираш и да велиш дека и они прифатиле промена на име, но јас 11 години не видов сменето име на државата. Јас не сум за еу и нато, сигурна сум дека никогаш нема да влеземе во еу и баш сум среќна поради тој факт. Како цел народ го пцуе кога ти и слични на тебе сакате да се смени името? Ако не е рамнодушен немаше на сликите да се кикоти. Ти колку сакааш сметај ја државата за нешто мало и споредувај ја со стамбени згради, напротив јас на неа не гледам така. За мене тоа е држава за која јас никогаш нема да ја напуштам, што и да се случи јас тука останува. Крв пролеале луѓе за оваа земја, а ти не им ги ни знаеш имињата, но јас кога одам во црква палам свеќа и за нив. Кај вас проблемот е што секогаш материјалното преовладува, затоа и вака размислувате. Секој што си ја сака државата вие го пишувате патриот и да во споредба со вас сме патриоти и имаме сосема други вредности. Сите имале финансиски кризи, не си единствен, но тоа не дава за право да се смени име на држава да се плука по некој што го дал животот. Денес имаш пари, утре не и обратно. Велиш во изминатите 10 години си имал едвај 5 дена одмор, што сега подобро е? заеб отвори ли барем 1 фабрика? дали ги зголеми платите? дали го продаде мерцедесот? Супер што си бил во Белград, барем они не ни наметнуваат никакви измени во државата. Јас никогаш не сум отишла во Грција, од лични ставови. Друштво ме има викано да одам во Грција на одмор сум одбивала, ме викале на шопинг во Солун пак сум одбивала. Јас таму нема никогаш да стапнам, пошто знам каков егзодус доживеа мојата фамилија таму. Било тоа пред 60 години, ама за мене минатото е сржта за сегашноста и иднината. Имаш еден земјен живот, но уште поважно има вечен живот. Терминот еднаш се живее/еден е животот не е оправдување за предавство и неморал.
Уфф се имаш препотено додека си пишувала. Верувај дека те прочитав без да прескокнам ни зборче. Убаво е што палиш свеќи за паднатите борци, ако, така треба, сите треба да го следат твојот тренд. Малце за вечниот живот не се согласуваме, али тоа во друга тема. Ме нарече материјалист? Знаеш што е сиромаштија ти? Немам потреба да ги споделувам моите животни маки и неправди со тебе за да ме сфатиш а знаејќи дека ти и твојата фела сте како на зид да му зборуваш, тука ќе застанам.
Груевски сакал да останеме дупка, затоа и имавме 4% раст на годишно ниво, економски зони, какви-такви фабрики. Сега мрдаме од место со 0% економски раст, дебакл на странски инвестиции, непотизам, партиски вработувања колку сакаш, неспособни кадри кои не испорачуваат резултати, никакви квалитетни реформи. Само чист евтин популизам Груевски сакал ова, Груевски сакал она. Тоа што во светов се почитува е ПОТПИС НА ПАПИР, а се друго е чисто млатење празна слама. Ниту ќе дадете конкретен договор во кој Груевски потпишал двојазичност, ниту ќе дадете снимка дека прифаќал ерга омнес. Се е сведено на перење на нечиј усмрден газ со лажни обвинувања. Нормално е дека Грција не сакал договор, затоа што од друга страна некој испорачувал услови и критериуми во кој се почитува македонското достоинство.
Нека го заврши некој ова со името, па сите колективно нека ги стават во затвор. Око нема да ми трепне
Ја уште одамна ви вилам дека Мицко му е марионетка на Зајко, ама не ми верувате . Ееее да беа толку патриоти имаше сите на нозе да се дигнат.... За Грујо влегоа во Собрание се испоубија, а за името се "тепаат"само на интернет. Едни глупи Комити што немаат друга работа малку "протестораа", и ајт назат, толку од бранењето! Вмровчињава испаднаа продадени души, да се тепаа толку за имево како што се тепаа за Грујо, може ќе го докажеа патриотизмот....
90% од таканаречениве патриоти летниот одмор ќе го поминат у Грчка и ќе велат дека се од СКОПЈЕ, место во нашиве туристички места, ама битно иметонегодаваме
Со двете раце ке заокружам ДА ! Вака , многу ме нервираат некојси стари лица 50+ што се глупираат на фб и на глупите протести , а млади лица речи си нема на протестите се против , и заради што биле против 27 години тапкаме во место и одиме кон полошо ,се заради нивните заостанати свакања ! Земете ги за пример празноглавите Солза Грчева ,Ванковска и Миленко Неделковски нивните дечишта живеат во странство , уствари они и воопшто не размислуваат за идните генерации бидејки дечиштата не им живеат во дупкава и ми изиграваат патриоти а земаат над 1000 евра плата , да земаа по 12000 денари ке ги видев тогаш , што е најстрашно имаат следбеници што одат по нивниот лажен патриотизам !! Големо Да за Еу и Нато !!!
Така е,само нека не ги лажат луѓево по штабовите Слепи сте при очи,само тоа ке кажам. Само една исправка.Мицко му е марионетка на Грујо,од него беше донесен но заедно се во коалиција со Заев за договоров. Вмровците се изгубени германци,нит знаат кого да слушаат нит кому да веруваат.
Секако дека ќе гласам за да не се менува. Ако го сменат, кој гарантира дека ќе влеземе во ЕУ и НАТО? Аха, мало сутра
Ќе гласам ДА,за промена.Ќе земам активно учество и нема да стојам на страна,затоа што чувствувам дека Македонија се наоѓа на крстопат.Останатите "алтернативи" се илјада прашалници:каде,како,со кого, и многу кал...многу кал.
Во врска со твоето искуство. Пред многу години татко ми не можеше да добие виза за Грција. Зошто? Роден е во странство и го тераа да потпише дека е друга националност, ако сака да добие виза. Практично, го тераа да се откаже од својот идентитет. Да се изјасни дека не е Македонец. Од таа причина он кажа дека никогаш нема да стапне во Грција. Ма идиоти бре.
Ме интересира овие што се ЗА промена на името на какви бенефиции се надеваат од влегувањето у ЕУ? За каква подобра иднина се збори тука ако може поконкретно?
Ти ова сериозно прашуваш?? Уште помасовно и полесно иселувањето во Германија, секако не ќе мора и бугарски пасоши да вадиме тие што немаме