Да го пренесам постов на уште една страна,да биде уште еднаш прочитан ,бидејки подобар до сега немам прочитано.
А у Германија ако не си способен да работиш кој ќе те финансира? Ќе останеш шворц по два три месеци и пак ќе се вратиш...Уствари чистење тоалети е секогаш опција. Ако си способен/на и сега можеш да идеш да си најдеш работа у Германија и одредена фирма ако смета дека имаш одредени квалитети ќе те задржи ќе ти извади документи и било каде у Европа е исто, али шта чеш excuses за мрзливи луѓе.."Не сме у ЕУ затоа пропаднаме".. пропаднат си пошто не си способен, квалитетен кадар никој не одбива.
Сериозна сум, да. Ама, од нас зависи дали ќе биде така, не од други. Ќе биде: Еве ви врата отворена, ајде сега да ве видиме, колку ве бива.
А сега затворена ни е вратата? Тоа дали не бива од сега се гледа, познавам личности кои заминаа у Европа со мк пасош и легално останаа затоа што ги бива па си извадија документи у ЕУ а тие што не ги бива и после "отворање на вратите" ќе најдат изговор за личните неуспеси.
Работата е да успееме како држава, а не поединци кои се исклучок да ги земаме како пример. Да видиме дали можеме заедно, да ја поправиме државата, во целост.
Може малку поконкретно на што се мисли? Во која сфера влегувањето во ЕУ ќе ни пружи шанса колективно да успееме?
Не е во прашање само промената на името како такво, кога одговараме на ова прашање треба да го гледаме целиот контекст. Верувам никој македонец не е за било каква модификација на името, но се поставува прашањето, дали сме доволни силни како држава да издржиме на ветрометината ни ваму ни таму, ни риба ни девојка. Видовме дека 25 години времето не работи во наша полза, ниту оние што се внатре во ЕУ и НАТО имаат намера да се комнфронтираат со Грција заради нас. Јас би бил најсереќен кога би можеле да влеземе во ЕУ и НАТО под името Република Македонија. или кога би биле доволно силни да кажеме не за ЕУ и НАТО, но веројатно сфативме дека тоа не е можно. Кога финансиската криза не ги натера големите сили да ја притиснат Грција сега сигурно нема. Но она што е најбитно што двете најголеми партии се единствени иако изгледа дека се на дијаметрално спротивни страни. Во политиката не секогаш 1+1 се два, или во случајот гласајки не всушност помагаат да успее референдумот.
@honest girl а сега како е? Добро? Мислиш ли дека сега за сега на граѓаните на Република Македонија им е добро? Успешни ли сме колективно?