Не сме, тоа повеќе од јасно е, у случајов мене ми се смешни тие што мислат дека со промена на името и влагање у ЕУ ќе се смени нешто.
Ајде уште еднаш да го постирам,позитивниов пример : Словачка која имаше преговори само 2 години и влезе во ЕУ, земја со висока невработеност ,најдобро ги искористила фондовите,со искористеност на кохезијските фондови од 11 милијарди еура.креирале 130 000 работни места,комплетно реновирале 1000 училишта и 56 болници,200 центри за социјална помош,крирани 26 индустриски паркови,итд... https://poslovnipuls.com/2014/05/08...se-ucinkovito-koriste-sredstva-iz-eu-fondova/
Леле, ми е мрза, бидејќи цела недела го вергламе истото, на оваа и на предходната тема, за која впрочем, имаш линк во уводниот пост на оваа тема. Значи. Еу и НАТО интеграцијата нуди релативна сигурност на инвестициите во земјата. Добиваме пристап до фондови за развој, кои се достапни само со кандидатски статус или веќе член. Промоција на државата на светскиот пазар. Регулација по европски стандарди во сите сфери кои гарантираат квалитет на производите и квалификуван кадар... итн-итн. Ама тоа сето, ние треба да го спроведеме и ние да сработиме за да го добиеме. Како тендер бе. Еве ти можност, аплицирај, ако имаш добар проект, добиваш, ако не, ќе им го дадеме на Бугарија (пример). За друг пат да не те буни, читај ги цели теми, да не мора да објаснуваме на секој посебно. Ок?
Секако. Менталитетот на немање самодоверба дека може да се успее тешко ке го смениме,евидентно од темава.
А што направија претходните влади по тоа прашање? Што направија и ВМРО и СДСМ за да ни биде подобро или поточно да им биде подобро на луѓето на РМ кои не се политичари? Се задолжија до гуша, испокрадоа се што може да се украде и провоцираа, безобразно до срж. Ве лажат дека со влегување во ЕУ државава ке осиромаши или?
Со добивање на преговори 3дравје, прво ако се спроведе договоров целосно со Грциве, понатака ако се биде во ред почнуваме со отварање на поглавја, 35 се. ЕУ ке ни одредат 3а почеток кој треба да се спроведат, од еу од комисијата гледаат како се усвојуваат, секое поглавје е битно, гледаат и кое можеме побр3о да го спроведеме кое не толку бр3о, има тука работа,но со преговорите од еу ни даваат и финанскиски средцтва итн. Пластично кажано со овие поглавја им даваме до 3наење дека се движиме во добра состојба и полесно може да се инвестира. Иначе во секоја сфера се работи, економија, 3драство, судство, тури3ам.Читајте и страници нана3ад.
Ако имаш труло општество, трула внатрешност, сама се распаѓа државата одвнатре џабе ти се надворешните таканаречени бенефити кои мораат да поминат низ призмата на трулата власт која истите ќе ги искористи во свои цели заборавете на тие бајки и приказни за мали деца. Аха значи тоа е клучот на успехот- оптимизмот а не рационално размислување и согледување на реалноста.
Трул е и народот, не само власта Власта не може ништо да направи (ни лошо, ни добро), ако народот не поддржува, активно или пасивно. Затоа реков убаво: Од сите нас зависи. Лесно е да речеш дека власта е крива или некој од власта. Така си се изолирате од одговорност.
И пред да се случи ова, вратите ни беа отворени. Ама за кого како. Успеаја само оние што ги бива. Познавам такви што заминаа во ЕУ со македонски пасош. Со многу напор се средија таму. А на другите им останува да се надеваат на подобри времиња. Ако воопшто дојдат. Кој како ќе се снајде.
Пак се вртиме во круг? Рековме за цела држава, не поединци. Пред 5 поста ова го пишав. Аман обрнете внимание, да не се повторуваме непотребно.
Под "труло општество" нели и на народот се мисли не знам што е конфузно тука.. а и воопшто не е релевантен фактор ова што го потенцираше со потенцијалните "промени од влегувањето во ЕУ" повеќе ми зазвучи како некој дефанзивен механизам за одбрана на актуелнава власт. Ете јас мислев од претходната нема полоша али овие изненадуваат гледам..
Зависи за кого како. Некој ке има размислувања дека не треба веке да одиме со главата во ѕид и треба да се стави точка и тргне понатаму. Некој од пусти страв ке тапка во исти ритам и такт уште наредни 30 години.
Да имаш барем малце поим од економија, да знаеш што претставува и како се развива, нема да го поставиш ова глупо прашање.
Ја сфатив, се зезам Јас сум секако од Скопје, не е тоа лага, но кога келнерот на плажа ќе ме праша, а јас сум отишла за да си ја одморам душичкава, му викам од Скопје оти не ми се прави муабет. Не гледам поента да се расправам со рандом Грк Инаку додека работев во Грција, газдата на хотелот (мојот работодавач) кога ме претставуваше секогаш кажуваше дека сум од Македонија. Но тој е поединец, и негово лично видување си е.