1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Постои ли вечна љубов?

Дискусија во 'Врски' започната од AlekBt, 18 јули 2010.

?

Верувате ли во вечна љубов?

  1. Да

    180 глас(а)
    66,2%
  2. Не

    92 глас(а)
    33,8%
  1. AlekBt

    AlekBt Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Машки
    Бајките дефинитивно не постојат, па затоа заборавете на тоа дека вашиот партнер или партнерка ќе ве сака до крајот на животот. Според едно најново истражување секоја петта личност е заљубена во некој друг кој не е и брачен партнер.

    Истражувањето спроведено врз повеќе од 3000 испитаници даде мошне интересни резултати-дури пет милиони луѓе на светот кои се во брак или пак се во врска сакаат некој друг.

    Уште поинтересно е тоа што тие не се заљубени во било кого туку најчесто тоа е колега/колешка од работа или фамилијарен пријател.

    Резултатите покажуваат дека секоја четврта личност е несреќна во бракот или врската, а секоја шеста е во состојба да го мами партнерот. Сепак, оние што планираат да мамат истакнале дека тоа би го направиле еднаш и не би го повториле. Прашање е колку биле искрени во одговорот со оглед на тоа дека не за џабе се вели „еднаш како ниеднаш“ .

    Голем број од испитаниците воопшто не веруваат во моногамија иако со години живеат во моногамна врска. Тие веруваат дека паралелно со успешен брак или врска може да се сака уште една личност освен партнерот. Што велите за тоа?

    Превземено од идивиди

    Девојки оваа тема некако ми се виде интересна па да видам што мислите вие во врска со тоа ? ? ? И се извинувам доколку има некоја слична и ако има таква слободно можи да се избриши !
     
    На Quuen му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Помина времето на витезите....принцевите и принцезите......
    Сега се има, само љубов нема! Тоа е идеал.......значи никогаш неможе да се постигне! Во вакви времиња на нискоморален провинцијалски дух, компјутеризација, изживувања, наркоманија, спонзорушлана, шмизлана....веќе не можам да се сетам :lol: :rofl: ....ги има многу.............љубов - хелл ноооо!......ако се вратевме во друго време, љубовта би имала шанса, сега не! :fubar:
     
    На Night.Star му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Истото и јас го мислам,дека нема љубов,затоа и не ме чуди што се повеќе има разводи,дека се случува во бракот,еден од партнерите да се вљуби во друга личност,има и тоа знам за таква иста ситуација во која,детето,не беше пречка за другиот да се разведе од партнерот,незнам што да кажам,само доколку човек смета дека неможе да го помине животот покрај личноста за која претпоставувал дека е вистинската,а веќе се во брак,тогаш се требало да се размислува порано,не подоцна.Претпоставувам дека има и такви,кои покрај бракот,се заљубени во друга личност,па ете така си живеат,незнам,само претпоставувам,а дали е тоа вистина,друг нека каже.Само човек во текот на животот неколку пати може да се заљуби,без разлика дали е во брак или не,но има и каде што љубовта до крајот на животот не е илузија,тоа е реткост,денес или за пари гледаат или не се поднесуваат едни со други.Само незнам како може додека човек е во брак,да се заљуби во трета личност :?: и тоа е индивидуална и релативна работа.
     
  4. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    И јас не верувам во вечна љубов. Ако постои, секоја чест на исклучоците. Во природата на човекот е да ги менува нештата, да запознава нешто ново... Значи на почетокот од некоја врска или брак може да постои љубов, но со текот на годините сето тоа преминува во навика.
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  5. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    и јас мислам исто. Некаде дури прочитав дека љубовта кај човекот трае максимум 2 години, а потоа е навика која се оддржува со взаемна почит, доверба и искреност.
     
  6. Dimana

    Dimana Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2009
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Jas mislam deka posle 2_3 godini vrskata se svedva na vzaemno pocituvanje ,zadovoluvanje na seksualniot nagon,a strast ljubov ne za zal toa go nema ;(
     
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    може не размислувам реално,ама јас верувам во љубов до крај на животот и не може никој да ме убеди во спротивното.може нема да ми се случи на мене или некој близок,ама секогаш ќе верувам.и не ни сакам да верувам поинаку,зашто ако не верувам нема ни да ми се случи
     
  8. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Се согласувам. И јас мечтаам за искрена, чиста, вечна љубов.
     
  9. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Па и јас сакам вечна љубов, ама некако тешко да се уверам дека постои... Не можам да се жалам сум имала и имам многу љубов во животот, арно ама одредени животни ситуации, ме научиле дека не е се така како што не учеле од мали, дека љубовта е бајка и дека постојат принцови, коњи, замоци, бла бла бла... Не сакам да уништувам нечија мечта, меѓутоа мислам дека ако не веруваш нема од што да се разочараш... Мое мислење ;)
     
    На Muchacha му/ѝ се допаѓа ова.
  10. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    еве баш ја читав и статијата на фемина за тоа дека романтичните комедии даваат погрешни слики за тоа како треба да изгледаат врските.
    Јас сум за тоа, дека ако премногу очекуваш, голема е веројатноста да се разочараш.
     
  11. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    399
    исто мислам и јас :)
     
  12. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^ Same here :) (Иако звучи како клише.)
     
  13. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Да не бев сведок на една таква љубов,најверојатно немаше ни да верувам.Ама сега знам и сум уверена дека таа постои.Сакам тоа нешто и јас да го имам,иако шансите за тоа се многу мали.....
     
  14. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    97
    немам што повеќе да дополнам освен дека се согласувам
     
  15. Dimana

    Dimana Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2009
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Devojkiiiiiiiiiiiiiiii alo, zboruvame za realnost, a ne za sto mectaeme ;)
     
  16. PoisonGirl

    PoisonGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.424
    Пол:
    Женски
    Само љубов,доверба,разбирање меѓу двајцата и останатото само ке си дојде
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Според мене луѓето прават една огромна грешка - љубовта ја поистоветуваат со страста. Нормално, ништо не може да биде исто, ниту возбудливо како на почетокот, има различни периоди, интензитетот на привлечност опаѓа,се менува, и мене тоа ме загрижува најмногу. :worried:
    Љубов до крајот на животот верувам дека постои. Но, што без страст, без привлекување, без таа хемија помеѓу двајцата? Ние се сакаме! Голема работа, браво за вас. За мене интригантниот дел не е толку Љубовта колку хемијата, таа ги одржува работите интересни, свежи, нови, возбудливи.
    Се надевам дека ќе ги пронајдам и едното и другото во совршен баланс, бидејќи знам дека само така ќе бидам среќна.
    Ама не летам во облаци многу, многу, подготвена сум и на идејата дека е можно да не пронајдам ништо од двете. Јбг, живот. ;)
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Pinar

    Pinar Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    1
  19. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Љубов до крај на животот илузија од бајка !?

    Љубов до крај на животот......кога некој ќе ми го спомне тоа, секогаш ме асоцира на Дедо Мраз!.. :lol:
     
    На AppoloN му/ѝ се допаѓа ова.
  20. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Љубов до крај на животот илузија од бајка !?

    Сите ние посакуваме вечна љубов како од бајките и се стремиме кон неа.Но нажалост реалноста е сурова и не е се како на филм.Јас лично незнам дали дали постои вечна љубов или пак постои љубов некое време а потоа станува навика.Како што гледам по мене и по други парови кои се во долки врски партнерите еден од друг прифаќаат навики,размислувања....всушност стануваат слични.Многу често знам да го прашам дечко ми душичке ме сакаш вистински или сум ти само навика,а тој ми вели ако не те сакам нема толку време да бидам со тебе.Тоа всушност ние го сакаме да има вистинсак љубов,но љубовта е голем збор и тука има многу да се дискутира.