Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Постои ли вечна љубов?

Дискусија во 'Врски' започната од AlekBt, 18 јули 2010.

?

Верувате ли во вечна љубов?

  1. Да

    181 глас(а)
    66,1%
  2. Не

    93 глас(а)
    33,9%
  1. lady19

    lady19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    13
    Љубов до крај на животот илузија од бајка !?

    Jas odsekogas sum sonuvala za vecna i vistinska ljubov, i prerano si go svativ seriozno zivotot. imav 2 dollgi vrski, edna 2, drugata 3 godini. sega sum 20 godini i sum single, razocarana od moite 2 neuspesni obida i propadnati ljubovi. prviot go sakav mnogu, no onaka detska ljubov bez intimnost, no me ostavi, a vtoriot ne go sakav tolku , ama sepak mi bese prv so koj bev intimna , no go ostaviv bidejki mnogu se karavme... sega sum skoro mesec dena single, i ne znam so da pravam vo zivotot. razocarana sum od misijata za vecna ljubov, taka da skoro i ne veruvam deka postoi... ima edno dete so mnogu mi se svigja, no vo dilema sum dali da bidam so nego ili da si ostanam single, zasto odamna ne sum pocustvuvala kako izgleda toa, bev non stop vrzana. moze nekoj sovet??
     
  2. bebce91

    bebce91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Љубов до крај на животот илузија од бајка !?

    Probaj da go vkusis zivotot,izleguvaj so drugarki setaj,pravi se sto ne si smeela ili ne si mozela da praves(nemoj sega pogresno da me razberse za se):) ima vreme za se,se sto se slucuva na brzina ne e slatko ili pak slatko e ama trae kratko :)Taka da spored mene izleguvaj setaj luduvaj dodeka e vreme zosto ako se vrzes so nekoj posle i da sakas nema!A za deckoto sto ti se dopaga prvo nauci mu go karakterot pa potoa razmisli dali e za tebe ili ne.P.S ne dozvoluvaj da bides tazna i unistena,ponizena od nekogo koj ne te zasluzuva zosto veruvaj deka ima mnogu sto ke sakaat da bidat so tebe i nema da ostavat prostor za kavga a da ne zboruvame za kavgi
    pozz se najdobro :)
     
  3. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Верувам во вистинска љубов,но не верувам во вечна љубов...Неможам точно да кажам колку трае љубовта-тоа си е кај секого различно :) Но ако маж и жена се во брак 30-40 години,мислам дека нема шанси да се сакаат.Според мене,тоа е само навика,а и самите можеби не забележале кога љубовта престанала.Се има крај,се проаѓа,па така и љубовта.Сум зборувала за ова со луѓе повозрасни од мене,што веќе се во брак и сите ми велат "ех,кога ке се родат деца,кога ке изминат годините....(значи спомнуваат се освен љубовта,во стил дека љубовта тогаш и не е толку важна бидејќи си посветен на други работи)".Можеби ова ке ву звучи смешно,но ако јас се омажам,ке го сакам маж ми најмногу 10-12 години,повеќе не верувам... :$ Е сега секоја чест за исклучоци,за оние кои се сакаат и после многу мноооогу години брак(оние ретките),сигурна сум дека треба да се вложи многу труд за да се успее во тоа :)
     
    На Muchacha му/ѝ се допаѓа ова.
  4. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Јас мислам дека постои вечна љубов. И денес има парови кои и после многу години поминати заедно се сакаат, можеби се помалку вакви, но се доказ дека е возможна вечна љубов. Дека таа постои и не е нешто неостварливо. :inlove: :inlove: :inlove:
     
  5. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Да, постои

















    Но само во филмовите.
     
  6. NotInLove88

    NotInLove88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    77
    И јас сум романтичарка ,што во ова време е жалосно да бидеш зошто секој си гледа прво за себе....Вистинска љубов постои...но по одреден момент избледува доколку нема посветеност од двете страни,и таа треба да се одржава и да и се дава можност да расте ..ете ан пример како на цвеќето..ако не му туриш вода ќе почне да венее и еден ден ќе умре од недостаток на грижа,тоа се случува и со т.н ЉУБОВ....Мислам дека единственат љубов што засекогаш ќе ни остане безрезервна е онаа од нашите најблиски било за што тие се секогаш за нас тука ,за разлика од дечковците кои можат да ветат и да се заколнат и пред бога па и покрај тоа да си заминат.....Сепак тоа е реалноста кога тогаш ќе најдеме некого но дали тој ќе биде нашата сродна душа ..епа треба доста голема потрага за тоа....исто као да се бара светиот грал....џиџи (Извинете што многу го тупам ) хохох
     
  7. nina-nina

    nina-nina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    17
    Мое мислење е дека вечна љубов не постои,вистинска постои но не е вечна! Љубовта понатаму во брак преминува во почит и разбирање.Вечна љубов постои кон мајка,кон татко но спрема брачните парови мало сутра вечна љубов...ТОЈ ШТО НЕ ИЗНЕВЕРИЛ СО ТЕЛОТО-ИЗНЕВЕРИЛ ВО МИСЛИТЕ И СО ДУШАТА !!! ;) Така да не верувам во волшебства :)
     
    На igirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    117
    Постои вечна љубов - на филмот The Notebook. Сега посериозно да си го кажам мислењето-не постои. Затоа што тоа што е сега љубов со тек на време се извештачува и преминува во поштување и навика-и поради тоа може да трае вечно, ама нема да е од љубов. Толку од мене.
     
  9. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    Посто-непостои се малце груби класификации ...не ми иде некако за вака чувствителна тема... :?: Сите сме различни карактери, имаме различни мисли, чувства, различна манифестација на емоции, реакции... Дали било кој од нас знае да сака -комплетно целосно и засекогаш е прашање на коктел од погоре кажаните нешта... Ако се погодат двајца што знаат, сакаат и можат да се предадат емотивно и секако, на еден човек, и да работат на таа емоција он а дејли бејсис, да, може да постои..Само треба да излеземе од балончето од сапуница и малце по реално да ги гледаме нештата... На таквата љубов се работи, и таа не останува иста како во првите 3 месеци од врската, продолжува да се менува, од фаза во фаза...засекогаш...Љубовта е жива материја, хемија помеѓу двајца.... Ако тие знаат како да негуваат... и ако сакаат...тогаш - таа е вистинската... :$ :$ :$

    It's not always rainbows and butterflies, it's compromise that moves us along..... ;) :inlove:
     
    На Nina24 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kejty

    kejty Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1

    Се сложувам со тебе-Вечна љубов НЕ ПОСТОИ!!!
     
    На nina-nina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SuperGirl2010

    SuperGirl2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Не го напишав јас ова, ниту знам кој го напишал. Го пронајдов на фб на профил на машко. Се согласувам со се напишано и воедно го давам моето мислење за темата. Повелете ;)



    Каде постои вистинска идеална љубов??? Каде е таа љубов од бајките?? Нека се јави тој што видел или вкусил таква љубов за да му честитам и да го поминам остатокот од mојот живот завидувајќи му! Не сфаќајте ме погрешно, сите ние сме љубеле и ќе љубиме во животот ама ништо нема од онаа „Ромео и Јулија“- односно вечна љубов. Знаеме, многу добро знаеме како би требало да изгледа таа нели? Па зар не не учат уште од малечки за онаа фамозно „Си живееа среќно до крајот на шивотот…“
    Пубертет. Тргаш во потрага по горенаведеното убеден дека таму неkaде те чека личност створена да биде твојот двојник во огледало и длабоко во себе се надеваш дека ќе преживееш една бајка од типот „Пепелашка“ само без делот принцеза, коњ…
    Упорно се трудиш да дојдеш до таа личност побргу убедувајќи се самиот себе дека ти си тој предодреден за Вистинска љубов, не како илјадниците примери кои си ги видел и запознал што се изгубиле по патот барајќи ја.
    И тогаш доаѓа моментот и ти стоиш преd личноста и мислиш дека потрагатa тука завршува… летаат пеперутки во стомакот…срцето забрзано чука….Љубов!
    Е тука започнува второто поглавје кое започнува пролетта. Сепочнува да цвета па и твојата љубов…секој ден и секој ден е се поубаво…потопло…доаѓа летото…цветаат рози …се уште те следи истиот занос и поголем жар…полека паѓаат температурите и се ближи есента на твојата љубов. Есента на твојата љубов е слична со вистинската есен, листовите на розите паѓаат и остануваат само стеблата полни со трње. Баш кога ќе помислиш дека болката е преголема за да можеш да ја преживееш доаѓа зимата, се прекрива и останува само тапа белина и сеќавања.
    И сега знаеш што е љубов, си ја почувствувал и се прашувавш какви луѓе биле тие способни да измислат такви приказни? Бујна фантазија… Реалност или Лудило??


    п.с. го украдов без прашање али не го начекав онлајн да побарам дозвола :)
     
  12. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.119
    Допаѓања:
    2.710
    Пол:
    Женски
    А уствари што е вечно, па за да биде вечна и љубовта????
     
  13. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Вечна е вечноста.
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.827
    Пол:
    Женски
    Единственото нешто во што верувам моментално...
    Само некој кој не сакал со целото срце може да каже дека не постои вечна љубов.
    Секој што е вљубен е уверен во ова :)
     
    На tessie, tallyweijl и Queen.S им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.134
    Допаѓања:
    156.154
    Само вечна е глупоста и времето,ништо друго.Вечна ми е поврзано со безусловна,а така само може мајка да сака.
    Има само во филмовите!
    Дали некој може да биде ист цела вечност (добро де,колку што ќе му биде животот)?!Не!Луѓето се менуваат,не се оние кои сме ги засакале на почетокот.Некои на подобро,некои на полошо,толку лошо што е неподносливо.Да зборувам за другарска љубов,па сигурно јас нема да ја сакам другарката вечно,ако се претвори во кучка,ме повреди,не сум до толку голема да поминам покрај повредување на нашата другарска врска,дали мажот ќе ме сака ако станам мрсна,дебела,неуредна,со подникнат корен,секс одамна нема,ниту особен муабет и му ја запоставувам куќата?!Секако дека нема.А како инаку?!Ќе помине низ мојата коса и ќе ми рече моја љубена,а потоа ладното цедено масло ќе го стави во тавче и ќе си спржи колбаси дур јас гледам тв и јадам пилешки копани?!Ма ајде...
    Вечна љубов од аспект на тоа дека секогаш ќе ја има на светот во било која форма,па ќе умира и повторно ќе се појавува некаде на друго место,да,зошто таа го движи светот,а вечна љубов помеѓу двајца,која е врзана со безусловна,не.Сепак,ако е така,зошто на почетокот на врската толку се трудиме да оставиме впечаток?!Врска нема она,ако ме сака,секаква ќе ме сака и засекогаш.Мхм...утре развод,неверство...да де.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.827
    Пол:
    Женски
    Работата е да не се случи тоа. Лилит, песимист еден. Со такво мислење нигде не се стига. На крај и таква ќе бидеш, секогаш ќе ти фали нешто...
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.134
    Допаѓања:
    156.154
    Виножитце,мене ич ништо не ми фали да ти кажам право во моментов,освен едно чоколадо.
    Шала на страна,не сум песимист,тоа е реалноста.Јас го сакам него,тој ме сака мене,може ќе бидеме цел живот заедно,ама сигурно дека нема да ме сака исто како на почетокот,ниту јас него,а уште помалку пак ако еден од партнерите многу се смени.Јбг се дешава,ако се деси на 30,си бараш среќа со сигурност на друга страна,ако се деси на 50 години,шта чеш,ако имаш храброст диворс и ќе си уплатиш крстарење и ќе запознаеш партнер допрва,ако немаш,ќе трпиш,ако се деси на 70,ќе се помириш.
    Сега е добро,сега ништо не фали,ама кој знае...
    Вечно може мајка да сака дете (зборам за оние нормалните мајки).
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    54 % одговориле ДА.
    :^) :^)

    Дали се тоа истите моми кои живеат во заблуди и илузии дека мажите сакаат пат од ливчиња од рози и мече кое удира на барабанче и пее некоја приспивна соната изведена на синтисајзер, не знам.
    Мое скромно мислење е дека се тие.

    Не, не ги обвинувам, напротив.
    Twilight и придружни бедни филмчиња од тој тип како и новелите на Николас Спаркс вршат значителна улога во процесот наречен перење на мозокот.

    Која вечна љубов?
    Ви се молам, јас сум најголем поборник за љубов и секс и страст и ништо од тие не е вечно.
    Страста менува форма и може да се олади ако не денес, за неколку години секако ДА, на сексот ќе му кажете збогум во моментот кога ќе стапнете во менопауза, а љубов, оф леле...

    Ќе бидам среќна ако на стари години ќе имам со кого да си промуабетам, наместо да си зборувам самата со себе, да прошетам низ парк потпирајќи се на нечие рамо и ќе се консултираме заеднички што лекови треба да кркнеме за лека ноќ.

    А Љубов не е само држење за рачиња и поезија под виножито.
    Љубовта е и сексање и авантура и страст, а на 70 години тешко било што од ова, дури и со катетер и лек против Алцхајмер.
    Проста математика, ако веќе одбивате инаетливо да ја прифатите оваа солуција.
     
    На okcenzi, Sephora, Angelche и 3 други им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.827
    Пол:
    Женски
    Јас чисто и поштено да си одговорив на анкетата. Сум видела примери, до стари години, до пред умирање што се вика, се бараат еден со друг.
    Кој е кој да каже дали постои вечна љубов? Работата е кој во што верува.
     
  20. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Хмм, па ако зборуваме за љубов како на филмовите, не постои. На почетокот на врската сите чувствуваме пеперутки во стомакот, не ни се јаде, не ни се спие...Потоа тоа преминува во возбуда, страст, желба и потреба за партнерот...А потоа преминува во љубов, не филмска, туку љубов која се манифестира најмногу преку почит и разбирање и кога го сакаме заради тоа каква личност е. Првите две фази во континуитет можат да траат максимум 7 години, а потоа настапува третата фаза. Не значи дека во третата фаза го снемува сексот и страста, само не чувствуваме таква неисцрпна желба за постојано да бидеме со партнерот, сакаме понекогаш да бидеме и сами. Третата фаза трае најдолго, а потоа настапува 4 фаза...Сексот се намалува, проблемите се зголемуваат...Оваа фаза во просек се појавува некаде на 50 години. А 5 фаза, која настапува во длабоката старост, претставува само едноставно помагање еден на друг за извршување на основните работи, имање друштво за разговор, за јадење, за гледање ТВ :)
    Скоро секоја нормална врска поминува низ овие фази. Затоа се вели : “Барај некој кој што ти одговара на карактер, со кој што можеш да разговараш, кој те почитува и те цени“. Затоа што, ако “љубениот“ ги нема овие карактеристики, кога ќе поминат првите две фази гадно си се зае*ал. Третата фаза е најдолгата фаза од една врска, па затоа е многу битно човекот со кој ќе решите да го поминете животот, пред се, да ви биде пријател и сродна душа, а потоа и се останато.
     
    На igirl му/ѝ се допаѓа ова.