Има вечна љубов но од 1000 парови едни се...кои се сакаат,си веруваат,си почитуваат ..и нивната врска е онаква какава што треба да ее..али ова е привилегија што господ ја дава на најискрените и на најдобрите...
секако дека има и немора да значи да се биде со саканата личност може и цел живот да сте разделени ама сепак да се сакате јас се заљубив на 17 год заедно бевме 2 год многу го закав но таква беше работата што тој мораше да замине и од тогаш се немаме видено веке поминува и 9 год откако се немаме видено а јас сеуште го сакам можеби не толку како што сум го сакала но сепак го чувам во себе свесна сум за тоа дека никогаш повеке нема да бидеме заедно но знам дека и никогаш нема да го заборавам животот продолжува понатаму но таа љубов ке ја носам во себе како мал скапоцен камен скриен длабоко во мене.Сега имам дечко го сакам но сепак таа љубов никогаш нема да биде како онаа што ја имав на 17 год невина детска која вечно ке живее во мене
Според мене не постои. По неколку години се се сведува на заемна почит и поддршка, финансиска сигурност и страв од самотија. Не верувам во вечна љубов, иако не велам дека нема шанси да има. Можеби и има. Се надевам ќе се разубедам во ова.
Не постои вечна љубов бидејќи машките се едни ретардирани говеда што немаат никкава смисла за животот мислам само те искористуваат говеда едниу!!!!!
Ziveam , disam i kopneam sekoj den za ovaa ljubov...vecna ....vozvratena...bezuslovna.....se nadevam deka brgu ce dojde i ce me gusne mnogu silno....
Искрено незнам што да мислам, ама се надевам дека постои. Сега за сега имам врска од година ипол што функционира супер, меѓутоа вечност е нешто многу повеќе од година ипол.. Само се надевам дека постои нешто такво како на филмовите "си живееа среќно до крајот на животот", врска исполнета со среќа, љубов, почит, поддршка, разбирање.. Само ме плаши тоа што границата помеѓу љубов и на некој начин потреба, рутина, опсесија со тек на време се истенчува..
Љубовта трае и трае.. никој не може да одреди до кога. Зошто не се мери по шаблон. Љубовта не е физичка мерка, туку хемија меѓу двајца. Енергија што не се губи, само ги менува формите. Надвор од сите идеали што ги замислуваме, Дизни приказни и совршенства - секој знае да љуби на свој начин. Штета што се поистоветуваме со интереси, навики, извртени перцепции и тотално промашено значење на љубовта. Секако дека преоѓа во навика ако ја земаш здраво за готово. Знаете де, како растението. Го полеваш, расте, се развива.. и постои, можеби не толку убаво како првите денови но со ист раскош и сјај. За оние на кои љубовта не им е ставена во резерва, оние што сакаат никогаш да не им исчезне се трудат со милион начини да го зацврстат она што го имаат. Ма само нека трае...
Според мене не постои. Кога тогаш ќе избледат чувствата, покрај сета поддршка, доверба и заедничко време. Убаво е додека трае, но кога ќе заврши ќе останат спомените
Нормално дека постои.Ама ретки се тие парови кои знаат искрено цел живот да се сакаат. Никогаш вистински не љубел тој што мисли дека љубовта е минлива.
Постои. Она што повеќето ги збунува е тоа што го менува обликот со промена на возраста и приоритетите кои ги носи истата. Се надевам дека и мојот брак се темели на истата штом после толку години го чекам да си дојде од работа со ист жар како кога бевме дечко и девојка што чекав да ми се јави. Но, за да биде вечна мора вечно да се вложува во неа. За градење треба долго време, а за рушење само еден миг. Да се трудиме да го усреќиме другиот, да го бараме доброто во него, да се радуваме на секоја ситница која знаеме дека ја прави само за да ни' измами насмевка на лицето.
Се шушкат муабети дека еден малолетен пар отишол во црква и се заколнале на вечна љубов, па може да ми објасните како тоа изгледа? Баш ме интересира
Вечна љубов, само ако не е возвратена или е невозможна да се оствари и останува платонска! Па јас не сум сретнала ниту еден писател да напише книга за својата вечна љубов кон актуелната партнерка или сопруга! Најголемите светски дела се инспириани од невозвратената или платонската љубов на мажот кон жената или обратно!
Постои и тоа како постои... Баба ми и дедо ми се стари, од кога знам за нив секогаш кога се карале се потсмевнувале и никогаш не останувале лути еден на друг. Израснале 2 прекрасни деца, мама и тета. Пред неколку години, дедо ми отиде на операција и баба ми беше таа што му ја држеже раката кога се разбуди и она беше таа шо го чуваше додека се опорави. Сега баба е парализирана. Дедо ја чуваше, готвеше, переше, беше и маж и жена и мајка и татко истовремено. Кога мораше да оди во болница, дедо клекна на коленици и и ги бакнуваше дланките плачејќи.. Баба е во болница, дедо е во село, се слушаат еднаш неделно и на секое спуштање на слушалка си викаат те сакам. Вечната љубов е всушност тоа..
Ама ако збориме за баби и дедовци и баба ми и дедо ми се сакале уште од четврто одделение. Дедоми сакале да го оженат за друга ама тој само баба ми ја сакал. Зборувам за 1920 години во тоа време родителите одлучувале за кој ќе се мажат. И живееја заедно до 80 години секогаш сложни и без кавга. Ама сепак тие живееа во друго време па ова сега е друго. Многу се сменија нештата во 21 век. Се се окрена на опаку.
Постои,се додека едниот партнер не го повреди другиот па тогаш на другиот му се ладат чувствата постепено...
Штом е... се додека, по автоматизам не е вечна Во принцип, секоја индивидуа во текот на целиот живот е (или би требало да е) исполнета со љубов само што истата е на некој начин пренослива односно во различни периоди има различна акцентираност....на почеток таа е најизразена спрема родителите, па доаѓа партнерот, децата, внуците...нормално, секоја е во различна форма изразена и интерпретирана но суштината е таа... љубов