Секако дека постои вечна љубов. Проблемот кај сите оние што мислат дека не постои е во тоа што мислат дека љубов = добивање неограничено количество внимание и посветеност од парнерот. Неколку луѓе напишале дека постои, а за тоа се доказ нивните баби и дедовци. Не се доказ нивните баби и дедовци, туку доказ е времето во кое живееле, време во кое чувствата кон саканите личности во нивните животи биле на првото место на пиедесталот, а егото и гордоста кои денес владеат, во тоа време не биле воопшто ни на списокот. Проблемот со милионите разводи и не наоѓањето искрена љубов во денешно е време што луѓето премногу ја идеализираат љубовта. Да сакаш некого значи да сакаш да сториш сè за таа личност и да не очекуваш ништо за возврат и истовремено личноста на која сето тоа и го даваш да го чувствува и да го прави истото за тебе. Збориме за цвеќиња без повод, за кафе во кревет за сите оние работи кои тој ќе ги открие дека таа ги сака и ќе ги прави за неа. Жалосно е што луѓето во денешно време се толку себични што воопшто не ги ни знаат желбите на своите партнери, а камо ли да им ги исполнуваат. Веројатно предуслов за вечна љубов во денешно време е да се поминат повеќе љубови осудени на кратки, но бурни страсти и луѓе со кои ќе искусиме огромна болка и радост. Ноќи и денови поминати под влијанието на алкохолот, изневерувањата, лагите, сите оние глупости кои еден ден може да ја исечат вечната љубов. Кога сето тоа ќе биде зад нас, треба само партнер на иста бранова должина со нас. Изгледа шаблонски и лесно со оглед на тоа што планетава држи 7 и кусур милијарди луѓе, ама знам... знам дека е многу заебана целата работа. Сепак, не ја изневерувај љубовта. Ништо си без неа!!!
Постои! Секојдневен доказ се моите баба и дедо. Не дека е поради староста,ама меѓу нив се чувствува љубовта која ја имаат меѓусебе.
Постои!!! Иаκо е се поρетκа, но сепаκ постои! Дотолκу ви се бρза и се "вљубувате" само за да бидете во "љубов" тешκо, ρечиси невозможно е да ја најдете љубобта κоја ќе биде вечна. Но дотолκу вашата цел е да ја најдете вистинсκата љубов и да бидете несебично и вечно љубени, вие ќе ја најдете еден ден во животот, подоцна или поρано...
Постои... Се надевам еден ден ќе ја доживеам, затоа што љубовта според мене е многу важен сегмент од животот и постоењето на еден човек.
Постои и најсреќни се оние кои ја почувствувале и на кои им е возвратена на ист начин. Моментот кога сфаќаш дека не мине ден, а првата мисла да не ти е тој, кога никој друг не го окупира твоето внимание освен него, кога секоја песна те потсетува на таа личност и кога покрај него се чувствуваш сигурно и заштитено. Секој настан го споделуваш со него, може да те утеши и разведри дури и во најтешките мигови, кога покрај него не ти пречи да го покажеш детето во себе, а тој сигурно ќе ти се придружи. Кога тој е несреќен или болен целиот свет ти се руши и способна си да направиш се' за повторно да е насмеан, а кога е среќен душата ти се исполнува со неизмерна радост. Тоа е вистинска љубов, која трае вечно без оглед на се', барем според мене.
Jas ne znam za vakvo neshto, ne poznavam nikoj shto ostanal vljuben vo ista lichnost za cel zhivot. Toa e duri i nauchno objasneto kako ljubovta kon odredena individua ima rok na traenje.
Ооо да. Ако е безусловна да, ако е чиста љубов да, може да трае до смртта. Без очекувања и без калкулации да. Еј, немора да е возвратена, а сепак може да е вечна. Сакам мојата да е таква љубов, затоа што почисто чувство од тоа нема во мене и баш е така безусловно и безрезервно, каков и да е, каков и да стане... Не барам ништо и не очекувам ништо, а добивам многу повеќе од што некогаш сум замислувала...
Секако дека постои, во спротивно сите ние ќе сме се разведувале порано или подоцна низ животот, никој за никого не би му било гајле, а сите ние ќе сме биле површни и безчуствителни суптества. Љубовта е искрено и моќно чуство на кое му треба време за да се гради и надоградува, за да опстојува и доживува во нас, се дур љубовта е присутна и е поткрепена со разбирање и подршка, искреност и компромис како клучни емоции и поими таа ќе живее во нас и меѓу двајца партнери вечно и овековечно без предрасуди и негативности. За живот после смртта и згаснувањето на истата, не би говорила и не би знаела дали би постојала таа вечност и после задгробот, но се дур ние дишеме и живееме ја чуствуваме и живееме во нас длабоко. Пример за сите тие љубови ни се старите наши претци кои и до последна воздишка се бореле и љубеле безусловно. Оној кој не верува во љубовта, најверојатно сеуште не ја пронашол и искусил вистинската смисла на истата, но кога таа ќе се почуствува тогаш нашиот дух поинаку гледа и размислува на животните збиднувања!
Откако точно ќе го дефинираме поимот љубов ќе изградам вистински став на темава ... засега сум сам залетани, нецелосни мисли. Случајно во еден учебник од факс дур го листав шо не ми е за овој семестар пишеше: „Наслов: РОМАНТИЧНА ЉУБОВ“ и објаснуваше како љубовта не згаснува туку само кога стапуваме во брак „целта“ ни е исполната и затоа чувството не е исто. Ме поттикнува прашањето од ова напишано: Дали целта можеби треба да ни е подлабока од брак со саканиот? Под брак подразбирам успешно семејство со планиран број на деца. Шо во суштина е љубовта? Како ја чувстуваме и кога (зборам за романтична љубов, не за љубов кон родители, браќа, сестри etc)?
Постои! Само онаа кон децата Иначе за партнерите не верувам. Лесно е да живееш со некого додека го сакаш, оди трпи го коа љубовта ќе избледе, не џабе рекле карактерно да си одговарате е no.1 критериум