Za srekja ne postoi. Zatoa shto lugjeto veruvaat vo vakvi raboti se soochuvaat so problemi vo ljubovno-intimniot zhivot.
Ja glasav za ne od cista pricina sto ljubovta brzo bledi i ako ne znaes kako da postapis taa za kratko vreme bi bila samoo ash.Zatoa mislam deka taa ne e vecna od sama sebe tuku ednostavno vo ovoj slucaj nadovrzuvanje na pojakata polovina.Ednostavno ja svakam kako nacin na zivot .
Da veruvam deka postoi,imav takov primer koj za zal tragicno zavrsi ,no toa e,zivotot nekogas e nepraveden pozz
не постои..се е навика..без кое се може..и не се може..зависи ти како ќе си го замислиш и креираш тоа..
Постои, ама не во облик на вечна љубов, туку нешто како вечна добра разбирачка..компромис... Ако добро се согласуваат партнерите тогаш тоа ,,личи,, на вечна љубов. Иначе љубовта во партнерството се видоизменува со тек на време.
Ako posle 20-30 god brak partnerite se pocituvaat, si pomagaat, vzaemna poddrska, za mene toa e ljubov..
Оооп ај пρв пат да се најдам во дисκусија : D Исκρено не би се согласила со ова. Од лично исκуство κажувам.. Јас и дечκо ми сме два сета ρазличита (мислев на κаρаκтеρите) . Знаеме често да се подзаκачеме баш ρади тоа али љубовта постои. Деκа е Вечна баш она со полна уста да κажеш не е. Ама κаκо што можам да видам ти ми си изгоρено од љубовта и затоа ваκви ρаботи пишуваш.. Попρави ме аκо гρешам. Муабет на место : ) Баш ваκа
Marojo budalO не знам зошто имате потреба да навредите некого на форумов,така ли се лечат фрустрации, не знам? Форум не е за тоа туку за дискусија и споделување. Двеве мислења што си ги цитирала ако ги прочиташ и разбереш го кажуваат истото но ти на едниот си се спротивставила другиот си го подржала. Инаку за кое лично искуство зборуваш? Живеете ли заедно со дечко ти, деца заеднички воспитувате ли, заработувате и патувате ли во исто време подмирувајќи ги сметките за домнаќинство трошоци за децата? Пошто јас да . На форумов само ги изразувам моите лични ставови кои се искрени и добронамерни.
Да, онаа која родителот ја дава на своето дете, единствената длабока, вистинска, искрена, во вистински смисол безусловна!
Аκо сум те навρедила а да знаеш деκа не било тоа намеρата, пρости. Виκаш вечна љубов не постои . Го саκаш ли сеуште својот сопρуг со κој имаш деца или си со него поρади нив? Аκо си ствоρила фамилија со него значи битρебало се уште да го саκаш. Не јас не живеам со него немам деца ама знам κаκо κе биде κога κе живеам. И со заρаботκата и со гρижата за деца и со се. Исκρено тоа го напишав пошто ми заделова κаκо ептен да си загρозена од поимот љубов.. Не можам да знам животот што ми носи таκа да не можам сеуште ништо со сигуρност да κажам а деκа постои вечна љубов. Сепаκ велам на неκој начин постои.. Κога е сопρугот болен, неρвозен.. не те боли? Те боли.. Зошто? .. Зошто го саκаш. И κе го саκаш
Оние кои што имаат невозрватена љубов или недовршена љубовна врска,а биле заљубени премногу во партнерот/партнерката,најчесто велат дека тоа било или е нивнљта вечна љубов или викаат "ќе го/ја сакам до крај" Мислам дека тие луѓе се во заблуда затоа што ја идеализираат неостварената или прекинатата врска. Сметам дека некаква си доживотна или вечна љубов не постои,најчесто луѓето кои се долго заедно од љубов преоѓаат во навика и меѓусебна потреба.
Е баш како што опиша @fighter, имам таква невозвратена љубов, прва и непреболена. И дефинитивно секогаш ќе ми биде во срце и ќе имам огромна љубов за него. Сум се заљубила и после него, сум сакала, сум се предала искрено и целосно, но и покрај тоа тој во срцево има посебно место.. Мене ми е сосема реално да сакаш некој цел живот. Да, љубовта се менува, но тоа не значи дека умира.
Верувам во вечна љубов. Тоа не е љубов од која ти летаат пеперутки во стомакот и тоа не е љубов заради кој не спиеш и не јадеш. Тоа е љубов за која ти текнува поубавиот дел од јадењето на него да сакаш да му го дадеш, кога шеташ и ќе видиш нешто и ќе помислиш: ќе му го купам ова, знам дека ќе се израдува и сл. Љубов во која го сакаш и му го сакаш сето добро на целиот свет. За жал многу доцна сфатив дека уствари тоа е права и вистинска љубов. Јас таа личност ја оставив бидејќи немав веќе пеперутки во стомак и се беше многу извесно и немаше возбуда. А уствари сега кога ќе се навратам на назад сфаќам дека уствари тоа беше љубовта во суштина. Убаво ми беше со него, само да седиме и да ќутиме, ама да биде тука. Се разделивме, имав долга врска 6 год после тоа, па се омажив, па родив дете, дознав дека многу се разболел и плачев како луда во кола и викав на глас: Господ од мојот живот нека земе 10 години, него нека му ги даде. Тоа е таа љубов. Затоа верувам во таа вечна љубов, затоа што после толку време, јас тој човек го сакам како човек, искрено и длабоко. Не како љубовник и како не знам што... туку како ЧОВЕК!
Постои.Срцето го бира, и обично таквите љубови се несудени,невозвратени.Јас и него бевме едно цело.Никаде немаше толку страст,љубов,привлечност и поврзаност.Ама во погрешно време.Не бидна.Уште го памтам.Во оние часови кога будна ја чекам ноќта и кога се и сите се против мене.Ете тогаш најмногу ми фали.И после него ,пак тој.Во сите го барам и можеби тоа ме разочарува.Не можам да го видам различното во друг зошто го барам она неговото.Времето не гази,патиштата се разминуваат,луѓето менуваат.Тој останува...
И јас тврдам дека постои! Изговорите од типот кога ќе се земете и љубовта умира за мене не постојат. Па, нели бе дечки се зимаме во брак од ЉУБОВ? Секоја караница поврзана со деца, пари, родители и останати ситници со љубов да се решат. Цврсто стојам зад ставот дека вистинска љубов постои.