Веруваме во бајките, но кога ќе пристигне реалноста остануваме збунети (секако не постои, а таму кај што мислиме дека постои се има добар компромис) Убавите работи кратко траат
Во средно бев затрескана во еден дечко, и тоа траеше неколку години, можеби од 15-16 до 21 година. Немаше ден да не помислам на него, мислев ќе го сакам додека сум жива. Денес само го поздравувам кога ќе го сретнам. Пиевме кафиња одвреме навреме другарски, но откако сфатив дека тој би бил со мене само затоа што е убеден дека го сакам, а не затоа што тој ме сака, почнав да се оддалечувам. Сфатив дека не му значам како што тој ми значи мене, и знаев дека залудно ќе е се. Се ожени со една девојка помлада од него со која не бил во врска, и ме избриша од Фејсбук, по што јас добив известување дека таа и таа личност ме тргнала од листа на пријатели. Или тој или сопругата ме избришале, иако никогаш со него не бев во врска. Ме разочара тотално како човек. Сега не барам човек што лудо ќе го сакам, барам некој што ќе биде компатибилен со мене.
На некој начин можеби и постои Иако вистинска и вечна за мене се два различни поими Верувам во вистинска љубов а вечна е обично онаа неостварена, платонска
Постои: Стих од Библијата (Книга на пророк Еремија 31. 3) - Господ му се јави од далечина:„ Те љубам со вечна љубов, затоа ти запазив милост.“
Вечната љубов е мит кој ни го продаваат во дизни цртаните и холивудските филмови. Све избледува и све е пролазно, па така и љубовта како емоција.
Не сум баш присталица на вечна љубов но кога ќе ги видам баба ми и дедо ми како се гледаат со очи полни љубов после пеесет и кусур години у брак ме тера да се замислам
Постои. Не мислам на платонската (бидејќи не е обострана), туку кога личностите достигнуваат највисока форма на разбирање и се свесни за потребите на другата страна. Кога нема натпревар, љубомора..кога имаат рационален пристап кон проблемите, заеднички се склони кон подобрување на себеси (кое не произлегува од МОРА, туку од свесноста дека до себе имаат личност за која вреди да се менуваат кон подобро). Е сега, секој со среќата..Некои наоѓаат, некои не, сепак тоа не го оспорува фактот дека постои.