јас искрено ги избегнувам овие. По некое мое мислење, мислам дека е правилно да се јаде што помалку индустриска храна во период на пости. Taка би ни било најсигурно. Производот да биде цел односно необработен. Како цело овошје, зеленчук, Печурки ( предлагам обавезно да ги вклучите) Спањак со лимон итн.
@Angelllla Ме потсети членот со ова заборави да кажам ако постиш без масло обично не се посни убаво треба да се прочита во составот.. И ако постоиш на начин како членот што пости е доста здраво за организмот, не од верски аспект туку од медицински.. А за верскиот пост храната е само дел од постот..
Поентата на постот е воздржувањето и самоконтролата од физички задоволства а не да гледам во трагови дали храната содржи јајца или масло. А за диети има други теми оваа се однесува на духовен пост.
Сите манџи можеш да ги правиш без масло, тоа за ручек. За појадок/вечера салата, овошје, зеленчук, ќе си направиш дресинг на салатата со оцет и таан наместо масло. Исто, за појадок можеш да си направиш хумус без масло, разни паштети, мармаладот е без масло, алва, пецива разни, маслинки, макарони со таан и лукче..
Ако се исповедаш и ти даде духовникот благослов, можеш да се причестиш. Детето ако ти е крстено можиш да го причестуваш на секоја литургија.
Мора да се исповедате и поп да Ви даде благослов. Ние овде не можеме и не смееме да Ви дадеме благослов и дозвола за Причесна. Сепак секој нормален поп, откако ќе се исповедате, ќе Ви даде благослов.
Саботата се пости без разлика дали земаш причест? Или ако земеш причест само сабајле продолжуваш да ја постоиш цел ден? Лани прашав свештеник за ова ама не се сеќавам како беше..
Мене едно нешто ме интересира ако може да се јаде риба во тој ден, а јас не јадам риба ке јадам печурки и јаболко значи тоа не е постење??
Се изнагледав пост-ачи периодов, па секој петок па не знам што не знам како, и една работа не ми е јасна. Уствари мене ми е јасна, ама ним не им е. Значи јас пост разбирам не јадеш мрсно и се тоа, ама треба да имаш и чиста мисла нели? А од примероци шо гледам у околина, посте, па колне, па клевети, па те глеа со омраза итн итн. Т.е пости ама исто како да не пости. Па пре Господ би и простил ако изеде парче торта (лупам), отколку толкави гревови со однесувањето, а тек па мислите...