Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пост

Дискусија во 'Религија' започната од Lovely, 13 февруари 2010.

  1. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.770
    Пол:
    Женски
    Вие што постите ќе одите да се причестите?
    Знам дека морало прво да се оди на исповед.
    Дали ако не одам да се исповедам нема да можам да се причестам?
     
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.678
    Допаѓања:
    79.752
    Пол:
    Женски
    Правилно е прво да се исповедаме, па да добиеме од својот духовник дозвола за причест. Но не прават сите така. Знам некои кои се причестиле без исповед.
     
    Последна измена: 17 август 2017
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Машки
    Според православните правила не можеш. Според Исус и Библијата можеш и без да постиш да се причестиш. Се зависи од тоа во кого и што веруваш.
    Сепак ако имаш непокајан грев убаво е пред Господ да го исповедаш и да добиеш прошка.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  4. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Пожелно е да се имаш и исповедано. Но, најдобро поразговарај за тоа со свештеник.
     
    На Rama и Orthophill им се допаѓа ова.
  5. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Знаеме дека се наближуваат деновите кога се почнува со Божиќниот пост, т.е на 28 ми ноември.
    Е сега нешто не ми е јасно,баш сега гледав во апликацијата која ми е спуштена од Бигорски манастир а таму го има типикот за постови,пишува дека среда и петок се пости без масло(ова го знам напамет) ама забуната ми е оти не се пости без масло и во понеделник,како што беше минатата година.
    Ај некој поупатен нека објасни :D
     
    На Jas! и Orthophill им се допаѓа ова.
  6. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Машки
    Понеделник е ден посветен на светите ангели. Монасите го носат ангелскиот чин и поради тоа постат и во понеделник и кога е мрс. Во постите нашиот подвиг се зголемува па затоа ние што сме постеле на масло (или риба) во среда и петок во текот на постите постиме без масло... Бидејќи ние не го постиме понеделникот, нема смисла во текот на постите во понеделник да постиме без масло.
    Покрај монасите во понеделник постат и во мрс, а построго во текот на постите оние мажи и жени кои извшриле волен абортус. Бидејќи после самоубиството, утробното чедоморство е најголемиот грев кој вика за одмазда пред престолот Божји.
     
    На kuc, Jas!, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу на објаснувањето.
    Не знаев зошто е тоа така,постев и во понеделник за време на Божиќен пост,ама сега ќе знам дека треба само среда и петок без масло(не можам без масло да го издржам цел пост,јас кога постам не јадам само месо,млеко и млечни производи):)
     
    На Jas! и Orthophill им се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.678
    Допаѓања:
    79.752
    Пол:
    Женски
    Сите што ќе постите, нека ви е лесен постот, во убаво расположение, смирение, добри мисли, молитва, како што и доликува. :l: :sun:
     
    На joy1, kuc, sonuvana и 4 други им се допаѓа ова.
  9. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Секоја година го постам овој пост како што е опишано овде , така и попот ми кажа. Сега гледам низ фб објавена фотографија од некој манастир со календарче кои денови се строг пост кои не, и врска нема со ова јас што го постам. Дали е точно тоа календарче

    [​IMG]
     
    На Jas! и Orthophill им се допаѓа ова.
  10. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.189
    Допаѓања:
    84.060
    Пол:
    Женски
    Ти пости си како што ти кажал попот тебе ,никој на никого не може да му налага што и како се прави или е правилно ...
    Со лесно постот !!!
     
    На sonuvana, Jas! и kikikikirika им се допаѓа ова.
  11. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Не ми е логично петок масло, вино и риба.
    @Bitter-Sweet можда знае??
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.189
    Допаѓања:
    84.060
    Пол:
    Женски
    Доколку се падни празник дава масло и риба ,а инаку среда и петок не ...
     
    На Orthophill, Jas! и kikikikirika им се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.678
    Допаѓања:
    79.752
    Пол:
    Женски
    Среда и петок се пости без масло, сабота и недела пост на риба, другите денови пост на масло. Ако е празник, пост на риба. И мислам дека последните две недели од постот, сабота и недела нема пост на риба туку масло. Симнете апликација Православен календар, таму е најправилно.
     
    На sonuvana, kuc, Orthophill и 2 други им се допаѓа ова.
  14. daniza

    daniza Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Zdravo.Moze e glupo ama aj da prasam.Imam slisnato deka za vreme na postot dozvoleni se sopruznicki dolznosti ako da receme soprugot ne saka da posti i na nekoj nacin so toa e narusen mirot megu sopruznicite.
     
  15. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Машки
    Овој календар е издаден со благослов на митрополитот Брегалнички г. Иларион и истиот важи САМО за верниците од неговата епархија (Штип, Кочани, Свети Николе, Пробиштип, Виница и Делчево).
    Божикниот пост може да се пости на различни начини. Детално за различните типици за Божикниот пост имам пишувано овде:
    https://forum.femina.mk/threads/Пост.976/page-29#post-2242908

    Јас на пример риба јадам од Воведение - Пречиста до свети Спиридон, а седмицата пред да се причестам постам без масло. Но, не значи дека начинот на кој постам јас е (нај)исправен или дека овој што го објавил владиката Иларион е грешен. Сепак, според моето мислење, познавајќи го и богослужебниот типик, здрава и млада личност, која не е дел од Брегалничката епархија, со нормална финансиска состојба, која сака да пости не треба да јаде риба барем во периодот од 2. јануари до 6. јануари.

    Не само што се дозволени, туку се и задолжителни. Ако едниот сопруг сака да има односи, другиот е должен да му удоволи во секое време.
     
    На sonuvana, kikikikirika, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  16. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.189
    Допаѓања:
    84.060
    Пол:
    Женски
    Со лесно и од Бога благословен да ни е постот .
     
    На Jas!, Orthophill, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Машки
    kuc вика дека попот е авторитет, Битерче вика симни си апликација православен календар таму било најправилно, а Орто вика табелата важи само во таа епархија...

    Па имам две прашања:
    1. Што ако верник го започнал постот во Скопје, а отишол во Штип на една недела? Дали треба да го смени постот таа недела?
    2. Дали и зошто Господ би се замарал дали некој јадел риба или пиел вино во Четврток или Петок?
     
  18. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Апликацијата е создадена од свештени лица.
    Со помилување од поп може да се разреши на пост со масло или риба.
    Дали Господ се замара? Се читаш што пишуваш? Знаеш што значи среда и петок за христијани така?
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Машки
    Мхм, дали Господ се замара дали Петра ќе јаде риба во четврток или петок? Како тоа влијае на глобалното затоплување, на загадувањето на воздухот или на општото зло или добро во светот?

    За христијаните кои го следат учењето на Христос, среда и петок се обични денови во неделата, исти како и сите останати.
     
    На LUCI 99 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Машки
    1. Ако го смени од почитување спрема епископот во чија епархија се наоѓа нема да згреши. Но, и да остане да пости онака како што си постел во својата епархија, пак нема да згреши. Слобода.
    2. Богу не е битно ништо. Ни дали ние ќе постиме, ни дали ќе веруваме, ни дали ќе одиме в Црква, ни дали ќе ги почитуваме Неговите заповеди и закони, ни дали ќе Му се молиме. Нам сето ова ни е потребно, за да си докажеме себеси, на Црквата и на Бога, дека нам Бог и спасението ни се помили отколку јадењето масло во петок.
     
    На kikikikirika, Vitaly, Rama и 3 други им се допаѓа ова.