Колку влијаат на вас позитвноста околу вас т.е. позитивните луѓе што ве опкружуваат? Сигурна сум дека секој од нас има некои личности кои едноставно го инспирираат, па затоа дружето со нив ни е полнење со енергија.Но за жал има и такви кои буквално не исцрпуваат - оние луѓе кои негативната енергија ја префрлуваат на нас. Е сега...колку можеме да влиаме на изборот на таквите луѓе.Сигурно е дека негативците сакаме да ги одтргнеме, но дали можеме? Што ако некој од нив се луѓе со кои секојденевно сакале или не мораме да сме во контакт со нив (колеги,професори,роднини).Или пак уште полошо, некој кој ве смета за добар пријател,френд за кафе муабет и едвај чека да ве види, но за жал на нас тоа не ни се допаѓа бидејќи потоа цел ден ќе бидеме исцрпени.Ееее тука пак кај некои (како мене), проработува и грижа на совест, што ако ги "откачиме", потоа ќе осеќаме вина. Некој ќе рече па отиди на кафе и после 15мин речи дека брзаш...?Па дали вреди за 15мин. сето тоа да го правиш??? Според мене не. Што мислите т.е. како оваа енерги,ови луѓе влијаат на вашиот секојдневен живот и како се справувате со негативната енергија
Што се однесува до мене, впивам расположение од околината. Според ова сум често нерасположена кога сум во друштво на тмурни фаци и недружољубливи луѓе.А ова се случува мнооогу многу често. Дури некогаш почннувам да се запрашувам и да се сомневам со самата себе.. Дали нешто не е во рд со мене, или пак проблемот е во нив, и во нивното негативно гледање на работите околу нас. Иако има моменти, и има личности кои се постојано среќни, кои зрачат со позитивна енергија што значи кога сум во нивно опкружување, јас автоматски сум и посреќна, повесела, позадоволна и зрачам со некоја енегија, пред се' позитивна, и јас. Се чувствувам исполнето кога се во моја близина овие луѓе. Сакам кога луѓето што секојдневно ме опкружуваат и со кои секојдневно комуницирам, се позитивни. Под позитивни подразбирам гледаат позитивно на животот. Гледаат на светлата страна на работите. Сакаат да постигнат нешто и во тоа се истрајни. Автоматски и јас станувам таква. Благо кажано ме инспирираат ваквите луѓе. Ја обожавам позитивноста а со тоа ги обожавам и луѓето кои зрачат со изобилство на позитивна енергија. Негативната енергија станува дел од мене се почесто и почесто. Како што кажав и горе, ме опкружуваат такви луѓе, така да.. морам и јас да попримам нешто. Гледам да избегнувам во последноо време средби со вакви депримирачки луѓе, гледам да избегнувам да примам негативна енергија од нив. Се стремам кон подоброто, кон позитивното.
Кој не сака да биде опкружен од весели личности, полни со позитивна енергија? Тие и те како влијаат на нашето расположение... Но сепак не може да се генерализира, затоа што ако јас лично сум ептен нерасположена, ако ми се случило нешто лошо, тешко е некој да ме орасположи, освен ако не се реши "главниот" проблем кој е виновник за тоа што сум нерасположена. Во такви моменти не сакам да сум покрај многу луѓе, доволна сум си на самата себе, или пак доволно ми е друштво само од ептен блиска личност. А и не сакам да ја ширам негативната енергија и да им го расипувам расположението на другите. А често сум била во друштво на намуртени т.н. негативни личности. Сепак не дозволувам да ми влијаат многу. Ми пречат луѓе кои се постојано такви, инаку на сите ни се случува да имаме лош ден. Или лош период. Нормална работа.
Да сакам да сум опкружена со весели личности околу мене сакам да сум позитивна секогаш, ја впивам и меноси енергијата од позитивните луѓе но и ја давам сопствената позитивна енергиа, е сега какои секој човек пнекогаш знам и да пднам со расположението ама во тој момент ми фалат 2-3 добри другарки, барем една однив и може да се случи и да ми се подобри расположението, али се зависи од причината која довела до моето паѓање...
Секому може да му падне расположението да ама ... ар ју факинг кидинг ми секој ден нешто да те боли секој ден некој тебе те изнервирал и секој ден да пцуеш и колнеш....... ја незнам како таквите луѓе се трпат себе си навистина ги сожалувам,ја да сум таква ќе си удрам бокс неможам да издржам во такви негативни околности пробав и никад више,мојот ден нема да е ден ако барем еднаш не се насмеам до солзи,ако барем еднаш не кажам тууу ама сум среќна иако немам некоја посебна причина па кој гост го каниш бре тој ти доаѓа нема потреба од жалење и кукање нонстоп,секој има лоши денови ехеее колку сум ги имала и фемина ми е сведок ама има многу полоши работи кои навистина се проблеми и затоа се радувам на тоа што го имам и тоа што сум и не, не морам да трпам такви луѓе од култура ќе зборам ама не и да се дружам
Често знам да го `префатам` расположението од луѓето што ме опкружуваат,безразлика дали тоа е позитивно или негативно.Како и сите останати,па така и јас сакам да бидам опкружена со весели ведри и насмеани лица.Луѓето кои самите си се онерасположуваат и постојано нешто им фали,ги избегнувам и ги игнорирам.Бидејќи навистина неможам да ги поднесам..ако бидам во друштво со такви луѓе се чувствувам како некој крвта да ми ја пие..
Стварно е глупо кога сите се негативни - ти кажуваш шега, а сите фаци се у стил „wtf?“ .. Епа, кога не се сите асално расположени, ни ти не можеш да бидеш. До душа, не сум јас некоја ептен шалаџика, ама не сум ни тмурна фаца. Сега нормално дека не сме под стаклено ѕвоно, па ништо да не може да ни се случи, па да не бидеме негативни, ама барем во друштво треба да си расположен. Не сме собрани за да се гледаме...
Стеснувај кругот, одбегнувај, крати, бегај...и така дојдов до една мошне мала бројка на луѓе кои се околу мене т.е. во сосем блиска пријателска/роднинска врска...Другото ми е ставено на игнор, немам веќе ниту срам, ниту нелагодност чувствувам кога одбивам кафиња, дружења, излегувања со оние кои знам дека ќе ме исцедат како лимон...Нека мислат за мене што сакаат, битно ми е единствено мене да не ме боли глава ништо друго...Под негативност не мислам кога пријателка ми се жали за свои проблеми-би ја ислушала во секое време, туку на такви карактери "од роџење" што би се рекло, со таков став за се' и сешто а тоа значи дека истиот став го имаат и кон моите планови, надежи и мисли кога разговараме за нив, а кој може да го поднесе тоа без да влијае на него барем малку?
Не знам во што е работата, но сум забележала дека многупати кога јас сум позитивна, луѓе околу мене се негативни и обратно
Дефинитивно имам потреба од позитивни луге околу мене но за жал секој ме бара најчесто кога е лошо расположен,ја нема онаа безгрижност кај лугето повеке,секој има причина да биди негативен,и јас имам можи цел ден ке плачам дома ама никој не замарам со моите проблеми.Дајте да се насмееме
Позитивноста на околината има големо значење кон поединецот. Секој кој е позитивен и со насмевка на лицето, може да влијае на вас премногу. Ти ја приближуваа онаа енергија која ти недостига. Пред некое време прочитав една многу добра мисла на Мирослав Антиќ... нешто во овој контекст... "Незнам со кој се дружите вие, ама јас веќе неколку месеци, како седам со некои од кои слушам само кукање. Постојано се жалат за парите, на цените, на пензиите, на ситуацијата тука и таму, на младите, на старите...И само кукаат. Се ми е досадно, кога ги гледам и кога ги сретнувам. Па поубаво ми е да се затворам во својата соба...и да прелистам некоја добра книга и да верувам, дека на светот постојат и убави работи...А и постојат...Верувајте." Многу кажува...
Секој сака да биде опкружен со позитивни личности. Со луѓе кои што можат да те насмеат и кога ти е најтешко. Нема подобро чувствво од ден исполнет со личностите кои ги сакаш, ден исполнет со насмевки. Таквите личности што можат да те насмеат кога ти е најтешко, што можат да те спуштат на земја и да те вратат во реалноста кога леташ на седмо небо, се многу ретки и тешко се наоѓаат. Но не реков дека е невозможно. А за негативците.. Па нив не можеме да ги отстраниме колку и да сакаме. Потребно е да прифатиме дека живееме во еден суров свет во кој на сите страни владее негативната енергија, но потребно е да ја најдеме позитивната во оние мали работи за да можеме да бидеме среќни.
Како си стареам (рече бабичката Трендафилка) така имам се помалку толеранција кон негативни, скиселени и намќорести фаци. Тоа им го порачувам на сите - ценете се повеќе, не дозволувајте да бидете сунѓер и постојано да впивате нечии фрустрации и нервози или бришалка за пред врата, па кој како стигне да ве јавнува, а вие да сте нивниот одговор и разонода на нивните дилеми, трилеми и хистерии. Мене порано многу ми ласкаше кога ми викаа - леле колку ми е пријатно во твоето друштво, секогаш ме расположуваш, си одам дома со насмевка. После си реков - што сум јас, дежурен палјачо, драга Саветка за решавање вечно туѓи маки? А јас каква си одам после тој муабет и кафе дома, освен што сум изморена, исцрпена, тотално утепана психички и на ум имам туѓи маки, ко малку да ми се моите. Многу ми треба позитивна енергија, ем ја давам, ем сакам да ја примам. Сакам дружбата да е уживање, а не едниот вечно да е унесреќен и тмурен, негативен, а другиот да биде тој што ќе поткрева морал и позитива. Оди купи си 6 самопомагачки книги и мавни ми се од животот. Сакам позитивна енергија, сакам насмеани луѓе со широк дух и лелеавост. Секому му се случува тмурен период и блага депресија, нормално и мене, но тоа трае кратко и е скоро незабележливо со остатокот од времето. Чичко Мирослав, на прсти ги бројам со кои се дружам, токму од овие причини. Луѓето не можат да сфатат дека понекогаш повеќе уживам дома, со добар филм, музика, книга, караоке, отколку со енергопијачи! Многу добра мисла.
Кога ја отворив темата заборавив да додадам едно прашање на кое сега ми текна: Дали,бидејќи сте свесни за позитивноста/негативноста околу вас, значи дали внимавате кога сте негативни да не им ја пренесете на дугите таа енергија и пробате да бидете насмеани поради другите?
Мене многу ми влијае расположението на другите околу мене. Ако не ми е денот нечије позитивно расположение лесно може да ме префати и да се чувствувам подобро. Ама за жал негативното расположение како да е позаразно. Тие луѓе си имаат и име чинам - емоционални вампири - и баш им е погодено. Абе како знаат да ти го убијат расположението и да ти го зафркнат денот, чудо нешто! Јас гледам да сум секогаш расположена кога излегувам зошто нормално, ако сум излегла негде сакам да се опуштам и да ги заборавам моите проблеми, а не цело време да мрчам или слушам нечии други. Убаво ми е кога некој ќе ми рече дека сум го расположила и сум му го поправила денот, а кога сум нерасположена гледам барем пред другите тоа да не го покажувам и да не ги гњавам сите со моите проблеми.
на сите понекогаш ни се случува да имаме лош ден, ама кога ке излезеш со другарка на кафе сакаш да си поминеш убаво. Познавам 2 девојчиња од кои секогаш добивам насмевка на лицето-со едната ретко се гледаме, а со другата два пати неделно-кога ке решам да одвојам малку од моето време да и го посветам на духовноста(често се случува, ама временските услови ми се главна пречка ) а за впивањето на тугата енергија како сунгер-да го имам овој проблем и јас
Ако постојат луѓе со кои не сакам да се дружам се 1.негативни и 2. Срамежливи/ќутливи/досадни. Имам потреба од позитивност во ова ужасно општество, и ја ширам истата. Сакам да се среќни луѓето окулу мене, затоа и не штедам на целата моја позитивност,будалавштина,несериозност и им ја дарувам, и за возврат го добивам истото што го давам. Избегнувам да се дружам со луѓе кои ќе ми кукаат како е тешко, знам дека е тешко и мене ми е, ама па убајна на душичкава ми е кога се смеам, и оти за тој ојле дојле јас да се напукам со негативна енергија кога можам фино лепо на дистанца, ајт со здравје. Не сакам ниту повлечени луѓе, јас сум таква, јас увек нешто мелам, увек образложувам, дебатирам, размислувам на глас, ама многу ретко молчам, освен кога соговорникот зборува. Ако нејќе да ми прави муабет нека не ме дружи, има некој што сака да разговара, нека не ми троши скапоцено време. Не дека јас сум претерано неозбилна, знам да бидам и сериозна, да правам зрел и нормален муабет, ама и вака пак има разлика од позитивен до негативен човек. Позитивен народу, приџи ми, жалопојки одј•бете!
Секој сака да биде опкружен со позитивни личности околу него, па и јас.Се обидвам да ги игнорирам намуртените и негативните,затоа што лесно може и мене да ми се префрли тоа расположение. Имам потреба од весели и насмеани личности, сакам да комуницирам со такви. Бтв моето семеење е заразно, па затоа ширам позитивна енергија
Секој знае, дека позитивното мислење е основен чекор за постигање успех и среќа. Мислите формираат односите. Односот формира однесувањето. А од однесување зависи какви конкретни активности ќе преземеме за постигнување на своите цели. Позитивното однесување или позитивниот став ни даваат одредена сила - сила да откриваме среќата. Среќата како состојба формира само позитивни емоции. Во момент на среќа, човек заборава све негативно, кое го заокружува. Затоа то може да биде постигнато само со мисли, дејствиа и нагласа во позитивна насока. Секогаш се трудам да сум позитивна, да сум оптимист и да верувам во доброто. Да, претпазлива сум, затоа што сум страдала, но лошите нешта ме научиле да се радувам на убавото кое имам и да не се жалам за се и сешто. Многу пати сум си правила експериметни за разни ситни нешта. Като например ако сум позитивна, ќе ме снајде среќа, ако сум негативна, ќе ме снајде лошо. По точно објаснување од тоа „си го барам сама“ не можам да дадам.
.. е голема и мислам дека се зголемува секоја минута. Сакам насмевки, комплименти, љубов околу мене. Ми се смачи од негативна монотонија. Веќе не гледаш како парови романтично се шетаат по кеј, ваму таму. Нема живо дете, ниеден пристоен дечко по улиците да направи некоја смешка, да те засмее. Соседите да те поздрават и успат да ти поделат насмевка е луксуз кој не секој го има! Да видиш семејство заедно, како се смее и ужива во животот е филмска сцена недостапна за нас. Можеш само да видиш нафурани клинки кои зборат колку биле напиени вчера или дека дечко и` не и вратил на порака и се скарале итн итн смешни глупости. Сакам едноставна позитивност. Фини поздрави, мали насмевки, персирање на постарите, мирисот на печиво, портокали, распламтен камин наместо алкохол и цигари по домовите.. Сакам позитивна енергија. Ми треба.