Би било убвао са постои само позитивен свет. Моќна позитивна особа е нешто возвишено. Таквите луѓе можат свеснo да застанaт во центарот на сите нешта, и да расудуваат со позитивен став за сè. Таквите луѓе се многу ефикасни во давање на позитивна енергија. Едноставно таа енергија се пренесува на други луѓе. Фала богу и јас припаѓам во категоријата на позитивни луѓе. Мора да кажам откако прочитав некои книги и размислив, јас буквално се препородив па така и од секоја негативност гледам да го извлечам позитивното. Колку и некоја работа да е песимистичка, јас секогаш гледам оптимистички, на што сум добила коментари од луѓе во негативна конотација дека премногу гледам оптимистички и премногу позитивно на се во животот. Секогаш им враќам со насмевка и им викам ако имате време да си го трошите животот на песимизам, жалопојки и кукања...јас немам. Кога животот ми дава милион причини да заплачам, секогаш му покажувам дека има исто толку за да се насмеам. Не чувствувате вина ако не одговорите на некој што ви се обраќа само кога нешто му треба без оглед на жалопојките дека навистина му треба ова или она (секому нешто му треба, не мораат секогаш вас да ве тормозат). Научив и како да се дистанцирам на културен начин од цицачите на енергија и верувајте дека сега сум далеку помирна и посреќна. Наместо ним, посветете им го драгоценото време на оние што навистина се грижат за вас и со кои се чувствувате убаво. Не само што ќе се чувствувате многу подобро, туку и ќе им го возвратите вниманието на оние што го заслужуваат тоа. Сеуште учам за некои други работи да си го ценам моето време и самта себе повеќе. Животот за мене е прекрасен, а така и треба да биде, а за негативноста, проблемите и жалопојките на негативните луѓе немам време во животот.
многу ако некој е нерасположен сите околу него се онерасположуваат. Така да сакам повеќе позитивини луѓе околу мене
Мене па повеќе ме онераположува лош ден, отколку луѓето. Ако денот не ми е погоден од сабајле, тогаш се ми е однаопаку. И ако последно луѓето се замараат со тоа нема пари, нема што да се прави, нема кај да се оди... преокупирани се да заминат негде. Важно ми е мене да излезам, да сменам малку монотонија, да пијам кафе... нивнито жалење многу не ми влијае врз расположенито. Важно е јас да сум расположена и мене да ми е погодено
Огромна е потребата од позитивност околу нас, море треба насекаде да има потсетници и налепници за луѓево почесто да се смеат. Многу е подруго кога на работите гледаш од позитивен аспект, од нивната посветла страна.
Огромна ми е потребата за позитивност ! Сакам околу мене веселу луѓе кои постојано прават убава атмосфера и ме замејуваат Ама и јас се трудам да сум постојано насмеана и да живеам во розов свет
Баш сега ми текна на еден мој другар. Не верувам дека постои личност која што може да размислува толку позитивно како него.Постојано е насмеан,расположен,спремен на секого да помогне, да го насмее,да му пружи подршка.Убаво би било кога сите би биле биле весели,расположени ,верувајќи дека во секое лошо има добро и дека се ќе се среди.
Сепак, потребно е околу нас да има позитивни и ведри личности кои својата позитивност ќе ја пренесат на нас, иако денес таквите се многу малку. Околу нас најчесто има личности кои постојано размислуваат негативно, се жалат на своите проблеми... Јас барем кога и да сум расположена, кога ќе видам вакви личности ми се уништува расположението
Кај мене е чудно тоа што оние кои не ме познаваат добро и со кои немам толку контакт, мислат дека сум намќореста и некомуникативна. Откако почнав факултет и откако после некое време створив свој круг на истомисленици, ми рекоа дека сум била многу позитивна и друштвена, а првиот впечаток кој сум го оставала бил сосема спротивен. Не знам зошто е тоа така. Веројатно затоа што не сакам да се истакнувам, ниту наметнувам, а луѓе кои сакаат да бидат центар на внимание - презирам. Меѓутоа кога сум меѓу луѓе кои ги сакам во мое друштво, знам уста да не затворам Мене ми е многу мило кога ќе ми речат дека сум позитивна и убаво е чувството кога знаеш дека некого си расположил. Не сакам да гледам тажни и тмурни фаци околу мене, па се трудам сите да ги расположам. Кога ќе седнеме на кафе, нема место за негативна енергија во нашиот круг Има и такви луѓе што едноставно се негативно настроени кон се што се случува, а таквите не ги сакам во мое друштво и ги избегнувам.
Од секогаш сум имала потреба од позитивност и на нештата сум гледала од позитивната страна.На сите и тоа како ни е потребна,но за жал се помалку ја има.Сите се во трка со времето, со лошите нешта кои што не опкружуваат се повеќе и повеќе сме негативни и колку и да сакаме да не е така ние сме потиснати од се она што е лошо околу нас.Секогаш од негативните работи сум се трудела да го извлечам најпозитивното од тоа колку и да било тешко. Сакам да сум опкружена со позитивни луѓе и се трудам секогаш да сум и јас со оглед на тоа во какво стресно време живееме. Подобро ми е да се насмеам кога ми е тешко и да не ја вадам насмевката од лицето бидејќи така многу подобро се сносувам со ситуаците и не го расиупувам расположението на некого со моето негативно расположение. Позитивноста треба да не краси сите,ако сме барем малку позитивни за разлика од тоа колку сме негативни ние многу ќе промени во нашите животи и ќе влијае на нас.
Секако дека е голема потребата од позитивни личности и позитивна енергија околу нас. Прекрасно е кога сме опкружени со весели луѓе кои знаат да не расположат и насмеат.
До пред една година бев рамо за плачење на сите. Штом некој има проблем, тропа на врата кај Илу. А, Илу и во 3 часот по полноќ оди да решава нечии проблеми, а некогаш демек големите ''проблеми'' ги решавав. Јас разбирам да му се најдеш на човек, да му помогнеш. Но, тешко е кога почнува да се злоупотребува тоа и почнуваат да те гледаат како некое суштество, на кое само ќе се жалаат, а за возврат добиваат цели реферати совети. Па уште и шеги со кои ќе ги расположиш, нели...да измамам насмевка, демек да заборави на проблемот. Мисли, мисли, тапи си ја главата цела вечер за нечиј проблем...и наредното утро стануваш без никаков елан за живот. Туку баш напротив исцрпена, како ни минута да не си заспала. Тој нечиј проблем станува мој, неможејќи во тој момент да се израдувам на убавите нешта кои мене ми ги приредил денот. Фала да ми рече некој, не ни очекувам. Нешто за возврат, такоџе. Но, колку и да се обидуваш да го одбегнуваш тоа лошо расположение, и се трудиш да не ти влијае. Не успева. Мора барем малку да те допре. Јас колку и да ми е тешко, пред другите сум насмеана и весела. На некој мој човек ако си се пожалам, ама после си продолжуваме со смеи и шали. Несакам некој да го трупам со моите нервози. Ама, другите не размислуваат така. Како што јас сум позитивна кон другите и пријатно им е моето друштво, така сакам и јас да имам позитивни личности околу мене. Но, немам. Уствари, се бројат на една рака. И среќна сум и нив што ги имам...оти ме исполнува секој муабет со нив. Тотална релаксација... Дефинитивно потребна е позитивноста. И да примаме и да даваме позитивност.
Многу е потребно опкружување со позитивни луѓе околу нас Мене многу лошо ми влијаат негативните луѓе, одма менувам расположение од што ги слушам или само што ги гледам намуртени јас станувам напната и нервозна. Затоа подалеку од таквите. Кога ќе видам дека ми кометира нешто или ко некој намќор ми седи ќе измислам нешто и ќе се тргнам на страна. А кога сум заради нешто нерасположена или напната одма кај другарками која е најпозитивната личност што ја познавам, фала богу што си ја имам
Сите имаме потреба од позитивна енергија но,луѓето денес само негативната енергија ја шират и очекуваат да им го решиш проблемот и да бидеш кловн 24/7.Но,кога ти имаш потреба од таа позитивна енергија никој не зинува.Благодарение на таквите луѓе денес ниту сум му на некој рамо за плачење ниту пак ги слушам како кукаат. Спојлер Се извинувам ако забегав од темава.
позитивната енергија е потреба штета е штолугето сме паразити на позитивната енергија сакате извор на позитивна енергија за мене тоа е син ми има две и пол години и кога сум тажна ке го прашам колку ја сакаш мама и ке ме опули со широко отворени очи ке ги рашири рацете и ми вели најмногу на светот и бајките после ке доди и ке ме баци и вели сега бркајме додека се случуваат сите овие работи едноставно веке заборавас на тоа што ти се случувало.малите деца ги полнат батериите. тие се нашите ангели ако немате дете направете нешто слично со внуче животинче ке ви ги наполни батериите со позитивна енергија
Колку пати се случува да сум најпозитивно расположена и ќе се најде некоја (вистина некоја бидејќи обично се жени) да ми го расипе тоа расположение. Разбирам дека сите си имаме свои проблеми, ама кога некој мисли по 24/7 на нив, навистина делува дестимулирачки за сите колу него. Далеку од тоа дека мојот живот е бајка, ама што ако сум негативна и така им делувам на сите околу мене? Ништо не добивам
Значи имат некои луѓе што не се ни свесни колку зрачат со негативна енергија. Страшна работа, недај боже да те сретнат. Јас се трудам да ги избегавам, ама има ситуации кај што не можеш да побегнеш и од толку негативна енергија ми иде од кожа да си побегнам. А ми се има случено од толку многу што апсорбирам, да морам да преспијам оти воопшто не сум можела да функционирам. Колку да не е погодено, ке си мислам позитивно и не си стварам негативност, уште и да трујам околу мене
. .Во животот, не заборавај... Ова се неколку животни насоки кои не треба да ги игнорираме и да се загубиме во напредокот на технологијата и светот и негативитетот... .Најчесто, во вртлогот на глобалните промени знаеме да ги заборавиме мали нешто и се доведуваме во состојба на постојан стрес. Затоа имајте на ум! - Помалку гледање телевизија, повеќе читање - Помалку купување во шопинг центри, повеќе време на отворено - Помалку брзање, повеќе смиреност - Помалку трошење, повеќе создавање - Помалку брза храна, повеќе природна храна - Помалку непродуктивна работа, повеќе влијание на околината - Помалку возење, повеќе шетање - Помалку бука, повеќе осаменост - Помалку размислување за иднината, повеќе живеење во сегашноста - Помалку работа, повеќе игра - Помалку грижи, повеќе насмевки - Повеќе длабоко, лесно дишење.
богами секој ден сум со негативна личност што постојано се жали на проблеми,постојано сака да контролира е околу себе,тоа ти е кога работиш со газдарица а и моиве дома не се лесни секогаш се наога по некој ама се трудам да ги игнорирам иако оди тешко
секогас сакам да им бидам и се трудам да бидам позитивна за сите околу мене ама јас сум опкружена со луге кои се мислам и се само негативни господ да Чува ами ваква негативност немам видено а и потоа леле се негативно ми оди е ке ти оди кога и самата го носис тоа да биде