Реалност е дека позитивните луге се реткост.Често среќаваме луге исполнети со горчина. Повекето без причина.Скоро секогаш причината е ПАРИ. А имаат , не да немаат. Малку , та малку....Лакомоста не и дозволува насмевки .Бараат се повеке и повеке .Забораваат на моралот , на човечното во себе.Забораваат дека парите се само харија, со која ги плакаме нашите нужни работи.Без да се свртат околу себе тие бројат ПАРИ.Не ја гледаат убавината на животот.Не му се восхитуваат на изгревот,на денот.Во животот има и поважни работи ама ете од некои непознати причини забораваме на нив.Во сета таа трка за поубави куки , коли , накит, забораваме на погледнеме околу себе. Животот е скапоцен, да го поминеме без насмевка. Дарувајте насмевка, таа е бисер од срцето.
Од сегашна перспектива, моментално да бараме поголема позитивност околу нас од страна на мнозинството е еквивалент на чудо. Нејсе, добар почеток би било да се намали негативноста. Oдиш по улица и барем десетина, од возрасни луѓе до мали деца те гледаат со некоја омраза, презир, со скиселена фаца. И после ќе ме изненадувало што слушам секој ден на вести за убиства, чедоморство, силувања, брутални тепачки. Во народов е насобран гнев. Не, не е владата крива и лошата економија и платите. Како за сите, така и за мене, па од дома отсекогаш сум излегувала со насмеано лице на кое многу реагирале со чудење. Еј, жива сум, здрава сум, на нозе сум, саканите се околу мене...зошто да не бидам?
и јас сум секогаш со насмека на лицето позитивна,комуникативна.............и сите ме гледаат како од марс да сум падната
И јас сум секогаш насмеана,секогаш гледам да ја видам добрата страна на ситуацијата, а сите оклу мене се писимисти, и во најдобрата работа бараат нешто лошо. Стварно не ги разбирам,животот е краток и треба да го поминеме смеејќи се, правејќи добри работи,мислејќи позитивно, а не цел ден да седеме како намќори и да гледаме со омраза и презир на секој кој ќе успее.
Секогаш сум насмеана, на полагање кога ќе се сретнам со колегите првото прашање е - Што си толку насмеана?- па им велам онака . Ме иритира кога ке сретнам луѓе што им е тешко да кажат добар ден а не па па да се насмеат ми се чини гемиите им пропаднале, цел свет им е крив. Сакам да се смеам, сакам секогаш да сум опкружена со позитивни личности што зрачат со позитивна енергија и тоа најчесто е така ,тоа ме релаксира ме опушта и се чуствувам како преродена.
Потребата од позитивноста околу нас... Верувам дека секој од нас има потреба да биде со позитивни личности...но на оваа денешница навистина има се помалку позитивност....јас несакам негативни личности,но како и да е мислам дека сите сме понекогаш негативни несакајки таков ни е животот,безработица,,безпарица,и.т.н Но како што кажа ------------------------------------------------------------------------------------------------------------ Се е до нас
Јас сум многу ведра личност и сакам такви луѓе околу мене. Но, во последно време забележувам дека луѓето во обид да бидат позитивни, ги занемаруваат вистинските проблеми. Никој во животот нема само сончеви денови, на сите ни се случуваат и лоши работи. Позитивноста значи да си свесен за тоа, но да го наоѓаш секој скриен зрак. Ама ако замижуваш пред проблемите и се преправаш дека сé е како што треба, само си наштетуваш себеси. Затоа што не се соочуваш со некои работи, не преземаш ништо за да ги промениш, и ќе дојде ден кога психички ќе попуштиш. Душата е створена за да претрпи и тага и болка, и бес и гнев. И не треба да ја стегаме, затоа што само себе си се лажеме. Позитивноста не е да носиш розеви наочари.
Еднаш на улица видов една средовечна жена, се гледаше дека не беше посебно богата, ама беше толку весела, широко насмеана, дури и подрупнуваше од среќа. Толку ми го разубави денот, што сеуште памтам до детаљ. Не беше ни осебно убава на фаца, ама зрачеше со неверојатна енергија, што тоа не беше воопшто важно. Меѓутоа се поретко гледам такви луѓе, за жал... Некако, сите ја гледаат само негативната страна на нештата. А никој не сфаќа дека позитивната е поубава! Многу пати кажав и пак ќе кажам, се` што ми фали е позитивност околу мене. Без неа сите тонеме во својата неспособност да го направиме животот поубав.
Позитивното опкружување е битно колку и сончевата светлина. Насмевката, ведрината, убавите зборови и поддршката можат да ни ја затоплат душата кога денот и не ни е толку наклонет.Треба да научиме дека ние сме тие што ги контролираме разумот и емоциите, ние можеме да му се насмевнеме на утрото, да го започнеме денот и да го живееме секој миг. Животот е спектар од бои,а можноста да реагираме соодветно на секоја од нив е во наша моќ. Какви ни се мислите, таков ни е животот.
И те како е потребна позитивна енергија околу нас. Се обидувам секогаш да бидам позитивна. Многу се нервирам кога ќе влезам во некоја просторија и веднаш чувствувам негативна енергија. Тогаш не ми се останува таму.
Потребата за позитивно опкружување-ГОЛЕМА! Себе си се сметам за позитивна личност со искрена насмевка и позитивна енергија.Личност што е толку среќна ако успее да изнуди насмевка на лицето на другите,без разлика дали ги среќавам за прв пат или пак ми се долги познаници-пријатели.Не само што денес се ретки таквите луѓе туку мислам дека и позитивноста им пречи особено на негативците.Ако си ти позитивен,постојано се смееш автоматски си среќен,а тоа им пречи и си мислат дека тебе ти е лесно.Да лесно ми е, нека поодат еден ден по мојот пат.Светот би бил многу подобро место за живеење ако сите споделуваме насмевки.На некој таа насмевка му е потребна.Никогаш не знаеме низ што поминуваат другите па уште и ние да ги пречекуваме со намуртени лица или лажни насмевки.Подобро да се тргнеме од такво опкружување затоа што и те како влијае врз нас,создадете макар и мал круг на пријатели ама пријатели со кои квалитетно и исполнето ќе го поминувате времето.Другите не ви требаат.И не заборавајте ја насмевката на лицето и кога ви е најтешко,на тој начин другите не ви можат ништо
Никој не е свесен колку ми е потребна позитивност на овој проклет свет. Јас во мојот живот покрај чесните, највеќе ги ценам и позитивните луѓе. Колку е само убаво кога ќе сретнам некој и едноставно зрачи со позитивност. Потребни ни се повеќе личности такви, ведри, насмеани, да знаат како да утешат, како да му се радуваат на животот. Наместо тоа се почеста е негативоста кај луѓето. На пример кога излегувам за на школо, имам еден сосед што секогаш кога ќе го поздравам ми посакува да имам убав ден, една сосетка што кога нешто прави) за јадење) секогаш ми подава, имам еден другар што секогаш од секоја напната ситуација умее да направи шега и да си насмее сите, еден другар што секогаш е насмеан и кажува шеги, има многу луѓе што кога ќе ги видам ми се насмевнуваат на улица... Е такви луѓе му се потребни на овој свет! И самата сум позитивна, иако сум депресивна јас сум голем оптимист и секогаш гледам на ведрата страна.
Позитивност ми треба, и тоа премногу. А и подршка. Моментално само од семејството и од најдобрата другарка имам подршка во сѐ, и не ми дозволуваат да сум тажна. Но, некогаш е и до нас. Не ли е? Ако ја гледаме само темната страна, некој колку и да се обидува да ни ја покаже светлата, нема да ја видиме. Зависи и од околината, но и од нас. Насмејте се, и светот ќе ве поздрави со насмевка.
Мојот свет е позитивен, оној кој си го носам во срцето. Навикната сум на позитива, некако негативата веќе не допира до мене, но да, се случува да наидам на негативни личности. Жалам што има такви луѓе со способност да гледаат и извлекуваат негатива од се и сешто околу нив и да ја расфрлаат наоколу. Незадоволство, стрес, фрустрации... не треба тоа да завладее со луѓето. Да, потребата од позитивност е многу потребна. Сите се претежно намуртени и брзаат некаде, замислени се и не ги забележуваат убавините околу себе, само ги одминуваат. Тоа да се замени со ведрина, цел живот ќе му се смени на човек.
Денеска решив да сум позитивна, да излезам со друштво, не, заврна. Значи ќе си останам вака и двете во едно зависи од расположение
Бидејќи се трудам што повеќе да ширам позитивна енергија, логично е дека сакам и да ја добивам истата.Поготово кога сум нервозна или тажна. Плус како сунѓер сум, многу лесно попримам туѓа енергија, воглавно од блиски и луѓе кои ми значат. Ако се они тажни, среќни, лути, повредени или било што, а притоа сум со нив и ми значат и јас ги попримам некогаш нивните емоции, чувства па дури и се ставам во нивна кожа. Рак оригинал сум хахајај