Овој да не е тој шо го спомнуваше во другата тема за хороскоп? Многу им се замарате вие. Дури ти го прај ќефот искористи го, после чао. Ко е таков веќе....
Може и да е. Имав и јас сличен, многу одамна и кога сакаше демек да се смирел со мене, (да станел сериозен ) јас кажав не. Одговорот му беше за мене имало женски и ќе има, ама нема да бидеш ти . Сега е сам. Или е преголемо его во прашање или самобендисаност, а богами тогаш и јас се прашував дали всушност е некоја прикриена осаменост...
Овој во лице ми кажа „јас со сите што сум сакал сум бил во врска или сум се мувал, јас сум популарен меѓу женските“. Тука се осетив како предмет, демек важно му е да си докаже на себеси дека можел да ме улови, и потоа го откачив, тоа беше последен состанок, сметав дека со таков човек нема што да барам. Мислам дека не сторив ништо лошо. бев принудена да сторам нешто добро за себе пред да бидам искористена и фрлена. Сите негови претходни мувачици почнаа да шират муабети за мене, секакви, за да дополнително ги вжештат работите, и тука веќе под никои услови немаше шанси нешто да се поправи. Потоа ме молеше уште еднаш, јас не профатив да излезам со него, и почна да носи девојки пред мои очи, да седнува на маса до мене оти мислеше дека е интересен, а не беше. Создаваше чувство на одбивност. Потоа долго беше сам, а денес е со жена која е постара од него, има син накај 30 години, ниска, дебела, нешто што тој порано не би го ни замислил. Сите го прочитаа и бегаат од него. Никој не сака да си фаќа работа со него. Уништи куп врски.
Не е психолошки проблем туку е социјален проблем, а гореопишаните постапки се само еден начин како се манифестира потребата на мажите да доминираат врз жените, во овој случај со секоја жена што ќе ја запознае.
Да, така е. Не сум го употребила зборот, а го мислам. Машка курва. Мислам која е таа сатисфакција да кажеш дека си бил со некоја само заради секс, додека таа си имала дечко, а таа некоја спиела со не знам колку мажи. Што е тука за фалење? Што се мешал во туѓи врски, врска на школски другар, а девојката па што да зборам, ми се повраќа од такви што се лепат на се што е машко. Одбивни ми се такви луѓе. После кога го игнорирав мислеше дека водам инат, а едноставно почнав да го мразам, презирам. Сакав да биде што подалеку од мене. Бев нападната од неговата армија „курви“, мувачици, за ич ништо ми вадеа муабети. Да беше саглам и човек кој сака да се менува, ќе им покажеше кај им е местото. Но, не сакаше со резервите да се искара, а јас пак ништо не му кажав за тоа дека ме озборувале, ќе беше смешно, ќе мисли дека сум љубоморна, а не дека ми се повраќа од сето тоа и од такви глупави ситуации.
Ми текна и ова, поминуваат 8 години од раскинувањето, неколку шанси за помирување беа пробани, одбив, на Фб избришан и одам јас во едно школо на настан за франкофонија, таму ме поканија, арно ама, школото му е близу до дома. И кога гледам во толпата луѓе и тој таму, онака се смее под мустак, среќен што ме гледа. Ми падна смешно, ама па брзо влеговме внатре на дегустација на француски јадења, така што тој не беше поканет, па не влезе внатре, секако. Како дознал се чудев. Или некој му се јавил или ме видел кога сме поминале со кола, па дошол, оти е ептен блиску, 2-3 куќи. И некој ќе рече дека ова е упорност, не бе, болест е. А муабетите за бившата му беа, денес ми збори како го искористила, утре била ок, сите ја сакале неа(демек ете јас нешто не е ок со мене, некоја манипулација ми прави, свесно или несвесно). А во реалноста бившата цело средно го поминала така што тој ја финансирал, се изневерувале постојано, раскинувале не знам колку пати, на крај, немала што да прави, па била и со негов најдобар другар, за одмазда или не знам што. И вакви нема едни во државата, вакви токсични и распаднати ликови има многууу. Мислам дека ако им дадеш простор долго време да бидат дел од твојот живот, буквално ќе направат хаварија.
Искрен да бидам имам сличен проблем, не морам да ја фатам девојката но сакам да воспоставам блиски односи да знам дека барем може да се излапаме кога сакаме, не мора да имаме секс. Некако многу ми значи кога знам дека жените се палат на мене и дека ме посакуваат. Искрено незнам дали е ова некое пореметување но мене тоа страшно ми приа. Немам намера да ги повредам со било што само сакам да сме билиски во секоја смисла.