1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Потценување

Дискусија во 'Психологија' започната од Tanjamm, 4 ноември 2019.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.085
    Допаѓања:
    11.238
    Колку често се случува да бидете потценети? Забележувам дека луѓето уживаат да потценуваат, па колку и да се тие на дното. Денес ми се јави една соработничка и баш ме разочара со два - три коментари. Значи зад мој грб дала коментари со кои јас може да останам без хонорарната работа, каде јас работев години пред неа и ја препорачав. Практично ме потцени. Можно е по ова скроз да се тргнам од неа и веќе нема да ми текне да препорачувам луѓе за работа. Како вие се справувате со потценувањето?
     
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.694
    Пол:
    Женски
    Порано бев мноогу потценувана и ништо не превземав..тупаче си бев.
    Сега кога некој ме потценува, му давам 1001 причина дека згрешил и дека не треба да ме потценува.
    Докажувам дека можам мноогу повеќе од тоа што изгледа.
    А некогаш не се ни замарам, оставам времето само по себе да покаже што и како можам.
    Други не потценувам освен ако не се апла онака..
    Најголема грешка е да потцениш некого, поготово ако станува збор за некој непознат или пак ,,непријателот”
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.082
    Пол:
    Женски
    Како основка , секогаш бев потценувана од соучениците . Се додека еден ден , еден соученик ( машко што важеше за тепач и фраер ) не ми згазна на живец . Ни две ни три , станав и го " претепав " . Односно си доби 5 - 6 шлаканици , неколку бокса во грб и неколку во глава . Сите од клас му се смееа бидејќи бегал од " џуџе " . Од тогаш не ме пипна ниту со прст . Успат , се пожали на другарите дека сум имала тешка рака . Епа да брат , кога сум нервозна , раката ми е челична . Наставниците ми ставаа послаби оценки уште од прво одделение ( паднав во клас на деца на секретарки , доктори , заменици директори , инспектори и сл . ) па тие секогаш беа оние што знаеа се , секогаш тие беа одлични . Јас бев дете на трговец , па не им треба помош од трговец нели ? Затоа и се откажав од учење . Веќе во 7-мо имав неколку единици , а поголема оценка од 3 по поважен предмет немав ( само физичко и ликовно имав 5-ка ) . Така завршив во училиште кое го немав во замисла за запишување . Згора на тоа мојте ме убедија дека немало да ме примат таму каде што сакав јас . Така завршив овде каде што сум моментално . За среќа оние погоре наведените ги нема ич во животов мој ( соучениците и наставниците ) , а муабетот и контактот со мојте е многу редок и колку ради реда , да знаат дека сум добра , жива и здрава .
     
    На Tanjamm, Feminka22 и Askopje им се допаѓа ова.
  4. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.566
    Пол:
    Женски
    Се случувало ама секогаш за кратко знаеа да се покајат. :D
    А и до ден денес некои се кајат :D
    Ваквите луѓе се претежно несреќни и искомплексирани, ги жалам...
     
    На Tanjamm, hermosa и Feminka22 им се допаѓа ова.
  5. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.976
    Допаѓања:
    8.746
    Пол:
    Женски
    Многу често сум била потценувана. Се секирав и по стопати се докажував, сега абер немам. Кога-тогаш квалитетот излегува на површина и ваквите луѓе воопшто не ми се потребни во животот (без разлика дали е за работа, пријателство итн.)
     
    На Ivanna23., mode-kristina, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Јас не дозволувам да ме потценуваат.

    Потценувањето некого лично според мене обично е знак на некултура и простотилак + комплекс на ниска вредност кој при coping mechanism се манифестира како комплекс на висока вредност, што е честа појава на овие простори.

    И да имаш лошо мислење за некој конкретно, задржи го за себе, со кое право го омаловажуваш директно? Ко да е битен твојот став или ко да те бива да донесеш правилен суд.

    Ама то е, раја невоспитана за се мора да даде до знаење што мисли, иако не знае да мисли/размислува трезвено.
     
    Последна измена: 17 ноември 2020
    На Guns N` Roses, Yellow456, mode-kristina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    857
    Пол:
    Женски
    pa ima li pogolem debil od nekoj sto potcenuva drug ?
    nema
     
    На Yellow456, hermosa и Tanjamm им се допаѓа ова.
  8. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    Сум била потценувана од личности што ги сметав за блиски и добронамерни. Зависи од периодот и расположението, некогаш и јас бев наивна и си молчев. Но, во повеќе наврати сум докажала дека грешат.
    И денес се соочувам со потценување поради тоа што сум молчалива и не многу комуникативна личност, и обично не се истакнувам. Но како што кажаа и погоре, тоа што треба да излезе на површина, излегува кога тогаш.
     
    На Ivanna23., Guns N` Roses, mode-kristina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.085
    Допаѓања:
    11.238
    Ова примеров твој со професорите, навистина и јас сум имала примери. Во средно и основно секогаш им се прогледуваше низ прсти на децата чии родители беа инспектори, вработени во администрација и слично.
     
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.082
    Пол:
    Женски
    Пак тие што добиваа петки во основно , денес се најголеми коцкари и пропалици . Јас иако не сум постигнала ништо во животов , барем не сум коцкар и пропалица . И што ако им ставаа петки за лепе очи ? Ништо . Направија дебили од нив , а не дека не ги бидуваше , секое дете е интелигентно на свој начин за одредени работи , ама од што многу им попуштаа ги направија за никаде . Жал ми е за нив ( соучениците ) иако не сум поминала убаво со нив во основно , сепак тие не се виновни , така ги воспитале од дома а наставниците само ја помогнаа работата во нивниот пат до пропаст .
     
    На Ivanna23. и Tanjamm им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Сите потценуваме некого.
    Ама за себе е потешко да кажеш, отколку за другите.
     
    На Te@, Angie1432 и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.085
    Допаѓања:
    11.238
    Навистина штета им направија на таквите деца. Имав наставничка која после часови одеше на гости кај една соученичка, на ручек и ставаше петка без знаење.
     
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Да имаш родител од кој луѓето чувствуваат дека зависат и дека треба да му се умилкуваат, е многу битно во животот. Професорите на таквите деца баш им ја изградија самодовербата и им отворија врати за просеци, стипендии и сл., иако незаслужени, а за испрашувања и тестови воопшто не ги замараа.
    Тоа е демотивирачки за другите деца и ги потиштува.
     
    На Tanjamm и Yellow456 им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.085
    Допаѓања:
    11.238
    Секако. На таков начин преку врски и лобирања професорка среди соученичка да замине на студии во странство. Ја однесе дури таму да најдат сместување, се да средат, и денес девојката е таму, се омажи во странство, си го среди животот. Не беше некој капацитет, просек ама имаше врски.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Што се замарате толку? Мој соученик неговиот вујко ни предаваше и секогаш имаше петки, на другиот мајка му предаваше македонски во друг клас, тој ни еднаш немаше излезено да одговара на табла. Кога полагавме матура вуко му му помогна да препише, те. професор им реши на табла и се пазеа од инспекцијата од Скопје која одеше од врата на врата и не надгледуваше. Сите што полагаа математика си се офајдија. Тоа беше 2013 и тогаш беше баш строго за полагање на матура. Јас полагав англиски и сама си решавав како знаев и умеев. Никој до сега не ми попуштил ни помогнал, и не жалам воопшто и не ми е криво. Сега сум дипломиран инженер и со свој труд си ја добив титулата.
     
    На Guns N` Roses и Tanjamm им се допаѓа ова.
  16. joyful

    joyful Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    2.556
    Пол:
    Женски
    Јас на овие луѓе секогаш гледам со сожалување. Се случува да ме потчени и наместо да се изнервирам, јас во себе си викам "колку си ти за греота". Замислете какви фрустрации и комплекси носи во себе, што мора да ги потценува другите за да издоминира.
    Колку не се почитува самиот себе, што мора да се уважува пред другите.
    Колку беден живот живее, за да мора пред другите да се докажува и покажува.
    Стварно жално...
     
    На Tanjamm, Cutiepie1 и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  17. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.040
    Допаѓања:
    10.630
    Пол:
    Женски
    Во основно, стрина ми ми даде тренерки, убави ми беа и си ги облеков за во школо, но другиот ден дознав дека тие тренерки биле на нејзината внука од брат која среќа во несреќа беше една година од мене постара и кога ме виде на голем одмор почна да се смее и да се дере тие ти ги даде тетка ми, мојте тренерки ги носиш, немаш други и јас многу се засрамив. Никогаш повеќе не ги облеков тренерките.
     
    На Tanjamm и eliesaab им се допаѓа ова.
  18. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.470
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Последните мислења се за се', само примери за потценување не.
    Повеќе како претрпени трауми од лични навреди и неправди. И вриштат комплекси, во двете насоки. :wasntme:

    И од кога тоа "омаловажување" и "потценување" се термини со исто значење? :worried:

    П(р)отценувам основано, сум (била) п(р)отценувана и основано и неосновано. :makeup:
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Последна измена: 19 ноември 2020
  20. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Не е замарање. Си споделуваме мислења.