@macencef, веројатно и самата си свесна дека на вакво деликатно прашање како твоето легитимен одговор може да ти даде само стручно лице, педијатар или детски психолог. Да, на форумов ќе добиеш куп лаички одговори, од кои дел ќе бидат добронамерни и солидни, дел ќе бидат добронамерни но погрешни а дел ќе бидат неконструктивна критика и фаќање сеир. Пет години си тука, и самата знаеш како е Затоа, оди и направи муабет со доктор, колку ти да си мирна. Е сега ќе бидам малку оф-топик Ако не те мешам тебе со некоја друга членка, ти си самохрана мајка, така? Од постовите се гледа дека си преморена. Лесно е вака од страна да се мудрува „зошто си раѓала блабла“ ама реалноста е дека е страшно тешко да си сам со мало дете. И мајка ми беше самохрана мајка ама па имаше несебична помош од баба ми и дедо ми, со нив и живеевме кога бев ептен мала. Ако имаш на кого да се потпреш периодов, искористи ја таа шанса и одмори се. Замоли некој близок (мајка, сестра, братучетка) да ти го причува детето а ти спиј, шетај по продавници, отиди со некоја пријателка на кафе или во кино. Среќна мајка, среќно дете. И запамети го ова, ќе биде полесно!! Сега детото е уште многу мало и бара максимум внимание но нема да сетиш кога ќе потпорасне па ќе имаш повеќе време и за него и за себе и за сите оние работи кои те исполнуваат. Најбитно е само што побезболно да го протуркаш овој период кој е пред тебе.
Не ме мешаш, да, самохрана мајка сум. И незгодно е да му го оставаш детето на некој да ти го причува. Сакам да се поштедам и од приговори од другата страна. Излегување или кафе, не дај боже спиење - се надвор од можностите. Некогаш се фаќам дека од седење ми се приспива и задремувам. Да видиме како ќе го издржам овој период. Среќа во несреќа - работата не ми е многу физички захтевна, се надевам дека уште барем една година ќе го работам ова. Инаку сега е се во ред со детето, ама во ред е да се паничи ако дете кое е турбо 24/7 - одеднаш си легнувал со образот на маса во градинка и бил препасивен. Ако беше помирно дете - немаше многу разлика да се прави. Ама вака мн се насекирав. Оф топик, сама се пријавив во фемина ххххх па сега нека си ја мислат самите