babylove кашички

Починат сопруг

Дискусија во 'Брак' започната од pizza, 13 септември 2013.

  1. pizza

    pizza Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Za zal jas sum mlada i sega veke samohrana majka na dve maloletni deca, zivotot ne bese fer so nas, smrtta prerano ne razdeli. Na 31god, treba zivotot sama so dve deca da go prodolzam. Neznam ni kako ni od kade da pocnam, nisto ne e isto kako porano, premnogu tazna i osamena.
     
  2. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    2.657
    Допаѓања:
    3.680
    Пол:
    Женски
    Pocinat soprug

    Pizza,прими сочувство :| .Mногу ти е тешко верувам,но мораш да продолжиш напред,пред се заради дечињата.Tреба да си јака и да го пребродиш ова,секако болката ќе остане но животот продолжува.Tвоите најблиски со тебе ли се,имаш ли поддршка?
     
  3. Emotional123

    Emotional123 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    3.510
    Допаѓања:
    9.068
    Пол:
    Женски
    Pocinat soprug

    Мое сочувство.
    Заради децата пред се мораш да останеш јака, присебна, на нив тоа им е најпотребно.
    Ти имаш вработена ли си и колкаи ти се дечињата, како што праша хермоса имаш ли подршка, некој да ти помогне околу децата и сега во најтешките денови?
     
  4. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Pocinat soprug

    И татко ми е починат пред 3 години.
    Животот е потежок но се издржува.
    Жал ми е за тоа што се десило,но како самохрана мајка треба да станеш посилна за своите деца.
    Не треба на секој да веруваш и секој не ти мисли лошо,особено сега.
    Што се сме поминале со мајка ми и низ какви лаги,тоа само јас и она знаеме.
    Ниеден човек не ти мисли добро,кога ќе го напуштиш домот ќе мора самата да ги храниш децата.
    Кај нас само храна мајка = никоја и ништо,таков е системот за жал но не треба да се предадеш,зашто 2 гладни деца треба да се хранат.
    Од почеток секогаш ќе биде тешко,но таков е животот,не очекувај од никого да ти помогне затоа што секој ќе гледа да ти искористи.
    Се надевам дека ќе најдеш пат и работа што ќе ти осигури иднина за твоите деца.
     
    На Abeja и dzanina им се допаѓа ова.
  5. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    12.048
    Пол:
    Женски
    Pocinat soprug

    Мое сочувство. Жените се силни. Ќе го пребродиш ова, заради себе и заради твоите деца. Нив им треба мајка им повеќе од било кога до сега.
    Знам дека е клише ова што ќе го кажам, ама јас навистина верувам во тоа: Твојот сопруг е на поубаво место!
     
  6. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    570
    Pocinat soprug

    Мое сочуство.
    Верувам дека болката е огромна посебно за децата. Но, мораш да бидеш присебна за нив, да бидеш исто така многу блиска. Тоа е многу важно за нив. Биди силна, не е лесно...знам. И нема зборови кои сега би те утешиле или помогнале. Но, едно ќе ти кажам, од искуство од мајка ми....
    Не знам колку време поминало од смртта, но кога ќе дојде време и ќе се чувствуваш спремна, немој да се деградираш, тоа го направи мојата мајка, сега ни со мене не излага да прошета освен на пазар и по продавници, ни по гости никаде не оди. А јас не можам од дома да ја извадам.
     
  7. pizza

    pizza Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Pocinat soprug

    Za zal zivotot mi se promeni od koren, decata se mnogu mali, 7 i 11 godini. Sudbinata mi go promeni zivotot vo eden den. Kolku i da sum silna, tagata e pregolema, se custvuvam kako crn duh koj odi po zemja, za zal. Svesna sum deka moram za nasite dve deca, moram sega da bidam i majka i tatko. Imavme tolku ubavi planovi, no site planovi propadnaa. Imame picerija koja rabotese dosta dobro i sega davam napori da prodolzi so rabota, so sto se nadevam deka ke uspeam za idninata na nasite deca. Moite najbliski se postojano so mene, no nikoj ne moze da ja popolni prazninata vo moeto srce, mojot nadobar drugar go nema poveke, nema so koj da pravam planovi, so koj da spodelam tajna i uste mnogu, mnogu drugi raboti, koj mi nedostigaat od brakot. Vi Blagodaram na site za podrskata.
     
  8. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.852
    Допаѓања:
    735
    Pocinat soprug

    Најпрво прими мое огромно сочуство
    Никој ама баш никој не може ни да замисли со каква болка се справуваш ти сега мозокот ти дава сигнали да бидеш цврста ама срцето и емоциите те преполовуваат напола
    Сети се што сега твојот сопруг би ти рекол и што он би сакал
    Сигурна сум дека он сака сега да бидеш цврста да бидеш храбра да не и дозволиш на депресијата да управува со тебе, он сака ти да ги израснеш вашите деца во здрави и прави особи да ги изнесеш на прав пат Верувам дека нема утеха за тебе но мораш самата да си даваш утеха да велиш утре ке биде подобро за децата и за мене
    Совет од мене ти е да не се затвараш сама за да не те фака носталгија депресија гледај да бидеш опкружена со луѓе да се занимаваш тоа што сакаш пицеријата да ја водиш ти е супер идеја ке имаш обавези и за миг ке заборавиш на ова
    Не е ништо срамно и страшно да си одиш на сеанси кај психолог или психијатар да се изпразниш да си кажеш се што на друг неможеш ке те поткрепи и со некои апчиња малку за смирување и расположение и нема друго ке продолжиш со животот Кај нас овде викаат со умрениот не се умира и така е сега ти си единствената сламка за која што децата ке се држат ако и ти попуштиш за што ти ке се држат сега кога им треба најмногу родител???
    ти ја посакувам цела срека на овој свет да излезеш од овој круг и малку посветло да гледаш на животот сепак имаш причина за живот сеуште а тоа се твоите деца :*
     
    На pizza му/ѝ се допаѓа ова.
  9. pizza

    pizza Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Pocinat soprug

    Ti Blagodaram Eva11, solzite se mojot drugar sega. Da tocno e toa deka mojot soprug bi sakal da bidam cvrsta i silna i da prodolzam vo zivotot, tamu kade sto dvajcata zastanavme. Pricinata za toa deka moram da ziveam e ogromna, toa e plodot na nasata ljubov, nasite dve deca. Raspolozenieto vo denot se menuva postojano imam momenti koga nisto ne mi e vazno ni potrebno, potoa sama vo sebe si velam ajde stani znaes deka moras da se boris, pa za kratko mi se vraka tagata i bolkata vo dusata. Se e mnogu svezo, pominaa 40 dena od kobniot den, denot koga se razdelivme, ke mi treba vreme za da zastanam na noze, ako navistina vremeto gi leci ranite, no kako minuvaat denovite sekoj den e se potezok. Sega go Molam Bog da mi dade sila da ja pominam ovaa teska situacija i da se spravam sto pouspesno vo zivotot, za moite deca i za mene.
     
  10. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.459
    Pocinat soprug

    Издржи мила. Нека почива во мир твојот сопруг,но ти сега мора да си јака. Верувај дека Бог не ни дава тежина што не можеме да ја износиме. Мора да си јака.Живеј за своите деца. Барај го него во нив. Посвети им се целосно и памти го по добро. Посакувам да можам да направам нешто повеќе од неколку реда да напишам, но за жал, знам дека сега ништо не би помогнало. Само издржи, биди јака.
     
    На pizza му/ѝ се допаѓа ова.
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.465
    Допаѓања:
    3.113
    Pocinat soprug

    Кога мене ми почина многу блиска личност од семејството, меѓу другото од помош ми беа моите духовни убедувања (на пр.дека планетата Земја е само попатна станица за душите, дека смртта е самко премин но не и крај и тн.) и од голема корист ми беше да се зафатам со некаква работа.

    Не ги потиснував емоциите, се исплакав, но исто така настојував да не се бавам во мислите активно со истите. Чистев, помагав на други доколку бев во можност и доколку помошта беше побарана, после 1-2 дена не одбивав повик за искачање и прошетка со пријателите, познаниците. Со тоа ми се овозможи онаа преку потребна мисловна дистанца од настанот кој веќе е непроменлив и бавењето со истиот вомислите само би ги одземало силите за мојот уредување на мојот живот. Додека беше жива личноста таа сакаше во мојот живот да ми оди добро и подобро - а навраќајќи се постојано на смртта тоа не би било возможно. Се трудев што е можно побргу да се ослободиме од сите оние предмети кои реално не ни беа повеќе потребни а припаѓаа на покојникот. Ги бојадисавме ѕидовите, направивме делумно поинаков распоред во станот бидејќи сè е енергија, и добро е да нема застој.
    Намерно не негувавме никакви обичаи, ниту народни ниту црковни - според мене тоа е непотребно, под одредени околности и штетно. Не нè интересираше што мислат роднините, комшиите и тн. та не е нивен покојникот. Запаливме малку темјан за да се прочисти вибрацијата на просторот. Се чувствувавме подобро и посмирено потоа. Тоа беше моето искуство и искуството на моите блиски...
     
    На mcokolada и pizza им се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.258
    Пол:
    Женски
    Животот оди понатаму. Татко ми беше во 40тите кога остана вдовец. Тешко беше, ама продолжи со животот. Не дозволи да се затвори дома.

    Исто и со тетка ми. И она остана вдовица на тие години.

    Не треба да човек во тие случаи да го изгуби социјалниот живот. А треба и да се бори за децата.
     
    На stetoskop, tina2018 и LiliBoz им се допаѓа ова.