1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Почина Билјана Беличанец

Дискусија во 'Политика и настани' започната од ЕденЧлен, 7 април 2019.

  1. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Најдена е обесена во купатило :/
     
  2. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    Најверојатно психички проблем или семеен проблем.

    Но ретко, скоро никој во медиумите не спомна за тоа, а и конкретно нешто за нејзе.

    Сигурно ќе изненади многумина, како и мене што ме изненади.
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Ке се дознае во текот на истрагата се.
     
    На Ма.нев му/ѝ се допаѓа ова.
  4. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.173
    Допаѓања:
    20.843
    И дечиња има Беличанец? А колкави се? ;( Многу тажно.
     
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.456
    Допаѓања:
    82.040
    Пол:
    Женски
    Кој и беше сопруг на Билјана?
     
  6. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.680
    Допаѓања:
    19.053
    Пол:
    Женски
    Во втор брак беше со режисерот Сашо Миленковски... а имаше две деца од првиот брак....
     
    На cresa-jagoda и Cosmi им се допаѓа ова.
  7. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.231
    Допаѓања:
    23.947
    Пол:
    Женски
    Леле... ме изненади баш женава.
    Кујзнае што и се дешавало,па се обесила.
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  8. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.079
    Пол:
    Женски
    И јас видов пред малку :( . Бог да ја прости .. Којзнае што мака имала за да посегне по сопствениот живот :(.. Сочувство до најблиските ..
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки


    ----
    Автор: А. Антевска
    Извор: https://sdk.mk/index.php/naslovna/akterkata-biljana-belichanets-pronajdena-mrtva-potvrdija-od-mvr/
    ----
    АКТЕРКАТА БИЛЈАНА БЕЛИЧАНЕЦ Е ПРОНАЈДЕНА МРТВА, ПОТВРДИЈА ОД МВР
    12.228
    7 април 2019 Скопје, (САКАМДАКАЖАМ.МК)
    [​IMG]
    Актерката и поранешна градоначалничка на Општина Кисела Водa Билјана Беличанец е пронајдена мртва, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од МВР.

    Неофицијално, од извори на истрагата дознаваме дека е најдена обесена во бања во стан во центарот на Скопје. Смртта ја пријавил член на семејството во сабота околу 22.40 часот.

    Имаше неполни 46 години. Зад себе остави две малолетни деца.

    Нејзин матичен театар е Драмскиот театар во Скопје.

    Беличанец беше градоначалник на скопската општина Кисела Вода од 2013 до 2017.

    Нејзини последни претстави се “Господа Глембаевски”и “Последните Македонци” во Драмскиот театар.

    Беличанец глумеше во повеќе ТВ-проекти како “Здраво генијалци“ и натсихронизираше гласови во турски серии, од кои најмногу беше позната по улогата на Хурем во „Сулејман Величествениот“.

    Двете деца и се од првиот брак со познат скопски стоматолог.

    Неодамна втор пат се омажи со режисерот Сашо Миленковски.
    [​IMG]
    ----


    Почивај во мир... :(
     
  10. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    3.214
    Пол:
    Женски
    Луѓе вистина е она за Билјана Беличанец или новинариве само пишуаат глупости? Обесена во бања од стан?! Не можам да поверувам... Ако е вистина, трагедија е....
    Има некој информација?
     
  11. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.680
    Вистина е :(
     
  12. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
  13. ribabiba

    ribabiba Активен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    64
    Лепотица најубава.
     
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.125
    Допаѓања:
    43.681
    Пол:
    Женски
    Бог да ја прости..ноќеска прочитав овде ама мислев се шпекулации..
    Се изненадив и јас многу, само Господ знае што мака имала..
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.683
    Сега разбрав и јас...
    Баш ми е жал, сочувство до семејството.
    Сигурно имала огромна тежина штом посегнала по својот живот ;(
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mamaorhidea

    mamaorhidea Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    414
    Пол:
    Женски
    Neka pociva vo mir, prekrasna akterka.
     
  17. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    [​IMG]


    Sasho Tasevski
    1 hr ·

    Билјана Беличанец влезе во канцеларијата. Два месеци откако ме назначија за директор. Седна како на жар карши мене, зад клуб-масата. Да и пратам порака дека е добредојдена и влегува дома, станав од директорската фотеља и седнав кај клуб масата. Ја понудив кафе, одби. Дојдов само нешто да ти кажам., рече. Те разбирам ако ме држиш на страна, ако не добивам улоги, зашто бев функционер кај оние, само дозволи ми да бидам овде, да го дишам театарскиот воздух. Стави ме и во шивална, ќе шијам, само да сум тука. Беше сериозна, а јас се насмеав. Реков: Билјана ти си една од најдобрите глумици во Македонија на сите времиња. Треба да играш и сакам да играш, ама не со игла и конци, туку на сцена. Таму би била од најголема помош. Имаш сојузник во мене. Сепак не заигра, иако требаше да игра главна ролја во една претстава, тоа се изјалови од други причини. Нејсе, затоа со ќеф прифати да биде дел од уметничкиот совет, кога ја поканив, откако ме предупреди дека може да си имам проблеми што е она во него. Баш ме заболе и реков. Се сеќаваш што ти кажав во канцеларија ко дојде? Се насмеа. Е па уште го мислам тоа и реков. И секогаш ќе го мислам. Го мислам еве и сега. Најдобра.
     
    На kikin, oblace1, Novecento и 8 други им се допаѓа ова.
  18. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.178
    Допаѓања:
    57.653
    Пол:
    Женски
    Лепотица еј. Жално, прежално.

    Ја памтам од Туфи и Двојче, заедно со Владимир Талески во Здраво Генијалци. Татко ми ми ги имаше снимено на касета, не памтам колку часови сум ги гледала на ТВ и сум пеела заедно со нив.

    Нека почива во мир не знам друго што да кажам, шок ме удри од сабајле.
     
    На sweet-cherry, JollyGirl, oblace1 и 10 други им се допаѓа ова.
  19. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    [​IMG]


    Dramski Teatar Skopje
    7 mins ·
    Огромна празнина останува во Драмски. Нашата Билјана Беличанец е неповторлива. Почивај во мир.

    IN MEMORIAM

    Билјана Беличанец
    (25.07. 1973, Скопје – 06.04.2019 Скопје)

    Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1994). Работи во Народен театар “Војдан Чернодрински” - Прилеп (1994-1997), додека во 1997 година преминува во Драмски театар Скопје. Како актерка со непроценлив талент, работна пожртвуваност и професионалност, ги толкува главните улоги во пиесите и заслужено го зазема местото на првенец актер во ДТС. Од 2013-2017 година ја извршува функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода.

    Селективна театрографија: Маргарет Флаерти (Заводникот од западниот свет, 1997); Сузана (Свадбата на Фигаро, 1998); Софија Јегоровна (Платонов, 1999); Клариса де Бисоњози (Арлекин - слуга на двајца господари, 1999); Кинегонда/ Газдарица на јавна куќа (Кандид во земјата на чудата, 2000); Ерика Брукнер (Мефисто, 2000); Маре (Тетовирани души, 2001); Мувата Ѕунѕарка (Како се станува цар, 2003); Дона Естрела (Што е тоа што ги тера жените навечер да трчаат по улиците на Мадрид, 2004); Наталија Ивановна (Три сестри, 2004); Ангустија (Домот на Бернарда Алба, 2004); Хелен (Жив чоек/Everyman, 2004); Старицата (Демонот од Дебар Маало, 2006); Донка (Македонски рулет, 2007); Ана (Комшилук наопаку, 2007); Велика (Сите лица на Петре М. Андреевски, 2008); Кинегонда/ Малечката/ Службеничката (Кинегонда во Карлаленд, 2009); Управничката (Грев или шприцер, 2011); Сара (Генетика на кучињата, 2012); Ифигенија од Македонија (Архелаос или Еврипид се враќа дома, 2012); Македонка (Последните Македонци, 2012); Ема (Љубовници, 2015).

    Селективна филмографија: Мајки (2010); Од денес до утре (2010).

    Награди: Награда Трајко Чоревски за најдобар млад актер за улогата на Медеја во претставата „Медеја“ на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ (Прилеп, 1996); Награда за најдобар млад актер на Фестивалот Мали и експериментални сцени (МЕСС), за улогата на Ерика Брукнер во претставата „Мефисто“ (Сараево, 2000); Награда за најдобро актерско остварување за улогата на Кинегонда во претставата „Кинегонда во Карлаленд“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ Прилеп (2009); Награда за најдобро актерско остварување за улогата на Сара во претставата Генетика на кучињата на МТФ „Војдан Чернодрински” (Прилеп, 2012).

    56459517_10156130205745933_7161722962372984832_n.jpg
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Слика и прилика на ситуацијата во Мк со партиите. Јасно и гласно кажано што следува кога си со едните а против другите. Да бараш да ти дозволат да останеш во театар откако цел живот си го поминал таму оти дошле други на власт. А јасно и е оти така и таа станала директор, без оглед на способностите. Суров текст што многумина го живеат и мислат дека е нормална работа.

    Нека почива во мир.
     
    На Ivan4e04, dayla, oblace1 и 24 други им се допаѓа ова.