Нека почива во мир и сочувство до семејството, а другиве да се воздржат од објавување срцепарателни постови.
За мене тие беа Двојче и Туфи. Со нив пораснав. Незнам што им требаше политиката, кога беа одлични актери. И двајцата жално завршија. Може нема никаква врска, но што знам кога прочитав одма помислив на тоа. Штета. Млада жена, мајка, убава,успешна. Нека почива во мир.
Ау каков шок Толку ги сакав како мала Туфи и Двојче.Верувам дека е голем притисок од политиката .Не може секој да го издржи. Нека почива во мир
Tука само ке искоментирам за партиите прават проблем ненормален и притисок кај некој што е од друга партија, тоа треба да се искорени ако си добар пушти го не го понижувај , треба да се гледа квалитет а не кој од која партија квалитетот треба дасе цени, настрана од нејзинава ситуација се оградувам од нејзината колкав проблем голем и ненормален притисок да се посегне по тоа нешто толку трагично има луње стучни кадри за тоа психијатри, психолзи, секој да побара помош ако недај боже се најде некогаш во тешка ситуација во било кој аспект пд животот, а секој човек колку и да има тежина сите ние имаме дали мала дали голема мораме како луње да се издигнеме и да продолжиме напред, муабетов ми е општ. Навистина трагедија.
Жaлнo Некa пoчивa вo мир. Депресијата oдземa мнoгу чoвечки живoти, треба и мира пo сериозно дa се сфaти.
Moра да се свати сериозно и да се разговара затоа, да има такви теми по медиуми да се свати како огромен проблем и да се кажува и потенцира начини на лекување. Дали психолози да зборат дали попови, монаси и тие имаат значење за вакви теми и можат да бидат од голема помош.
Пред некое време починал брат и можеби тоа уште повеќе допринело, вака да си го заврши животот. Навистина тажно добар човек, актер си остави две деца... Никој не може да знае како се чувствувала во тие моменти. Депресијата е страшна... Нека почива во мир.
ЛИЗГАЊЕ ОД СПЛАВОТ На Билјана Беличанец Пловеше со нас на сплавот на очајот, занесот и стравот, од кој секој ден по некој паѓа во црниот вир, смрта кај се раѓа. Пловеше и ти на сплавот, камена, а стаклена и дребна. На сплавот на гревот и срамот, полн омраза, завист и пизма. Ти не пловиш веќе, но знаеме сите: ти не умре Бибе, ти само се лизна. 6 април 2019 Венко Андоновски
Повеќето од нас мислат дека вакви работи не можат да се случат на големци. Затоа што се мисли дека после долгата и успешна кариера имаат конекции и отворени врати кон сите сфери од животот. Ама не секогаш е така. Беличанец беше квалитетен актер, фер играч во полето на политиката, а пред сѐ добар, солидарен и хуманитарен човек. Малкумина го знаат тоа. Малкумина знаат каква големина изгубивме вчера. Нешто се срони на парчиња кога прочитав вчера. Ме водеше под рака во периодот на детството, ми даде насока, оптимизам, елан. Сега кога ја нема имам чувство како и тој дел од животот да бил лага.
Zalno, mnogu dobra akterka, covek ne posegnuva tuku taka po svojot zivot sigurno imala psihicki problem, depresija, porok...
Да, тоа го знаат сите кои биле во нејзина близина годиниве. Инаку беше нетипично убава жена, несекојдневно. Ја паметам од времињата кога имавме заеднички пријатели, пред точно 20 години. Излегувавме во Медиум (кај кино Култура) , на аголот......ако се сеќава некој
Немој те молам да мешаш луѓе од други партии , психолози итд.... Не знаеме што носела во себе и како се справувала со таа тежина. Мое мислење е дека многу убаво ја злоупотребија и ја извозеа политичарите . Беше градоначалник а всушност (ова ви кажувам од прва рака) она беше само фигура а во позадина големи интереси и големи пари се свртеа околу неа. Во секој случај, трагедија. Млад човек , ислучителен актер да заврши вака е страшно