Нека почива во мир. Не ми е јасно зошто на таков брутален начин се самоубиваат? Зошто едноставно кога решиле да се самоубијат не го сторат тоа на похуман начин со предозирање на лекови и слично? Замисли какви трауми ќе имаат нејзините најблиски кои ја затекнале како виси во купатило.
Да мислела на другите немало да се самоубие воопшто, а не пак за начинот да мисли. Нека почива во мир, само она си знаела што е и како е.
Токму така. Психата е многу зезната работа. Нека почива во мир, белки сега е мирна. Остави две девојчиња, два ангела зад себе.
Немој, еднаш читав вакви глупости во друга тема. Едно ќе речам - да не го снајде никого. Си знаела самата низ што мине. А депресија за жал не бира...
Не сфаќам како е можно луѓее??? Зарем немаше барем ни една светла точка во нејзиниот живот? Ете ги на пример децата да мислеше бар на нив. Што и да е проблемот никогаш не може тоа да биде решението. Слаби се луѓево, слаби.
Не знам колку е веродостојно, нашиов народ сака да си лае и да шири шпекулации, но се зборува дека била голем љубител на чашката и опојните работи, а последниов период тоа земало голем замав.
Ако некој не е способен да биде градоначалник, не треба да прифаќа. Кога ја кандидираа си реков „оо, Боже, па зар една актерка може да биде градоначалник“? Треба да има некој след на нештата, да бидеш советник, вработен во некој сектор во општина, пратеник пример, па да бидеш градоначалник, а вака од нигде никаде од ракав кога ги вадат лошо делува, и сигурно после ќе заглават во криминал, затоа што некој од врвот на партијата ги злоупотребува.
Јас само знам дека со години наназад редовно изгледаше нерасположено и ме чуди тие околу неа што добро ја познавале да бидат изненадени. Сега, лесна нека и биде земјата.
Нашиов народ е ... немам соодветен збор како да се изразам. Имаш 2 типа на луѓе во вакви ситуации, едни што се одеднаш најголеми пријатели и објавуваат срцепарателни текстови, а реалноста е дека никако не помогнале за таа личност и дека најверојатно и да им била побарана рака за спас ја ставиле на игнор. И други, оние кои сакам да ги удирам со папуча од ЧИК Куманово е што измислуваат и си филуваат невистини и шират шпекулации за мртов човек. Знаев дека одма ќе почнат да зборуваат дека е љубител на некоја недозволена супстанца, као textbook е просечниов фиромијан. Не можат едноставно да изразат сочувство и да оставаат човек да почива во мир, или светци или чашитки, трето нема.
Ги прочитав сите коментари, ама таа дека била слаба и не мислела на другите ме натера да искоментирам. Јас пак мислам да посегнеш по својот живот мора да си многу храбар. Е тоа не го може секој. А замислете кога депресијата управува со човекот, може ли тогаш некој разумно да размислува? Или само да се осуди. Мене повеќе ме погодуваат вашите предрасуди отколку нејзиното самоубиство. Се додека се гледа така за психичките болести ќе се решаваат луѓе на таков чекор. Кога не знаеме да препознаеме, ислушаме, подадеме рака. Запомнете депресијата е сериозна, смртоносна болест и може на секој да му се случи. Се надевам го пронашла мирот!
Kako да немешам кога ситуацијата кај нас е таква? Ова го реков восмисла дека партиите имаат големо влијание и тоа го гледаат негативно ако некој е од другиот табор или партија, и стојам за тоа дека дека тоа не треба да биде така за било каде и да биде треба квалитет да биде на прво место,Психолог мислев на тоа колку и да има човек некој голем проблем нее за оправдување туку треба да се побара стручна медицинска помош и да се збори за вакви работи. Депресијатае лоша но треба да се лекува било каква и да е.Каков и проблем да имала се разбира тоа е психички имало начин да се реши како што секој човек си има некаков проблем. Психата е мнгу тешка состојба и треба да најдеме начин да ја држиме под контрола но и да мислиме на последиците од тоа. Блиските можат да знаат каква ти е ситуацијата но за жал неможат да ни помогнат и затоа постојат установа што се стручни во тоа да помогнат психијатри и сл, и тоа не треба да биде никакво табу, или некој може мирот да го најде да престојува во манастир има разни начини.
Јас искрено не мислам дека е храброст, туку кукавичлук, наместо да се бориш со проблемите да решиш да си го одземеш животот мислејќи дека така ќе ги решиш. Само за жал личност во депресија не размислува така и едонствено во тоа го гледа излезот и спасот. Лесно е да се каже да мислиме на последиците и сл, ама само тој што искрено се соочил со депресија и сакал да си го одземе животот може да разбере.
Toчно. Отворив фб и како сите да ја познавале. Се сретнале пред 20 години, ова, она, глупости. Такви досадни луѓе, уффф на фб не ми се вклучува сега. На сите им е жал, сите нешто паѓаат во несвест демек. Во Македонија додека е жив човек не го ценат, а кога ќе умре глумат дека нешто сите го познавале и сакале. Еве јас само по Туфи и Двојче ќе ја паметам, ниту сум ја гледала во претстава, ниту знам некоја улога, ниту нешто ја имало на тв често, ниту глумела на филм.
Што правиме со можноста за крах поради вршење константен психички политички притисок? Забораваат нашиот пастир што праеше пред две години, како сите ги држеше под контрола? Или не, нема везе тоа, изговор е. Битно се дрогирала, ебавала и пиела. Абе у вакви ситуации жал ми е да кажам ама ќејф ми е што ја губиме државава. Не ја заслуживме. Со ваков менталитет нека иде се у враг.