Не е точно.. Баш сега пишав на друга тема. Баба ми се самоубила со бесење. И баш под дејство на алкохол и наркотици можеш да се самоубиеш...
Никој не прави сценарија,јас кажувам само што сум читала.И тоа што го напишав е врз база на научни истражувања ај чил малку.
Фала ти шо ме просветли тро П.с на мој близок татко му е хроничен алкос,можда повеќе од 25 години.Чоекот уште си е жив.А изгуби се,и куќа и работа,и жена му го остави. Доволно причини имал за да се реши самиот,па ако е така ко шо викаш за алкохолот,еве ти конкретен пример кој се коси со твојот муабет. П.П.С. си дочитала ама не си разбрала......
Хм.. значи баба ми ја обеси СДСМ или ВМРО пред 40 години? А тоа што некој алкохоличар не се самоубил, не значи дека ни еден алкохоличар не се самоубива.
Да не ме сфатите погрешно, хејтерски или не знам како, ама навистина не разбирам која е потребата да се отвораат вакви теми. Кога и да има некој несреќен случај, брзо брзо некој отвара тема "Почина Х-личност". Ја разбирам работата на порталите и новинарите, чија должност е да споделат вест со цел да се информира јавноста, иако и тие често се далеку од професионални во извршувањето на должноста, но отворањето на тема на форумов е со цел да се коментира и дискутира, што во тема со ваква содржина мислам дека нема никаква поента. Било самоубиство, има тема за самоубиство. Било од депресија, има тема за депресија. Тоа се проблемите кои се вредни за дискусија и има соодветно место за истите. Уште еднаш се оградувам од било каква лична поврзаност на ставот што го имам кон креаторите на вакви теми.
Во 1968 помалку од 10% од самоубиствата кај жени биле до бесење. Во 2005 скоро пола од самоубиствата кај жени биле со бесење. Нови времиња...
Стварно е без врска, политика да се вклучува.... Затоа горе со иронија напишав, дојде ја обеси некој во ВЦ. тешко неа што си отиде и тешко нејзините деца. Немаме право да судиме.....
Женава била во депресија и посегнала по својот живот, а овде читаш коментари: - Зошто се обесила, а не испила апчиња па така да се убие? - Зар немала светла точка? - Не е можно убава и успешна жена да се самоубие, некој замешал прсти. Ги жалам луѓето кои имаат проблем, а се наоѓаат во близина на вакви луѓе. И после зошто на многу им е срам и страв да кажат во каква состојба се моментално, епа еве зошто. Наместо рака да му пружат, туку го туркаат кон дното без разбирање. За Билјана жално, премногу жално. Млада, убава, добра. Кога прочитав не можев да поверувам. Како и повеќето што се родени во 90тите, така и јас пораснав со Туфи и Двојче. Значи од многу мала возраст ја гледам по тв, приказни, емисии, а подоцна и по театар. Не и требаше да си става дополнителни проблеми со политика, и не само неа туку ниеден актер не разбирам што се меша во политика, пошто тие се уметници ама ете... Жално за децата, а уште пожално за неа. Низ што поминувала само таа знае. Нека почива во мир.
Не дека актер, туку ни еден човек со емпатија, не треба да влегува во политика. Малку ако си 'со помека душа', машинеријата може да не те инкорпорира, ами да те 'здроби' во процесот.
На темава пишав мислење ама по последниве коментари читам многу предрасуди во врска со самоубиството, депресијата па и коментари од типот што и требаше на актерка да се инволвира во политика. Ако ги нема актерите и културните дејци во политиката како ќе се презентираат нивните гледишта и како би се вовеле измени во законите кои би биле од нивна полза? Политиката не е арена за борба и дејствување само на правници со смер политички студии, во политиката потребна е разновидност за да се опфатат гледиштата на сите поединци кои се групираат и избираат кандидат како нивен гласноговорник. Најголема грешка е да се повлекуваат тие со помека душа, чесните и неискорумпираните, и најголема грешка е што е многу мал процентот на жени во политиката. Кога би се зголемил тој процент би имало поголема емпатија во политиката и поголема подршка за тие со помека душа. Сепак како што има влез има и излез од политика, пример актерката Софија Куновска се откажа и од пратеничко место и од партија. За причините од кои Билјана посегнала по својот живот не би навлегувала подлабоко, претпоставувам тоа го знаат најблиските или тие кои имаат пристап до прошталното писмо, доколу оставила зад себе.
Темава не ја сфаќам како муабети ,,зошто и како,, , туку како некој вид виртуелна ко-меморација. Сигурно имала причина што го сторила тоа. Во секој од нас дебне нешто подло и чека да ни падне животниот имунитет па да не нападне !! Мене новинарите ме нервираат далеку повеќе од самиот настан.Се пишуваат глупави статии, претпоставки, инсинуации, ставање во корелација со разни можни причини... Се се сведе на борба за кликови на статија, па бомбастичните наслови и заклучоци без основа. Вистински хиени !
\Можеби, не велам не, ниту пак да. А ти сигурно си запознаена со сите детаљи од настанот? Реков дека мене не ми изгледаше како таква личност а не кој све се самоубил. Уште не е ни потврдено дека се работи за самоубиство. Не верувам во првични информации по интернет портали. А вистината сигурно ја знаат тесен круг на луѓе. Неодамна и бугарска новинарка беше убиена што значи дека не е нешто невозможно и за чудење.Овде се е можно. Самоубиството може да биде и намештаљка. Па и одма срцепарајучи причи на темава, како требало да се подаде раче на депресивен човек дрн дрн
Ццццц... како хиени сте. Само чекате прилика за политички коментари, инсинуации, поентирања... Срамно!
Во вакви теми најчесто може да се долови простотилакот на луѓето. Статии преполни шпекулации на сметка на човек што си го одзел животот од причини што само тој ги знаел, сето тоа само за кликови, споделувања, лајкови. Дно. „Богата, со маж, деца и се', што ѝ фалело па да сака да се самоубие?“ „Не мислела ни на децата ни на фамилијата.“ Дали сте факинг сериозни? Не ви се вакви дофрлања и коментари малку мизерни? Нека почива во мир.
Замисли фамилијата нејзина го чита ова... Децата кога ќе прочитаат, како ќе се чувствуваат? Дека мајка им не ги сакала?? Што нема благе везе!!! Без осет се поќето!