Не е дека воопшто не треба тема, заслужуваат простор за оддавање почит вакви големи персони со трагичен крај, но не им е местото тука на луѓе склони кон игнорантни разглобувања (дали било себичност, храброст или слабост, зошто баш на тој начин ), бесчувствителност и политика/теории на заговор. Човечката глупост и безобразие се побесконечни и од универзумот, дефинитивно. Не е ни чудно што толку многу длабоки уметнички души дотаму ги погодува и турка општествово... Многу жално, нека почива во мир...
Да даааа едвај чекав некоја да се "самоубие" особено вака пред избори, па да почнам да поентирам Е ако сфати што сакав да кажам немаше да го искоментираш ова. Како и во темата за Влатко така и тука мора да се појави некој што смртта ќе ја препише на депресија и ќе плука врз другите дека требало рака да му подадат а не да негираат депресија. Одма се утврди и потврди дека се работи за депресија. Па уште и еве последно што прочитав на темава, не требало тука да доаѓаат членови да пишуваат свое мислење, глупи биле и безобразни. Само тие што мислат дека депресијата и го одзела животот и оние што дошле да се исплачат треба да опстанат во темава Боже сачувај
Зошто не во политика ако се осеќа некој способен? Тито бил бравар, бравар боље е ? Електро инжењери се Бранко и Рада. Шо дека фикусот е на правен професор кога не го бива, нема харизма и е млак? На било кој уметник да му речеш не се мешај во политика, ке ти се насмее во фаца. Не се занимаваат сите со "ларт пур ларт" отсекогаш биле двигатели во општеството уметниците. А дали треба да знаат и економија и историја, и дипломатија, хм се се учи, не треба факс за тоа, т.е. не им требаат 3 различни. Има луге советници и асистенти, плус се учи бе луге. Факт е дека во политика се лаже и дека сојузи се прават од интерес. Ама тешка наивчина треба да си за да го мразиш тоа а пак да си забец во машината.
А тоа за политичкиот ангажман што велите дека и било грешка... кај нас многу глумци влегоа во политика зашто пред едно 15 години немаше леб од актерството, платите во театрите им беа ниски, ако имаа среќа да земат учество во некој филм, или телевизиски, радио-проект.
Од електроинженери, преку професори, до глумци има разлика. Едните не се познати на јавноста, а другите уметници сите ги познаваме. Никој не им забранува на луѓето што да прават, ама ја губат почитта како уметници. Како може да го почитуваш Тони Михајловски како актер, кога јавно на една студентка и пишуваше дека е курва и ако ја фател ќе и е*ел матер? Или Жугиќ кога колне луѓе од СДСМ? Или Сашо Тасевски кога пцуе и се кара со обични луѓе од дпмне, а тој е актер и директор? Како да гледаш македонски филм или претстава, кога пола од актерите не можеш да ги смислиш зашто колнат, пцујат, се караат, те навредуваат по соц. мрежи? Овие што имаат други професии се ценети и почитувани, ама не се јавни фаци. Беличанец е една од ретките која не беше активна по соц. мрежи и немам слушнато лош збор за неа. Не знам каква била приватно, ама како уметник ја сакав и почитував. Баш ми е жал што не можеше повеќе да се посвети на глумата, а политиката да ја остави настрана.
Абе ај гледај те си животецот, оставете ја жената, одлучила така и готово........па теории на заговори вадат, политики вклучуваат. Проста маса.... Немате друга работа па лупате ко Максим по дивизија.
Тони пцуеше и пред да влезе во политика, ако си гледала Тони и Део. Со таа разлика што тогаш беше смешен- бар мене ми беше, се чачкаше со сите,за маж ми сељак беше и тогаш, а сега во контекст на партија , па....не го сменил него политичкиот живот, туку намириса каде лежат парите. Она шо го прави одвратен е дека едните ги псуе, другите ги фали а исти формат се, бар тие во врвот на мк политиката. Јавна фаца им помага за идентификување кога се борат за власт и за протекции, а ете знае да одмогне со публика. Не е политиката резервирана за екс катедра типови само, никогаш не ни била. А одвратна е јес, и корумпира власта и моќта. Ама то е..не живеете во средена држава. Овде каде живеам- не се нон стоп преокупирани лугето ко во мк со партии, туку минимално
Жално многу. Уште пожално овие новинариве што си пишуваат свои теории само за кликови. Човек што лично се познавал со неа и што работел на исто место со неа ми кажа денес дека жената изгледала преистоштено и депресивно скоро секогаш, не е само од сега ова. Си имала мака. Никој не бира да има депресија, разберете дека депресијата не е болест за потценување и не бира дали оној кој ја има е богат, сиромашен, со деца, без деца, со партнер или сам. Депресијата секој може да го погоди и личноста да не гледа никаков излез, без разлика колку луѓе се тука за неа. Се дури се потценува оваа болест толку луѓе кои ја имаат ќе си го однесат. Нека почива во мир..
А ти не разбра дека и јас иронично ти одговорив? Сигурно стварно не помислив дека ти мислиш дека заев ја обесил. Но, затоа и ти одговорив, макар била и иронија, никој нема да знае со сигурност. Може се зезаме, а може и стварност да искочи. Цело време си нагодуваме во темава, затоа е отворена. Некој мисли депресија, друг алкохол, дрога, политичка завера итн. Се би течело нормално додека не се вклучат некои што им тече вишок мозок од ушите па забегуваат во офтопици сакајќи другите да ги направат мрднати, глупи, безобразни само затоа што мислењата на поединци не одговараат на нивниот шаблон. И тоа се едни исти во секоја тема. Па после погрешни членови јадат бан за некои такви. И на крај човек не знае што напишал прво, бидејќи со куп срање коментари на постот, заборава што рекол, бидејќи се е извадено од контекст и забегало во офтопик.
Извини што ке те цитирам,но ова што го напиша е многу точно. Пред неколку години бев во тешка депресија,за само 3 недели загубив 16 кила,не јадев,не спиев со денови,се мачев сам со себе,кога зборував дома,и на пријателите,ми викаа еее абе уживај ништо не ти е,сите сме во државава во депресија,не се замарај ништо не ти е.Ако сам не ги земав работите во свој раце,и да си го барам чарето,до сега можеше на форумов да не постојам,луѓето во државава уште се тупи на зборот ДЕПРЕСИЈА,неуки се,и не ја разбираат состојбата,депресијата ако не се лекува и работи на нејзе е ТИВОК УБИЕЦ НА 21 ВЕК.
Еден куп причини имa дa некoј си гo oдзеде живoтoт нo се кoристи секoе сaмoубиствo дa се вметни депресијa. Рoк ѕвездa се сaмoубилa штo цел живoт сo кaкви не дрoги се предoзирa aмa aј сите свест зa депресијaтa дa дигaме нa секoјa мoжнa темa. Пoлитички игри, уцени, aлкoхoл, дрoгa, зaдoлженoст, кoмaр, мaлтретирaње oд секaкoв вид...не се тoa прoблеми, депресијaтa сaмo. Не декa требa дa не интересирa кoј зoштo и кaкo, aмa aкo не требa дa имa претпoстaвки зa се oстaнaтo, не требa дa имa и зa психички бoлести и сoстoјби. Плус еден куп рaстрoјствa имa, ствaрнo oтекувaте сo депресијa.
Мајка ми има неколку обиди за самоубиство,но јас не мислам дека не не сакала во тие моменти кога посегнала. Они не се ни свесни во тие моменти. Ние домашните многу вложивме колку толку да ја извлечеме од тој пекол и додека ја најдеме соодветната терапија поминавме многу. Ова нее депресија туку тешко раствојство е. Луѓе се самоубиваат и ради болести,имаше човек во Аеродром во влез си пукаше со пиштол,дознал дека има рак и да не се мачи и да не ги мачи домашните си пукал во себе.
Ne znam kade e. Samo znam deka Biljana mnogu piese. Kako i da e, neka pociva vo mir. Zalosno za nea i familijata.
Vidov deka ima sin. Se zbuniv zasto na slikata bese so dolga kosicka i mi zalice na devojce. A za Roberto se si mislev deka i bese brat.. ili sum pomesala nesto. Nejse. Tragedija