Со овие примери што ги кажа си го валкаат името и Тони, и Јелена Жугиќ и другите, и ние обичните смртници почнуваме со други очи да ги гледаме. И не знам зошто актер како Сашо Тасевски, деновиве беше на дебата на тв 24 зборуваше за претседателските кандидати. Не треба да одат на емисии и да зборуваат сешто, туку да се држат до она за што се компетентни.
Не е само депресијата причина за нечие самоубиство, ама стои фактот дека е една од најголемите дупки во кои може да падне човек и многу тешко да излезе, стои фактот дека таа доаѓа тивко и нечујно, и те заробува во проклетите канџи и стеги, стои фактот дека како опшество се оградуваме од неа како болест, често ги исмејуваме или избегнуваме депресивните луѓе, неретко ги етикетираме и како лудаци и што не. Или ги "лечиме " со зборовите, не преувеличувај ништо не ти е, или биди силен, немаш ич силна психа, види ме мене колку јака психа имам... А за одење на психолог или психијатар колку е срамота да се оди според нашево опшество, и да не правам муабет( за други никогаш не сум се смеела кога барале лек во стручни лица, ама кога дојде ред јас да посетам психијатар, јас молчев и не сакав да зборувам ништо од срам, ми даде терапија која ја примав само еден месец, а требаше шест месеци) и да, колку што можев молчев за мојата анксиозност, едвај најблиските знаеја, молчев бидејќи мислев дека ќе ме сметаат за "луда", и сеуште молчам, и на форумов престанав да зборувам за тоа, бидејќи многу луѓе ми рекоа да не зборувам за тоа овде, да си ја штитам приватноста и слично, но никогаш не се случило да не пружам помош или совет на некого кога му е потребно, без разлика што не споделувам веќе на долго и на широко мои борби... Не сакам ни да помислам низ што се поминува човек во тие моменти, а можам да замислам, бидејќи и јас имам кревка и ранлива психа, ама колку и да ме исмејува некој јас црпам сила од религијата, од верата, од стравот кон Господ, ете таа љубов а во исто време и тој страв, ме држи во живот, ме држи на нозе, а неретко се случило да посакам да заврши се, неретко сум го проколнала животот, неретко се случило да направам пресметки што би било кога би било....ама ќе легнам да спијам, ќе си поплачам, ќе се прашувам зошто и како, и се ќе помине....и не е воопшто овој живот лесен, и не сакам да осудувам никого, не сметам дека е храброст да се самоубиеш, ни пак дека е кукавичлук, но мислам дека секој, баш секој може да најде некоја гранка на која ќе се држи, за да не падне, ма колку и да е разнишана таа гранка..... Во секој случај е премногу жалосно, згасна млад живот, голем уметник, секогаш ќе ја паметам како Туфи, со неа пораснав....
Добро бе луѓе, и да не е депресија, и да е зависност од алкохол, наркотици, повторно се работи за болест. Плус и сите овие работи многу често се поврзани. Здраворазумен човек не посегнува по сопствениот живот. И дали сериозно мислите дека премногу се зборува за депресија кај нас? Каде живеете? Затоа што во Македонија ова не е случајот. Да, не треба да се шират шпекулации, не е ни важно која била состојбата на Беличанец, но дефинитивно треба да се подигнува свеста за менталното здравје и болести. Мислам дека не треба да има вакви теми поради безобразните коментари. Ова не е место за да бидувате иронични, да ги судите нејзините животни избори или да дискутирате дали начинот на кој се самоубила бил соодветен. Мене ми обележа добар дел од детството, вчера гледав извадоци од Здраво генијалци и се расплакав. Нека почива во мир.
Од кај знаете вие зошто се самоубила и дали била во депресија?! За секој кој ќе си одземе животот одма му препишувате дијагноза депресија. Многу сте стручни.
А зашо се посветува толкаво внимание на тема која не е толку важна за мнозинството граѓани? Нека почива во мир, но луѓето премногу се фокусираат на ирелевантни теми во животот.
Која тема не е толку важна за мнозинството граѓани, депресијата? Или причината за самоубиство на Билјана Беличанец?
Тони Михајловски беше во политика пред таа емисија воопшто да се појави. Неколку пати промени партија.
Затоа што луѓето по природа се љубопитни, особено кога се работи за позната личност. Добар дел и имаат премногу слободно време па си го трошат разговарајќи, давајќи претпоставки на темата.
Можеби не е во прашање депресија оти одма за тоа пишувате има многу во форумот што патат од тоа и вака кога спомнувате кога читаат што да мислат? Можеби имала сосем друг проблем...
Лесна и земја.... Без разлика дали било депресија или некоков др проблем тоа што се самоубила е себичен и кукавички чин, така да тоа не е трагедија туку бегство и немање грижа на совест према најблиските
Некој стигнал до степен да си го одземе животот, а ти уште велиш дека е себичен и кукавица. Не знам дали си свесен дека секого може да го снајде, колку и да вели дека може и треба да се избори Не се потребни вакви коментари, ама стварно.
Психолог никако јас од обичната раја сум овие психолозиве можат да кажат дека секој може да се самоубие
A Ти као да се ситиш со твојов коментар Без оглед на се она беше една од најдобрите актерки вооопшто кај нас... Лезна и земја почивај во мир ТУФИ