1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Почина Киро Глигоров

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Snow-Queen, 2 јануари 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Нека му е лесна земја, и нека почива во мир.
    [​IMG]
    Киро Глигоров (родено име: Киро Панчев) (Штип, 3 мај 1917) е македонски политичар и правник, кој беше првиот Претседател на Република Македонија, функцијата која ја извршуваше во два мандати од 1991 до 1999 година. За претседател на РМ бил избран на 27 јануари 1991 година од страна на Собранието на Република Македонија, а по втор пат на 19 ноември 1994 на претседателски избори. Функцијата претседател на Републиката ја врши до 19 ноември 1999 година.
    Во текот на своите два мандати ја промовира политиката на "eквидистанца" кон сите соседи на земјата: Србија, Црна Гора, Бугарија, Грција и Албанија. За време на неговиот мандат се случиле некои од најважните настани од современата историја на Република Македонија: на референдум била прогласена независноста на земјата на 8 септември 1991 година, а Македонија била и единствената од поранешните југословенски републики која се осамостоила по мирен пат. На 17 ноември 1991 бил донесен новиот Устав, а на 8 април 1993 година Република Македонија станала 181 членка на Обединетите нации.
    Заедно со Борис Трајковски, Глигоров во 2005 година станал прв носител на „Орден на Република Македонија.

    _______________________________
    Во сон во својот дом во Скопје, синоќа на 94-годишна возраст починал Киро Глигоров, првиот претседател на независна Македонија.
    Информацијата ја потврди кабинетот на Глигоров, кој беше избран за претседател на Република Македонија на 27 јануари 1991 година и беше на функцијата до 19 ноември 1999 година.
    Погребот ќе се изврши утре во 13 часот на гробиштата Бутел, во кругот на најтесното семејство, а телото ќе биде изложено во капела од 12 часот.
     
  2. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Нека почива во мир,другите треба да земаат пример од него.

    R.I.P легендо :bow:
     
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Мене ме изненади неговата смрт, затоа што до последно беше присатен на свеченостите пред НГ. :(
    И искрено ми е жал за прв пат од душа ... Ама заслужи долг живот, кој ретко кој го живее. За мене тој пред се е голем ЧОВЕК ... па после и дипломат со заслуги. Навистина редок пример за тоа како одмерено и стабилно треба да делува и изгледа еден политичар и при тоа да биде во душата човек.
    Нека почива во мир ... Вечна му слава. :bow:
     
    На Alanna, Shana, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Почивај во мир Македонецу!
     
  5. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Овој човек заслужува неизмерна почит како прв претседател на независна Република Македонија.Нека почива во мир.
     
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Морам да искажам револт тука! Значи не можам да се начудам каков ограничен и без памет и срце народ живее на овие простори. Место достоинствено и искрено да му се оддаде почит на единствениот човек која по цена на МИРОТ во РМ успеа да не зачува од лоши сценарија ... Тие се дрзнуваат да коментираат глупости! :@ Срамота! Да се засрамат таквите простаци!
    Ама еден лош кажан збор се враќа со стотина. Господ е голем.

    Се извинувам ама од она што на ФБ го видов има Боже чувај, многу нелуѓе во земјава! :tmi:
     
    На girl.23, JuLleE и Offspring им се допаѓа ова.
  7. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Џули можеш да споделиш со нас коментарите?зошто јас повеке немам фб
     
  8. ana05

    ana05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    34
    не можам да поверувам....нека почива во мир!
     
  9. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Вечна му слава!
    Камо сите да доживееме до 95. Алал!
    Еден од најголемите луѓе во историјата на Македонија.
     
  10. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Се изненадив сабајлево кога ја прочитав веста. :x Нека почива во мир :bow:
     
  11. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Женски
    Е стварно и јас се изненадив..а кој не? =/

    Нека почива во мир. :bow:
     
  12. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Вечна му слава.
    Навистина голем човек, ако не беше тој немаше ни ние да бидеме тоа што сме како држава. Он ја презема одговорноста да биде првиот што ќе води една ново создадена држава. Секоја му чест, од секој поглед прекрасен човек, стабилен и умерен политичар на кој треба да се одгледаат сегашниве политичари.
     
  13. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Нека почива во мир.
     
  14. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Епа добро бре луѓе читам и не можа, да ви се изначудам?!?!?!?
    Како тоа сте се изненадиле???
    Па живот е, као секој од нас да доживее 94.
    Нека му е лесна земјата, ама тешко дека сум изненадена :?:
     
    На glow, Madonna и daniloo им се допаѓа ова.
  15. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Вечна ти слава легендо.
    Почивај во мир.
     
  16. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Почивај во мир.
    Прва асоцијација на неговото име ми е „Кио Ригоров“.
    Вака го нареков кога се случи атентатот врз него, и мојот цитат гласеше: „ Тато, тато, му ја кишиле коwата на Кио Ригоров“.


    За мене е неочекувана неговата смрт, без разлика на неговите години.
    Но, некако навестуваше на ова бидејќи последниве месеци неговото здравје беше нарушено.

    Жал ми е.
    Вечна му слава!
     
  17. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.441
    Допаѓања:
    34.241
    Пол:
    Женски
    Почивај во мир.
    Вечна му слава !!!!
     
  18. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Чудно е бидејки надживеа многу личности,преживеа атентат и како да не се однесуваме вака?
     
  19. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Жал ми падна. :(

    Нешто на кое што секогаш се сеќавав кога ќе му го слушнев името беше "Мамо,тато,го убија Киро Глигоров" Малечка сум била и така сум им раскажувала за атентатот,на моите.

    Нека почива во мир. :bow:
     
  20. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Лесна му земја.
    Кога слушнав, се натажив навистина. Ама живот, 94 години. Не е ништо чудно.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.