Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Почина Киро Глигоров

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Snow-Queen, 2 јануари 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Почина човекот кој ни овозможи мир кога сите други од бивша Југославија беа во војна, барем затоа заслужува да почива во вечен мир. Доживеа убава старост и мирна смрт. Чувствував почит кон него, за мене беше личност и политичар за пример, одмерен, тивок, без агресија, без галама, без голема помпа успеа да има политичка кариера од најмалку 50 години и тоа без скандали. Можеби не го сакаат овие новиве политичари, кои мислат дека светот од нив почнува, ама имаат да учат од него.
    Прочитав некаде дека во 2000-та влегол во Гинисовата книга на рекорди како најстар претседател на држава во светот. И тоа многу кажува за него.
    Вечна му слава, нека почива во мир.
     
    На esperanca, Annath, Shana и 3 други им се допаѓа ова.
  2. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Нека почива во мир.

    Ги немам годините за да зборувам што се’ направил тој, не сум била родена кога тој бил претседател, ама вечна му слава, добри зборови имам изнаслушано за него.
     
  3. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Во контекс на темава ми текна дека ваква легенда заслужува неговото име да го носи некој булевар, улица, училиште или друга институција.
    Направи многу за државава, особено во критичниот период по распадот на СФРЈ и осамостојувањето на Македонија, АСНОМ ... и заслужува ваква почит.
     
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    И да додадам дека беше еден од ретките но може и единствен кој со насмевка раскажуваше за случувањата, за своето политичко искуство ... за се. По тоа посебно ќе го паметам, неговото спонтано и искрено насмевнување. Затоа и имаше долг живот.
     
    На Li0ness, Annath и nena2010 им се допаѓа ова.
  5. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Срцка ми беше :)
    Почивај во мир.
     
  6. t.w.e.e.t.y

    t.w.e.e.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    617
    Почивај во мир :(
     
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.587
    Допаѓања:
    106.394
    Пол:
    Женски
    Нека почива во мир..но тоа со Словените не му го заборавам!..
     
    На Little-one му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Словените и промената на државното знаме, да не се заборави
     
    На antilla му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.005
    Aj прекинете со какање! Не му заборавајте, јас немаше да заборавам ако не снајдеше судбината на останатите Ју земји! Срам да ви е!
     
    На esperanca, anastasija85, Li0ness и 7 други им се допаѓа ова.
  10. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.587
    Допаѓања:
    106.394
    Пол:
    Женски
    Да , ама и заради некои негови изјави ( дека ние сме Словени и немаме врска со Александровата цивилизација..) и промената на знамето, комшиите се зезаат со нас..
     
    На antilla му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.193
    Допаѓања:
    156.766
    Кортисаки,не ми дава срце да не ти речам (иако е заебанција,да не се увредиш)...затоа те имаме тебе сега таму,да преговараш и да ги потсетуваш дека Киро згреши! :D Љубав не познаје границе, ама убедувањата се убедувања,па уште и кога не простуваш нешто заради принцип, се претпоставува дека ти го браниш својот принцип од кој не може да го отстапи ниту една ирационална желба.

    Лесна му земја! Кој почитува,почитува,кој не,нека му служи на чест.
    Кажал работи,направил работи кои во даден момент биле добри и немало простор за друго. Згрешил од оваа гледна точка. Ама непогрешливо е што многу татковци,браќа,па и жени и деца останаа живи и не се случи тоа што се случуваше низ цела Југославија. Па сега вие одлучете дали вашето наводно его и чувство за патриотизам е повредено или тоа што сега сте со помалку трауми од што можело да имате.
    Ама добро,ние во Македонија,сме неблагодарни копилиња.
     
    На Sparks, LittleDevil, Theodora и 16 други им се допаѓа ова.
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.587
    Допаѓања:
    106.394
    Пол:
    Женски

    не секако не се навредувам :D :hai: тоа беше сепак мое мислење јас не ни сакам да навлегувам во политика , нит да се карам а поготово да го навредувам човекот ( сепак треба да имаме почит за мртвите :!: ) сепак, се согласувам со тебе со болдираново :)
     
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.321
    Допаѓања:
    113.969
    Пол:
    Женски
    Единствен председател и политичар према кој сум имала почит. Нека почива во мир. Како што кажа Лилит да не беше тој, кој знае што ќе беше од нас ако не снајдеше она што ја снајде Босна. А лесно можеше....
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  14. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Ептен жал ми падна и ме погоди смртта на Киро Глигоров :(
    Нека почива во мир :( ;(

    Ќе остане запаметен по неговата мудрост и умешност, по тоа што беше единствениот политичар што успеа да ја оддели државата без војна, да ги повлече војниците од тогашна Јна. Човек кој ја водеше државата во едно тешко време - невреме, а сепак успеа да направи толку многу за Македонија и македонскиот народ.
    За тоа му благодарам и му се поклонувам :bow:
    Почивај во мир претседателе!

    Туку читам дека некој од вас пишуваат демек немале да му го заборават тоа со знамето, словените итн итн. Малку несфатливо ми е, зошто до вчера сите аплаудиравме на пресудата на Меѓународниот суд за пресудата во наша корист со која ја обвинија Грција дека ја прекршува Привремената спогодба. Да, да тоа е истата привремена спогодба која ја потпиша Глигоров. И како сега одеднаш спогодбата е лоша, а до вчера ја браневме пред меѓународни судови ?
     
    На esperanca, KuklickaSk и JuLleE им се допаѓа ова.
  15. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    ^Така што коментираат некои кои чуле и прочитале нешто од ваму и онаму, а немаат поим што, како се случувало целосно :)

    Нека почива во мир.
     
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.005
    Па тоа е што велам јас кооперациски муабети, срамота. Еве јас не се чувствувам дека сум дел од Александровата раса ( :D ) треба да ме убиете или што?
     
    На Hipster и nena2010 им се допаѓа ова.
  17. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    На бесилка :D Не, шала на страна, не се коментира за работи за кои не си добро информиран. Затоа постојат книги, интернет, мајки, татковци, баби и дедовци, ќе седнеш да прочиташ и прашаш убаво, па после дискутирај. Не мислев на тебе, да не се сфатиме погрешно :)
     
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Слушнав и јас за веста, нека почива во мир.

    Додека во контекст на ова ќе кажам, комшиите се зезаат со нас со векови, не е поради тоа дека така изјавил, можеби била погрешна неговата изјава.
     
    На Li0ness му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Massimo

    Massimo Активен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    11
    Само е жално што не се разреши неговиот атентат.
     
    На esperanca, julie77 и zhap4e им се допаѓа ова.
  20. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Нека почива во мир !
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.