1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Почина Киро Глигоров

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Snow-Queen, 2 јануари 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    Нека почива во мир....
     
  2. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Нека почива во мир. :(
     
  3. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Нека почива во мир :bow:
     
  4. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Саја нема да шкрта веќе... х/ :P

    Си го изживее своето. И беше голем човек.
    Нека почива во мир! Вечна му слава :bow:

    а па денес од сабајле со мама, зборувавме за него...една снимка од пред 100 год гледавме и кога го прочитав на Сител шубе ми падна...Си викам „му го беревме гревот“
     
  5. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.179
    Допаѓања:
    23.856
    Нека почива во мир дедо Киро. Направил многу за државава и секако треба да му бидеме благодарни. А дека изјавил дека сме словени? Хм, па нели со словенско писмо пишуваме и наши се Кирил и Методиј? ;) Јас многу го почитував, како и цела моја фамилија, и многу ми е глупаво сега лицимериево од страна на многу политичари кои до вчера јавно го навредуваа, а сега бараат најголеми почести за него. Ама пак паметно избрал Киро, да си го погребаат само најблиските, без никакво лицимерие и фарса.
    :bow:
     
    На Theodora, Meggy, esperanca и 9 други им се допаѓа ова.
  6. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Дали сме ние Старо-словени или Александрови потомци е прашање на сопствено уверување. Луѓето читаат историја, литература, следат политика па веруваат во тоа што највеќе им одговара или во тоа што според нив е логично.

    Господинот Глигоров беше на чело на нашата држава во време кога Македонија беше во голема опасност, и не само Македонија, цела Југославија! Додека во 1991 година мојот, сега покоен, татко беше мобилизиран, а јас едвај 3-4 месечно бебе, и уште илјадници други мајки(можеби и многу ваши) седеле и плачеле дома надевајќи се дека сопругот ќе им се врати, Киро Глигоров ги прекина сите стравови, носејќи одлука Македонија да се откине од овој крвав сојуз и потпиша договор за повлекување на ЈНА, за да се врати мирот во Македонија. Што мислите, зошто имаше толку голем процент на едногласност на референдумот во септември 1991 година? И зошто Киро 8 години беше претседател на независна Република Македонија? Гледајте ги фактите, размислете логично пред да напаѓате сега веќе починат човек кој треба да остане великан во нашите очи, баш затоа што благодарение на него сега живееме мирен живот. Да, нашата земја е сиромашна, но сепак- мирна.

    Нека почива во мир, беше патриот, вистински! Секогаш се ежев кога на телевизија ќе видев снимка од плоштадот “Македонија“ во Скопје и Киро кога им соопшти на сите граѓани и граѓанки на Република Македонија, самостојност и независнот! Клучна личност за нашата земја, се после него и борба за власт, превласт, кражби, лаги и обиди за реформи. Но ништо веќе не е- патриотско!
     
    На calliope, SexiLy, Meggy и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Жално е што телевизииве емитуваат несоодветни програми за ваков ден,освен канал5, АБ и А2.
    Срамота.
     
    На Offspring и Ema.Sk им се допаѓа ова.
  8. Abby

    Abby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    92
    Нека му е лесна земја и нека почива во мир :worried:
     
  9. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    Нека му е лесна земјата и вечна му слава! :bow:

    Дај Боже сите да ги доживееме неговите години.. :)
     
  10. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Многу се натажив кога слушнав.
    Нека почива во мир и вечна му слава. :(

    Човекот е најзаслужен за тоа, кога во далечната 1991 год, Македонија по мирен пат се оддели од Југославија, за разлика од другите бивши југословенски земји, каде се водеа крвави војни. :bow:
    Треба да му бидеме вечно благодарни, а не да плукаме по него.
     
  11. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Вечна му слава!

    Отиде единствениот кој не лаеше, па сега можат другите да јадат колку сакаат!И не е битно каква боја носел, беше Претседател!
     
    На Li0ness, Elennaa, crazylady и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Tanjus

    Tanjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    70
    Најдобриот претседател што сме го имале (покрај Борис Трајковски). Почивај во мир !
     
  13. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    R.I.P. за Големиот Претседател и Човек!
     
  14. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    На алфа, во емисијата Овде и Сега, беше отворена книга на жалост по повод смртта на првиот претседател на Независна Република Македонија, Киро Глигоров. Се јавува еден глупак (се извиниувам на изразот) и вели: Киро Глигоров не направи ништо добро за Македонија. Неговата смрт е најдобриот Новогодишен и Божиќен подарок за нашата земја. Толку ме изреволтира, што мислам да беше до мене ќе го утепав. Па добро бе луѓе каде отиде вашата човечност. Па нели е срамота да се јавиш и да кажуваш вакви глупости за еден голем државник, како што е веќе покојниот Киро Глигоров и тоа пред цела македонска јавност.
    Не знам веќе до каде е решен да оди овој наш и прост народ. Стварно сме многу чудни, кога некој треба да се фали со неговите дела, ние упорно плукаме по него, ама кога треба да се критикува некој, е тогаш го воздигнуваме високо. Секогаш правиме обратно од тоа што треба. Немам веќе зборови што да кажам. :x

    А покојниот, прв, па и најдобар претседател на Р. Македонија уште еднаш нека почива во мир и вечна му слава. :(
    И сите треба да бидеме горди, што го имавме за претседател на Р.Македонија.
     
  15. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
  16. DeadMary

    DeadMary Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    53
    Нека почива во мир! :(
     
  17. Karol.Ina

    Karol.Ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    73
    Почивај во мир Претседателе.
    Сум слушала многу за Вас и за Вашата храброст.
     
  18. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Не го познавав немам многу слушнато за него, но доволно беше тоа што ми рекоа дека си направил многу за нас. Почивај во мир :bow:
     
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.495
    http://informator.ws/avstralija/26196-p ... gorov.html

    Прости им Господе,не знаат што прават,а после направи да патат ко никој!

    Независно од убедувањата на човеков, морам да покажам воодушевување на доследноста кон сопствените убедувања без разлика на се. Скромност до последно,без никакви државни и РЕЛИГИСКИ ритуали...без оглед на се. Од таков човек можеш да имаш очекувања. Единствен маркатен политичар во нашата историја.

    А овие копилиња кои пребегале од патриотизам та преку барата можат само да одат по ѓаволите!
    Ве молам споделете го истово, за да види светов што човечност гори од овој беден народ кој патем доби право на глас на овие избори!
    Чувствувам благодарност зошто денес имам семејство, додека овие печалбариве се враќаа во тоа време од ринтачење со златни ланци и забораваа да зборуваат Македонски,ама ја сака Македонија по некоја линија...само они си знаат која.
    Барам контакт до редакцијата на овој идиотски сајт за да пишам еден искрен мејл.
    Еве го...ако имате да споделите нешто сочно со браќата,повелете.
    Contact us : informator.macedonia@gmail.com
     
    На Fallin-ForHisSmile, esperanca, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    ^ пф, јаките патриотишта
    веат знаме, ама се ладат со австралиски долари!
    мрш бре, тие ти биле патриотите
    уффф, се изнеревирав!
    Hека си седат во Aвстралија, и многу многу нека не ја дрват од таму
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.