1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Почина Киро Глигоров

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Snow-Queen, 2 јануари 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.196
    Допаѓања:
    235.270
    Што им запна на тие 150 000 државјанства кога пред неколку месеци се амнестираа терористи.
    Го спомнуваш ТАТ, го ставаш во исти кош со можна војна. Не дека не е жално и за судбината на овие луѓе, ама баш ТАТ не знам дали може да му се препише на Глигоров. Јас прв пат слушам за ова :^) .
    Оваа не е ни за споредба.
    Македонија немаше да биде Сребреница, ами бетер ќе беше. Младиќ беше определен за командат на ЈНА за Македонија, па ни во најлошите соништа немаше ни да претпоставиш што ќе се случеше.

    На мене повеќе ми сметаат амнестираните терористи отколку државјанствата.
    И те молам најди некои подобри аргументи, овие се смешни.
    Ништо не е повредно од човековиот живот.
    И земи гледај ги документарците, ќе видеш како мајки и жени плачаат за синовите и мажите кога беа мобилизирани од страна на ЈНА.
    Ама се најде некој, и даде независност и слобода на оваа земја, без крв и жртви, ги повлече тие синови од редовите на ЈНА, од местата каде што се водеа најкрвавите битки, и сега се нашол некој и плука по тој.

    Не знам колку години имаш, ама се надевам дека овој твој став е производ на неинформираност.
    Во спротивно, на овој народ што и да му дадеш, малку е.
    Единствено се пали на лажен патриотизам и на патриотски песни.
    Тогаш сме најсилни и најгласни.
     
    На BoaVista и esperanca им се допаѓа ова.
  2. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Не планирав да ги коментирам злоделата на Глигоров ама ете ме натеравте.


    .

    Во право си што се па 150 000 државјанства за 2 милиона народ :o :o Да не беа немаше ни да има терористи ни да се амнестираат. Ама Киро нашиот татко си посвои уште 150000-200 000 деца само и само да добие мандат -Браво за себичноста


    Кажи кој и дозволи на ЈНА да регрутира Македонци?

    Е баш заради тој Киро и заради неговиот сон да ја врати Југославија изумреа наши на туѓи фронтови. На сите оние битки кои сте ги споменале умреа Македонципод капата на ЈНА. ЈНА мобилизираше Македонци под наредба на Киро, не беше маж да го одбие Милошевич порано па и во време на независност ние праќавме војници на ЈНА. Можеби оваа е и најголемата причина зошто го мразам.
    Значи Македонија не помина така лесно. Кај нас немаше војна ама загинаа повеќе Македонци отколку Словени во тие војни. А ако не се брои ова тогаш не е Македонија единствената што ја доби независноста без војна, и во Црна Гора немаше конфликти
     
  3. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Kikikikirika твоите тврдења за поврзаноста на Киро Глигоров со Тат аферата се само доказ дека мешаш поими и збориш работи истресени од ракав. За да се убедиш дека е така, повели прочитај ги ингеренциите кој ги има претседател на држава во Р.М па после пишувај за тоа дали Киро нешто направил или не по однос на решавањето на аферата ТАТ.

    Друго, ти сметале државјанствата, не ти сметаат амнестирањата на албанци кои убивале македонски цивили, нема да ти сметаат ни пензиите кои ќе ги добие ОНА, зашто нели тие се дадени од оваа влада, од која што во некој предтходен пост сама се изјасни дека ќе ја браниш зашто од неа јадеш леб. И тоа ти беше најцврстиот аргумент(реален) што го прочитав од тебе, ова другото што пишуваш е гола вода.

    Пишуваш дека и Црна Гора се одделила без војна, а јас ќе те прашам кога се оддели Црна Гора дали знаеш? И дали ти би сакала ние да бевме во заедница со Србија и Црна Гора до 2003 година?

    Плукате по човекот зошто ја прифатил привремената референца Фиром, а сега први ракоплескате на пресудата ви наша полза со која ја браниме баш таа спогодба, која ете сметате дека била лоша. Епа ако е лоша зошто ја браниме пред меѓународните судови?

    И за крај, Kikikikirika во наредните постови воздржи се од ширења на омраза и пишување на онакви глупости за мртов човек, кој воедно беше и прв претседател на нашата држава, и каков таков, сепак нешто добро од него видовме, за разлика од останатите политичари.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bumbuleya

    bumbuleya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    105
    Искрено незнам многу за него, па нема да лафтам напразно. Некои го сметаат дека бил добар претседател, некое не.
    Со она малку што го знам за него можам да кажам дека го почитувам/в како политичар, но пред се како човек.
    Лесна му земја.
     
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.196
    Допаѓања:
    235.270
    kikikikirika најди колку македонци загинаа. Мислам дека е еден или двајца. А ти зборуваш за многу.
    За ТАТ, подобро плукај по Црвенковски, отколку по Глигоров. Кога веќе спомуваш, да те упатам на правата релација.
    Убаво ти пиша Боа, види кои им се ингиренциите на Премиерот, а кој на Претседателот.
    Ако сакаш да дебатираш, прво информирај се.

    Не сум себична јас, туку ти, бидејќи во одбрана на твоите партиски интереси пишуваш неточни информации, односно нема врска тоа што го пишуваш и напаѓаш човек кој те спасил од војна. Јас оваа не знам како да го наречам. Себичност би било комплимент.
    Оваа е нечовечност.

    Едно исто цело време ти повторувам, џабе би продолжила дискусијата кога од другата страна има само омраза и фрустрации, а не факти.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  6. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.194
    Допаѓања:
    23.931
    [​IMG]

    Книгава случајно ми се најде во раце, и почнав да ја читам само за да видам како светот, те Америка гледа на Балканот (го читав делот од 85та навака)... И се изненадив, те останав вчудоневидена колку реално и болно точно е опишано се што се случувало, вклучувајки ја улогата на Киро Глигоров и улогата на големите сили во кроење на Балканската политика во 90тите...
    Книгава, kikikikirika топло ти ја препорачувам... можеби некои работи ќе ти станат малце појасни
     
  7. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Julie после за давањето државјанства напишав погоре.

    Кукличке ке ја најдам книгата ама и вас да Ви препорачам, одете во Крива Паланка и прашајте како наши млади луѓе со сила беа регрутирани и пикани во автобуси за да одат да гинат, благодарение на Глигоров. И не само таму туку сегде. Независни сме од 1991 а до 1993 им пракавме војници на ЈНА. Горе на оној свет први ке го сретнат загинатите, се надевам ке им се извини.

    Ако не ја сакаше ЈНА, зошто цело оружје што требаше да биде на Македонија и го даде на ЈНА (или го продаде).

    Не знам во книгава што има ама скоро во сите книги од тоа време се споменува договорот помеѓу Киро и босанскиот претседател за мини Ју. Па нели сакаме независност, зошто го збунивме светот со ова?

    И еве сакавте аргуименти,а не обвинувања. Ете Ви ги. Овде на форумов повеќето се млади кои не ги прателе работите. Секаде каде што се спомнува смртта на Глигоров, сведоци пишуваат за неговие злодела . Кажете ми еден негов говор каде што ја брани Македонија. Секаде и за се попушташе, заради него му дадовме слика на светот како слабичи. Дури и говорот за независност толку ладно го чита.
     
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Договор. Ние мирно да се одцепиме, неќеме војна, еве ви го цело оружје!
    Направи трампа да речеме, доказ дека нема да се бори, како без оружје.
    Излезе добар потег!
    Сe си има цел во меѓународното право и политика.
    Олади девојче, незнам зошто толку говор на омраза, толку гнев имаш во тебе?
    Имаш ли некоја конкретна ситуација, причина или партиски перење на мозок??
    И јас не го сакам пингвинон Г. па невикам нека цркне, имам почит како постара личност и премиер.
    Тоа се вика КУЛТУРА!
     
    На JuLleE, esperanca, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Да, имам омраза кога во детсвото ми беше некој најпотребен беше регрутиран од дотичниов и беше однесен во Словенија.

    Оружјето го продаде за пари, а кој му даваше за право да продава и животи?

    Не сакам да ме учите на култура, дали ја имам или ја немам. Ама знам вистината боли, мене ме боли, а за вас не знам.
     
  10. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    99
    Гледам една феминка го спомнува ТАТ како „злодело“ на Киро Глигоров... :lol: Девојче, ти имаш ли поима што зборуваш? Очигледно не! :!: Дали воопшто си запознаена со тоа што претставуваше ТАТ? Значи вака... Сум читала, сум се информирала порано околу тоа, па и мојот „животен позив“ е на некој начин поврзан со ваквите работи т.е. пирамидално штедење! Е, за тоа служел ТАТ. Сѐ арно ама, наивен (да не речам прост) народ се фатил за оро со непоштењаци и се деси што се деси... Луѓето се излажаа, вложуваа огромни суми на пари, се најдоа некои паметни и ги испоркадоа :) . И за тоа има некои претпоставки дека политички функционери биле вмешани, но тука никаде не сум го сретнала името на Киро Глигоров! :!: Сепак, сакам да кажам дека, сите оштетени, кои ги вложиле своите средства во ТАТ добија обесштетување од државата... какво - такво, битно добиле и тоа ОД ДРЖАВАТА, а тоа сме никој друг туку јас, ти, тој, таа, мама, тато... т.е. НАРОДОТ |(
    Може и јас сум грешка, ама ќе те замолам, објасни ми, која е вината на Киро Глигоров во врска со ова? :?
     
    На BoaVista и Hipster им се допаѓа ова.
  11. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Девојчиња, доста е .
    Срамота е да се однесуваме вака кон една личност, без разлика што за некои е голема, за некои мала.
    Христијански е да го оставиме да почива во мир.
    Само плашливците и кукавиците зборуваат зад грб, откако некој ќе се замине.
     
  12. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Како претседател ништо не презеде за да ја спречи тогашната корумпираност. Не е само ТАТ, во време на Киро се испокродадоа и државни фирми. Можеби тој не зеде скршена марка ама ни прст не помрдна за да се спречи ова. И добро знаеме дека во ТАТ не беа вмешани само непоштењаци туку еден куп тогашни функционери.

    Може ли некој да ми објсни од вас зошто Глигоров не го поднел барањето за незвисност веднаш по одлуката на Собранието? Си го пикнал негде во фиока, сите знаеле дека барање е поднесено и пред истекот на рокот од ОН јавуваат дека Македонија не поднела барање и треба побрзо да го поднесе. Кој е мотивот на Киро за ова?

    Кој е мотивот за мини ЈУ?

    јас досега одговарав сега одговорет ми вие.
     
  13. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    99
    Ти тоа сакаш да кажеш дека сега нема корумпираност? :? Точно, можело уште тогаш да се преземат некои мерки, ама пред да почнеме да плукаме по некого, треба да воочиме кого го браниме од друга страна ;) И да! :!: Се испокрадоа многу фирми во 90тите години, а исто така и во 2000тите... Во што удел имаа многу наши „политичарчиња“ :) , без разлика од која политичка партија се...
     
  14. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Mоже ли да ми одговориш на прашањата?
     
  15. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Не те учам, не сум никоја јас за да те учи!
    Друго е ако имаш личен мотив, (некој од поблиско семејство) до некаде и разбирам.
    Но навреди и омраза не помага да се намали болката, прости за да ти биде мирна душата, и да се осободиш од омразата. Така не се живее.
    Не ти ја знам приказната и океј е не мора да ја кажуваш!
    Само не мешај баби и жаби тоа со тат, нема врска со ова.
    Ако тебе болката ти е загуба на близок, жал ми е.
    И јас имам еден роднина што загуби син во таа војна, исто во Словенија, но тој загина на пат накај дома, служеле војска тогаш низ цела Југославија.
    Не сметам дека лично Киро бил крив но ти најдобро си ја знаеш работата.
    Извини ако ти отворив рана, на ми беше тоа намерата.
     
    На sanjaeva му/ѝ се допаѓа ова.
  16. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Не се еден или двајца, туку се 19 деца кои загинале за нечии туѓи интереси и уште околу 40-тина цивилни жртви од Македонија.
    А уште 100 тици момчиња се спасени од самите родители кои ги извлекуваа од касарните по бившите ју држави кога видоа дека државата нема намера да ги спасува сопствените граѓани.
    Тројца се заслужни за спречувањето на испраќање на македонски деца во воените зони и тоа се:Змејковски кои им поставуваше барикади пред касарните и ги симнуваше од автобусите македонците и Кљусев и Мијалков кои ги уништија списоците за регрутација и мобилизација.

    Македонија се одвои од Југославија по пат на референдум, како тоа некој ја спасил Македонија од војна, со кого ќе војуваше, со браќата Срби?

    Мислам дека е невкусно да се споредува ситуацијата на Македонија со тоа што се случи во Сребреница, и на целата таа територија, каде војуваа три различни етникуми потпалени од српскиот национализам и мегаломанството на Милошевиќ.

    Како и да е Киро Глигоров си изживеа долговечен живот, за некого бил добар, за некого бил лош, Мaкедонија не е Северна Кореја па да мораат сите во несвест да паѓаат поради смртта на претседателот.
     
    На kikikikirika и sanjaeva им се допаѓа ова.
  17. Ligavka

    Ligavka Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2011
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    88
    Бог да чува Киро Глигоров па Киро,тој проживеаа и го надживеа атентатот радувајте се ние да ги достигнеме неговите години па сега ке жалам за него, а како политичар никогаш не ми беше симпатичен,но тој не изигра луѓе но не изигра мудро со тоа што го направи тогаш !
     
  18. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    А кој ја донесе одлуката за референдум и кој гласаше против неа м?
    Зошто пратениците на ДПМНЕ не сакаа независност со референдум, туку независнот по примерот на Словенија и Хрватска? Дали се плашеа дека македонскиот народ нема да гласа за независност? Кои се тројцата пратеници кои гласаа против одлуката за референдум? Дали тоа беа пратеници на ДПМНЕ?

    И како тоа мирно ќе сме се отцепеле? Како тоа Киро немал влијание што сме избегнале војна? Се читате ли воопшто што пишувате м? Изгледа не.


    И kikikikirika ти напишав претходно, ти пишувам и сега, прочитај ги ингеренциите на шефот на државата, па после пишувај. Шефот на државата нема надлежност ни да гони, ни да спречува, ни да открива криминал.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    A koj заедно со Андов уште тогаш во Собранието донесе предлог да се викаме Република Македонија (Скопје) ?

    Да беше до Кире така ке се викавме.
     
  20. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Ова нема крај, ниту смисла повеќе, темава треба да се затвори!
    Се вика ПОЧИНА КИРО ГЛИГОРОВ, Не политичката карера на Киро.
    Остај те го човекот мирно да си почива!
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.