1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Почина Македонецот претепан во Грција

Дискусија во 'Политика и настани' започната од AnimeHQ, 30 септември 2012.

  1. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Студентот бил претепан со закана да си го промени презимето.

    Македонецот при нападот се здобил со тешки повреди. Крвнички го претепале претставници на неофашистичката грчка партија.
    Неговата фамилијата добила закани од грчката партија Златна Зора за ликвидација на сите, пишува Македонска нација на социјалните мрежи.

    Изреволтирана, разочарана од убиството на нашиот Александар. Како и секогаш Македончето газено, понижено, омаловажувано од страна на јужните соседи кој секогаш завршува со премолчување...

    Почивај во мир Александар, вечна слава и сочуство до најблиските!
     
  2. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Па, Каша од каде да знае девојчето, она слуша таква информација на сите портали и социјални мрежи и јас таа вест ја читам цела нок, и се напнав и тоа ептен се напнав се напиздив, дури и го исплакав детето.
    Сега ти даваш друга информација, овие лудиве предвреме го умреа детето, па ова ги поминува сите граници на возможно и неозможно.
    Што народ се грчиштата,да, да, ама и што народ ние ке бевме!: :x
    Толку.
    Не кометирам повеке.
     
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Се се сведува на еден повик од братучедот на Александар кој изјавува дека е убиен дечкото.
    Братучедот Силјан наеднаш го снема, исчезна.
    А кај се родителите и роднините на Александар?
    Од никој нема ни трага ни глас.
    Последна вест пред минутка прочитав дека не знаат дека починал Александар, од македонски новинари слушаат.

    Ми изгледа ова како изрежирана приказна на братучедот Силјан.
    Ама па кај е тогаш Александар? Намерно го снемува можеби?
    Изгледа се е оплакување од Македонија, бунтови, кревање врева, за изрежирана сторија.

    Битно типот што е претседател на македонскиот конгрес кому Силјан му се јавил дека умрел Александат побарал Македонија да се крене во војна против Грција.

    Добра режија изгледа, добра, не фатија на слабоста изгледа.
    Игра со национализмот.
    Смрди тука нешо.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Абе каква војна , ако има војна пола ќе избегаат во Србија а и тие малце што ќе се борат ќе бидат прегазени од страна на Грчката војска која е 3пати поголема а да не спомнувам и Нато што е обврзан да ја брани Грција дотолку биде нападната

    Ќе објавиме војна и за 4 дена ќе бидеме окупирани :!:
     
    На Divinebutterfly и DeMelo им се допаѓа ова.
  6. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Еј ме изнасмеавте сега, војна ќе имало. Ни убија 4 деца пред нос во Скопје па немаше војна, ќе имало војна за некој си таму во Грција што го убиле. Ма дајте ве молам, Македонија ако некој доброволно не ја нападне, никогаш нема сама да влезе во војна, народот е како Пиреј, гази го корни го нема да се искорени, ама од друга страна и Пирејот никогаш сам не окупирал ништо :)
     
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Е сега ја ќе искажам револт! Трчајте доле на море, трошете ги парите таму, трчајте на шопинг ко да тука сме мизерни од партали, чевли и останата роба!? Секој втор македонец и ја напуни касата на Елада, допуштајте да се изживуваат со нас со едно име ... Море со таквите само уште по остр!. Престанете да трчате на фенси одмор на море во Елада, на фенси шопинг и фенси шетање, престанете да одите воопшто доле па ќе видите како ќе се однесуваат. За случајов не знаев, само кога прочитав синоќа што се случило, се разочарав! Ама македонче тепај го, ќе ти возврати со трпение, со наивност и со вртење на другиот образ. Не, редно е да се смениме од корен во односот со дивјацине!
     
    На i...ja, Divinebutterfly, Monna.Monna и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Јас се согласувам потполно со тебе,од збор до збор.Значи без пари да може да се иде во Грција,не би одела,а не па да фрлам пари таму,и да пазам некој главата да не ми ја скрши.Зошто реално таму од македонците никој не е безбеден.Значи колку случаи имам слушнато од луѓе кои биле таму на одмор,фрлаш пари-а од таа страна добиваш некое дрско понашање од некој мрсул.Па уште со пуна кола со храна од тука на одмор,пошо таму може и да умреш за јадење,може и да биде најскапо на свет,ама битно у Грција да си. |( :fubar:
     
    На Marbella, Gordana10 и julie77 им се допаѓа ова.
  9. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Значи не сфаќам како може да сте толку лекомислени и одма да се палите ко млади мајмуни со извињење.
    На секој некој може да му текне да си пише вакво статусче на фејсбук, друг да го сподели, и ајде сите ``на нозе`` , а пре би рекла ајде сите ``на уста``.
    Ако стварно имаше нешто прва ќе протестирав, ќе се бунев, и ќе ми беше тешко на душата (ко во случајот што ги утепаа децата кај езерото :| ) , ама вака само пресмешно ми е се, морам да признаам. Читајте малце едуцирајте се. ;)
    Да го направеа случајов во Косово или Албанија барем, поверодостојно ќе беше, ваљда на секунда и ќе поверував. :rofl: :rofl:
    Имајте убав ден!


    http://www.femina.mk/out/?id=a1759fe1a9 ... _vnuk.aspx
     
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Ама Џули, не можеш така да викаш. :^) Мене искрено гајле ми е што се случува во политика и спор со името, јас си одам таму да се бањам и да си уживам. И во Бугарија одам, и во Грција, и ќе одам. Никој досега не ми пререкол Македонка вака така, сите ми биле услужливи. Мислиш Грците од нас печалат? Како па да не, ако не им се островите, овие маливе плажички ништо не правиме... Закинтос има природен прираст од не знам колку проценти, се богаташи таму и никој не си оди од тој остров, од туризмот како будали печалат.

    Една работа е што ние мислиме дека ако не признаат Грците сите маки ќе ни се решат, е нема. Нешто е труло, да, ама во државава е труло. Прво ние внатре да си се средиме, да си се стокмиме, да не биде се партиски, т.е. со мито (не знам колку сте запознаени, ама во последно време ни партиското не помага, мора плус уште некој денар, пардон евро), да функционира здравство, судство, образование... Е тогаш ЕУ нас ќе не бараат, вака требни сме им. Уште еден паразит да ги цица фондовите а не возвраќа со ништо, само емигранти... Демек јас нема да избегам од тука ако имам прилика да живеам каде било во ЕУ? :D

    Долга и широка е оваа, само ајде.

    А за оваа вест, шта речи...
     
    На tessie и DzingrlakaDzikica им се допаѓа ова.
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.906
    Допаѓања:
    103.036
    Пол:
    Женски
    Абе какво убиство , нема врска , јас сум во Грција и ништо немам слушнато , значи па и нашиве сега си го бараат стапот и така имаме расправија со нив па подебело го прават.. |(
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Објавено пред 12мин.

     
  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.906
    Допаѓања:
    103.036
    Пол:
    Женски
    Aleksandar Samardziev
    пред околу еден час во близина на Skopje, Karpos
    Поздрав до моите нови фб пријатели кои ме аднаа вчера и денес. Тука во рајот е прекрасно... имаме бесплатен интернет и пристап до фејсбук. Ве сакам сите!


    http://www.facebook.com/a.samardziev

    добро овој ли е тој? :geek:
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Уште нама официјални информации, а наш народ веќе го прогласи за мртов, еве погледнете:
    [​IMG]
     
  15. Madonna

    Madonna Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    148
    Незнам колку е точна информацијата за детево.. ама Господ нека и е напомош на оваа кутра земја.
    Дома не си сигурен по улиците да одиш од домашните - кохабитатори..кои со години се се они угнетени, нивните права им се скратени.. вечито неприлагодени.. а од друга страна истите си ги менуваат имињата на основните школи, си веат албански знамиња и си пеат албански химни во нашава држава..која треба да ја чувствуваат за своја макар кога и да дошле од Албанија пред 40,50 или 150 години..затоа што нели тука учат студираат на мајчиниот јазик и им се овозможува да се вработат итн....
    Оди во Лерин или во Воден или во Костур дали таму Македонците ги имаат истите права..и тоа тие Македонци таму се родиле ..мал дел останале затоа што (поголемиот дел се протерани во Полска и др. држави уште за време на Граѓанската војна во Грција во средината на 40-те години..или па се убивани по селата со фрлање на напалм-бомби) ..а овој помалиот дел Македонци што останал..НЕ СМЕАТ ДА КАЖАТ ДЕКА СЕ МАКЕДОНЦИ..тие со години се претопувани во Грци..
    Значи ова се случувало и се случува во една држава која и покрај тоа што внатре имала таков проблем дозволен и е влез и е членка на ЕУ и НАТО..
    Во Грција кршени се со години основните човекови права на егејските Македонци...значи да си роден и да живееш во една држава..и истата таа да го негира твоето потекло и твоето постоење..да ти е забрането на зборуваш и да учиш на мајчиниот јази...забрането тие да кажеш бре дека си МАКЕДОНЕЦ..... е спротивно на сите меѓународни конвенции за човекови права..
    Само едно ќе кажам бидејки Европа со години била и сеуште е слепа за проблемот на егејските Македонци во Грција..а исто така и ниедна досегашна македонска влада не беше доволно јака да го реши проблемот ( оваа Влада бар го постави егејското прашање ..што не беше случај со претходните ) и јас не верувам дека во догледно време ќе има ДЕМОКРАТИЈА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ во Грција...ни останува само да чекаме нека боља времена или бар некоја казна да ги стигне тие што ни ја прават оваа неправда..бар како сатисфакција ...
     
  16. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    ^ Bо Грција не ти е забрането да кажеш дека си Македонец, туку забрането ти е да кажеш дека Македонското е подруго од Грчкото, со еден збор- Македонците се Грци ;)
    Мене пола фамилија ми е од Грција, и да, децата си имаат грчки имиња, не знаат Македонски, чичковците мои знаат само некој збор,Tетките ми се грќињи,
    Cамо ептен старите лица знаат Македонски, тие што се преку 70 години :)
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  17. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.906
    Допаѓања:
    103.036
    Пол:
    Женски
    Ни солунската болница, ни полицијата, ни попот во селото каде наводно треба да биде погребан Самарџиев немаат потврда на приказната на Стилјан


    http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=3 ... ntId=97084
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Мене веднаш ми беше сомнително!!! Веста завршуваше со зборовите дека тој починал, а ништо не беше спомнато за грчкото МВР дали води истрага, дали се приведени осомничени и тн. што би било нормално во една таква ситуација!

    И секако дека треба да одиме и понатака во Грција на море или шопинг - чисто од солидарност,
    :!: бидејќи на тој начин ги потпомагаме македонците кои живеат таму и се справуваат со финансиската криза.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Madonna

    Madonna Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    148
    Е па тоа е тоа ..штом не смееш да кажеш дека Македонското е подруго од грчкото..тоа е типично претопување или асимилација.. Или си грк или си ништо..
    Тоа исто како ние на нашиве Албанци со години да ги асимилираме.... или си Македонец или во спротивно нема да егзистираш во оваа држава..(ама ако си роден како Албанец и ако твојот мајчин јазик е поразличен од македонскиот ќе мора да си Македонец и да го заборавиш твојот јазик и потекло ако сакаш да живееш тука ... што е јадно и страшно .. и за секаква осуда ( иако реално многу и не ни се благодарни за правата што уживаат ..ама тоа е нивен грев )
    Затоа и помладите Македонци во Грција не го знаат македонскиот јазик..
    На татко ми е кој е роден во Воден-Егејска Македонија а сега само Грција(според Грците ) и живеел таму до 1957-58..му било забранувано во школо да изусти збор на Македонски јазик..исто и на неговите другари кои сега таму живеат и полека полека го губат чувството дека се македонци..( чест на исклучоците кои не потклекнуваат на тешките притисоци )
    Значи во Грција цела држава цел еден државен систем вршел и врши притосок врз егејските Македонци кои живеат таму ..а под тој притисок мора да признаеме е многу тешко да се живее односно егзистира како различен од нив односно како Македонец во Грција....
     
    На i...ja му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Да, многу јасно, во времето на Метаксас беше тоа :) Инаку, не дека и овие Македонци од овде подобро се понашале спрема Егејците на времето :) , па и до ден денес, на мајка ми еднаш и се случи една колешка да и каже-Јас мразам Егејци :^) .
    Има еден куп вицови за Егејците, од мостот до крокодилот, ама да не навлегуваме натака :) :)
     
    На Artemission и Madonna им се допаѓа ова.