1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Почина Македонецот претепан во Грција

Дискусија во 'Политика и настани' започната од AnimeHQ, 30 септември 2012.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Ај кажи ми Џули што прочита?
    Каде прочита?
    На ФБ?
    21 век наместо информациите да струјат и први да ги дознаваме вестите испаѓа едно нешто дека 21 век е совршено време со ФБ, твитер и останати социјални мрежи да проструи така јака шпекулација, шпекулација која е одлично изрежирана.

    Ако нема ништо благе везе од информацииве со убиството, а веројатно нема бидејки се сведени на "божемски" телефонски повик, би ги затворила тие егејчиња, кои сакаат да добијат внимание од Македонија и незнаејки како да го привлечат ја вмешуваат државата која ја мразиме во непостоечко убиство.
    Знаат која точка не боли и каде да не удрат.
    Уште војна да сме воделе. Мислам одете лечете се луѓе болни за внимание.

    Ако пак е навистина убиен тогаш кај се роднините, пријателите, родителите?
     
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
     
  3. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски

    Сум била на одмор во Грција многу пати, да не кажувам колку пак на шопинг, како и да е неделно до два пати ја поминувам границата. Во допир со грчки народ сум била многу и НИКОЈ ама баш НИКОЈ ни Македончето (читај Охриганецот, оти само Охрид ти е место каде што можеш да поминеш “одмор“) неможе да им се фати во гостопримливоста, и љубезноста. Може позади грб прават друг муабет, не` пцуат итн, ама знаат да направат лице ако не друго. Тука тоа го нема. Ги има оние кои се ежат кои ке кажеме дека сме од Македонија, но многу се ретки. Знаете колку многу ги има што влечат корени од Македонија, се декларираат тајно како Македонци, и го знаат старо-македонскиот јазик ама им е страв да признаат оти знаеш што ке се случи? Ке им земат и имоти и се. Тука во овие селата до Грчката граница 80 % се Македонци кои останале заглавени таму, таму имат се, и деца пораснати, и имоти и се и едноставно нема зошто да се вратат овде. Најнакрај јас не одам таму заради нив, одам бидејки само од инает може да се каже дека Грција не е убава земја. Одам да си поминам убаво, да ме услужат како госпожа, да тинтрат, и за Грците ич уво не ме боли.
    И не бидете ограничени, погледнете и од другата страна, на колку многу Грци им биле уништувани автомобилите, ги ограбуваат, ги тепат, ама тоа не се кажува... По 3000 Грци дневно влегуваат во Македонија (конкретно Гевгелија) знаеш колку пари трошат овде, ние овде од нив живееме. Казина, заболекари, козметичарки, супермаркети, ако не се Грците може да си седат со рацете скрстени.
    И како тоа ке се однесуваат ако престанеме да одиме ние? -Многу им е гајле, си имат тие верни туристи од Србија, Хрватска, Англија, можат и без нас, факт.

    Јас се извинувам амам многу ме иритираат вакви мислења, бидејки всушност ние не сме ама баш ич китка за мирисање, дури сме и попокварени од нив за некои работи. И не, не сум на нивна страна, ама не сум и на наша, оставам проблемот со името да си го решат оние кои зимаат астрономски плати за тоа. Не сум болен патриот, што е подобро од тоа да сум фејк патриот.

    За случајов со Македонецот претепан во Грција, не го коментирам, не бев овде два дена, кога ке излезат официјални информации за овој случај (ако е воопшто случај) ке видиме.
     
    На Greg.House, Evdoxia, kallias и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Cега на Cител збореа за овој, дека нема информации никакви, ама најсмешно ми беше следново-
    Cите медиуми се потепале први да го објават настанот без докази, а божем тие не објавија за убиениот Mакедонец ?

    Aбе Cител врска си немате од животот
     
    На tessie и eli25 им се допаѓа ова.
  5. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Во врска со случајов немам што да искоментирам моментално. Во врска со политиката со соседнава земја, би ви рекла, да тргнете поглед од тв-то каде сите коментираат што тоа нам ни прави Грција. Нам ни го прават истото сите соседни држави. Баш пред некој ден ми дојде сметка на работа, од српско-хрватска граница, на која гласеше името на фирмата и под неа држава -Република Скопје, Бивша Југословенска... И сеа? Дај да не идеме нигде
    Или убиството на Србинот во Охрид? М? Што имаа да кажат Србите тогаш за нас? За војна да не се спремаа? Ги откажаа сите одмори во МК? Погледнете малце објективно, од сите страни нае*уваме
     
    На daylight, crazyinlove19, rossonerka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Што и да прочитав лажно или не, јас имам мое мислење и став за Елада и нејзините граѓани. Искрено толку фрустрации и толку извртување на реалноста од нивна страна немам видено. Никогаш не ми биле драги ни ти ќе ми бидат. И не се саму тие од таму, знам дека кај и да се истите се. Од нив може има луѓе ама џабе, голем дел се задоени со нивната националистичка политика. И да, кажа Кравче убаво, нешто што се случило многу години порано останало како жиг наш да го носиме вечно. Никој не ни е пријател, напротив. Него македончето треба да си смени многу кај себе ако сака да просперира повеќе. За она меѓу нас тука нема коментар си знаеме. Ама пак ... сите трчате долу на море. За да кажете - Ма бев во Грција на одмор! :emo: А тоа е толку фенси последниве години нали. Толку од мој став тука.

    И не не верувам сега во она Ако те удрат по едниот образ, ти сврти им го и другиот. Туку во имај ти цврст став, достоинство и кога треба остар однос ... па и стави се на игнор за да те почитуваат.

    Никому ништо лично, зборувам општо.
     
    На Anaxandra, i...ja, Madonna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам.Во врска со случајов, сепак треба да се објави дали бил претепан или не, не е дека верувам, изненадена бев кога слушнав, меѓутоа со оглед на тоа што со векови наназад ни се случува со Грците, секако и дека човек ќе се посомнева.Значи проблемот со Грција, не ни е од сега.А колку што се сеќавам, мислам дека и едно време имаше некои слични работи на границата кон Грција, каде што нашите потврдија дека тие се случиле, а од Грција за тоа никаков одговор немаше, значи колку што памтам, така мислам беше.Се согласувам дека е редно да го смениме од корен нашиот однос кон Грција и тоа уште поодамна, меѓутоа проблемот е што зад Грција, стојат големите сили,се знае кои.И целото тоа потекнува токму од кај нив,а секако дополнително тоа го прави и Грција.Да не беа големите сили, сосем друго ќе беше.Така да ние едноставно сме притиснати од големците и немаме каде :| А настрана што не тапкаат по рамо, навидум „ пријателски“.Иако нашиов проблем ќе оди до недоглед, едно те исто....И да не е претепан човекот, треба нашиве да си кажат што и како е.
     
    На lana8 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.161
    Допаѓања:
    234.885
    Далку од тоа дека сум голем патриот кој се удира во гради со истото, ама кога ќе размислам сум поголем патриот од многумина бидејќи отсекогаш ми било грижа за државата и граѓаните. Сепак овде сум се родила, овде сум своја, иако во послениве години државата повеќе ми зима отколку што ми дава. Всушност ништо не ми дава.
    Ама, не ги сакам Грциве.
    Зборувате за нивното гостопримство. Кое гостопримство, на која љубезност наидовте, ќе ве молам. Јас таква не сум сретнала, а и повеќето кои одат на одмор, се жалат.
    Прашајте ги возачите, шпедиторите, кои маки ги мачат со царинарниците, како ги малтертираат, колку пари им бараат за да ја минат границата. И оваа за вас е нормално? Не е.
    И србите, и бугарите, и тие имаат проблем со нас. Впрочем сите имаат. Бугарите се исто така неподносливи, ама се излегува на крај со нив. Србите се најљубезни и најгостопримливи. Грците се најлоши. Не не сакаат.
    Случајот, кој не знаеме дали е вистина или не, потикна дискусија, во која повеќето од вас застанаа во одбрана на Грција, зад шопингот и одморите. Зарем толку е битен? Јас, пак Јадранот и Охрид не би ги менувала за одмор во Грција, па ако сака нека е и без пари. Бев, видов и се вратив. Освен топла вода, друго ништо нема.
     
    На Madonna и Gordana10 им се допаѓа ова.
  9. Madonna

    Madonna Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    148

    Не не сакаат Грците..
    А и како ќе не сакаат ..кога пред многу години ни земале земја ..ги протерале сопствениците на тие земјишта и имоти..а на тие што останале им викаат вие сте Грци не сте Македонци..
    А за целиот тој злостор не се казнети од Европа..
    И тоа секогаш е така кога злосторникот не го откриле ни казниле за злосторот тој вечно ќе се плаши да не биде откриен и казнет..тие се плашат да не се разбудат старите сеништа и затоа се додека не се расчисти таа стара болка се дотогаш ќе го имаме проблемот и со името и со признавањето..
    А за душичкиве јадни што им е шопингот и одморите поважен , што не умеат да размислат подлабоко немам што да коментирам..
     
    На i...ja му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Јас не би рекла дека некој застанал зад одморот или шопингот, туку застанал зад своето мислење, а не зад политиката.
    Сум одела на одмор во Грција и ќе одам. Не затоа што е фенси, туку затоа што убаво сум си поминала, најблиску е, а морето е најтопло што совршено им одговара на моите јајници :)
    Јуле спомна, да ги прашаме шоферите како поминуваат на граница? Како што поминуваат и низ секоја друга :) Ако вршат извоз од Грција, вратите се отворени, ако вршат увоз тогаш некој ќе ги млати. Како и секаде. Искрено, од досегашните искуства на шофери со кои сум имала прилика да комуницирам, најголемите алапачи на граница биле Маџарите и Бугарите. А сепак, најгрдото нешто што ќе ти се случи, е да ја поминеш цела Европа без проблем, и да те застане Македончето на граница и да се изживљава врз тебе. Зошто? Да не му е криво зашто ти си прошетал, а требало да седиш дома и да се лупаш во гради?
    Не ја бранам Грција, ниту Македонија. Ни од двете ништо не сум видела па да ми биде гајле. Зборувам како тоа од мој аспект изгледа, а не политички. Не сакам генерализации, какви што луѓе сум сретнала во МК такви сум сретнала и во Грција, едни добри, други лоши, трети забегани.
    Кога станува збор за бизнис, секој си го гледа својот профит. Националисти, за жал, секаде има, во секоја земја. Треба едноставно, да ја имаш "среќата" па да налеташ на нив. Грците отворено, политички, кажуваат дека не сакаат да не признаат. Бугарите не ни зборуваат за тоа, за нив сме Бугари и тоа е тоа. Србите мислам дека само ни се исмеваат зад грб.
    Ако ви се случило да појдете во некоја земја и некој да ве навреди поради тоа што сте Македонец, потсетете се дека неретко истото може и да/или веќе ви се случило на улиците низ нашава земја.
     
    На tessie, daylight, Artemission и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.161
    Допаѓања:
    234.885
    ^
    Јас пак зборувам од искуство на човек што ми е фамилија. Грците ги малтеритраат шоферите и претпријатијата за транспорт. Добро знам како се минуваат границите во Европа, а како во Грција.
    Општо, во Грција македонците се дочекани како на нож. И јас не би мешала политика, и не мешам, ама конкретно за овој случај ја има. А најчесто во секој случај ја има. Мене најмногу ми боди во очи тоа дека сите не мразат и другите ни се криви, впрочем познато е на форумот дека сум контра политиката на сегашната власт, ама грциве што се гадови, се. Сум била и во Бугарија и во Србија, и воопшто не е исто како кај нив. Јас дури сум и за промена на името, ако тоа значи повисок стандард и подобра иднина на граѓаните.
     
  12. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Eве го братучедот Силјан кој се јавил и кажал дека Александар е мртов.
    Еве какви фотографии си поставува.
    [​IMG]
    Болен национализам?

    Воедно партијата на македонците во Грција изјавила дека нема никакви информации и засега ги демантира сите вести за смртта на Александар.
     
    На eli25 и JuLleE им се допаѓа ова.
  13. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Се гледа дека е Македонец, со пиперките позади, наш традиционален знак :lol: :lol:
    Едит- и тепалчето за муви :D
     
    На slavica999, Bunny05, crazyinlove19 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Ќе заобиколам малку од темава, ама ако мислите дека секоја држава е Македонија и секоја држава толерира веење на туѓо знаме и величење на туѓа химна, се лажете. Си знаат убаво Грците, си чуваат што е нивно (без разлика дали претходно било наше, си го добиле со војна, посилниот победил, помирете се), а не ние уште фали газот да им го рашириме на шиптариве за подобро да не ебаваат, со извинение.
    Во однос на љубезноста, претежно народот гледа пари, и нашиве тука дури и подобро ги услужуваат шиптариве, за пари се е можно. Се наоѓа ретко некој што ќе врати шиптар од продавница, ама ретко е тоа, исто како во Грција што е ретко некој да врати Македонец. Не си летајте многу, ние за нив сме исто што и шиптарите за нас се тука.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Тоа е оној типичен изглед на лицето кај таквите...
    Како да е тој член на Хриси Авги. Море тој самиот да не се замерил случајно со братучедот па од играчка плачка настанала па сега се обидува неофашистите(не ги оправдувам, да се разбереме!) да ги намести демек тие биле?!
     
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    ...изгледа на некој му е многу досадно па нема што да работи па си поигрува во човечки живот. Овој да не мисли дека Јанкуловска орден ќе му закачи на лево рамо ?!?!
    Ајде сега еве им шанса да го применат Законот за новинарите (објавување на невистини....)....каде е и неговото семејство да се јави...јас би ги тужела :devil:
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  17. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.713
    Допаѓања:
    122.016
    Па и уште еден куп луѓе му изразија сочувство на детево на ФБ.
    Дали навистина постои човек со таков идентитет,и како може ова да се дозволи! Која мизерија сме,која :puke:
    Ќе видиме што ќе се дешава,а некој за ова мора да одговара.Нека се стави крај на нашиве медиумски шпекулации и тн новинари,страшно |(

    А за ова со одењето во Грција,мене на пример не ми е фенси да кажам -Да,бев во Грција.
    Секој втор летово беше во Грција,така да сигурно не е нешто посебно ако кажеш дека си бил таму.Одам од годинка на летување таму,ме поврзуваат прекрасни спомени за некои места,не се плашам да кажам дека ја сакам Грција :)
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  18. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со ели за споилерот.

    Инаку, зошто сеуште нема клуч темава? Очекував досега тоа да се случи.

    -прво е дезинформација.
    -второ и да е вистина полна е со офтопици. Не е темата за името, одморите и шопингот, туку за наводно починатиот Македонец од ќотек во Грција.
     
  19. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.873
    Допаѓања:
    102.864
    Пол:
    Женски
  20. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    177
    Бранете ги вие само. Заради нив не сме во НАТО сега. Не зборувам во врска со лажнава вест, туку за голем дел од коментарите на темава.
     
    На Madonna му/ѝ се допаѓа ова.