1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Почина момче во тепачка

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Offspring, 8 април 2011.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Во тепачка во средното градежно училиште „Здравко Цветковски“ момче го загуби животот а другото со тешки повреди се наоѓа во болница.

    Неофицијално, момчето попладнево било донесено во Ургентниот центар. И покрај обидите да ги санираат повредите, тој починал, а неговиот соученик е во тешка состојба.

    МВР се уште не се произнесе официјално, детали се најавуваат за подоцна.

    Извор А1.

    Нека почива во мир дечкото :worried:
     
  2. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Ех со тепачкиве, да ти е страв во школо да одиш..

    R.I.P :(
     
  3. ladymilion

    ladymilion Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    27
    колку жално греота... ;( ;( ;(
     
  4. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.482
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Уште не се знае кои се причините за тепачката... Можно е да е со меѓуетничка позадина, затоа што во тепачкава учествувале и Албанци и Македонци.
     
  6. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Греота, млaдо дете а толку брзо умрело. ;(
    Бог да го прости.
    Заради ваквите работи за запишување во средно страв да те фати. :worried:
     
  7. MoDeRnA

    MoDeRnA Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    50
    леле страшнооо баш жално за детето :'(
     
  8. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    И сеа, шо праиме? Ќе се најдат одговорните, или ќе се заташка работата (како и многупати досега)? Абе ти е*ам и држава и се’, се срамам во вакви моменти што сум Македонец!!! :@ :@ :@

    ПС. Нека му е лесна земјата на момчето...
     
    На crazylady, Alanna и Guinevere им се допаѓа ова.
  9. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Значи не се работи за меѓуетнички конфликт.Тепачката беше меѓу Македонци,еден кој учи во школото а другот е бивши ученик и негови другари.Албанецот кој почина излезе во дворот и пријде да му помогне на соученикот,македонец и настрада.Тоа е тоа...И малку измислуваат по вестиве дека директорката избегавала да даде изјава..Директорката отиде на прес со Тодоров и Коце за таму да каже што точно се случи зошто секогаш ги извитоперуваат приказните.Додека ние бевме во школо немаше ниедна телевизија во двор,се гледа и на снимките дека дојдоа откако се испразни школото.Ние кога си одевме ја ставаа лентата.
     
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Колку што разбрав, момчето кое што го нападнале бил Македонец, додека Албанец е детето што сакало да го спаси. Тоа, е всушност детето што почина. Тој притрчал да ги избрка напаѓачите, пошто другото дете било паднато на земја и во без сознание. Нема меѓуетничка тепачка и да директорката ја видовме сите на вестите, даде изјава.
    Жално е и грдо ова што се случува. Дури нити грдо, не го опишува.
     
  11. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Само во Македонија умираат ученици во меѓусебна тепачка о.О ?

    Он: Жалосно за детето што умре.
    Незнам дали премногу гледаат Полат or smth, ама ова е затоа што под образовен процес нашиве знаат само да ти го испредаваат материјалот(некои ни тоа не знаат),а нормално професорите пред се' се педагози.
    И нормално не си фраер ако ја избегнеш тепачката,се повлечеш од истата и кажеш на некој повозрасен за проблемот,ами фраер си ако се истепаш.. во случајов до смрт.

    * Не обвинувам ниту едно од децава,да се разбереме.
    Виновни се вредностите кои ги немаме и културата која е на ниско незавидно ниво.

    едит
    Која совест ќе ја имаат сега тие деца што го убиле..
     
    На GeorGinnA му/ѝ се допаѓа ова.
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    бог да го прости
    нека му е лесна земјата :sweat: ;(
     
  13. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Извини ме, и дозволи да се преформилурам според твојот цитат:
    ОК, жално е, но јбг, во сите земји умираат ученици во меѓусебна тепачка, shit happens...
    Не генерализирај, особено НЕ во вакви работи, се работи за човечки живот во цутот на младоста, и јас, како Македонец, сум иритиран што во МОЈАТА земја такви момчиња/девојки го губат животот. Ама ИЧ не ме интересира како е во другите земји.
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Нека почива во мир. На неговото семејство ќе му биде најтешко, толку младо дете да отиде...
    Сочувство до нив. И убаво би било да се каже дека ќе се поулат другите, ама не ми се верува.
     
  15. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Што генерализирав?
    Што те прашав културно дали само во Македонија е вака, па да се срамиш?
    Не е, сега во моментов во некоја друга земја деца тепаат до смрт некое друго дете.
    Мене не ми е важно од кај е и што е, мене ми е важно дека бил ЧОВЕК кој загинал невин,а не дали е Македонец или не.
    Се огрдувам и јас од постапката на тие створења,ама тоа не ми дава причина да си срамам од тоа што сум.
     
  16. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Постави реторско прашање де, на кое одговорот е познат, и според кој преформулирав, тоа сакав да кажам. :)
    Ни мене не ми е важна националноста на дете, ниту посакувам некому да му се случува нешто такво, но зошто ме иритира баш овде? Затоа што потсвесно знам дека постои реална шанса сторителот да не биде „откриен“, доколку во земјите за кои што посочуваш, извини, но барем во 85% од нив по ваков настан ќе се „чешлаат“ сите можни траги и податоци, додека правдата не е задоволена.
    Ете го факторот на мојот „срам“, се надевам сега ти бев појасен. :)
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Ко што тргнале работиве, училиштата треба да добијат обезбедување како затвор. Ај тоа, ама не ми е јасно што правело веќепостоечкото обезбедување?! Некаде прочитав, некој од обезбедување потрчал да помогне, ама бил ОНЕСПОСОБЕН со удар од шипка по раката. Смртна рана, страшно. Кој примил таков да обезбедува училиште?

    Има многу причини зошто сум против тоа ретардирани луѓе да се размножуваат, чим дете може да се доведе до состојба да убие друго дете, Господ знае на што го учеле дома.

    Нека почива во мир.
     
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Според мене, воопшто не е битно дали настрадал Македонец или Албанец... и двете деца имаат семејства кои се ужасно повредени од тоа што се случило! Нека му е лесна земјата на момчето, и сочувство до фамилијата... што и да кажам, нема да помогне :(

    Тоа што ужасно ме иритира е што немаме основна култура, манири, чувство за осет, морални вредности... денес се се сведува на лицемерие, кавги... жално е што денес се почесто гледам деца без амбиции и соништа... живеат едноличен живот, недоволно образовани и воспитани за тоа што и како треба правилно да се постапува... некои работи треба од корен да се сменат, за да не се случуваат овие работи...

    Додека идол им е ликот во турска серија... кој е мафијаш, тепач, дрогираш и што ти уште знам... ќе се случуваат глупости, кои еден обичен училишен педагог е НЕМОЌЕН да ги реши...

    Еве чист пример, од еден познаник, кој е познат по многуте инциденти и по тоа дека често му ги викаат родителите во школо... дома им рекол... ,, Ако сакате да ме гледате жив и здрав, ќе ме оставите.. оти ако јас не тепам, тие мене ќе ме истепаат,, :x

    Жално и страшно е... за што е способна денешната младина... :o
     
  19. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Тоа е тоа.
    Барем да речевме дека како спартанците ке не учеа и подготвуваа за понатамошен живот, па барем да имавме основно образование поминато во боречки вештини. Е тогаш ке речиш ајде де, удрил повеќе, се случило. |(
    Немаме култура, немаме позитивни вредности.
    Додека јас до 15 години се радував на цртани од типот на Том и Џери, Козле-Бозле и Кловнот Бозо, сега децава ги трујат со тепачки, борби и што ти јас знам... многу достапен им е горенаведениот Полат и слични на него. Она што треба да го имаат во главата, им се концентрира во нозете (со преносно значење).

    Сега некој ке се витка цел живот во црнина заради изгубеното чедо, а на некој на тие години не верувам дека би го гризела совеста. На денешно време да се истепаш со некого и на било кој начин да го поразиш, е WOW :clap: .
    |(

    Во средното каде што учев јас (Струга) учеа паралелки македонски со број можеби и помал од паралелките кои беа албански.Тепачките, буквално без причина, беа секојдневие. Па колку локви крв сме гледале уште од прво стапнување во училиштето... колку мајки со плачење и болнички коли си ги собирале децата... Колку пиштоли пред очи ни фрчеле.

    Не е само националната нетрпеливост во прашање, туку основна е карактерната. Не се случувале само меѓуетнички инциденти, туку и меѓу ученици од иста националност.

    Тоа е премногу. И професори страдале во обид да ги прекинат немирите. И сето тоа заради недостиг на домашно воспитание на нивните ученици.
    Нивната улога зафаќа голем обем од целосното образование на децата, но мора да се има домашна основа врз која би се темелело се понатака.

    Како и да е. Ова се работи кои може не можеме да ги смениме, немаме доволно влијание. Или не сакаме можеби...


    Нека почива во мир. Господ нека им даде сила на неговите.
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Не се согласувам. Немаат, јас, вие, повеќето нормални луѓе имаме. Ова немаме многу деградирачки звучи.