1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Почина момче во тепачка

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Offspring, 8 април 2011.

  1. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Правдата не е задоволена.
    Детенцето не преживеа.
    Што понатаму? Амебиве да лежат во затвор ќе го вратат детето?
    Ништо нема да им го врати, ни највисока казна.
    Така да, нема правда и нема што да се задоволи.
    Јас само се надевам дека другото дете ќе преживее и да знае кој отишол да го тепа.
    Нека се казнат ајде... но казната нема да го оправда човечкиот живот.
     
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Ашлинг, другото дете било вон животна опасност.
     
  3. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Не е деградирачки, туку е реална состојба.
    И се влијае на тоа, од домашната ситуација, па училиште, медиуми... на куп, сите фактори кои овозможуваат социјализација.
    Ако малцинството има добро тло за оформување позитивни вредности, мнозинството нема, па затоа генерализирам.
    Можевме и ние да бидеме такви, нели?
     
  4. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Правдата по ПРАВЕН пат пријателке.
    Во реалноста правдата на многу места не е задоволена.
    Но вака, знаеш и самата дека од смртта полошо е само живеењето без слобода. Така што, најди ги, осуди ги доживотно во најмизерните и најбедни можни келии, и фалачаопријатно.
     
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Немој да ме сфатиш погрешно,... но повеќето,... да не претерам, можеби 90% од луѓето... кои не биле воспитани, одгледани и пораснати во правилна средина, го немаат тоа набројаното погоре...
     
  6. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Да,Дарко е вон животна опасност и нормално дека ќе каже кои биле тие 4 кои дојдоа да се пресметаат.Јас гледав од прозор моментот кога падна детето кое почина.Веднаш почнаа да се собираат и да пробуваат да го вратат во свест,но неуспешно.Значи тука беше и обезбедувањето и лекарите (кои вршеа проверка овие 2 дена кој има примено вакцина за сипаници) и ученици и професори.Дојде брза помош и го зема.
    Инаку некој праша за обезбедувањето. Тука беше,но се работи за 2ца кои го обезбедуваат школото,внатре и надвор.Се беше мирно и никој не почуствува дека нешто врие зошто како што кажаа напаѓачите дојдоа од надвор и од зад грб го нападнаа Дарко.Обезбедувањето освен дворот,шета и во ходниците на школото значи во моментот можеби беа внатре (значи претпоставувам зошто не го видов овој дел) само знам дека обезбедувањето потрча по детето кога падна и по дел од напаѓачите ама избегаа...
     
  7. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    I am blind.

    Да ме прашуваш мене, јас попрво ќе ги осудам сите директори на такви училишта каде што процентот на инциденти е превисок.
    Јасно е дека во ГУЦ ова не е единствена тепачка.
    Јасно е дека таму ретки се случаите каде што се запишуваат ученици поради струка, туку оние со низок просек во основно и мадрфаќери.
    Така да, тие училишта треба да бидат под ОГРОМЕН надзор, не со еден човек во обезбедување.
    Зошто верувам да имаше повеќе обезбедување, ќе се избегнеше ваков инцидент.

    Не треба некој да биде убиен за да им светни сијаличката дека на учениците им треба поголема заштита.
     
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Се согласувам дека во таквите ризични училишта треба да се зголеми бројот на обезбедувањето. Ете како што рече LilMissBossy само двајца го обезбедувале училиштето и не верувам дека тие би имале којзнае каква моќ да го спречат тоа. Затоа не би им ја префрлила ним вината до толку. Или пак нека наместат камери, кај нас во Велес во Коле Неделковски има камери, таму каде што се случи убодот со нож пред некое време. Не дека тоа ќе спречи нешто, но сепак друго е кога напаѓачите знаат дека некој ги набљудува и не би се решиле толку лесно да напаѓаат кога ќе им текне, бидејќи ќе знаат дека кога-тогаш ќе бидат фатени. Или барем нека наместат повеќе обезбедување, барем во тие училишта каде што често се случуваат невољи.
     
  9. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Е што се криви директорите?! Криво е општеството, а пред се родителите. И цело школо и двор да се со обезбедување кој сака ќе најде начин за тепачка, на крајот на краиштата и пред дворот.
    Како до пред 10 години и помалку се учело без никакво обезбедување?
    Треба во главата да им се стави, а не обезбедување да се носи.
     
    На slobodka и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  10. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.311
    Допаѓања:
    4.758
    Исто како во Хемиско кога се случи инцидентот.За среќа немаше жртви тогаш.
    Тоа е тоа,тие во тој момент не размислуваат на ништо друго освен на одмазда.
    Не мислат на последиците,тоа е страшно нешто,да убиеш човек!
    За обезбедувањето да кажам дека во Хемиско требаше да стават после се што се случи но ете,не ставија.Во школо да не си безбеден,катастрофа. |(
     
  11. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Да не го заборави инцидентот во Орце Николов? Не се ''избрцаа'' таму деца? Нели е тоа една од најелитните гимназии во Скопје? Да точно е дека имало инциденти и точно е дека биле преувеличани од медиумите.Пред 2 години ученици од Зефљуш дојдоа во ГУЦ и нападнаа наш ученик,но по ГУЦ се плукаше на сите телевизии.Минатата година имало заложничка драма! Како тоа ние во смена не сме го виделе? Па нели во канцеларија се одвивало? Сите професори живи и здрави се движеа во школо! Тоа беше 21 годишен вонреден ученик со пореметено психичко здравје кој викаше по еден професор и му се закануваше и НИШТО повеќе од тоа! И готово одма филмови по телевизија како вакви ситуации да нема во другите школи.. И извини Ашлинг,но деца со низок просек да има ама во стручниот дел,а во гимназискиот се како и во сите школи и мадафаЌери нема само кај нас во школо!Затоа те молам не генерализирај зошто таквите како тебе што чуле не дочуле го ругаат школото.Дојдете,видете па зборете.Јас матурантка сум годинава таму и за ништо не би учела во друго школо и не сум мадафаЌерка и сум со одличен успех.
     
    На sanjaeva му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SoNi55

    SoNi55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно кај ни отиде младинава,кој болен ум треба да го имаш во глава за (не да помислиш) да убиеш некој,а сигурно причината е мноооооогу папетична,да не речам и ја нема???? :^)
    Во секој сличај,многу жална случка и голема загуба за семејството.
    RIP :(
     
  13. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    А, ти кај се најде па толку навредена ?
    Ти реков дека си подпросечна or something?

    Јас сум за тоа да има повеќе обезбедување и поголема проверка на учениците.
    Зошто ти гарантирам да направат претрес во твое школо, ќе најдат минимум 30 ученици со џебни ножиња.


    Од ваквите како мене треба да си ја бапнеш еднаш.
    Не,најозбилно.
    Не ти го ругам школото, туку тие што учат во него, ги набројав двата критични типа на ученици.
    (прочитај ја цела реченица, за да не се навредиш повторно)

    И не се работи за ругање на некое школо, туку за поголема заштита на учениците во истото.


    Остави ти тоа што медиумите прават од мрава-крава.
    Во случајов не можат, бидејќи крајноста резултираше со убиство.

    Па дај молим те, како ученик не ти е страв да одиш на училиште,а да знаеш дека во секој момент ќе ти се избаци некој хулиган да те нападне?
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Се навредив поради тоа што јасно кажа какви ученици се запишувале таму со слаб успех и мадафакери што ти ја знам..Значи во стручниот дел да се запишуваат со послаб успех,но имаат добар успех во стуката.А мадафакери има сегде.И не не ми е страв да одам во училиште зошто Македонците и Албанците во нашето школо се дружат.Доказ за тоа е дека никогаш немало тепачка внатре во школото.И овој пат дојде некој од надвор со шипки и се случи тоа што се случи.Не го замислувајте ГУЦ како Бруклин и дека секој таму на криво те гледа.Искрено повеќе би ми било страв во дискотека од Македонци да не настрадам него од Албанците,зошто тие нас девојчињата не гледаат како од Марс паднати зошто се деца од околните Скопски села и кога и да дофрлат нешто,за нас дебилно,ги игнорираме и никому ништо.
    И значи те замолувам со ваквиве муабети да не истапуваш ако не ти се проверени.ГУЦ сепак е школо,а не затвор кај што казна одлежуваат сериски убијци и силеџии па како што викаш таму шетаме со ножеви.Да шетаа ќе се видеше денес..
     
  15. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Се почнало со рчкање на улица
    еден истепал друг , овој трет и на крај му дошле у школо го истепале

    ништо и никој неможе тоа да го спречи , тепачки за територии сила и останато секад било во секоја земја и ке остане

    жално али вистинито ;(
     
  16. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Значи!
    Помири се со тоа дека се ретки!
    рече.. НИКОГАШ?
    рече ..НИКОГАШ???
    -.-
    стварно рече НИКОГАШ?
    Не биди ограничена те молам.
    НЕ Е ДО ГУЦ, ДО УЧЕНИЦИТЕ ШТО УЧАТ ВО НЕГО..(повеќето!!!!!!!)
    Како поинаку да објаснам?
    Да ти нацртам ли сакаш?
    Не е срамота ако училиштето има обезбедување плус, срамота е вакви инциденти да се дешаваат и да завршат трагично.
    Ебаве ограничените умови ебаве..
    Да се срамиш зошто во твое школо има зголемена безбедност -.-
     
  17. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    А прочита дека сум против зголемено обезбедување? И полека со пцуењево. И што си запнала не со ГУЦ со учениците што учат таму.. ПА КОЈ ГО ПРАВИ ГУЦ тоа што Е?!?! Кој друг ако не учениците?
     
  18. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    И јас како ЛилМисБоси учам во Гуц . Ашлинг не е вистина за тоа дека се случуваат нонстоп инциденти ама ич . Ете кажала ЛилМис , може те излажала нели ? Ама и јас ти кажувам дека не е вистина . Не може некој што не учи тука да знае . Колку што знам јас тепачката не беше од етнички причини туку за пари . Така ми кажаа другари што се знаат со нив . Извини ми Ашлинг ама не е до тоа што е Гуц , сегде мора да има некоја будала . Немој да ми кажуваш дека во Орце , Карев , Корчагин тече мед и млеко . Има ненормални деца , и професори ама не е тоа само во Гуц , сегде ги има . Се сложувам со лилмис дека се дружат , вистина е . Ми има кажано другар , ако ти каже некој нешто сврти му збор на албански ( го учам јазикот )и одтогаш се фини со мене . Најозбилно ти кажувам . Со секој збор што го кажа ЛилМис се сложувам .
    Ептен ми е жал за Муамед , ептен . Детето ни криво ни дужно искочи од библиотеката да му помогне на Дарко и му заврши тука животот . На неговите не можам да замислам како им е . Си го праќаш детето така во школо како секој ден и ти јавуваат дека нема да го видиш . Директорката не е крива , ни обезбедувањето најверојатно . Како што ми кажаа преска тие што ги нападнале се рчкале со Дарко уште пред некој ден , во стил ако не ги вратиш парите ќе се вратиме . И , се вратиле . Од етничка не е , да е немало да му помогне Муамед.
     
    На LilMissBossy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Srculence--91

    Srculence--91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    51
    Како и да е навистина жално за детето... Нека почива во мир :( :(
     
  20. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Катастрофа :worried:
    Жално е што толку младо дете си го изгуби животот.
    Само сега ме интересира што ќе биде со сторителите?
    Дали ќе ги затворат или ќе ги остаат на слобода?
    Искрено јас мислам дека тие не дошло со помисла да убијат некого туку само да заплашат....ама во таа ситуација работите се испомешале..страшно. Мора да се зголеми обезбедувањето во школите!