1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Почина момче во тепачка

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Offspring, 8 април 2011.

  1. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Значи вака - ГУЦ не е единственото школо каде се прават вакви работи :!: Според мене ниту директори, ниту обезбедувања, ниту камери нема да помогнат...Ваквото асоцијално понашање е резултат на домашното воспитување како прво и основно...Не сакам ни да помислам на тоа колку средношколци носат ножеви по џебови, пијат алкохол, пушат, се дрогираат, се тепаат меѓусебно до смрт заради некои искривени морални вредности што им се всадени во главата...Сите кога не здрма пубертетот, правевме глупости, но знаевме до каде треба да се оди за да не излеземе од колосек и да тргнеме по мрачни и лоши патишта, од кои нема шанси да се вратиш читав назад...Контактирам со дел од моите врсници, со кои бевме во ист клас во средно и се смееме на глупостите што сме ги правеле, но сите ние без исклучоци станавме луѓе, завршивме школо, некои веќе и семејство имаат оформено...Стравотно е ова...Пред некое време и во средното хемиско училиште имаше тепачки...Пак ќе повторам - ова е резултат на домашното воспитување и влијанието на родителите...Страшно... :tmi: :tmi: :tmi:
     
  2. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Сега ми кажаа дека од тие 4 што биле , 2 се вонредно во Гуц , четврта година . И фатени се од прееска , се знае кои се . За албанецот , како што искочил уште на врата го мавнале со камен и изгубил свест и воздух и со шипка го мавнале , што го докрајчило . Жално ептен многу , а од добро и културно семејство бил .. и единствено дете .
     
  3. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Сочувство до фамилијата,жално премногу,без зборови ;(
    Да ти е страв утре дете да имаш :x Џабе и камери и обезбедувања,која култура се има,за тоа ли се оди во школо,од гимназија се маваат со шипки а утре со пиштоли :@ кај е времето кога безгрижно се одеше на училиште....
     
  4. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Taжно , многу тажно.
    Еве , сега слушам вести..и се згрозив.

    Тепачки имало и секогаш ќе има. Во сите училишта. Удри еден бокс , два..ама метална шипка ? Втф ? Ко демек имот делат.
    Но , ова е тотална нецивилизираност. Животински инстикти. Дива лига.
    Од беснило се прават вакви работи , од играчка плачка.
    И во право е Ашлинг дека ваквите школи треба да се под поголем надзор.
    Во вакви школи се запишуваат ученици со помалку поени , ученици на кои не им е дојдено до учење..само да се запишат во школо бидејќи е задолжително.
    Но не сите што се запишале во ова школо се со помалку поени и без желба за учење!

    Секој коментар би бил излишен , згрозена сум од самоубиства и убиства деновиве.
    Жално за младиот живот и фамилијата.
     
  5. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    И во наше време имаше тепачки, ама вака крвнички со шипка во глава да го удриш е стварно претерано :o Ни еден проблем не е нерешлив до толку за да се плати со живот. Децата што нападнале веројатно не се ни свесни што сториле, може дошле само да го исплашат Дарко, ама ете ситуацијата излегла од контрола, друг се вмешал и на крај трагичен исход. R.I.P ;(
     
  6. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Аууу не ми се верува каков прост народ постоел ццц.Не би ме чудело да почнат и децана од основно да се убиваат меѓу себе :@ Страшно е да си ги пуштиш децата во школо да одат не се знае дали ќе се вратат здрави и живи...Катастрофа,што држава ќе беше ова!!! И по некое време нели нормално за нашава држава е да го затворат случајот а тие што го убиле да си шетаат слободно по улица :devil:
    Во секое школо треба да го засилат обезбедувањето не само во Гуц,сегде има вакви исклучоци за жал:tmi:

    Сочуство до семејството :(
     
  7. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    леле шокирана сум немам коментар навистина :o
    значи јас што сум во основно сеуште имам познаници воедно мои соученици кои на училишто носат ножеви па дури и пиштоли (но фала богу немало инциденти за сега :sweat: ) крадат работи, малтретираат помали деца, па дури на некои покани за у суд им стигнале за кражба и слично :o
    Да каде стигнавме еј , секоја ни чест....

    а за детето нека почива во мир ;(
     
  8. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Леле срце истрчало да му помогне :( Нека почива во мир... :( А глупаците што го направиле ова, најверојатно се тешко пореметени, да ги стигне тоа што им следува! Психопати :@ Со шипки ќе се пресметуваат!! :@
     
    На slobodka, Victorya и Alanna им се допаѓа ова.
  9. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Која е таа мајка што го советува или учи детето да украде, нападне, повреди, убие????
    НЕ,НЕ,НЕ!!! Верувам дека и за мајката на убиецот денес заврши животот... и дека во таа куќа една мајка плаче...и таа го изгубила своето дете, онакво какво што таа се трудела да биде. Несомнено овие солзи не се ни приближно толку горки како солзите на мајката која денес не го дочекала своето дете да и се врати дома.

    Нетреба да бидат криви...и не се...но оставка од морални причини треба да поднесе, и не само директорката , туку и министерот за образование.

    Сочувство за родителите и семејството на починатото момче. Почивај во мир.
    Од најмала возраст децата се агресивни. Вчера моето сонценце дојде дома и ми вика - денес Д ме удри со топка - но мамо тоа беше несакајќи, а по ручекот Е без причина ми удри клоца.... ОФФФ колку мене тоа ме заболе. Па ми вика - јас ништо неправив ама утре ќе и кажам на наставничката, па она нека ја искара. Јас и мм уште да почневме да :clap: :clap: :clap: , зошто нели ја учиме да биде умна, добра, да ја почитува наставничката - она ти е мама кога си на училиште. Како и да е денес добив смс порака - имам казна да ја напишам 5 пати таблицата множење ... ????? Зошто сине?...може да ти се јавам?........може..... Зошто мами ми те казнија? Мамо наставничката рече штом сте се ТЕПАЛЕ казнети сте..... АЛООО ЕЈЈЈЈЈ па моето дете нетепа, дури и невраќа кога ќе го удрат ...стрпливо дочека нов работен ден за вас, па да ви каже....за да нели тоа не се повтори :envy: Добро сонценце - ти ќе ја напишеш 10 пати таблицата и ќе и кажеш на наставничката дека мама така рекла (10) ...и од сега па натака исто како што без проблем ќе ја извршам казната и без проблем ќе враќам кога некој ќе ме удри.......... Не е воспитно знам, ама мене ме боли...до солзи
     
    На unlucky, Neytiri, Nine25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Bibko

    Bibko Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    41
    Навистина страшно!!! Сочуство до семејството, почивај во мир Мухамед!
     
  11. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    бог да го прости детето..
    леле луге мои кај отиде светот..кај им е паметот на децата што прават вакви работи?што се способни заради некаква безазлена расправија да убијат..кој е крив?родителите?професорите?кој?сите едни на други префрлаат вина..родителите би рекле професорите се криви не не се добри педагози не внимават на децата,..професорите би рекле родителите се криви,не ги воспитале од дома,и како можеме да се справиме ние со нив со толку многу деца..шо и така е..ама нема домашно воспитување,ако родителите не можат да излезат на крај со тоа дете,како ке излезе професорот пак што ке помине 40 мин во денот со тоа дете држејки му час.незнам..накрај излегува никој дека не е крив,а деца гинат по училиштата..мора да се превземе нешто,ама реално,а не да се држат некакви семинари за толеранција од кои на крај нема никакво фајде,а се потрошиле(испрале)пари за тоа..ако треба нека постават секаде обезбедување,камери и слично незнам,не смеат да се дозволат вакви случки..
    и јас бев спредношколец,пред 12 години,и ние имавме тинејџерски проблеми,ама вакви работи немаше во наше време..и да имаше расправии у школо се завршуваа со поттурнувања,шамари или некој бокс..немаше шипки,немаше ножеви и пиштоли.. кај ке стигнеме ако продолжиме вака?
     
  12. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Сања денешниве учителки се збрлавени, ако треба да има во едно одделение 25 деца, они имаат по 35 деца. Не е исто со 10 деца повеке, само тоа не е причина да не му се посвети внимание на секое дете и да не се зборува за проблемите меѓу децата. Сепак се зависи од учителката, дали денес станала на лева или десна нога, дали го сака тоа што го работи или поради некои причини и е наметнато... се постои на денешно време, само да гледаш и да се чудиш.

    За детето стварно жалосно!
    Незнам ако сега се случува ова, метални шипки, ножеви итн. што ли ке биде после 10 години, што ли ке носат во школо? Ке треба на врата да ги претресуваат на секое влегување.
    Срамота е ова што се случува, со кој памет со камен, па со шипка по глава???
    Се е до домашното воспитување, и брат ми бил дете па никогаш не се степал. Моите секогаш ни викале, кога и каде и да видиш тепечка одма бегај од таму, се знае дека секогаш ке настрада тој што најмалку е крив. Кој и да се тепа ти бегај, не ни пробувај да ги раздвоиш, уште полошо ке те снајде.
    Така да незнам што потреба да се меша, да му помогне??? Да ги раздвои да кажеа, ајде да сфатам некако, ама да му помогне??? Да му помогнеш на некој со тоа што ке те истепаат и тебе, па заедно да офкате. Ете на другото дете не му е ништо, здраво право. Незнам што повеќе да кажам освен Не дај Боже!!!
    Со НЕ размислување ова само може да се случи.... што ке и е животот на таа мајка сега???
     
  13. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    основа на човечноста е да му помогнеш на човек во неволја..Mухамед сакал да помогне,реагирал човечки инстинктивно..големината на човека се гледа во неговата човечност..нажалост се помалку има луге кои би помогнале на човек во невоља,а се повеке се тие што би поминале покрај таквиот човек како да не го забележуваат,или би гледале само од страна,не преземајки ништо,иако нивната реакција можеби би го спасила тој човек.Mухамед бил дете,но всушност голем човек.нажалост храбрите како него некогаш вака завршуваат.нека му е лесна земја..
     
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Мислам дека она што го болдирав не ти е точно. Наталитетот мислам дека е опаднат од времето кога бев јас ученик. Баба ми е пред пензија, работи во основно училиште во Велес, кое порано имаше 8 паралелки по 30 деца. Имаше школото капацитет, големо е. Сега баба ми вели дека многу послабо има деца отколку порано, така да некако не ми држи вода дека наместо 25 деца во паралелка имаат по 35. Како и да е, зависи од наставникот/професорот, ги има и клети, фрустрирани наставници (особено оние од 1во до 4то), мојата барем таква беше. Некако тие наставници се приврзуваат со класот и си издвојуваат миленици, омилени ученици и само на нив им даваат воља и на нив не даваат да падне прав.

    Да не ја должам и ширам приказнава...

    Неможе само на едно место да се бара виновник. Постојат повеќе фактори кои влијаат. Некогаш се наставниците/професорите/, некогаш се родителите, некогаш средината, некогаш медиумите.

    Не би рекла дека оние деца со разведени родители или деца од "кризен" брак се послабо вопитани и поагресивни. Баш тие деца мислам дека се по повлечени и по тивки. Но сепак зависи на кое дете во пубертетот како ќе му удрат бубачките. Некои деца на кои родителите му се разведени или имаат лош брак се повлекуваат во пубертетот, некои тогаш здивуваат уште толку, но сепак, детето нема да е такво ако има кој да му обрне внимание и да го воспита.
    Од друга страна пак, постојат и деца на кои не им обрнувале доволно внимание родителите, но не здивеле, туку тоа била причината за да се повлечат. Ова за пубертет зборувам.

    Пример јас и сестра ми. Два различни поима. Нас не ни обрнувале многу внимание родителите. Сестра ми поради тоа е повлечена и тивка, таква беше и во пубертет. А јас бев бунтовник, правев се и сешто, секакви глупости.

    Затоа, во никој случај не треба да се генерализира или да се бара виновник. Постојат повеќе фактори кои влијаат во пубертет и тогаш е тој период кога на детето треба да му се пружи најмногу внимание.

    Да не навлегувам за се посебно, џабе е и што и да кажеме нема да го врати детето, но мораме некако да ја подигнеме свеста на граѓаните за во иднина да нема вакви фатални последици. Незнам дали од ова треба да извлечеме некаква поука и кој би ја извлекол поуката, или ќе продолжиме да се правиме глуви и слепи дека живееме во мирна околина.
     
  15. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Јас учам во ГУЦ ,трета година сум - гимназиска паралелка, и ќе кажам дека и медиумиве ги имаат малку извртено работите, а посебно А1.
    Велат дека директорката (ги цитирам А1) „вешто ги избегна новинарите„ а нема врска, кога се случи несреќата директорката отиде на итна средба со градоначалникот Коце, министерот за образование Никола Тодоров и останатите, и кога дојдоа новинарите, директорката повеќе не беше во училиштето, а и на самите снимки се гледаше дека нема други ученици во дворот и сите бевме пуштени од настава.

    Јас лично го знам македонецот Дарко Анчев кој што сега е со тешки повреди и лежи во болница и ќе ви кажам дека он е проблематично дете и не дојдоа без причина тие четворица да го тепаат (секако воопшто не ги оправдувам тепачите и секако дека треба да бидат казнети).
    Нешто се скарале, јас разбрав дека причината биле пари за дрога!
    Дарко Анчев им должел пари за дрога и не им ги враќал и овие дојдоа во школото и му се нафрлија на Дарко, и во тој момент се стрча албанецот да му помогне на Дарко, но за жал почина на лице место.

    Криво ми е за албанецот што така невино си умре, не го знам лично албанецот но имам слушано дека многу добро дете било и бил само едно дете во фамилијата и неговата фамилија била чесна и многу културна.
    Сочувство до фамилијата и да има што е можно поголема казна за напаѓачите.

    Инаку стварно секаде има тепачки низ сите средни училишта и стварно многу небезбедно време дојде.
    Работава е „Чао мамо одам на школо можеби никогаш нема да се вратам„ :|

    И во ГУЦ не учат мадафакери и незнам ти што, како што некои не нарекоа, таму учат деца како и во сите други школи и македонците и албанците во ГУЦ „Здравко Цветковски„ одлично се сложуваат.
    Јас досега во моите 3 години учење во ГУЦ не сум видела ниту чула за тепачка помеѓу македонец и албанец.

    Не е важно школото важно е тоа што ти влага у глава, јас знам деца во ГУЦ што знаат и учат трипати повеќе од другиве школи ''со повисок ранк''.
    Зградиве нови што се во Скопјево и пошироко се изградени од архитекти кој најверојатно а и многу голем процент сум сигурна дека се архитекти од ГУЦ...

    ГУЦ порано беше многу строго, јако школо што примаа со 70 бодови (на времето) и сите идеа во Орце, Ѓорѓи, Карев... итн итн да не набројувам... но кога Зефљуш Марку се премести во чаир на албанците од сарај не им одговараше таму и ГУЦ почнаа да примаат албанци повеќе (претходно имаше не викам не но во мал број) и дека имаше многу луѓе што не можат децата да ги носат до чаир а немаат успех за во ГУЦ мораше министерството за образование да ги намали бодовите за примање... ги намалија на 60.
    Тогаш имаше многу запишано ученици со слаб успех...гимназијата се држеше добро... ги кренаа бодовите на 65 повторно се намали и немаа каде да учат а средното е задолжително и повторно на 60 ги вратија... и тогаш почнаа да се запишуваат деца со послаб успех.
    Но има деца кој се запишале навистина да научат и седнале над книга и учат многу, моментално ГУЦ односно професорите бараат многу повеќе знаење (зборам за гимназискиот дел) од колку што бараа порано и сега се учи многу повеќе од колку во другите гимназии (нема да именувам).
    Затоа не носете предвреме заклучоци бидејќи на форумов има деца што учат во ГУЦ и подобро се запознаени со моменталната ситуација.
     
    На LilMissBossy, white.kitten, Ashling и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    LilMissBossy
    Tочно.
    Учениците го прават училиштето.
    Збука ми ти се деси.
    Се навредуваш од тоа дека повеќето се ____________(навредливи епитети) ученици.
    И не е само во ГУЦ,секаде низ Македонија постојат такви училишта и добро ја знаеме сите ситуацијата во истите.

    Душица-ск
    Да. Јас го имам прескокнато средното училиште,па не знам што зборувам.
    Еве да споредиме ГУЦ со Корчагин.
    Во Корчагин таквите се малцинство,во ГУЦ се мнозинство.
    И да сакаш да направиш во Корчагин некоја беља многу е потешко,отколку во ГУЦ.
    Зошто?
    Затоа што е многу построго.

    И не зборуваме за националност овде.
    Јас човекот го гледам како човек,а не како Албанец или Ром.
    Само имам кажано,со нив најмногу што можам да изградам е пријателство и крај.

    Обезбедувањето не е виновно нормално,бидејќи што можат двајца да направат против амебовидна банда?
    Но,самите директори на училишта штом знаат какви ученици им влегуваат и излегуваат секојдневно треба да спречат,а не да чекаат да дојди до ваков инцидент,па после.
    И да.
    Јас сум за претреси во училиштата.
    Затоа што некој ни крив,ни должен ќе настрада.
    Бидејќи во кое било средно училиште вчера барем 5мина имаат носено алкохол,марихуана или ладно оружје.


    А,за тоа дека стручните училишта се многу подобри од гимназиите се согласувам со Доберман потполно.
    Но,сега помина тоа време кога тие беа највлијателни училишта, затоа што на сите не удрија по глава со тој пуст факултет и дека понижување е да работиш за општеството понижувачка работа--> келнер, таксист etc.
    А, и намалувањето на бодовите за запишување придонесе до намалување на рејтингот на истите.
     
  17. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Пред се’, лесна му земја на детенцето :(
    Мене ме интересира само едно прашање: Дали тие што удирале со шипки и цигли, чувствуваат некаков немир или грижа на совест??
    Ми се случило да се степам (порано, како помала), ми се случило во афект да удрам силно кога ќе ме испровоцираат, но секогаш сум размислила леле да не му се случи нешто ???
    Која е таа болна психа, да не чувствуваш хуманост додека некого удираш со шипка по глава???

    Страшно е! Од мој аспект гледано, без разлика дали сторителите се малолетни или полнолетни, треба да се казнат најстрого. АКо тие личности на помлади години (претпоставувам дека се помлади) имаат храброст да го сторат ова, што останува за понатаму.

    А обезбедување по школите има само формално, така функционира....колку да стои во некој документ.

    Греота за детенцето што почина. Ова треба да ги освести малку оние кои раководат со училиштата!
     
    На white.kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Не не, грешно ме имаш сватено, не реков дека стручните училишта се подобри од гимназиските, јас само реков дека голем број од учениците во ГУЦ што имаат завршено архитектура сега сигурно имаат многу згради направено низ Скопјево :) .
     
  19. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Кутрото момче, сакало да помогне, но тоа настрадало. Бог да го прости ;(
     
  20. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    475
    Пол:
    Женски
    Нека му е лесна земја на детето :(