Почина момче во тепачка

Discussion in 'Политика и настани' started by Offspring, Apr 8, 2011.

  1. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Joined:
    Nov 16, 2010
    Messages:
    205
    Likes Received:
    80
    Најпрвин ќе кажам нека почива во мир детето..

    Навистина жално.. да не можеш да одиш мирно на училиште.. да ти е страв од навреди, тепачки и дали ке те убијат?? ејј до каде отиде работава.. мислам не ми е јасно.. ке кажам еден пример сега брзо што се случи во моето училиште.. значит и покрај камерите кои снимија се 8 деца од друго училиште влегоа во нашето и го претепаа на едно дете моја генерација.. тука пред служителките неспособни секој што пуштаа внатре.. и на крај и покрај снимките и се тие си поминаа ко ништо да не било.. мислам вреемево дојде да немојш на мира на училиште да одиш... :x
     
  2. leonidicka

    leonidicka Истакнат член

    Joined:
    Mar 29, 2011
    Messages:
    34
    Likes Received:
    3
    факт е дека ова се случува и во другите зермји можи и во поголема мера. ама ние треба да ју ставиве крај на овие меѓуетнички тепачки. се запрепастив кога слушнав кутрото дененце . бог да го прости. треба да сватиме дека луѓето се делам на луѓе или на нелуѓе а не на албанци на македенонци и тн. тие што е нелуѓе треба да бидат казнети без разлика што се по вероисповет или по националност. тие што доаѓаат од надвор не треба да дозволиме да создадат револт меѓу нас. зошто ако му треба на некој помош ќе ја бара од соседот.
    без разлика на вероисповет или на националност сепак ние сите живееме во Македонија и само ако сме заедно можиме да ја подобриме ситуацијата на земјата а не вака разединети. многу ми е жал што вакви работи се случуват кај нас.

    :( :( :( :( :(
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Joined:
    Jun 14, 2010
    Messages:
    7,163
    Likes Received:
    27,008
    Не е тоа никакво оправдување дека се случува и во другите земји. Зарем ова е нормално? Не треба да се тешиме дека се случува и во другите земји, туку да ја подигнеме свеста на граѓаните, на сите, ова да престане да се случува веќе :worried:
     
  4. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Joined:
    Mar 6, 2010
    Messages:
    517
    Likes Received:
    203
    Не е,точно,во 20 секунди ништо неможеш да направиш.Одговорност не знам кој ќе понесе,но со сигурност ќе кажам дека ова никој неможеше да го предвиди.Двајцата што се фатени,едниот од нив е бивши ученик,наркоман,кој после минатогодишната екскурзија беше избркан од школото.Он и Даре се закарале надвор од школото,ден пред настанот,кој може да предвиди дека ќе му дојде во школо со такво сценаријо во глава?!
     
  5. leonidicka

    leonidicka Истакнат член

    Joined:
    Mar 29, 2011
    Messages:
    34
    Likes Received:
    3
    да така е ама као да ја подобри свеста кај граѓаните?? верувајми теско оди
     
  6. Doberman

    Doberman Популарен член

    Joined:
    Nov 13, 2010
    Messages:
    601
    Likes Received:
    519
    Јас сега разбрав дека причина за инцидентот било тоа што повредениот Дарко ден пред инцидентот да се случи (значи на 07 април) Дарко му мавнал шамар на напаѓачот пред девојкаму (девојката на напаѓачот), и сега изгледа егото на напаѓачот му се повредило бидејќи попил шамар од Дарко пред неговата девојка и наредниот ден (петокот) напаѓачот со негови другари дошол во ГУЦ да му се одмазди на Дарко... останатиот дел го знаете :sweat:
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Staff Member

    Joined:
    Dec 3, 2009
    Messages:
    22,236
    Likes Received:
    67,744
    Gender:
    Female
    А напаѓачите биле македонци или албанци?
     
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Joined:
    Jun 14, 2010
    Messages:
    7,163
    Likes Received:
    27,008
    Македонци биле сите, само починатиот е Албанец.
    Јас разбрав, т.е. прочитав на друго место дека детето Дарко било проблематично и дека ова било поради тоа што Дарко им должел пари за дрога на напаѓачите :worried: Незнам дали е точно, само така прочитав.
     
  9. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Joined:
    Mar 6, 2010
    Messages:
    517
    Likes Received:
    203
    Така се збори.. Не знам и јас дали е точно.
     
  10. slobodka

    slobodka Популарен член

    Joined:
    Oct 24, 2010
    Messages:
    2,133
    Likes Received:
    2,716
    Gender:
    Female
    Бог да го прости!!!Вака не сум се осеќала потресено незнам од кога.Значи незнаеш што ќе те снајде.Сакал да помогне и платил со живот заради неговиот инстикт да помогне на човек во невоља.Страшно просто не е за верување.
     
  11. Ashling

    Ashling Популарен член

    Joined:
    Dec 19, 2010
    Messages:
    1,228
    Likes Received:
    2,578
    Дали ако некој ти дојде со намера да те убие, тоа значи дека навистина ќе те убие?

    И земјотрес не можеме да предвидиме, па можеме да се заштитиме.

    А,за другото не ми објаснувај што се случувало со тој Даре и другата амеба. Навистина, навистина не ме интересира, а и воопшто сега не е важно, после смртта на детето.
    Ќе има уште милион верзии на настанов, така да ќе се поштедам самата себе од читање на тие рекла-казала коментари.
     
    DivineChaos likes this.
  12. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Joined:
    Mar 20, 2011
    Messages:
    4,133
    Likes Received:
    6,033
    Целата работа е околу тоа што Дарко наводно како што ми кажаа сигурни извори бил дилер на дрога и должел пари на момците од кои за 1ниот фатен има веќе отворено досие кои испаничени го убиле албанчето, и викаат биле издрогирани... според мене кривци најголеми се дечките наркомани како што викаат дека биле, и Дарко кој штом излезе од затвор одма треба да се даде на суд!
     
  13. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Joined:
    Oct 20, 2010
    Messages:
    667
    Likes Received:
    2,008
    Бил наркоман...
    Не бре, дилер бил не се пукал сам,
    Чеј бе, нели го плеснал пред цура му, му накршил его..
    Ааааа не, он на брат му му ја скршил кичмата де... |(

    Детето си отиде, лесна нека му е земјата.Ги остави родителите со дупка во душата...

    А кој? Кога? Зошто? Како?...нема да го вратат.

    Она што треба да се превземе за почеток е еден ставен прст на чело, до кое дереџе дојдовме? На училиште да одиш со помисла дека заминуваш на некој колумбиски картел :o И фактори кои го предизвикуваат сето тоа девијантно однесување секако дека има да се набројат дури и на повеќе од една рака, ама коренот е домашното воспитување.

    Јас не знам навистина ли во оваа хаварија од живот се изгубија сите човечки вредности, па посегнувањето по нечиј живот стана рутина по првото испиено кафе???? Алоооооооо, Господ сеуште никој не го видел :!: ...ваљда не им издал лиценца на фраерите слични на овие варвари со кои ги овластува да раководат со туѓите животи.

    Темава е деликатна, не бара седење со скрстени раце и распишување на тендери за поефтини сендвичи, пенкала и маици за оваа предизборна пролет. :| Прв пат не е, ама трагичното е што некако ова докажување на мангуплак со шипки, ножеви и преостало ладно оружје зачести...

    Треба да почекаме да улета некој муџахедин да сј*бе цело школо у вис, па да сфатиме дека навистина ова е проблем??????

    Оу мај лорд...прости им, не знаат што прават :x
     
    FBI and Bozica1980 like this.
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Joined:
    Jun 14, 2010
    Messages:
    7,163
    Likes Received:
    27,008
    Училишниот одбор во средното градежно молчи за најавената оставка на директорката Драгица Костадиновска по смртта на матурантот Мухамед Јашари и притисокот на градските советници. Наместо отворено да се зборува за инцидентот и за одговорноста на седница на одборот, директорката преку потписи обезбедува поддршка од наставниците и од учениците во пресрет на состанокот на училишниот одбор. Во АЛФА реагираа родители чии деца се потпишале на петиција за која никој јавно во училиштето не зборувал –

    “На час на учениците им биле поделени списоци на кои го ставиле својот потпис. Знаеме дека тоа било за поддршка на директорката. Ние немаме ништо против неа, но прашуваме зошто учениците да се инволвираат во утврдувањето нечија одговорност“ – реагира еден родител.

    Некои ученици дале отпор – не сакале да стават потпис на списокот кој низ училниците го носел ученик за време на часовите. Не им било јасно зошто тие да пресудат дали директорката мора да ја напушти функцијата или не-

    “Повеќето се потпишаа, иако некои ученици не. Средношколецот што го носеше списокот не извести дека изразуваме поддршка на директорката и не повика да се потпишуваме. Не знам колку е добро тоа“ – изјави ученик од средното градежно.

    Директорката се крие од јавноста. АЛФА три дена по ред се обидува да стапи во контакт. Состаноците беа единствениот штит зад кои се сокри Костадиновска. Дали ја кроела стратегијата како да настапи пред училишниот одбор за да ја заштити својата позиција? Петицијата зад која застанале и поголемиот дел од наставниците сигурно ќе ја искористи во одборот. Токму со законските измени училишниот одбор во кој членуваат наставници, родители и тројца членови на градскиот совет по предлог на владејачката партија, требаше да прерасне во тело за воведување демократија и департизација низ средните училишта. Оттаму и фактот дека сега одборот во ГУЦ е соочен со предизвик да покаже дали на демократски начин преку јавна дебата ќе утврди нечија одговорност за инцидентот со средношколците.

    Извор - Алфа.мк
     
  15. BlueEyess

    BlueEyess Истакнат член

    Joined:
    Apr 3, 2011
    Messages:
    65
    Likes Received:
    26
    Gender:
    Female
    Нека почива во мир кутриот сакал да помогне а он настрадал ;( ;(
    Ама не можам а да не се запрашам дали сторителите имаат било каква грижа на совест
    Сум удрила некој ама дури и случајно да биде ке ме гризе совест и по едно сто пати ке им се извинам и плачам,а овие сега убиле дете а пред се невино како смееле :@ :x
     
  16. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Joined:
    Oct 20, 2010
    Messages:
    667
    Likes Received:
    2,008
    Директорката пред неколку дена си поднесе оставка. Искрено во ред е да се превземе морална одговорност, само што проблеми од ваков калибар не се решаваат со тоа што само некој ќе се чувствува виновен, туку со конкретни идејни решенија кои ќе се изнесат на маса и ќе бидат ефективни.

    Училиштево во кое се случи инцидентот е со мултиетнички состав и дотичната директорка која според мене немаше потреба да ја напушта својата функција, придонела да се развива некое единство и била омилена и меѓу своите ученици (од информациите кои ги слушнав и прочитав). Нејсе...
    Ќе кажам пак, овакви ситуации не се решаваат со тоа што некој ќе ја подвитка опашката и ќе замине од функција и толку, аш, нема директорка нема проблем....ма ајде, па нека земат нека поднесуваат оставки директорки, министри, служителки..и?? Нема веќе тепачки, сите ќе живеат среќно и задоволно??...Јеа рајт! |(
     
    Theodora likes this.
  17. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Joined:
    Mar 20, 2011
    Messages:
    4,133
    Likes Received:
    6,033
    Директорката поднела оставка чисто од морални причини, што може повеќе да се направи? Што полошо може да се случи од ова? Едноставно вината не е нејзина за тоа да речам спонтано убиство, верувам дека таа може чувствува некаква вина дали затоа што не се вмешала, дали затоа што вработила бескорисно обезбедување што родителите скапо го плаќаа, па затоа поднела..што да направи друго, да седи на функција и сите да викаат ``На оваа баш и е гајле, битно она да си ја има фотелјата`` децата и родителите колку и да ја сакаат пак ќе се најде некој што ќе и префрли за нешто, било што :/
     
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Joined:
    May 7, 2010
    Messages:
    6,488
    Likes Received:
    24,077
    И што направи со тоа што даде оставка, што реши? Ништо така.
    Подобро да си останеше и да воведеше некои дополнителни безбедносни мерки.
    Друга работа е што таа не е виновна за смртта, и за тепачките воопшто, таквото девијантно однесување пред се излегува од домашното воспитување, какви родители се тие чии деца се толку агресивни и одат да се тепаат и да се убиваат межусебно, тоа се случаи испуштени од раце! Значи за тоа се одговорини родителите, кои не го воспитале и не го научиле своето дете како треба да се однесува.
    Во однос на безбедноста во неколкуте вакви училишта каде конфликтите се најзастапени може да се преземе уште некоја мерка плус, но и тоа не е решение. Ако сакаат да се истепаат пак ќе се испотепаат надвор од училите нели? Затоа велам дека се доаѓа од домашното воспитување.
    Исто би можеле и да додадат некој дополнителен предмет кој ќе ги научи децата на морланите вредности, социјализирањето итн.. кога веќе некои родители не мислат на ништо осевн на оргазам кога прават деца и кога не им е гајле што ќе стане еден ден од нивните деца. Пу!
     
  19. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Joined:
    Feb 28, 2011
    Messages:
    912
    Likes Received:
    599
    Најновото е дека родителите во апел/писмо ги молат политичарите настанот да не го користат во политички препукувања и префрлање одговорност и порачуваат да не се дава оставка. Па оваа се пишманила. Свашта.
     
  20. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Joined:
    Dec 1, 2009
    Messages:
    1,674
    Likes Received:
    7,653
    да се подигне свеста на граѓаните... утопистичка идеја. Тешко паметен човек да оди против малограѓанството, тоа се се дивјаци. И најмала тепачка може да доведе до сериозни проблеми, а се поради недостаток на зборови...