1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Почина 32 годишна мајка и нејзиното женско бебе

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Mariangel, 24 октомври 2015.

  1. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.400
    Ма воопшто да не излезат од затвор...
     
    На Natali.3 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    малку е и тоа
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  3. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    се согласувам со тебе во право си. штое ова што се случува па ќе дојде време да ни е страв да отидеме во болница
     
    На Luna91 и ninja35 им се допаѓа ова.
  4. Dorian Gray

    Dorian Gray Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2015
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Машки
    @oblace1 Тука не се работи за партиска припадност, туку за човечност. Партијата тука не игра воопшто улога, туку стручноста и моралноста на докторите. Повеќе би рекол дека треба да се менува вкупниот менталитет на народот тука, а тоа многу тешко оди. Потребни се генерации и генерации. Проблемот е што и да им се доделат откази на докторите преку врски повторно ќе останат на работа и случајот ќе се замаскира, а верувај дека ниту еден друг доктор нема да излезе со осуда ако некој доктор изврши грешка. Тие се штитат.

    Но, не мора да значи дека жената починала поради алкохол, туку дошло и до компликации. Се случуваат секаде и во секоја земја.
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Е затоа треба да се излезе на улица, да се искаже револт, за тој утре да не го вратат на работа пак и пак нечиј живот да згасне. Да се каже транспарентно каква санкција е доделена, а не се да се крие и бутка под тепих, да си мрмориме под мустаќ само леле, да не се повтори, а не правиме ништо за да не се повтори.
    И после пак ќе се случи, а ние од пред монитор ќе си се молиме само нас да не не снајде.
    Ама не, да не не заокружат на некој список и да не не можеме утре да најдеме работа ќе си седиме дома, важно на нас не ни се случило.

    Жално и греота, не знам, немам зборови за ваков ужас.
     
    На Jenniffer, Annath, Kaetana и 17 други им се допаѓа ова.
  6. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.347
    Допаѓања:
    8.118
    Пол:
    Женски
    Тоа и сакав да кажам дека тука не се работи за партија и политика и дека треба целиот народ да излезе без разлика на било што, напоменав партиска определеност бидејки секој протест кај нас се бои како партиски.Секако дека се работи за човечноста и стручноста на лекарите, кои очигледно ја немаат.

    Ама да одлега некој доктор затвор добри години и да му се земе лиценцата сигурно би вродило со резултати, докторите би биле по посветени и одговорни заедно со персоналот, ке се тресат над секој пациент.
     
    На Lady Phoenix, Luna91, Dreamer-V и 2 други им се допаѓа ова.
  7. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.640
    Допаѓања:
    152.409
    не не да ги фате таткото на сред полоштад на тодоров и на грујо на тоа лавовите и на тоа портата со јаже да ги обесе нека стоат така обесени да ги виде народот тоа треба да се свестат сите шо прават се додека оставаме судот да му суди вака ке е само лично да му се пресуди бесење на плоштад
     
    Последна измена: 24 октомври 2015
    На Kaetana, kjukli, MilaP и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Па не знам дали се работи само за човечност и моралност. Ова се сериозни пропусти и највеќе во здравството не смее да се допушти вакви луѓе да имаат контакт со луѓе и пациенти. Ова не е само од сега, со оваа влада, вакви работи се случувале од секогаш, но се прикривале.
    А не сме свесни колку алкохоличари работат во јавно здравство, почнувајќи од чистачи, хаусмајстори, болничари, техничари, лекари. Тоа е страшно, јавна тајна е дека таквите се опасност по луѓето ама ете се молчи, или имал врски, или ај само ќе го опоменуваат, или бил пред пензија па сега пред крај да не го брукаат и сл.
    Тешко на семејството на женава, цело време нормална бременост и на крај да заврши кобно. Анестезиологот е исто важен како и лекарот хирург, погрешна анестезија може да убие човек. Ај хигиеничар алкохоличар, ќе падне со кофата, ќе се утепа и никој нема да настрада ама пијан лекар? Јас мислам дека за такви треба да се воведе бесилка на плоштад пред народ и сите да го плукаат или жив на клада да се запали, за да биде пример како не смее да се однесува еден доктор на работно место.
    И да почнат да се прават ненајавени контроли од здравствена инспекција и алкотест за секој вработен, без исклучок дали е чистач или директор. А не како со забраната за цигари, пак пушат внатре, пример Ставриќ на очно кога беше, мајка ми на преглед кај него во амбуланта а тој со цигарата и дими директно во очите. Ова на приватно мислам дека го нема толку, зашто таму ако оплескаш идеш аут а во јавно здравство си мислат дека местото им е доживотно и стабилно, никој ништо не им може.
     
    На galapce, Dennings, MacenceEna и 14 други им се допаѓа ова.
  9. Dorian Gray

    Dorian Gray Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2015
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Машки
    Баба ми пред неколку години доживеа мозочен удар. Медицинската сестра и кажа на мајка ми да остави работа и таа да се грижи за баба ми. Која дрскост и безобразлук од жена која е платена од наши пари и данок да се грижи за болните.

    Контроли, тестови, казни? Па, се тоа убаво изгледа на хартија, но мора да се има во предвид дека 98% од администрацијата се вработува партиски, а гласачите се светост на партиите. Без нив нема да имаат власт и контрола, затоа мислам дека тие контроли се само мачкање очи.

    Единствено решение за подобра Македонија е дефинитивно приватизација на цела администрација, странски сопственици и така натаму. Е тогаш ќе профункционираме. Да видиш како во странски фирми трчаат да те услужат, па љубезни, културни, добри.
     
    На Luna91 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. zvecarka

    zvecarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2014
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Се додека во оваа земја, веќе не знам ни дали држава да ја нарекувам не понесе некој одговорност, се додека не почнат да се почитуваат неселективно законите нема да не биде.
    Не е крив анестезиологот, крив е менаџерот на болницата и министерот за здравство. Како се дозволува алкохоличари за кои сите знаат дека пијат да продолжат да работат и да одземаат човечки животи. Одамна Нинче требаше да поднесе оставка зашто е очигледно дека не ја бива работата. И токму тој е лично одговорен за сите изгубени животи и за катастрофалното здравство. Тој е одговорен за сето она што се случува во секоја една здравствена организација во Македонија.
    И по овој случај ќе се суспендираат пијаниците, ќе се префрли вината на Бог (така било пишано) и никому ништо.
    Па не за џабе на Диме Спасов детето се роди во приватна клиника. Нивните животи вредат повеќе од нашите.
    Срамота за нив и за нас кои живееме на ова парче земја!
     
    На softy1, Dennings, Lady Phoenix и 6 други им се допаѓа ова.
  11. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.640
    Допаѓања:
    152.409
    Единствено решение е да е укине целосно државното здраство парите од задраственото осигуранје да влеваат во приватни клиники нека приватизираат по ке биде
     
    На Luna91, Tajnaotrovna и mama89 им се допаѓа ова.
  12. mama89

    mama89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    9.331
    Пол:
    Женски
    Пред 2 -3год работев во ресторан,имаше дочек на нова год и шефот ни рече на цел персонал до 00.00 никој да не пиеме алкохол...ми беше несфатливо бидејќи ништо не се плаќаше однапред платени карти со неограничено пиење...нема пари,сметки и маркици нема што да се згреши...но океј до 23 сите беа послужени флаши на маси,јадење,мраз и така дремиме ние вработениве и веќе 23.50 викаме ај сега по една пијачка за 10 мин е Нова год и си ставиме јас отидов кај мм на маса и да наздравиме ...после тоа шефот ни се дереше зоштоо сме се напиле пред 00.00 а беше само 5-10 мин и тоа за нова год во ресторан!! А други вечери не ни се помислувало на алкохол ако види некој да се напие и да работи одма казна си оди сместаа !! Зборот ми беше тоа во ресторан ејј а ова болница ееј болницаа треба да си има надлежни да летаат казни да летаат од работа зошто македончето додека не го удриш по џебот убаво не му иде памет!!
     
    На Bozica1980, citiesinflames, okcenzi и 2 други им се допаѓа ова.
  13. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.232
    Допаѓања:
    260.164
    Пол:
    Женски
    Како што слушам на тв дека сеште се чекаат резултатите од анализата на крвта дали лекарите биле под дејство на алкохол.И се си мислам дека на крај ќе испадне дека не биле А ако случајно се објави вистината навистина оставка треба да си дадат многу луѓе ако воопшто останаа луѓе!
     
  14. SWagger274

    SWagger274 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    508
    Пол:
    Женски
    Гревота мајката и детето ;( ..треба да се пикнат тие во затвор и да не излезат...
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Неможам да најдам соодветен збор да опишам како се почувстввав кога го гледав таткото, како избезумен, крвта ми зовре. Ми дојде да јаукам и да завивам од револт.
    До кога бе, до кога ?
    Абе, мене душава ме боли што не ги ни познавам луѓето бе, како спиете навечер?
    Дете без родител остана, едно не ни дочека да се роди. Како бе не ви е срам мајката да ви ја ебам непрокопсана покварена.
    Нема на овој свет правда за овие, нема!!
    Ако постои друг свет некаде во било каков универзум од дново на душава им посакувам во вечен пламен да горат и крв да серат додека се живи!!
     
    На babaDara, tamche995, Jenniffer и 20 други им се допаѓа ова.
  16. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    7.835
    Пол:
    Женски
    Луѓе не знам зошто мислите дека со приватизација ќе се решат ваквите проблеми.
    Проблемот е многу подлабок.

    Еве ќе кажам конкретно за Систина, како една од подобрите приватни клиники. Вработија за биохемичар мој другар од средно кој едвај поминуваше година. Имаше соученици позади него му дофрлаа да знае што да каже и ако ви се верува ни тоа не знаеше да го повтори затоа што матријалот за него беше шпанско село. Го помина цело средно медицина така, се запиша на факултет не знам што стана со тоа затоа што немам контакт со него.
    И пред година дена од мој близок вработен исто како биохемичар дознавам дека уствари го вработиле во Систина. Згора на тоа кога ми кажаа дека избркале повозрасна жена ( која верувам покрај искуството сигурно ја знаела подобро работата од овој) за да го вработат него. Зошто сево ова?
    Само затоа што мајка му е некој и нешто на микробиологија.

    И пак ќе кажеш приватна клиника е, што ако кога анализата на крв или урина ќе ти ја изработи некој ваков како овој. Утната анализа на примерок води и утната терапија и што понатаму?
     
    На Gea, babaDara, eloves и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Проблеми ќе се решат со наденување на ШИЛО, по ред.
    Сите, топтан.
    Ете така проблеми ќе се решат во оваа држава, затоа што тие се проблем затоа што постојат, од прв до последен, од власт до опозиција.
     
    На Dennings, Lady Phoenix, SWagger274 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Воопшто не знам зошто сериозно не се сфати ситуацијата во која ни се наоѓа здравството. Еднаш тој битолчанецот што место инфузија му беше ставено средство за дезинфекција, потоа тамара, па девојчето што почина на инфективно, и ред други случаи во кои починале пациенти поради грешки. Па до кога? Кога слушнав за мајката стварно не знаев кого треба да го обвиниме. Докторот или министерот кој воопшто не ја заслужува таа позиција? Веќе да ти е страв и за обичен вирус или настинка да отидеш на лекар, Здрав да отидеш. болен ќе се вратиш. Заради некои неписмени кои не си ја сфаќаат сериозно работата, еден човек остана без сопругата и детето, едно дете остана без сестричката и мајката. Во една демократска држава (ако воопшто е ова и другите случаи кои ги наведов, треба да се сметаат за убиство од не знам кој степен, да се одземе лиценца и зад решетки да се сместат таквите.
    Но се додека на некој не му текне дека во македонија не е се така сјано и да превзее сериозни мерки за ваквите случаи, ќе ни умираат невини луѓе
     
    На eloves, anel, Lady Phoenix и 4 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.997
    Допаѓања:
    261.113
    По мене, ништо не се решава со бркање на еден-двајца доктори. Утре, пак иста приказна ќе биде...

    Проблемот е МНОГУ подлабок. И не е од вчера. И не е од оваа власт.
    Ама проблем е што никој не менува ништо. Не стагнираме, тонеме...

    Иако партиски не сум определена, познавам и доктори и сестри итн. кои се, и тврдам дека совесно и чесно си ја работат работата.
    Ама знам и за ликови кои се на истото место 30 годни (значи пред воопшто да се подели државава на црвена и плава), кои не знам како сеуште се вработени.

    Во институцијата во која работам се добиваат казни, и тоа за сите важи.
    И за мене, и за сестрите, и за болничарите и да, за докторите.
    Сестрите не смеат да повишат тон. Пациент не смее да се пожали, од никого - оти ако се пожали, одма се свикува состанок, се разгледува случајот, пишуваат изјави сите засегнати, па се одлучува дали е во право вработениот или пациентот.
    Секако дека постојат ситуации кога пациентот не е во право, но, ако се утврди дека вработениот постапил неправилно према пациентот, има санкции, а имаше и губење на работно место.

    Но, тоа не е така во сите здравствени институции. Да умирам на Клиника не одам.
    Пред неколку месеци дм имаше проблем со окото и во ниедно време ноќта бевме на дежурен очен.
    Уште ми стои призорот пред очи.
    Такво нешто не се заборава.
    Персоналот беше супер према него, брзо и се во ред беше, ама условите...

    Од друга страна, другарка ми се пораѓаше на ГАК, што дека е ново, џабе кога кретени работат таму.


    На факултет на пракса, ги имам видено најголем дел од здравствените институции, и можам да кажам дека во помалите места луѓето на лекар одат со 50% ризик поболни да се вратат.
    Мизерија е мал збор.


    Може да се болниците и инвентарот стари, ама не се валкани од што се стари.
    Туку од што “нема кој“ да ги исчисти.

    И најмногу е крив персоналот. Знам дека има на форумов сестри, и сум сигурна дека ќе се сложат со мене, дека посебно на Клиника најголем дел од персоналот е така одвратен, нехуман, да едноставно немам зборови тоа да го објаснам. Не дека кај нас ружи цветаат, ама секое позабележително такво однесување се санкционира. Во петокот една врскаџика не со врски, со кабли, ја казнија. Ама не е секаде така!!

    И се додека некој може да си дозволи да дојде пијан на работа, или ноншалантно да работи, ќе има смртни случаеви.

    Да не ја заборавиме жената од Тетово, скоро беше и тоа.
    Девојчето на Инфективно.
    Тамара.
    И ред други...
     
    На theowndemon, Doozy, eloves и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    За вакво нешто во Кина раце сечат. Најмалку што треба да добијат е ќелија.
     
    На anel, Lady Phoenix, SWagger274 и 3 други им се допаѓа ова.