1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Почина 32 годишна мајка и нејзиното женско бебе

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Mariangel, 24 октомври 2015.

  1. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    Ова веќе стана секојдневие во здравството,да умираат пациенти од лекарска грешка.А дали сте приметиле дека секогаш кажуваат на вести кога ќе умре родилка од друг град,зошто еднаш не кажале дека умрела родилка во Скопје?Периодот јас кога се породив пред 3,5 години умре родилка во Чаир и случајот не беше на вести кажан зашто наводно блиските од болка не сакале да се збори јавно за тоа.Ова веќе ги помина сите граници.И министерот треба прво и основно да си даде оставка и цел гарнитура посебно на ГАК и по градовиве аут,се да се избрка зашто ова веќе нема крај,се полошо станува.
    Исто сум запрепастена од една познаничка што заврши медицина и работи како матичен лекар,кога и да ја прашав нешто околу здравствени проблеми ми викаше чек да прочепкам по книгите или да прогуглам и ќе ти кажам што да правиш.Ете такви не лечат во денешно време и затоа дојде до вакви страшни пропусти и затоа умираат луѓе се почесто.
     
    На DigY, galapce, PaLaVa и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    За останатите градови веќе е јасно каква е состојбата, и онака цела Македонија доаѓа во скопје. Ако почнат јавно да ги кажуваат и грешките во Скопје поради кои умираат пациенти, не само родилки, веќе ќе треба само во приватните, или во странство да одиме на прегледи. За моја среќа не сум имала потреба до денес да лежам во болница, но со еден обичен преглед, кој воопшто не ми ни беше целосно извшрен, на Кардиологија ми беше доволно да добијам престава колкава им е стручноста и колку ни е сјајно здравството. Само греота за тие луѓе што животите им ги препуштаат на гнаси кои себе се нарекуваат доктори, кои мислам дека си ја добил дипломата и оп доктор си.
     
    На Luna91 и kjukli им се допаѓа ова.
  3. RumShtangla

    RumShtangla Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2015
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    1.421
    Пол:
    Женски
    Како во Скопје така и во останатите градови.. Значи прост пример за лекарска грешка е случката со мајками.. Останува бремена неможеше да го задржи плодот иде да абортира како и да е, ДОКТОРКАТА не би да ја именувам,само и го расчепкала жаргонски кажано плодот и и рекла готово завршена работа,бидејќи секако се брзала да иде на фризер, била на свадба дента.. Поминуваат месеци состојбата на мајками се влошува. Ја носиме во државна болница каде што сестрата која не прими кажа аа ништо не ти е лошо ти е од температурите (месец август). Мајками целата препотена и целата МОДРА НАГЛАСУВАМ МОДРА ко мртов човек се онесвести. Ја земаа ја внесоа во соба. Дојде некој доктор шо ден денеска му се молам на господ шо го пратил. Дојде и му кажа на таткоми, вашата споруга има сепса. Значи поради една докторка која и се брзало да иде на свадба мајками доби сепса. Срамот е голем а и болката беше уште поголема кога кажаа плодот е оставен внатре воопшто не е ни изваден молете се да се спаси.. Животот на конец. Срам срам за ова наше здравство. Тој пијан дошол, докторкава на мајками се брза за на свадба.. Брука.
    Сочувство до семејството
     
    Последна измена: 25 октомври 2015
    На galapce, Jenniffer, Priroden и 5 други им се допаѓа ова.
  4. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.661
    Допаѓања:
    20.966
    Пол:
    Женски
    Ова е веќе секојдневние, ова не е ништо чудно.Многу полоши работи ни следуваат во прилог и за тоа сме само ние виновни.Ние, ние и ние.Ниту една влада, опозиција, организација или не знам ти таму што е виновна колку што сме ние.
    Само тешко на семејството,нека Господ им даде сила да го пребродат ова, и на сите семејства општо кои излегле "осакатени" на некаков начин.Ама има ден за сите, ќе ви се наплати тродупло повеќе од она што го сторивте.
     
  5. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    7.490
    Жално, навистина е за родилката и бебчето:(.Тие доктори треба на душа да ја носат,аko уствари ја имаат:!:
    Како може пијани на работа да идат,не ми е јасно.
    Здравството во Македонија,секогаш е било катастрофа.Сите што одат на медицински факултет, успеваат да го завршат-селекција никаква.Згора на тоа се нема доволна апаратура и материјали за работа|(.Затоа грешките во здравството ни стануваат се почести и почести.Па многу од нив завршуваат со фатален исход како во случајот.
    За прекривање секаде имам слушано приказни.И додека студирав во Скопје имам слушано,а и во Германија е исто.Имам слушнато од мои колеги тука, како сестра е лично одговорна за смрт на пациент.Само што самата фирма ја замаскира работата и на крај,таа добива отказ од фирмата.Пак се вработила во друга фирма како сестра.Тоа се прави со цел оти се оцрнува името на фирмата и да не се спроведе судска постапка против неа(n)
     
    Последна измена: 25 октомври 2015
  6. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    Треба да кажуваат и за грешките во Скопје за да се знае дека и тука кај нас здравството пропаѓа а не да мачкаат очи со нови апарати по болници,демек еве супер е здравството,цвета.А и да не кажат на вести се знае дека во Скопје а посебно на Клиника се случуваат најголемите трегадии,посебно кај родилките.
    И кога ќе речат намален бил наталитетот,раѓајте деца а ја гледаме реалната слика зошто е намален наталитетот,од неспособни доктори кои убиваат здрави новороденчиња и од незаинтересирани доктори кои прават киретажа на совршено здрави плодови,мизерно е и страшно е.
     
    На joy1 и kjukli им се допаѓа ова.
  7. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Не ми е јасно како немаат срам,кажуваат дека не им било првпат да бидат пијани на работа,ако е тоа така кај биле досега да ги отпуштат или се чекало некој да почине заради нив па да се отпуштат.Срамота за нашево здравство и за цела држава гинат невини луѓе заради нив.Треба да се воведе смртна казна дефинитивно дури и тоа малку е за вакви идиоти
     
    На Luna91 и kjukli им се допаѓа ова.
  8. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Тоа сакав да кажам, треба најискрено да се изнесе сликата и за скопје, но затоа и се кријат некои случаи од скопје, зошто ако ги изнаредат сите грешки поради кои умреле пациенти, веќе нема да знаеме кај да одиме. Сите знаеме каква е состојбата на клиника, но ајде кој може да се побуни и да смени нешто? Министерот е секако тој што гледа низ розеви наочари, ама спомениците се побитни, да ни биде убав плоштадот, да ни цветаат палмите.
     
    На RumShtangla, kjukli, Mariangel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. RumShtangla

    RumShtangla Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2015
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    1.421
    Пол:
    Женски
    И во Cкопје е луѓе иста прича.. Незнам колку се сеќавате на 13годишното девојче што по лекарска грешка почина? Кога ќе размислиме подолго сите се пикнати на работа со лижење гз со мито и се остало,затоа имаме неписмени медицински лица и повеќе и повеќе смртни случаеви. Небитно дали е во Скопје Тетово што имаше исто сличен случај или Дојран Гевгелија... Се додека студент на испит во индекс става 50евриќи и го дава индексот на професорот, ке имаме вакви случаи. !
     
  10. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Nishto chudno i da se pijanchele so onoj "fala doktore" alkohol shto go dobivaat kao poklon od pacienti.
     
    На Luna91, Tajnaotrovna, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.474
    Делумно се слагам, меѓутоа болдот... Од кај знаеш ти кога дипломирал човеков, каков бил тогаш, и со какви можни проблеми се соочувал во животот и зoшто пие. Значи во никој случај не можеме да дискутираме за тоа дали е, или не стручен во својата работа. Можеме да дискутираме од морални/етички причини како требало да постапи, да е свесен дека може да загорчи нечиј живот. Дипломата можеби го потврдува неговото знаење, и ништо повеќе.

    Гледам Мирјана Најчевска во меѓувреме постирала,
    од почеток до крај се слагам.

    Кога има груби грешки заради кои умираат луѓе, крив е тој кој го изградил системот

    http://libertas.mk/кога-има-груби-грешки-заради-кои-умира/


    "Кога има груби грешки заради кои умираат луѓе, крив е тој кој го изградил системот, затоа што системот треба да обезбеди пијани луѓе да не можат ни да се доближат до болницата, а камоли да бидат активни учесници во некоја операција.

    Се додека граѓаните не ја разберат оваа одговорност, ќе имаме султани наместо министри."
     
    На galapce, Priroden, MilaP и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. RumShtangla

    RumShtangla Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2015
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    1.421
    Пол:
    Женски
    Како и тој алкохол за фала докторе, пред тоа тој ДОКТОР на проф му дал индекс со 50евриќи за ФАЛА ПРОФЕСОРЕ ХЕХЕ
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  13. macence994

    macence994 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2015
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    353
    Пол:
    Женски
    болнициве се како хорор , ќе отидеш и незнаеш дали жив ќе се вратиш . како не им е срам на докториве , неможеме да замислиме како им е на семејството . господ нека е со нив .. на ваквите одма лиценцата одзимање и затвор па ѓубриња едни зарем совеста не ги јаде ваквите
     
  14. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Женски
    Страшно! гледајте да не се разболете! мене страв ми е веќе во болница да стапнам...
     
  15. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Oва не е од сега, ова од поодамна е застапено но сега се случува почесто. Којзнае уште колку случаеви има за кои не сме запознаени поради невнимание на докторите. Јас имав немил настан поради еден гинеколог кога имав вагинална инфекција. Ми ја интервенира инфекцијата односно отокот полн со гној без анестезија, додека врескав ми велеше да не лажам, дека не боли толку. А медицинските сестри наместо да те смират, тие повеќе ви влеваат страв.
    Во болниците е страшно, никакви вработени, си лечат комплекси, а јас воопшто не сум изненадена. Како што реков, не е ново ова кај нас.

    Жално за родилката и бебето, а јака му душа на сопругот. Затоа, мајката му е во приватни болници. после тој немил настан јас имам само доверба во мојот матичен ( гинеколог) и др Органџиски од Штип.
     
    На okcenzi и macence994 им се допаѓа ова.
  16. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Fakt e deka vo privatnite kliniki greskite procentualno se pomalku,no ne deka ne postojat.
     
    На DVAANGELA му/ѝ се допаѓа ова.
  17. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Уште клку вакви случаи?! Луѓе баба ми се пораѓаше дома па раѓала здрави прави новороденчиња. Во кој век живееме за да сеоочиме со смртност на родилка и нејзиното бебе. Уште колку смртни случаи треба да се случат за да си оди министерот за убиства. Лично бев дел од хуманитарната акција за собирање на пари за Тамара. Излезе Минитерот за смртност и кажа да престанеме да собираме пари дека тој ќе донирал пари. Тој да од џеб ќе ги извади ќе плати. Секако нели фондот ќе се употреби. Ние престанавме да собираме пари а малата Тамара почина. Да се случува ова во било која друга земја народот ќе излезе на улица и ќе искрши се што му е на дофат во знак на револт. Но ова е Македонија, нашата чудесна линија каде што сегде е собрано неспособното. Се разбудил еден убав ден некој и му текнало дека кога ќе порасне сака да биде лекар. И доста е веќе. Зошто следни би биле ЈАС, ТИ СИТЕ НИЕ КОИ ЗА ЖАЛ ОСТАНАВМЕ ВО ОВАА КРВАВА МАКЕДОНИЈА.
     
  18. Viki693

    Viki693 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Женски
    МЕ ИНТЕРЕСИРА ДАЛИ ПОВЕДОВТЕ НЕКОЈА ПОСТАПКА ПРОТИВ ДР. ???? И НА ММ БРАТ-КА ЗА ЖАЛ ПОЧИНА НА ПОРАЃАЈ НЕ ЗНААТ ДАЛИ Е ДР. ГРЕШКА ИЛИ НЕ, ИМ РЕКОА ОД АНЕСТЕЗ. НЕ СЕ РАЗБУДИЛА ДОБИЛА НЕКОЈА АЛЕРГИЈА А 2 ДЕТЕ И БЕШЕ...ЛУЃЕТО СЕ СКРШЕНИ ОД БОЛКА И НЕ САКАА ДА СЕ МАФТААТ ПО СУДОВИ...НИВНИОТ ЖИВОТ Е УНИШТЕН ТАТКО И СЕ РАЗБОЛЕ ОД СРЦЕ, ОПЕРАЦИИ, МАЈКА И ОД ТУМОР....ГИ ВИДОВ СКОРО И ВООПШТО НЕ ИМ ЗНАЧИ НИШТО ШТО ТИЕ СЕ БОЛНИ...ЕДНОСТАВНО НЕМААТ ЗОШТО ДА СЕ БОРАТ.....ГОСПОД НЕКА ГИ КАЗНИ СИТЕ КОИ СЕ ВИНОВНИ ЗА ВАКВИТЕ ГРЕШКИ...
     
    На citiesinflames му/ѝ се допаѓа ова.
  19. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Женски
    Mи се чини или секојдневие станаа докторскиве грешки, останува уште да се навикнеме а? :@
     
    На citiesinflames му/ѝ се допаѓа ова.
  20. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Во нашата земја кога "крушата под круша паѓа" и кога тате, бате, вујче и чичо се доктори а зошто и јас да не сум и така бар нема да се мачам да ја тупам на студии, плус тате, бате, вујче и чиче го поминале своето па сега работата им е онака, од ракав, лагано.
    Ете од ова си патиме, од овие зборови кој сум ги слушнала доста често за жал... ќе умираат нит криви нит должни а болката? Болката на кој ќе остане? А тие пак ќе си живејат и ќе си уживаат во докторатот!
     
    На Tajnaotrovna, DVAANGELA, mama89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.