1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Почна војната во Украина

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 24 февруари 2022.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.804
    Допаѓања:
    65.522
    Пол:
    Женски
    Руските сили рано утринава истрелаа проектили врз неколку градови во Украина и истоварија војници на нејзините јужни брегови, објавија украинските власти и медиуми, откако претседателот Владимир Путин одобри, како што рече во ТВ-обраќањето, специјална воена операција на истокот.

    Неколку многу важни зборови за оние кои би можеле да бидат во искушение да се мешаат во настаните што се случуваат. Кој ќе се обиде да не попречи, да се обиде да се закани за нашата земја и народ, треба да знае дека одговорот на Русија ќе биде моментален и дека ќе ги доведе до такви последици со кои никогаш не се соочиле во историја, предупреди тој.

    Набргу откако Путин зборуваше на руската државна телевизија, во тишината пред зори можеше да се слушнат експлозии во главниот град на Украина, Киев.

    Престрелки одекнуваа во близина на главниот аеродром во главниот град, објави новинската агенција Интерфакс, а над градот се огласија сирени.

    „Путин штотуку почна целосна инвазија на Украина. Мирните украински градови се нападнати“, објави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на Твитер.

    „Ова е агресивна војна. Украина ќе се брани и ќе победи. Светот може и мора да го запре Путин. Време е да се дејствува.“

    Реагирајќи на инвазијата што Западот ја очекуваше со недели, американскиот претседател Џо Бајден рече дека неговите молитви се со народот на Украина „додека претрпуваат неиспровоциран и неоправдан напад од руските воени сили“.
    https://www.slobodenpecat.mk/fotovi...aina-eksplozii-vo-kiev-harkov-odesa-mariupol/
     
  2. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    1.981
    Допаѓања:
    8.272
    Пол:
    Машки
    Утринава по обраќањето на Путин националната телевизија, започна напад на Украина од страна на руската војска.

    Прецизни ракетни удари се извршени врз воени и инфраструктурни објекти во повеќе градови низ Украина.
    На Интернет кружи видео како руските тенкови слободно ја преминуваат границата помеѓу Белорусија и Украина.
    Исто така има извештаи дека е извршен воздушен десант во Маријопол, и од цела Украина стигаат извештаи за присуство на руски специјални сили кои се распоредиле во текот на ноќта и го подготвуваат теренот.

    Ова се последните вести.
    Ако нешто некој прочита или види, и сака да прокоментира, пишувајте.
     
    На simona_baby му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.617
    Допаѓања:
    36.927
    Пол:
    Машки
    Жално за цел украински народ и обичните луѓе. :(
    Да се надеваме само дека нема да има многу цивилни жртви.
     
    На Ivan4e04, PaLaVa, Harper и 30 други им се допаѓа ова.
  4. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.163
    Допаѓања:
    16.442
    Пол:
    Женски
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.696
    Пол:
    Женски
    Колку е луддд Путин
    Не ме сфаќајте грешни, мрзам војни и мрзам ова што се дешава.Ама братот има муда и е одлепен скроз.Санкции санкции и од нигде никаде бам
     
    На My litle pony, Guns N` Roses и Tanjamm им се допаѓа ова.
  6. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    И Адолфче имаше муда.
     
    На Tanjamm, Ivan4e04, Harper и 18 други им се допаѓа ова.
  7. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    5.177
    Пол:
    Машки
    Не официјално
    8 жртви
    8 ранети
    едит: Еден ТИНЕЈЏЕР погинат

    Ах Украина.. земја на Владимир Илич Ленин.. Најмногу мие жал за украинскиот народ кој наседна на лагите од западот, Украина сите овие години требаше да разбери дека целта на западот е да се направи ескалација со Русија, на украинците никој до денес не им го спореше територијалниот интегритет освен онаму каде шо е спорно. Мора да се изнајде решение за да не прерасни во поголема човечка катастрофа.
     
    Последна измена: 24 февруари 2022
    На Ivan4e04, PaLaVa, темјанушка и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.696
    Пол:
    Женски
    Ја не сфаќам као им се замара на 70 години со војни.Оди сади краставици уживај у староста.Сеа сфаќам дека е претња ако влезе Украина у НАТО.Пошо е као непријател пред врата да имаш.Ама факинг 2022 е.
    Потпишу некој меморандум ова она, шта ја знам. Не да се рокаат ебате
    Бог да чува
    Ама луд ми е скрозз
    Му фукнаа 100 санкции, не бе, пукајј
    Греота народот
     
    На Ivan4e04, Orthophill, elimkd и 10 други им се допаѓа ова.
  9. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.186
    Допаѓања:
    57.741
    Пол:
    Женски
    Малку ни беа 2 полни години со ковид, уплашени, затворени и со константни главоболки, за кога конечно почнавме малку да се движиме без рестрикции да земат и војна да отворат.

    Ништо не мразам повеќе од војна, социопатски копилиња кои седнати од фотеља си играат board game и си цртаат граници дури обичните луѓе бегаат од се што си изградиле во животот и гинат.

    Да цркнат сите што носат вратоврски и си се кикотат зад затворени врати дури обичниот народ страда.

    Мрш.
     
    На Tanjamm, 1209, warrior и 86 други им се допаѓа ова.
  10. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    75.728
    Пол:
    Женски
    20220224_095502.jpg

    Сите градови кои беа нападнати од руската војска.
    Не е само источна Украина и Донбас, туку целата дежава е под ракетен напад.
    И Белорусија и лудакот Лукашенко пратил тенкови кои ја поминале украинско-белоруската граница и напаѓаат цивилни цели.

    Жално е тоа што ги лажат граѓаните.
    Западот нема да помогне. Бајден само ги лаже украинците дека ќе ги брани.
    Да, ќе ги брани до последниот украински војник.
    И сега ќе го цитирам покојниот наш Претседател Трајковски.
    "Ако толку им е гајле за украинскиот народ, нека пратат 20 000 авиони да ги пренесат бегалците кон Европа, Канада, Австралија и Америка, нека им најдат дом, а во меѓувреме да ги испратат нивните војници да ги бранат териториите на Украина"
    Нема да го сторат тоа, м?
    Така и си мислев.
    Жално.
    Сега на украинците само им останува да се молат.
    Грузија 2.0 е ситуацијата
     
    На Tanjamm, brazilia, chocolateheart и 39 други им се допаѓа ова.
  11. Роберт 7

    Роберт 7 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2016
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    11.336
    Пол:
    Машки
    Секогаш народот е тој кој страда. Штета за избувнување на ваквата војна. Секој со својата вистина и заштита на својата држава и интереси. Украинците ќе страдаат до крај, русите по никоја цена нема да дозволат нато трупи на нивната граница. Политичарите ќе му ја дувнат, народ ќе пати.
    Некако само ме плаши дека во последните 25 години сликите и дејствата од Украина се пресликуваат кај нас после неколку години. Како некој горе да си мрда шаховски фигури со народите и да им ја крои иднината.
    Знам дека сад , еу, нато нема да превземат воени дејствија, повеќе ќе имаат улога во разгорување на состојбите на терен, трупање на оружје, буцкање на прозападните украинци, воведување безначајни санкции кон Русија и млатење празна слама демек за мир во Украина.
    Пораснав со неколку војни, веќе се видени вакви или слични сценарија. Сирија ја опустошија создавајќи антивладини паравоени формации кои кога му избегаа од контрола на западот, истиот тој запад ја срамни со земја Сирија.
    Тоа ќе се случи на крајот со Украина, ќе стане тампон зона меѓу нато и Русија, пустелија без живот.
    Русите ништо не губат, се што им е потребно ќе го добијат од Кина, Индија и скоро сите држави во Азија, па и од Турција.
    НАТО исто ништо нема да изгуби, евентуално ќе ќари од продажба на оружје на украинците и платениците кои веднаш ќе пристигнат во Украина.
    ЕУ ќе биде најголемиот губитник и тоа на економска и енергетска основа, заради зависноста од рускиот гас и сета таа трговија што доаѓа од Азија.
    Светот конечно ќе се подели на два блока, а ние веројатно ќе го фатиме возот за оној западниот иако во срцата, верата, близината, историјата ни е истокот.
    Ние сме историски поврзани со двата народи но дефинитивно имаме слична и мачна историја со украинците.
    Но политиката си го прави своето, им го поматува умот на сиромашните народи и нивните корумпирани политичари.
    Се надевам дека сето ова брзо ќе се заврши, и со надеж дека украински и руски цивили нема да страдаат.
    Штета, голема штета.
     
    На Кирил567, chocolateheart, Ivan4e04 и 33 други им се допаѓа ова.
  12. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.055
    Пол:
    Женски
    Греота.
    Нека ги чува Господ сите.

    Украинците слепо веруваат дека Бајден ќе ги одбрани додека тој си гледа свој интерес од целава ситуација и ги извиси.

    Само да се надеваме дека ова бргу ќе се заврши и со што помалку жртви, се надевам дека никој не е луд да му се спротивстави на Путин .
     
  13. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    1.981
    Допаѓања:
    8.272
    Пол:
    Машки
    Како резултат на случувања утрово нафтата на берзите поскапе за 7% и сега е над 100 долари барел, и се очекува да расте, а со тоа да кризира и светската економија
     
    На simoncelicius, christinnn, My litle pony и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.948
    Допаѓања:
    50.030
    Пол:
    Женски
    Овие па Американците колку ме нервираат во се се мешаат, во секоја држава, сакаат со сите да владеат.
    Мразам војни, нема ништо полошо од тоа колку само невини луѓе ќе изгинат зошто заради некои туѓи интереси.
     
    На Ivan4e04, темјанушка, Guns N` Roses и 14 други им се допаѓа ова.
  15. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.186
    Допаѓања:
    57.741
    Пол:
    Женски
    Срцето ми се кине за секое семејство што цел живот ќе си го спакува во еден куфер и ќе го напушти својот дом каде вложувале се.

    И за секои родители што ќе останат без деца затоа што ги гранатираат лудаци на кои човечкиот живот е само статистика.

    Убаво вика членот погоре, само пустелија ќе остане. А прекрасна земја е Украина, каква музика, филм, култура имаат, колку убави градови, убав, топол и мил народ. Сите Украинци на размена на студенти што сме иделе срциња беа.

    Којзнае каде се сега...
     
    На Tanjamm, warrior, chocolateheart и 45 други им се допаѓа ова.
  16. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    19.574
    Пол:
    Женски
    Путин добро знае оти НАТО нема да реагира и ќе набљудува немо. Секако е погрешен потег, оти е војна. А ова сценариото да се умешаат од страна го сметам за многу полошо. Може да ескалира во невидени размери. А не сакам ни да замислам што ќе се случи тогаш со Европа.

    Прежално за обичниот народ, за децата. Не знам како да си го објаснам фактот дека е 21-ви век, вака нецивилизирано конфликти да решаваме. Да плаќаме со живот туѓи аспирации. Ми се повраќа од ваква демократија! :puke: Страшно!
     
    На chocolateheart, Ivan4e04, kikkki и 32 други им се допаѓа ова.
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Прва вест кога станав сабајле што ја прочитав беше ова и некако многу ме потресе. После толку негативни ситуации со корона последниов период, уште војна сега во 2022ра година ли требаше...?
    Ништо не ме плаши како војниве што ме плашат. Прежално. ;(
     
    На Ivan4e04, Harper, Guns N` Roses и 15 други им се допаѓа ова.
  18. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    52.640
    Пол:
    Женски
    Страшна ситуација, се надевам наскоро ќе се смири и нема да ескалира повеќе отколку што има сега. Американци ѓубриња мора да се мешаат секаде и да буцкаат, да искористат ситуација во нивна полза.

    Се надевам и нашиве политичари не се доволно глупи да му се спротистават на Путин, најдобро да си седиме мирни каде што сме, оти воопшто не сме силни за оваа криза.
    На крај најмногу жално е за обичните луѓе, тие што си се имаат сместено во фотелја не ги афектира ништо.

    Да се молиме и САД да не се вмеша воено во ова, дури тогаш ќе можи да настане трета светска...
     
    На kikkki, Glowy, Guns N` Roses и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    Утрово почнав да плачам кога ги гледав кадрите од Украина. Само Украина беше земја која застана зад Македонија во 2001 година. Бев ученичка тогаш, и секој ден гледавме вести за да видиме дали има загинати. Украинските политичари на неколку дена повторуваа „Македонија да го брани територијалниот интегритет, и да не попушта пред албанските екстремисти, да не дозволи отцепување“. Инаку, Украинците си имаат многу проблеми и онака и многу низок стандард, куповна ноќ како нашата или дури и помала. Но, се срдечен народ. Ако сега службено ме пратат (хипотетички) кај нив, и ми дадат поголема дневница од обично, јас ќе бидам финансиски помоќна од украинските работници таму. Ај доста пишувам, ќе ме обвинат дека озборувам Украинци по форуми. Да не кажувам од кај ми е инфото, од прва рака, ќе речат „ти мори, многу те интересира за Украина“ или „Сакаше да видиш дали има Украинци на форумов, а?.
     
    Последна измена: 24 февруари 2022
    На Vileee, Zhukov, NewMama и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.617
    Допаѓања:
    36.927
    Пол:
    Машки
    Не можам да ги разберам оние што се ситат и навиваат за војна. Па бива ли да сте толку глупи и ограничени во умот? Нели сфаќате дека ова директно влијае на цел свет, како и што влијае на нас?
    Раст на цените на сите суровини моментално, пад на цел маркет, криза за сите. Утре за литар бензин ќе плаќате 100 денари. Лебот ќе се качи на 50, млеко, јајца, се, се...

    Не размислувате ли дека нас ама најмалку не ни одговараат бурни времиња, војни и нереди? Опкружени сме со непријателски земји кои едвај чекаат да ескалира ситуацијата и да влезат овде, да не поробат, поделат, уништат?

    Не отворајте оваква пандорина кутија и не се јачајте по коментари, постови, статии.
     
    На sj *O*, Chanell*, chocolateheart и 57 други им се допаѓа ова.