1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

По 9 години заедно ми кажа дека не ме сака

Дискусија во 'Разделби' започната од Donna96, 13 февруари 2017.

  1. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.095
    а што да кажеме за оние што се разведуваат а иделе пример 5год и уште 10 у брак, кои ке ги земе тие жени со деца во нашево затуцано општество? сфаќаш колку плитко размислуваш? плус ти се ставаш само у нејзина кожа ај стај се у негова, би се омажила со некој што не го сакаш? би ти било тебе гајле утреден партнерот шо има 30+ години и што ке нема мн избор, би била ли со некој цел живот од сожалување?
     
    На Bankarkata, Victorian, elimkd и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.622
    Допаѓања:
    32.758
    Пол:
    Машки
    Не е битно дали се девет месеци или девет години - ако некој не те сака, не те сака, и тоа е тоа.

    Луѓе прекинуваат да се сакаат и додека се во врска и кога се во брак, од најразлични причини - се случува постојано.

    И кога љубовта во врската не е обострана, најдобро е таа врска да заврши.

    Макар и да траела 9 години.
     
    На Bankarkata, mareane, pamelche и 29 други им се допаѓа ова.
  3. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.293
    Ti si od boga blagoslovena.
    Arno sto mu teknalo sega, mozelo da se sluci i podocna.
    Pa i jas sum raskinala vrska po 5 god odenje i eve me mazena 20god.
    Fala bogu sto ne uspea pa mi se osvetli patot.
    Covekot si bese takov, ne samo so mene ne mu ide ni so sopstvenata zena.
    Vo vrskata raskinuvavme 100 iljada pati. Miljon signali dobiv od univerzumot dodeka ne mi pukna fil i recam idi u PM. I toa bukvalno taka go kazav i si zaminav.
    Ako ostanev denes ke bev razvedena,mozda so dete, ke ziveev kaj majka mi na kup, kojznae kade ke rabotev i za kolku i ona sto go vidov vo svetot nikogas nemase da go vidam.
    Taka da za sekoe zosto ima zatoa.

    Ne cekajte poveke, ednas se prekrsi rabotata zaminuvajte zosto podobro nedoaga.
     
    На mareane, evangelina.ina, Dona5 и 15 други им се допаѓа ова.
  4. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.093
    Допаѓања:
    36.289
    Пол:
    Женски
    Ја пред се ќе кажам браво за дечкото и храброста искрено да си каже што му лежи на срце. Во денешно време мал е бројот на луѓе кои имаат муда да пресечат долга врска а уште помалце се оние кои имаат муда во лице да кажат не те сакам не си за мене. Колку и да е болно кога тоа го слушаме од саканата личност боље искрено така да ми каже отколку да бидам со него само затоа што му е страв да е сам или му е страв да фрли долга врска во вода.

    Бев во ваква ситуација пред 3 години и ни тогаш му се љутев што во лице ми кажа дека не ме сака и дека не е среќен со мене ниту па сега после толку години сум му љута. На против колку и да ми беше тешко тогаш за мене вреди повеќе тоа одколку да останеше со мене ради реда а ја да му бев некоја утешна наградна а не она вистинското.

    Мене не ми е јасно зошто викате дека се е џабе, џабе труд, џабе помнати години... Не е џабе! Тие години додека биле убави и додека им било убаво не се за џабе ами се убав спомен и искуство во животот. Мене многу посебично и подрско ми е да врзам некој за себе само затоа што сме биле долго во врска и очекувам да ме земе, него ли некој вака да ме напушти. Врската не е орање нива па ако не даде плод да викате џабе ја орав цело лето и цело зимо, ами нешто што треба да е избор на двајца луѓе. Прв избор а не од што се мора, од што не сте нашле подобро, од што ви е страв да сте сами на 30 години, од што пекате деца да раѓате зошто биолошкиот часовник куца, од навика, од што ви е страв да градите нешто ново и да запознаете некој нов човек.... Пак ке кажам во последно време во моја околина има парови на кои врските им траеле подолго него бракот со истиот тој човек така да за успешен брак не се потребни 100 години врска ами двајца луѓе кои се сакаат и кои сакаат секое утро да се будат еден покрај друг и да заспиваат еден покрај друг.

    Има избор ако сака, доста праите 30 години ко да се 100 години. Нема избор за ужаљени и очајни девојки кои не знаат да уживаат во животот ами во секој кој ке им намигне на шанк гледаат потенцијален сопруг. Мене ко на женско ми се одвратни таквите а не па на мажите. Зошто да нема избор за убава, ситуирана, паметна 30 годишна девојка. Баш напротив за тие има поголем избор пошто поместена е границата во денешно време. 30тите се новите 20ти.
     
    Последна измена: 14 февруари 2017
    На Anon, mareane, Milobebence и 27 други им се допаѓа ова.
  5. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    2.990
    Допаѓања:
    77.260
    Каде со овој памет бе девојко, аман!

    Во однос на проблемот, и јас ќе се сложам со оние кои велат дека дечково е многу храбар за едно вакво признание после толку години врска и истата постапка од негова страна е за почитување. Разбирливо е сега девојкава да е револтирана и разочарана, ама кога после ќе гледа на ситуацијава од дистанца на пет или десет години, ќе и биде јасно што сме мислеле со овие ставови. Сигурно не му било лесно и нему, којзнае колку време го обмислувал тоа во глава, ама ете, се решил да расчисти на време.

    Многу подобро вака, отколку да и направи на девојката две-три деца, да ја затвори дома со децата и свекор и свекрва, а он да шета со други жени. Вака ја ослободил за и двајцата да си ја бараат среќата со нови луѓе.
     
    На evangelina.ina, Trxmx, LadyC и 7 други им се допаѓа ова.
  6. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    1.514
    Допаѓања:
    2.065
    Пол:
    Женски
    А извини, маж не знај дали некоја сака или не 9 години?? Или е малоумен или нездрав, извини на директноста. Не се 9 дена бе. Еве се ставам во негова кожа. Колку време ти треба ти да знајш дали некоја сакаш или не. 9 години?? За кое сожалување зборваш, ако тој не ја сакал ШО МАЈКА БАРАЛ СО НЕА ТОЛКУ ВРЕМЕ АЛО??
     
    На Donna96 и sj *O* им се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    10.134
    Допаѓања:
    56.893
    Пол:
    Женски
    Не е дека не ја сакал, љубовта се стопила. Толку. Се случува. После долго време знае да исчезне ако не се одржува и ако стане навика.
     
    На Trxmx, Ingvild, crazylady и 7 други им се допаѓа ова.
  8. ***nekoja***

    ***nekoja*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2015
    Пораки:
    496
    Допаѓања:
    873
    Пол:
    Женски
    низ нешто слично поминав и јас..знам дека не ти е лесно и каква и да донесеш одлука нема да ти биде лесно но подобро дај му разговарај со него дај му време да размисле ако сепак не сака да сте заедно подобро стави точка зошто ако ја продолжеш врската да за те одалече од себе ке почне грубо да се однесува со тебе да те повредува (психички) и потешко ке ти е од искуство ти кажувам...ако раскинете нема да ти биде лесно ама к се научеш да живееш без него ке ти фале кекоја минутка секоја секунда....ама ако останеш со него може утре и со дете да се оставете...каква и да донесеш одлука треба убаво да размислеш..тука секој ке ти даде совет остај го или продолжи ама сепак одлуката ти треба да ја донесеш...срекно и дај боже да се средете...
     
    На Donna96 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Женски
    не бива со сила убавинааааа...дефинитивно,но во конкретниов случај може прсти умешала и 3та особа...
     
    На ***nekoja*** и mimiiiii им се допаѓа ова.
  10. QweenSM

    QweenSM Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    2.331
    Допаѓања:
    16.145
    Пол:
    Женски
    И јас, како и сите други членови, ќе кажам дека со сила убавина не бива.
    Долго време е 9 години да, но кога не бива нешто, неможе така да го туркаш. Ако не се потрудат двете страни, џабе е се.
    Сите знаеме дека кога ќе се прекине врска, е како да земале голем дел од нас. Исплачи се сега, а за некое време ќе ти биде полесно што си се тргнала од личност која веќе не те сака.
    Времето лечи се, ќе помине, и ти ќе бидиш среќна со друга личност која ќе те сака и заслужува.
    Јас сум пример за тоа. :)
     
    На Donna96 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    956
    Допаѓања:
    7.422
    Пол:
    Женски
    Познавам многу парови кои после доооолги години врска стапиле во брак и после кратко време се развеле. Типичен пример: Пар после 10 години врска се земаат, после месец дена се разведуваат и таа со полиција си ги зема алиштата од кај мажот.
    Подобро е да е спречи, отколку да се лечи.
    Разговарајте и резимирајте. Ако не постои место за стапување во брак, тоа е.
    Со сила убавина не бива...
    Жалосно, но така е...
    После дупли нервози околу разводи, брако-разводни парници, влечење по судови...
    п.с. Дали си 96-та или ти е рандом ставено името? Ако си, тогаш тоа објаснува многу. Мислам дека сте заедно од деца, сама викаш дека ти е прв дечко. Што ако едноставно не е созреан или неизживеан? Девет години не се малку.
    Мислам дека заслужуваш побра среќа!
    Go ahead!
     
    На Donna96 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    1.514
    Допаѓања:
    2.065
    Пол:
    Женски
    A i toa mozi, da da, nema da e prv pat. Spored mene se sto e podolgo od 5 do 6 godini - ili brak ili kloca. Posle toa sekoj mozi i da vlezi vo vrskata i da ja rasturi i sl.
     
  13. ***nekoja***

    ***nekoja*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2015
    Пораки:
    496
    Допаѓања:
    873
    Пол:
    Женски
    се согласувам има шанси да постое 3та особа
     
  14. MissHell

    MissHell Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2016
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Izvini vaka, ama vasata vrska ne e vrska kako site vrski tuku e navika. Site znaeme deka ako posle 9 godini ne se vencaat taa vrska propaga i za kratko vreme naogaat drugi se mazat se zenat i toa e. Ako navistina ti e stalo do nego raskini mu. Ako toj navistina te saka ke te bara ke te moli. Jas bev vo 5 godisna vrska. Vrska pekol! Jas bev taa sto ja drzese vrskata. Me izneveruvase, me tepase, mi raskinuvase i jas pak so nego bev. Na kraj mi pukna film. Site odea napred jas se vrakav nazad i mu raskinav. Srceto me bolese placev postojano. Posle nekolku dena koga vide deka sum seriozna so raskinuvanjeto pocna da me bara kako nenormalen. Pocna da sme sledi niz grad kaj odam sto odam. Pocna da mi sedi pod prozor navecer. Pocna da me moli preku drugari da pram samo muabet so nego i se soglasiv.. koga se vidovme me zaprosi za da dokaze kolku me saka. Vo toj moment sekoja zena koja neizmerno saka nekogo kako sto jas mislev deka go sakam nego ke bese presrekna i ke kazese DA DA DA! Jas vo toj moment osetiv gadenje i omraza sprema nego, najverojatno se sto mi prael mi preleta pred mene i normalno mu kazav NE. Ama ke se smenam, ama ova ama ona.. djabe. Jas prodolziv dalje. Site tie pred koi me umaluvazuvase, me vregase, me tepase, me izneveruvase ostaa so istite devojki site se vencaa i imaat decinja. Samo toj ostana sam. I jas prodolziv dalje se omaziv i imam decinja. Zatoa ti vikam raskini mu ti i vidi sto ke napravi pa posle odluci sto kako. Edit: i ke te boli i ke mislis deka e do tuka svetot deka gotovo zavrsi se za tebe deka bez nego nema da prezivees deka toj ti e se i sto sega ponatamu kako bez nego i seto toa ke pomine i ke najdes od nego sto pati podobar koj ke te saka neizmerno i ke ti odi po keifot i koga ke te vidi ke ti vika te sakam na sekoe! Veruvaj mi deka koga ke vidat drugite deka si slobodna ripka vo moreto ke se iznenadis od faktot koj se ke ti pise i ke te vikne kafe da piete. Od iskustvo veruvaj mi! Podobro ke e za tebe bez nego. Osven ako ne paga vo nesvest da te moli da go primis nazad pa... da ne mozes da mu odolees. :) ama i vo toj slucaj ne si nacisto so takva osoba koja go menuva mislenjeto kako sto duva vetrot. Utre koga ke imas dete ke ti treba stabilna osoba do tebe koja ke te ostavi da spies vo 3 po polnok i ke go rani bebeto a nema cel zivot da ti vika so sila te zemav zs me molese!
     
    Последна измена: 16 февруари 2017
    На evangelina.ina, Trxmx, Ingvild и 5 други им се допаѓа ова.
  15. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.080
    Пол:
    Женски
    Ве прочитав сите како кажувате остави го, не те заслужува..Да, но размислете малку не и е лесно сигурно тоа се 9 години алоо.. Треба време за да го преболи не оди тоа така.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Бисерче95

    Бисерче95 Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2017
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Подобро сега секој по своојот пат околку во брак да се разведувате па со деца и тие да патат и мака и трауми да имат.Ова уште на почеток е осудено на крај..Немој секој по својот пат не е тој вистинскиот затебе повееќе од јасное!поз се најдобро
     
    На Donna96 и Victorian им се допаѓа ова.
  17. ZAHRA

    ZAHRA Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2016
    Пораки:
    1.071
    Допаѓања:
    14.659
    Пол:
    Женски
    Имаше еден пар одеа 10 години,дечкото нејзин на секое девојче пишуваше на фб,таа кутрата премолчуваше и ред други работи.Потоа без збор замина во странство нашол некоја друга,а неа ниту и раскинал само кажал преку други да не го барала.Кога се вратил се перчел како паун со новата девојка.Девојчето за грев коска и кожа се направи,плачеше само викаше "што ми направи",но сега е добра и цврста особа продложи со својот живот.Ниту еден маж не е достоен за некоја девојка ако ја навредува,малтретира,вара и ако не му значи.
     
    На elimkd, Emy867, Adi888 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.676
    Допаѓања:
    51.753
    Нема да биде лесно и нема да биде веднаш, но ќе помине. Со тек на време можеби ќе сфатиш дека и твоите чувства се поинакви. Не се брзај, дај си време, да преболиш, да разбереш, да ти биде подобро. А дека ќе ти биде подобро, ќе ти биде. Чувај си здравје само, секакви убавини чекаат на тебе. Со среќа
     
    На Nausicaa и duffi им се допаѓа ова.
  19. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    66.520
    Пол:
    Женски
    Ako nekoj resil da te ostavi ti ke go molis so sila da bide so tebe zosto za da te sozaluva.Sega ke se zemete i ke ziveete kolku radi reda za potoa seto ke pukni i koga ke vidis deka samo badijala si gi ispustila najubavite godini .Casata ednas koga ke se skrsi kolku sakas lepija pak ke bide skrsena .I uste nesto sama ako ne se sakas ,cenis i pocituvas ne ocekubaj go toa od nikogo ....
     
  20. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    10.109
    Допаѓања:
    149.385
    Пол:
    Женски
    Сметам дека ова е глупаво генерализирање
    Подолго од 5-6 години или клоца или брак?

    И после 1 месец секој може да влезе во врската и да ја растури. И после 10год.
    Ама ако се двајцата карактерни, ни по 1 месец ни по 10год нема да дозволат никој да им влезе во врската.

    Демек едно парче хартија наречено - извод од матична книга на венчани, ве прави верни?!
    Не знам дали да се насмеам или да плачам. Ако мене хартијата ме врзува да не изневерам, одма барам развод.
    Хартија..газ папир хах:D
     
    На evangelina.ina, simonka93, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.