° Уште Преспанскиот договор, и во ЕУ сме.. ° Уште договорот со Бугарија, и во ЕУ сме... И така...... 20 години... Никаде не мрднавме, државата ја изгубивме..
Имаат право да дојдат нели? Кај беа нашите патриоти од странство да се натоварат во авионите или доволно е профилна со знамето од Вергина?
Апасиев директно учествуваше во рушење на Република Македонија и легално избраната власт. Типчето ги боеше спомениците, затоа што биле посветени на македонски патриоти, земаше пари од СЈО. Почна да се курчи со национална реторика, затоа што знаеше дека тоа ќе помине кај масата, за да се довлечат до собранието. Сега веднаш почна да ретерира од своите ставови и да ја спушта топката. Кај беше Апасиев на протестот за Гоце Делчев?
Тоа и реков. Не очекувајте нешто добро од комунисти. Најголемото зло во последните 2 века е комунизмот. Гледаш ли кај удира Апасиев, кај младите. Бидејќи разумен човек е тешко да разубедиш. Обично сите млади се наивни така да од таа причина тој ја има нивната подршка.
Тражили сте гледајте што мајка не излеговте на гласање? Од корона страв да ама од кафичи полни и паркови не е страшно бројките не рипнаа нешто драматично после гласањето. Еднаш зезнаа работа не издржаа ни цел мандат, пак ке зезнат не дека другиве се цвеќе далеку од тоа.. Тој името го продаде, сега и историјата ќе сме влегле во еу со плата од 14 500 да... ама 30 000 ќе беше кога? Каде е таа плата? Народ без националност, историја и јазик ќе станеме, веќе стануваме. Го заболе за името и историјата си лапна пари уште 3 генерации да уживаат ќе избега како Грујче ќе му се фатат... Во своја држава не граѓани од 2 ред од трет ќе бидеме, ќе отпуштале 30 000 илјади државни административци, толку ќе вработат ама од другите ние робови ќе станеме како што биле црнците во минатото. Ако на глупо македонче така и му треба.
Демек ако не гласаше народот ќе се сменеше нешто? Имаше референдум, бојкотираа, никој не гласаше и што се случи? Ова е протекторат не е држава.
Требаше да гласаат не да не гласаат, требаше да излезат ако не сакаа овие пак на власт да дојдат. Не излегоа на сдс им дојде ко 1 на 10 сега ќе си праат што сакаат.
Договорено беше Заев да остане на власт. Сдс не победи на изборите, резултатите се фалсификат. И Дуи си полни кутии на велико. Со гласање ќе ја оправале.
@Cka ти го прочитав само првиот пост, ќе застанам на тоа, значи до толку ни отиде надоле работава со државава што веќе нема место за коментари, мислења..дно дна сме..сами сме си виновни и нашите продадени политичари..толку..затоа како велат, на младите светот останува, на старите македонија...
Смешно ми е што мислите дека малцинството еве сега со овие избори доби посебни права, или дека да победеше вмро ќе беше поинаку. Факт е дека од 2000та навака албанците си работат активно за се ова што имаат сега, а никој не им се побуни. Ако денес имате возрасен Албанец што завршил градинка, основно, средно и факултет исклучиво учејќи на албански јазик, тоа не го добил у 2020 да се разбереме. Не барајте спас во политичките партии, затоа што македонските политички партии си го гледаат само сопствениот интерес. За жал. И така... останавме небитни, омаловажени, без правда, без права, замолчани. И кој и да дојде на власт, ќе прави влада со дуи, а ние ќе продолжиме да тонеме. Толку проклето многу сум разочарана од државава
Ова со албанците многу лесно се решава, реално не се ни 15%,сите се раселени по странство. Нека се направи: 1..Една изборна единица 2. Отворени листи(секој глас се важи) 3. Гласачите да се регистрираат за да може да гласаат. Левица бараше вакви промени, сега, на овие предвремени парламентарни. Зошто сдсм и вмро се плашат Македонија да има една изборна единица, на Албанците ноќна мора им е тоа ? Затоа беше потребно изборните едници така да ги средат,(видовме какви имаше измени во 5 и 6 ИЕ) да изгледа дека којзнае колку Албанци живеат во Македонија. Нема ни 15 пратеника да имаат. Ама нашиве продаени души, никогаш не се залагале за државава да оди напред, да просперира, да имаме добар стандард, и се тепаат која партија повеќе ќе им удоволи на албанските партии, а гледаме како тие сето тоа го искористуваат.
Не беа само вмро и сдс партии кој беа во игра имаше и мн други... народот овој пат имаше повеќе избор.
Па да не се прајме наудрени дека баш исто беше, немаа Дуи олкава власт до 2017, сега се презастапени и во министерските фотелји и два премиера си имаат (едниот е зоки под нивна контрола). Факт е дека Заев на Албанците им даваше разни ветувања во замена за нивната поддршка и ете ветеното го спроведува, и повеќе од тоа. Воведе нови пракси, утре вмровците да дојдат на власт, пак ќе “мора“ да се придржуваат до ова до сега имплементирано. Како Бранко кога во 90-те прв поставил модел на коалицирање со албанска партија (Пдп).... или кога во 2002 прв направи коалиција со Дуи (расформираната учк), па во 2008 Груевски постапи исто (мајски договор - победник со победник). Се ова е шема порано проверена како функционална.
Попис за време на оваа владеачка гарнитура, НИКАКО!! Ќе биде тежок фалсификат, исто како со изборите,а само македонците катастрофално ќе изгубиме.