Тој закон е објавен во службен весник без Указ од претседателот и спротивен на устав. Затоа ниеден правник не го признава тој закон, а за директорот на сл весник има кривична. Законот е пред Уставен ама стои у фиока.
Избришани се последните мислења со навреди и провокации. Продолжете да дискутирате смирено и без лични препукувања или ќе следуваат банови од темата. Едит, @Ева33 е банирана на три дена од темата.
За разлика од тебе завршив правен и добро знам кога закон не е закон. Кога уставен ќе го поништи законот, сите трошоци кои се направени заради него ќе треба да се вратат. Јас не почитувам неуставни закони и знам хиерархија во правото. Ти се потчинуваш на закон кој формално не постои.
Не за кон ски!! Како да ти објаснам, без Указ е тоалет хартија. Директорот ќе одговара кривично за тоа. Прочитај устав малце.
Ако некој треба да одговара, нека одговара... немам јас ништо против. Работата е што сега државата го има веќе усвоено и веќе го спроведува.
Ама објавата у службен весник не е побитна од указот... Тоа ти е како документ од некоја фирма на која не се потпишал директор, а ако не потпишал не стои фирмата зад тој документ. Не може работникот е е побитен од директорот. Работата е што се спроведува и се прават трошоци кои ние ќе ги плаќаме.
А нели и да е службен, под услов да е сé регуларно, би бил втор службен? Што би значело дека сепак сите мора да знаат македонски како прв службен јазик? Те цитирав тебе, дека може знаеш, а чисто ме интересира.
Да, треба. Ние сме единствена држава каде децата учат на албански, а немаат еден час, македонски јазик. Ко што имаат англиски, француски... Барем тоа да имаат да можеме да се разбереме по институции, да може да каже одете кај колешката, а не да те одминува и со мимики да ти кажува.
Најидеално би било ако не сакаат да учат македонски да немаат право да работат во државна институција. Па нека бираат слободно да не учат.
Според мене тоа е чиста провокација. Таков им е стилот. Ретки се тие од приватниот сектор што би вработиле некој исклучиво според националност, ако не е доволно квалификуван а уште помалку да не знае македонски. Така да и да го донесат законот, нема многу да сменат, освен што тоа ќе значи уште едно омаловажување на македонците, што им е и цел.
Не знам, чекав ред у основен суд, дојдов на ред, викам документиве треба да се заверат и апостил да се стави и со прст ми покажа дека на шалтерот пишува шкиптар, и после покажа на жената до неа на следниот шалтер, и чекав ред у македонскиот шалтер не прозборе. Имав колега кој самошто вработен, му дадов материјали да се запознае што работиме ( ова на времето на старата работа) и ми рече, јас не баш добро со македонски, не можам да читам ова... И не му дававме работа...
Да, ама сепак и работодавците треба да им плаќаат плати. Не се 100% ослободени од плаќања. Ако не се квалитетни работници, иако би добивале 'субвенции' за нив, сепак загубата би била поголема или евентуално би биле на 0. Може грешам со ова, ама дека е провокација и класичен обид за омаловажување на македонците па дури и на малцинството кои се образовен и квалитетен кадар, е.