1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правата на мнозинското население во Македонија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Cka, 17 септември 2020.

  1. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.815
    Допаѓања:
    12.226
    Пол:
    Женски
    Така е, дури и на одредени клиники јавна тајна е дека директорите албанци вработуваат персонал исклучиво албанци(facepalm)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  2. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.406
    Не предложив ништо, едноставно политиката што ја води ДУИ е погубна и им се обраќаат на најотепаните со надеж да си го кренат рејтингот. Но и кај нив има многу прогресивни сили што не паѓаат на тие финти.
     
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Исто како што директорите кои се од ВМРО, вработуваат ВМРО-вци и роднини и пријатели.
    Директорите од СДСМ, вработуваат СДСМ-овци и роднини и пријатели...

    Системски е тој проблем, не е поврзан само со албанците.
     
    На tessie, BloodElf, raww и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    работата е ама што,бар не отидоа, за сега, до таму да предложат субвенционирање на вмро-вски/сдсм-овски вработувања во приватен сектор.
    --
    И еве, некој нека ми каже, чиви вработувања во приватен сектор ќе се субвенционираат во Западна Македонија? Проблем им е на Албанците во Тетово да дојдат на ред за работа од Македонците, или на другите етникуми им е проблем ради Македонците?
     
    На Tanjamm и Anie93 им се допаѓа ова.
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.692
    Пол:
    Женски
    Не е исто..бар според мене не.
    Пошто едново е на партичка другово е на национална основа.
    Плус помладиве Албанци везе си немаат македонски.Мене тоа највише ми смета кога станува збор за такво вработување,на етничка основа.
    Влези во Чаир, во Тетово во Струга во продавница прво на албански ќе ти прозбори.
    Тетка ми до скоро работеше во фирма кај што газда е Албанец или Косовар не знам шо беше, и имаше памтам некои ,,нови правила во фирмата” на еден наш да има еден Албанец колега.
    Таа што работеше со тетка ми заедно, ја сменија а баш си беа здружени.Од кога ја сменија жената, тетка ми ем немаше друштво ем потешко ѝ беше пошто со новата колешка не можеа една реченица да разменат.
    Типката не знаеше македонски.И сѐ беше поотежнато и напушти работа. Не можеше да се разбере едноставно, немаше ни тимска работа ни бутур.
     
    На deskarada, Tanjamm, Anie93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Сеуште е во фаза на предлог тоа.
    Не е донесена одлука.
    Сега, она што можиме да направиме, е да вршиме притисок да не се усвои.
    И не само ние, како поединци, туку и бизнисите, кои директно ќе бидат засегнати од нејзе.

    Да имам јас фирма, нема шанси да дозволам да ми кажува некој кого да вработам.
    Ќе вработам оној кој е стручен, а не оној кој бил албанец/македонец, припадник на нечија партија, роднина, пријател, додајпожелба
    Такви 'параметри' не смеат да играат никаква улога во одбирањето на квалитетен кадар.

    Што е случај во сите државни фирми, и упорно има народ кој се бутка да се вработи 'преку ред', по истите тие 'правила'.
    Исто е.
    Скроз е исто.

    Повикај се на постов.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ева33

    Ева33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.213
    Пол:
    Женски
    Абе што читам не ми се верува (facepalm)

    Дали граЏансвото( ес-де-ес-овците) се бунтува против Македонците?

    Владава прави глупост, граѓанството„Ама во време на Грујо".
    Владава прави нова глупост, граѓанствово„Ама во време на.." сонциња и комити"..

    ВМРО не се на власт повеќе од 4 години, ДРЖАВАТА НИ ОТИДЕ ОВИЕ 4 ГОДИНИ.. . Алоооооо...

    Прашањето е што прави оваа влада освен глупости, шиткање име/идентитет/историја, јазик, територија??

    Никој, никогаш Албанец нема осудено карта на голема Албанија, УЧК, и национализам.
    Но затоа нашиве борци за човекови права и слободи и "независното граѓанството" бруси шахти, им смета Сонцето од Вергина, карта на голема Македонија.

    Која калакурница човече....
     
    На slobodka, orevokrsacka, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    4.846
    Пол:
    Женски
    Епа заради вакви закони, затоа лека полека сите ќе си отидеме од тука
     
    На Tanjamm и Ева33 им се допаѓа ова.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.692
    Пол:
    Женски
    Искрено мене не ми е исто бидејќи не сум човек што го занима кој со каква партиска книшка е.
    Да треба да сум работодавец прво ќе вработам некој што знае македонски.Значи мора да знаат луѓе.Живеат овде.
    Ако не збориш на ист јазик или ако не се разбирате како ќе функционира претпријатието?
    А да е на основа на партиска книшка голема работа.Нема книшката да збори и да работи туку луѓето.
    Не знам можда не ми е добро размислувањето.
    Не дека ми сметаат Албанците али ми смета тоа што неќат едноставно да учат македонски, нивниот јазик е сѐ поинволвиран во нашево општество и не осеќаат потреба да знаат македонски.За мене тоа е непочитување.
     
  10. spacegirl92

    spacegirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    2.588
    Пол:
    Женски
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Ти сметаат.

    Ако ти треба вработен кој знае македонски, ќе вработиш таков кој знае македонски.
    Ако ти треба вработен кој знае албански, ќе вработиш таков кој знае албански.
    Ако ти треба вработен кој знае германски, ќе вработиш таков кој знае германски.

    Ме разбираш?

    Каков кадар бара одредено место, таков ќе вработиш, а не 'ради услуга' на некој си ојле-дојле.
     
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.248
    Допаѓања:
    124.538
    Вајлд, темата е Албанците и нивните права не партиските. Имаш тема, оди пиши таму. А не да викаш, ако може партиски може и по националност.
     
    На Tanjamm, Anie93, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.466
    Допаѓања:
    82.134
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто воопшто дискутираме за нечии фантазии за субвениционирање вработувања по етничка припадност.
    Вакви желботеки без резон треба да се игнорираат ,а не да им се дава важност.
     
    На BloodElf, g8lQQk и WildMk им се допаѓа ова.
  14. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Ми се исклучи мобилниот (снема батерија). Добро што сега се зачувуваат мислењата што си почнал да ги пишуваш:)))) па од десктоп го има.

    Работата е што не ни мора да ти кажуваат. Ти нудат субвенција. Сакаш вработи, сакаш не. Сакаш аплицирај за субвенвијата, сакаш не. Ти како фирма не си погодена од ваква мерка,напротив, ти добиваш пари од државата зза да вработиш. Од мерката добива и тој кој ќе го вработиш ако е од друг етникум. Едини кој губи е оној кој не е од тој етникум, а кој можда се пријавил за истиот оглас ко,ј ти си го објавила со намера да ангажираш малцинство ради владината мерка. Освен, нели, ако отворено си објавила оглас дека ова е само за малцинствата. ццц
     
    На WildMk и Feminka22 им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Шо знам...
    Низ нос ќе ти излези таквата субвенција, ако вработениот бил помалку сручен и одговорен, од оној кој не ги исполнува условите за добивање на истата...

    Иначе, во право си, ќе има и такви, кои на ова ќе гледаат како на предност.... за жал...
     
    На BloodElf и zhap4e им се допаѓа ова.
  16. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    Правата на мнозинското население, искрено ми се гади од темава, исто како и од новиот закон што сакаат да го донесат за субвенции за вработување на Албанското население. Сите ние сме исти и не треба да имаме посебни правила ни привилегии. Зар во 2020 сеуште ќе се делиме по националност и по раса?! Темата е националистичка исто како и новиот закон, се враќаме во времето на Хитлер. Правиме поделби помеѓу народот. Па што оти сме мнозинство, па што оти се малцинство, сите треба да ги имаме истите права. Единствена привилегија за вработување треба да биде паметот. За жал изгледа него го немаме. Срам не било и нас Македонците и нив, Албанците.
     
    На Luminary, BloodElf, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.241
    Допаѓања:
    166.056
    Да имаш ти пазарно базирана фирма, значи зависи од перформансите на вработениот, да знае македонски, англиски, шпански, секако ќе вработиш таков. Ама да имаш фабрика со механичка работа, на лента на пример, сееедно ти е кој што збори, треба да има две раце само. Во тој случај на Џонсон му е поевтино да вработи Албанец на лента, не само што нема да плаќа придонеси, туку и субвенции ќе добива, он уствари ништо не го плаќа вработениот плус екстра пари ќе му останат. Секако, ќе ги вработиш и роднините на министерот на директорки места, пошто министерот му ги одобрил субвенциите;)
    И затоа, ќе си пишуваме вака, од далеку:(
     
    На Luminary, Tanjamm, KateKane и 2 други им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Во превод, само Уставен е 'лекот', ако ја изгласаат оваа глупост.
    А и Уставен како ќе пресечи, и тоа е знак прашалник...
    И ко ќе видиш...
     
  19. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.692
    Пол:
    Женски
    Јас те сфаќам тебе.Ти не ме сфаќаш мене Вајлдке..
    Пробувам да ти објаснам дека не е исто на политичка и етничка основа кога се вработува.
    Поготово за мене не е исто бидејќи стварно не ми е гајле кој на која партија ѝ се улижава.
    Ама битно ми е да знаат македонски бе.
    Било кое етничко малцинство.
    Оди во Германија и почни да им збориш на англиски, нема да ти одговорат и да те разберат бидејќи си го ценат јазикот.
    Во Грчка фала Богу во некои места не разбираат ни ,,а” од англиски па мора по менито да шантраш за да се разберете.
    Некои работи мора да се почитуваат.
    Сакаш да живееш овде, научи си македонски па после работи што год сакаш.
    Нема да заборавам у јуни кога вадев државјанство кога пополнував на еден дечко документи.
    Абе на 21 година да не знаеш најобичен формулар на македонски да пополниш, а живееш овде?Срамота е бе луѓе.
    Они веќе не се ни замараат да знаат македонски.
    И као ќе се разбираме после ај да ве прашам?
    Ние ќе треба да учиме албански?
    Мојот став е ваков бидејќи пред 6 години кога отидов на курс во Германија, прво во школото уште одма нѝ рекоа.Овде се збори исклучиво германски, прво ако сакате да научите нешто, второ во Германија сте..
    А кај нас ( од прва рака знам ова, мајка на најдобра другарка е женава) професорките по македонски им ставаат двојки колку да пројдат а немаат една книга прочитано, еден тест решено или едно домашно напишано бидејќи не сакале/не биле заинтересирани да учат македонски
    Знаат дека као шо тргнало дека нема да им треба да го научат и мене тоа ме нервира највише.
     
  20. Ева33

    Ева33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.213
    Пол:
    Женски
    А зошто работата да дојде до уставен суд, кога одлуката ја носи мнозинството во владата, т. е. владеачката партија-Сдс, составена од македонска етничка припадност?