И надвор и секаде. Познавам такви кои живеат во странство, па не го зборуваат јазикот на државата во која живеат.
Предлогот на Груби е научна фантастика Кој тоа Албанец ќе ти работи за 15000 8 часа дневно?? Кој тоа претприемач ќе прими кадар кој до вчера продавал семки и чорапи на пазар а сега треба да му биде магационер, на пример. Секоја чест за учени и докажани луѓе без разлика на националност. И да, дуи ја рушат Македонија одвнатре на национална основа со рекет и притисоци врз фирмите кои се водени од Албанец сопственик. На секои 5 македонци по 20 албанци се селат од државава. Гарантирам. Се помалку образовани и чесни албанци остануваат во државата. Остана само криминалниот џган кој сигурно нема да работи 8 часа легална работа за најмногу 20000ден месечно
Се додека се гласа за Заев, исто ќе биде. Резултатот да беше како на минатите избори, Заев пак ќе им субвенционираше вработувања на учк, коалиција со нив секако требаше да прави. Ем, Вмро победи на изборите а го премолча фалсификатот. Ова е се режирано. Јас гласав во последен момент зашто видов дека излезност има па мојот глас та бил, та не бил, си реков нека го биде за да не го злоупотребат ливчето. Но поарно да не си го трошев времето, исто ко да не гласав.
Да бе, 'није се десило'. Ти кажувам дека познавам еден куп кои живеат во странство, па не го зборуваат јазикот на таа држава, посебно не на почеток. А знам и такви кои и после децении живеење во странство, сеуште само македонски зборуваат. Битола е исселенички град. Повеќе од пола фамилија и пријатели ми се во странство.
Јас сум за еднакви права и можности. Дури и извесен период години "туркање" на вистина маргинализирани групи за можностите да носат до еднакви права. Албанците, не спаѓаат таму и впрочем многу други малцинства. Тука спаѓаат луѓе кои се бркани од работа или не примани ради тоа што се. Ако сме многу реални, тоа би биле ромите во помали места. Тоа би биле отворено лгбт лица, пак, во претежно помали места. Мајки кои од кога ги пуштиле на породилно ги испуштиле од работа. Групи кои вистински имаат потреба од помош. И тоа привремени мерки дур луѓето се навикнат дека сите се луѓе и дека се способни да работат нели. Не да е норма и да трај долг период. Во спротивно мора да има еднаквост. Се прима на факултет ради квалитет, се вработува ради квалитет. Ако во фирмата има 80% македонци и 20% малцинства али се квалитетни - супер! Ако не нека се и 100% по некој етникум, пол, било која друга категоризација. Важно е да се прима квалитет. Само со квалитет можиме да просперираме, нема алтернатива.
Многу е добро твоево мислење пред се да го презентираш пред ЕУ која прави јасна разлика помеѓу еу граѓани и останати. Или во Бугарија или Грција на пример. Да таму национализмот е во облаци од его. Ние оаза на мирот, свиткана кичма бла бла Другите смеат како сакаат ние не смееме да се гордееме со историјата традицијата знамето химната,, нели? А кога ќе влегуваш нареден пат во Грција или Хрватска прашај ги на царина зашто си дискриминирана и нерамноправна да поминуваш на посебен терминал кој е со ознака No Eu Citizens! Зашто нели сме сите рамноправни во светот, или можеби не?
@WildMk ако некој сака да е на повисока функција е само фер да го збора јазикот на државата за да можи да се разбери со мнозинството. И јас сум од Битола и пола фамилија ми е странство. И постарите генерации кои заминаа пред 30+ години имаат проблеми со јазикот до ден денес ама се способни за површна комуникација. Можат да се разберат во продавница, ама и на работа која патем му е доминантно физичка пошто не го научиле јазикот квалитетно. Да го научеле, ќе можеле да пркнат на друг вид на работно место како нивните деца и внуци кои како родени и образовани таму јазикот го знат феноменално. Така да не можи да се очекува дека некој шо не знај јазик дека ќе можи да заврши факултет на тој јазик, и ќе се вработи на место каде доминантно се збора на тој јазик. Ако ова се овозможува, нешто смрди. Али секогаш има работи кои се физички каде не е потребен јазик.
Еве, ви пишувам од странството. За да добијам државјанство мора да го владеам јазикот и културно историските специфики на земјава. Мора, значи потврдено со испит од државна комисија, кајшто сум код, не име и презиме. Толку. Како за мене, така за Кинезите, така за Турците. Поевтино им е да ми субвенционираат интеграциски курс отколку да ми вработат доктор, судија и банкар со кој ќе можам да се разберам, нели? Ама Македонија е богата земја, што е проблем тоа Значи акцент на интеграција и дезинтеграција молам
Ок.. познавам луѓе кои не зборуваат воопшто на јазикот кој е државен во земјата која живеат, ама немам начин како да ви докажам, па ќе морате да ми верувате на збор. Ако сакате... Ако не, не мора.
Леле Вајлд, леле бе жено... Имам некоја почит спрема тебе како човек и затоа ќе се трудам најкултурно да ти објаснам некои работи. Како сакаш сфати ме. Тие луѓе што си зборат дома македонски ама баш никако не се предмет на оваа тема која се дискутира тука. Секој по дома може што сака да си зборува, тоа никој никаде и никогаш нема право да го забрани. Дури и еве мене лично не ми смета доколку се најдат двајца од иста држава во странство да успеат да си завршат работа на нивен јазик, се дури работата е завршена. Кога влегуваш во јавна институција вработениот таму е задолжен да те услужи на официјалниот јазик на таа држава. Не може јас да влезам во државна институција а некој мене да не ми зборува на официјалниот јазик на истата. Не може да отидам да се пријавам во агенција за вработување, на шалтер вработениот да не знае македонски. Не смее да се случи тоа, тоа никаде го нема, џабе прикаски и фантазии дека тоа таму некаде го има. И не знам какви се тие држави кои примаат на јавни, проминентни функции а да не го збориш нивниот јазик. Точно, можеш да работиш во некоја фабрика каде не треба да збориш или камион да возиш, ама кога одиш да се пријавиш за виза, нема македонски зборење таму. Има на јазикот на државата, или евентуално, ако сакаат да ти помогнат англиски. Ако си навистина поборник за демократија, за антирасизам, за антидискриминација, тогаш освен осуда на ова не смееш поинаку да размислуваш. Затоа што ти објаснија и пред мене колку ова не е фер. Во земја каде минималец е 14.500 денари на газда и те како му се исплаќа да не мора ни придонеси да плаќа за некој. И сега јас автоматски сум во конкуренција со националност, а не со квалитет. Ниеден човек не треба да биде привилегиран над другите. Едно е да е еднаков, друго е да е привилегиран. Да е обратна ситуација (тропам глупости) да се плаќаат придонеси за црнци пример, а за белци да не треба има прва да пишеш во темава колку тоа не е фер. Затоа што ако осудуваме привилегии, расизам, дискриминација и етничко подгревање на тензии тогаш треба да се осуди од сите можни страни. Не знам навистина што треба да се случи за да отворите очи ти и уште неколку души за да сфатиш колку ова е штетно за нас кои со крвава пот се пробуваме овде некако местото под сонцето да си го најдеме. Кај и досега бевме утепани од триста други работи, сега во секирации треба и ова да ни е, дали ќе наидеме на приватник кој ќе ме прескокне затоа што на годишно ниво заштедува 100,000 денари ако вработи албанец. Ти објасни @Cka најпросто, буквално и дете може да разбере колку е лошо ова за просечен македонски работник и од правна и од финансиска гледна точка. Навистина не можам да разберам што треба да се случи за да сфатите дека сме дискриминирани во сопствена држава. Еве не можам.
Македонски зборуваат во болница, банка, полиција, училиште? Во кои земји тоа? Еве моите другарки во Германија, Малта, позананици во Нов Зеланд поинаку ми кажале
Ако обичниот народ сака да можи да се разбери со околината - ќе проба да го збора јазикот на околината. Ако неќи да се разбери со околината - не мора. Пошто јас ако одам Норвешка, нема тие таму да пробат да зборат македонски туку јас ќе пробам да зборам норвешки. Дома како ќе си се организираат е нерелевантно и апсолутно нивно право. Јас сфаќам шо кажва Вајлд пошто имам фамилија која не е флуентна во јазикот од државата ама е иселена пред 30-40+ години. Не велам дека не го збора јазикот, едноставно не му е јака страна. И спомнувам кога се иселени зошто има шанси времето да игра улога. Сега искрено не мислам дека има таква опција. Зато и спомнав шо работат, нема смисла да се најдат на места каде треба да збораат, а не знат јазик.
Не само дома, и надвор Реков, не можам да ви докажам, затоа беспредметно е да дебатираме за ова. Не ми треба мене да ми објаснувате. И јас мислам дека треба да го зборуваат локалниот јазик. Ама не го зборуваат сите. Фак ит.
Така е, фак ит, не знаат македонски, имаат предност при вработување у Македонија. И образование исто. Алал
Не е работата дали дома или надвор си зборувале македонски, познаваш ти Македонец во странство што не знае да го гукне локалниот јазик (или не сака), а е министер, или доктор, или работи во општина или во било која државна институција? За тоа се зборува, не бауштелци и берачи на грозје што не знаат јазик и работат за минималец и тоа најчесто на црно.