Правата на мнозинското население во Македонија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Cka, 17 септември 2020.

  1. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    И викаат да знаеш...

    Српски четници, борци, почнаа да си ги превземаат како свои, и убедуваат.. Дури и забегуваат по малку,во филм влезени..

    Но, си имаат леѓа-сдс, и си користат максимално..


    IMG_20200919_172117.jpg

    IMG_20200919_171948.jpg
     
  2. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Кои глупости се случуваат, не знам која е потребата да се доделуваат било какви привилегии.

    Треба да има награди и основи на основа на сработеното или знаењето. Секако, треба помош за социјалните семејства без разлика која националност се, ама и тука треба осет затоа што се почесто има злоупотреба.

    Ама вработување и примање на факултет на основ на националност? Што е до мене, сите професори, доктори, министри и работници нека се Албанци или друго малцинство, ама ако си ја работат работата како што треба т.е ако се подобри од другите кандидати за истата работа.

    Еднаш видов слика, не знам за кој факултет беше, кај што многу мал % од студентите беа женски род и се бараше да се примаат повеќе женски студенти за да има полова еднаквост. Зошто? Ако се пријават повеќе машки што исполнуваат услови за да студираат на тој факултет, нема потреба да се примат девојчиња што се полоши од машките. И истово важи и за националност.

    А за тоа дека многу малцинства тука не зборуваат македонски а се вработени на позиции кај што МОРА да се зборува јазикот на државата кај што живеат... Не знам што да кажам. За доселеници ќе разберам, ама и тие треба до некаде да знаат да се разберат ако сакаат да бидат третирани ко еднакви.

    Со самите албански паралелки во училиштата се влече цел проблем со зборување на македонски јазик. И ова е од порано, не од денешнава власт. Значи не е нов проблем туку е нешто што одамна е веќе проблем.

    Не знам кој имаше пишано погоре, ама греота е да се вработуваат луѓе ради националност а не ради квалитети.

    Се подолу и подолу одиме.
     
    На VDT2906, KateKane, IRBBB и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Најголема "заслуга" за оваа етничка поделба пред се имаат албанските "лидери" кои 30 години упорно играат на националистичка карта.

    Дали си слушнала во некоја нивна кампања досега да се збори за инвестиции, напредок, економија, подобрување и зголемување на севкупниот стандард на живеење на сите што живеат во МК??

    Тие освен, државни вработувања, кој на која фотеља да седне, кој тендер да го лапне, шверц-комерц, и најважно "нивната вечита дискриминација" од страна на Македонците и "нееднаквите права" друго никогаш ништо не понудиле..

    Секојдневно им се перат мозоците по штабови, состаноци, митинзи, и затоа сведоци сме на СЕКАКВО злоупотребување, омаловажување и девалвирање од нивна страна.

    Ги читаме и тука, тие забеганите што беа, што не плаќаа струја, си ги бараа правата, па после се повикуваа на учк...
    Се повеќе и повеќе вакви перени мозоци ќе ги има во иднина.

    Моментално ние сме граѓани од 2 ред, и тоа поради нашите политички лидери, кои освен сопствена корист и богатење, ништо друго не ги занима...
     
    На IRBBB, noteforself, темјанушка и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.800
    Допаѓања:
    25.954
    Пол:
    Машки
    Default за вработување е да биде македонец иако истото не го пишува на хартија. Скоро никој работодавач во помалите градови не е заинтересиран да вработи ром, турчин а уште помалку па албанец.
     
  5. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    А во кои помали градови има албанци? Берово, Делчево, Пехчево, Кратово, Кавадарци, Неготино, ??
    Да ги нацртаме или доселиме албанците ваму?

    Како да се вработи ром, турчин, ако нема соодветно образование?

    Доктори без граници да ги вработиме? Архитекти, адвикати или судии?

    :x :x
     
    На Angie1432, Amellie13 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.056
    Допаѓања:
    188.110
    Тогаш дифолт е во западна да вработуваат Албанец ваљда:?:.
    Како да ти кажам...пишаното на хартија е битно. Иначе може и другачие, на пример вака
    https://dnevninovosti.mk/ja-sum-pero-stojkov-etnicki-albanec-so-bugarski-pasos/

    Имам 40+ години. Кога дипломиравме престиж беше да се вработиш во телеком. Од мојата генерација во средно знам за двајца такви, едниот македонец, другиот турчин. И двајцата беа квалитетни кадри, со завршени телекомуникации на етф. Мене не ме вработија во телеком, не оти сум женско туку оти не сум имала соодветен факултет. Ама може треба да бараме пребројување, дали согласно податоците за соодветно образование има соодветна застапеност на жени на раководни функции на пример
     
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Абе луѓе, според Рамковниот договор, албанскиот е државен јазик.
    Не мора воопшто да зборуваат македонски.
     
  8. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Ај кај што не знаеш не знаеш, не мора да пишуваш барем, никој не ти побара.

    Според Рамковниот договор, ВТОР службен јазик во една општина е каде има 20% жители од другите заедници(турци, роми, власи..) не АЛБАНСКИОТ, ок..

    И покрај македонскиот, се користи и јазикот на таа одредена етничка заедница, а не да не зборат македонски..

    :x :x :x

    Не спинувај, не шири невистини...

    А закон за двојазичност е друга тема..
     
    Последна измена: 20 септември 2020
    На fana и Cka им се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.585
    Допаѓања:
    140.175
    Невистина. Ова со двојазичност е пред две години
     
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    6.5. Кој било друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од населението, исто така, е службен јазик, , како што е овде образложено. Во органите на Република Македонија, кој било службен јазик различен од македонскиот може да се употребува во согласност со законот, како што понатаму е елаборирано во Анекс Б. Кое било лице што живее во единица на локална самоуправа во која најмалку 20% од населението зборуваат службен јазик различен од македонскиот, може да употребува кој било службен јазик за да комуницира со регионалната канцеларија на централната влада, надлежна за таа општина; таквата канцеларија, ќе одговори на тој јазик, дополнително на македонскиот. Кое било лице може да употребува кој било службен јазик за да комуницира со главна кацеларија на централната влада, кој ќе му одговори на тој јазик, дополнително на македонскиот.

    6.8. Кои било лични документи на граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот, исто така, ќе бидат издадени на тој јазик, дополнително на македонскиот јазик, во согласност со законот.
    ..................

    (2) Кој било друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од населението исто така е службен јазик, и неговото писмо, како што е подолу специфицирано.

    (3) Кои било лични документи на граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот, исто така, ќе бидат издадени на тој јазик, дополнително на македонскиот јазик, во согласност со законот.

    (5) Во органите на Република Македонија, кој било службен јазик различен од македонскиот јазик, може да се користи во согласност со законот.
    ...................

    (4) Припадниците на заедници имаат право на настава на својот јазик во основното и средното образование на начин утврден со закон. Во училиштата во кои образованието се одвива на друг јазик се изучува и македонскиот јазик.​
    ...................

    6.1. Страните ја покануваат меѓународната заедница, вклучувајќи го и ОБСЕ, да ја зголеми помошта за проекти во областа на медиумите, со цел натамошно зајакнување на радио, ТВ и печатените медиуми, вклучувајќи и медиумите на албански јазик и мултиетничките медиуми. Страните, исто така, ја покануваат меѓународната заедница да ги зголеми програмите за професионална обука за медиумите за припадниците на заедниците кои не претставуваат мнозинско население на Македонија. Страните, исто така, го покануваат ОБСЕ да ги продолжи напорите за проекти наменети за подобрување на меѓу-етничките односи.​
    ...................

    Изложувам факти, не лично мислење.
     
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.585
    Допаѓања:
    140.175
    Државен си пишала. Сега е државен. Тогаш беше на места со 20% и тоа не е државен. Не си конкретна кога пишуваш.
     
    На Ева33 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Копи-паст е текстот.
    Интерпретирај го како сакаш.

    Едит: Ако нешто сакаме да смениме, треба Рамковниот да се смени.
     
  13. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    @WildMk доста шириш невистини тука, и не барај повод за расправии...
    Не си интересна воопшто, и ако немаш попаметна работа, не ја посетувај темава, оти не знаеш веќе и што пишуваш.

    Се знае што е Рамковен, што е закон за двојазичност(овој, последниов, неуставниов)

    Енде...
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Какви 'невистини'?
    Текстот е копи-паст од Рамковниот, кој е дел од Уставот на Македонија.

    Тоа што не ти се допаѓа, е скроз друг муабет.
     
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.585
    Допаѓања:
    140.175
    Леле тоа од Рамковниот е вистина тоа што ти го пишуваш не е.

    Ако не знаеш да читаш закон и устав, бар не се инати.
     
    На Ева33 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Што не е вистина?
    Може грешно разбирам нешто, не велам не...
    Може да цитираш каде е невистината?
     
  17. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Еднаш реков дека не ти враќам повеќе, сега втот пат повторувам.

    Законот за двојазичност(сегашниов) е спротивен на Охридскиот рамковен договор и на Уставот.

    РАМКОВЕН ДОГОВОР дава повеќе права на НАЦИОНАЛНОСТИТЕ.

    ЗАКОН ЗА ЈАЗИЦИ(рамковмиот) 2008, дава јазик на НАЦИОНАЛНОСТИТЕ што се 20%

    ЗАКОН ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТ и ИЗМЕНИ НА УСТАВОТ, даваат права само на Албанците и создаваат БИНАЦИОНАЛНА ДРЖАВА.
     
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Што е спорно?

    Ако не сте спремни да објаснувате и дебатирате, џабе постои темава.

    Што ќе пишуваме, ако не аргументи?
    Ќе се препукуваме со: Ти лажиш/Не ти лажиш ?
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Убаво е дефинирано во Рамковниот дека се однесува на население кое е застапено со барем 20% од популацијата. Затоа е 'само' за албанците.

    Едит:
    Пишав пред некој ден на темава:
     
  20. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Во општините каде има 20% друга етничка припадност, ( не само албанци, може и турци, срби..) не цела држава.

    Во Гостивар "официјални" се три јазика: Македонскиот, Турскиот и Албанскиот....
    Кога има државен празник, се истакнуваат сите 3 знамиња..

    Не се глупирај повеќе..
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.