1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правата на мнозинското население во Македонија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Cka, 17 септември 2020.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    7.1. Во однос на симболите, непосредно до симболот на Република Македонија, локалните власти ќе ја имаат слободата на предната страна од локалните јавни објекти да постават симболи со кои се обележува идентитетот на заедницата која што е во мнозинство во општината, со почитување на меѓународните правила и примени.
    ...........
    (1) Припадниците на заедниците имаат право слободно да ги изразуваат, негуваат и развиваат својот идентитет и особености на своите заедници, и да ги употребуваат симболите на својата заедница.
    .........
    (2) За закони кои директно ги засегаат културата, употребата на јазиците, образованието, личните докумнети и употребата на симболите, Собранието донесува одлуки со мнозинско гласање на пратениците кои присуствуваат, во рамките на кои мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои тврдат дека припаѓаат на заедниците кои не се мнозинско население во Македонија. Во случај на спор во рамките на Собранието во врска со примената на оваа одредба, спорот ќе го реши Комитетот за односи меѓу заедниците.

    И тоа стои во Рамковниот
     
  2. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Значи, не може во Кавадарци да стои албанско знаме, зошто нема 20% албанско население, така.

    Не може во Гевгелија да стои турско знаме зошто нема 20% турци, така?

    Не може во Битола да стои српско знаме, зошто нема 20% срби....така?

    Сфати така??
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    6.6. Во однос на локалната самоуправа, во општините каде одредена заедница сочинува најмалку 20% од населението на општината, јазикот на таа заедница ќе се употребува како службен јазик, дополнително на македонскиот. Во однос на јазиците на кои зборуваат помалку од 20% од населението во општината, локалните власти демократски ќе одлучат за нивна употреба во јавните тела.
     
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.585
    Допаѓања:
    140.168
    Ама болдираш што ти е ќеиф. Не викаш непосредно до симболот на Македонија, а свесна си дека албанското знаме секаде е без македонското. Види ги министрите.

    Албанскиот не беше државен јазик, како што пиша ти, сега е. Ако испревртуваш и толкуваш како што ти е ќеиф, не си спремна за дебата, само за интаење.
     
    На buba4e89, Ева33 и fana им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Не најдов да пишува дека треба до обележјето на заедницата, да стои и македонско обележје.

    Не испревртувам, само цитирам.

    Затоа реков дека треба да се додефинира Рамковниот.

    Едит:
    Имало и за тоа член

    7.1. Во однос на симболите, непосредно до симболот на Република Македонија, локалните власти ќе ја имаат слободата на предната страна од локалните јавни објекти да постават симболи со кои се обележува идентитетот на заедницата која што е во мнозинство во општината, со почитување на меѓународните правила и примени.​
     
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.585
    Допаѓања:
    140.168
    Епа не најде а залепени е до тоа што го постираше. Пред очи ти е и не гледаш оти си заслепени да видиш нешто што нема.

    Не знам што сакаш да докажеш дека албанците ги имале истите права пред 20 години како и денес? Не е точно. Само грабаат се повеќе.
     
    На theowndemon, Ева33 и fana им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Конкретно барав, она на што ми реплицирате, затоа превидот.
    Не го прочитав цел.
     
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.047
    Допаѓања:
    188.047
    Тоа правни и уставни експерти не може да го ,,протумачат, , еднозначно, они на форум ќе го истумачат(facepalm)
    Треба ли јас, утре ко ќе одам во институција на системот да знам албански, затоа што шалтеристот е Албанец? И како е во реалноста?
     
    На KateKane, theowndemon, Feminka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Не треба.
    Македонскиот е државен јазик по дифолт и можеш секаде да се снајдеш со него.
    Во сите државни институции има вработени кои знаат македонски, 'дури' и во Западна Македонија.
     
  10. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Рамковниот, или законот за јазици на малцинствата е многу јасен и конкретен.
    Не треба да си правник за да знаеш која е функцијата на овој закон.

    Во една општина(Берово, Тетово, Крушево, Дебар..) каде има етничко население(роми, турци, албанци, срби..) повеќе од 20%, покрај Македонскиот, службен е и јазикот на тоа етничко население.

    Толку... Нема оправање понатаму..

    Како што пишав погоре, во ГВ, покрај македонскиот, официјални јазици се и турскиот и албанскиот.

    Значи само во Гостивар е така, а не и во Струга, Вевчани, Демир Капија...

    *Во нитуедна општина кај и да одиш, посебно во државна институција, официјален е Македонскиот, и сите службеници мораат и должни се да го знаат службениот јазик на државата.
     
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Рековме го цитирам Рамковниот.

    Каде е 'дезинформацијата'?
     
    На raww му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.585
    Допаѓања:
    140.168
    Вајлд комплетни невистини. Сакаш да не убедиш дека веќе 20 години ги имаат истите права албанците во Македонија? Дека не е ништо ново двојазичност и вработување во приватниот сектор?
     
    На Ева33 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    @Cka е во право.
    Само ние малцинството не знаеме да се избориме за свој јазик,химна и знаме.
     
    На Anie93, Cka и raww им се допаѓа ова.
  14. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.040
    Допаѓања:
    5.918
    А како државава ни стана двојазична ако воопшто тој предлог не се ни потпиша од претседателот?? Мене ова не ми е јасно добро не прават глупави ли? Т.е не мајтапат како сакаат бидејќи ние не се буниме за ништо, никој не излева да протестира за ништо, за било каков проблем да е само ќе се изнапишат статуси и толку. За некоја година државичкава што си ја имавме ми стои дека ќе ја снема.
     
    На Cka и Ева33 им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.585
    Допаѓања:
    140.168
    У 2001 имаше војна и бидејќи Македонците изгубија мораше да се потпише договор за помирување. Сега без војна им се дадоа поголеми права. И поголеми од нашите.

    А освестеното граџанство не убедува дека е исто се.
     
    На Feminka22, fana и Ева33 им се допаѓа ова.
  16. Ева33

    Ева33 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.217
    Пол:
    Женски
    Затоа и напишав дека е неуставен.
    Нема потпис од тогашниот претседател, Иванов, и се коси со Рамковниот договор.

    Само ние Македонците си ќутиме, нашите лидери си тераат бизниси, агенди.. на сметка на тоа.

    Да беше уставен и законски, на велико ќе се збореше и изучиваше албански досега.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Абе во која држава живеат, како тоа може покрај нив да не стои знаме на држава во која живеат. И да не е така по договор, треба да стои. Ова е Македонија, сакале тие или не..
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    кој обичен народ, Вајлд? Овој обичен народ, кој не зборува македонски, е вработен по општини. Да ги повикаме сите луѓе кои имале работа со општина водена од албански градоначалници, и на телефон не можеле да се разберат со вработени кои креваат телефон и не зборат македонски ..не знаат или не сакаат. Не можеш ни на англиски или било кој друг јазик освен албански.
    *Крева два прста*
    Во секретаријат за европски прашања, каде се пишуваат извештаи до ЕУ за напредокот на земјава и се праќаат до еу (на англиски), а кои за да се напишат, се обработуваат извештаи и податоци од министерствата (на македонски), јас имав искуство со луѓе кои не го владееја македонскиот добро, не го владееја англискиот добро и работеа на извештаите по рамковен. Да отидам пак таму, глава сечам дека истите луѓе се се уште таму. Вака е и во други институции.
    Ова не се физикалци,да не им треба ни да зуцнат збор, ова се луѓе кои мкд треба да го знаат и зборуваат перфектно. Ко ние кои работиме со англиски, мораме да го збориме супер,а работиме у мкд.

    Али ко шо викаш..

    нека си цепаат. Кога наши форумски експерти велат не мора....мора да е така.
     
    На VDT2906, KateKane, IRBBB и 9 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Реков веќе, тоа што го цитирам Рамковниот, не значи дека се согласувам со она што се случува во земјава.
    Баш напротив...
    Неколку пати потенцирав дека ни треба додефинирање на истиот.

    Воедно, и менување на културата на вработување со врски.
     
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    тоа ама не се прави со ликови ко Артан Груби, Бујар Османи....и ликови ко актуелното раководство на сдсм кое нема сенс за држава и право. Кое води држава ко приватна фирма да е,наследена од татковците
     
    На buba4e89, orevokrsacka, Feminka22 и 2 други им се допаѓа ова.