Правда за родилката Веапоска- кривична за доктор Асани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Biljarkata, 17 март 2021.

  1. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    14.564
    Пол:
    Женски
    Абе Фана и епидуралот изгледа има ризик како што читав... убаво реков,Господ да не чува и да не послужи телото,толку.
     
    На IRBBB и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Никаде не чини!
    Ако треба да одиш со 50-100 евра, не чини и точка.
     
    На IRBBB и Mnik им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Мене ми понудија царски кога се пораѓав.
    Ги одбив.
    Природно раѓав, а во ризични спаѓав.. со над 120кг и покачен притисок.
    На прием ми беше 110/160
     
    На ElenaOfRivendell и Mnik им се допаѓа ова.
  4. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Женски
    Од две зла подоброто. Тоа е реалноста
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    14.564
    Пол:
    Женски
    Бегам :rofl: да не ја разбудам анксиозноста сега при крај :)
    :hug:
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Ај и за ова да речам, ама пак ќе заврши со: Ти се заенсваш, си фантазираш, живееш во утопијата во твојата глава

    Кај сме ние сите да им излезиме пред Мин. за Здравство и да бараме подобри услови?

    Ајде да излеземе!
    Не сме една.
    1.000.000 сме.
     
  7. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.043
    Допаѓања:
    117.626
    Пол:
    Женски
    И улица кога преминуваш има ризик да те удри кола нели? :)
     
    На Leat, CameliaMiller и Mnik им се допаѓа ова.
  8. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.409
    Допаѓања:
    6.144
    Зошто да не можеш, не си врзана за кревет, катерерот е мобилен.

    И btw легалната плата на акушерите не зависи од бројот на оперативни vs. природни пораѓаи, туку зависи од број на работни саати во работен ден, саати од повик, дежурства во работен/неработен ден/викенд.
    Тоа дека царски се плаќа повеќе, се плаќа во фактура на болницата, а не на докторот (не е приватна болница) затоа што оди потрошен материјал како конци, анестезија, гази, повеќе персонал, инструментариум, лекови, болнички денови..

    Дека гинеколозите на државно преферираат царски пред природен пораѓај, ама ич не ти држи вода муабетот затоа што не те пораѓа избран доктор и не мора тебе тој да те чека да се отвараш и породиш па да си оди дома, туку тој што ќе ти се погоди на смена, ако ти почне денес пораѓајот а се породиш за 2 дена ќе те гледаат тројца различни, а и најчесто некомплицирани пораѓаи ги водат бабици, докторот само настапува на крај.

    Додека царски рез е операција, така што не му е баш најлесно на докторот да се испере, влезе во сала и да те стави под нож, со сите компликации после можни кои може да се десат (еве гледате), туку испаѓа дека се прави услуга на родилката да не трпи болка (доколку е без индикација, односно договорен царски како што ти опиша за снаата).

    Така да не те исфорсирале сигурно за царски за да ќарат ко што викаш, или стварно имало индикација или ти така си сакала.

    Тоа што го викнале маж ти да плати "во собче" се вика мито и си можела уредно да го пријавиш ако било се' како што викаш (дека не си сакала царски), нема врска ќе те гледале уште повеќе ко ќе дошла инспекција.

    @Biljarkata @WildMk нема анестезиолози во државава. Завршуваат и голем дел си одат надвор, а голем дел во приватно, многу се барани и платени. Се пуштаат огласи за анестезиологзи за во ЈЗУ, на некои никој не се јавува, знам неколку пропаднати конкурси.
    Негде идат цело време од други болници, ама не дека таму се вишок, туку баш дека во соседниот град нема ни еден некогаш на смена.

    Епидуралот ко што рече Камелија си бара постојано до тебе анестезиолог, а ако е еден и во меѓувреме се пораѓа некоја со итен царски (настрана сега муабетот што идат без индикација), не може тој еден да се подели.
    Природниот пораѓај е физиолошки и сметаат дека може да се одвива и без анестезија, поради тоа и поради дефицит на кадар кај нас епидуралот не е воведен рутински во склоп на истиот (во 21 век нели).
     
    На IRBBB, CameliaMiller, Stressed Out и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Породувањето не го извел искусниот гинеколог кого го наведуваш во твоето мислење туку син му,кој сеуште не видел п*чка у животот. И да имала внатрешно крвавење како баш бубрегот бил опфатен тука?!
    Исто така зошто во папирологијата стои дека ја породил со машко,а дома си отишла со женско?
    Не бидете волку наивни ви се молам!
     
    На GrimTheReaper, deskarada и "Zoki" им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.299
    Ами чаре?

    Ми се скурчи од луѓе кои се помируваат со говната во кои се дават!

    Или да преземиме некоја акција или да се затниме и да не јајме лајна по интернетот за џабе.

    Шо корист од кукање на форум?
     
  11. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Луѓе, поразителни се условите во кои се принудени да работат докторите па и да се пораѓаат родилките (зборувам за државно). Тоа е најголема причина и за инфекции и за компликации, а не нестручноста на докторите. Постојат исклучоци секако, ама голем процент од тие што се вработени на приватно, претходно работеле на државно и обратно.

    Избор за анестезија да, ама пак и за тоа треба да се разговара со доктор. Постојат во некои случаи контраиндикации за епидурална анестезија, пример невролошки заболувања, алергии итн итн.
    Да, кај нас се научиле некои жени, царски (оптичка варка, заради самиот збор, мислат помалку болно полесно е), ама не е природно и нормално е дека со себе носи поголем ризик од компликации. Не е дека и со природно не може нешто да се искомплицира, ама природно си е природно (ова го кажувам, како 3 деца да сум родила до сега :D).

    Уште многу леб треба да јадиме ние за да дојдеме до условите кои ги имаат родилките на запад. Пример, породување во вода, кај нас мислам првпат дека беше изведено сега скоро, 2020 година. Нешто што на запад да кажам е секојдневие.
     
    На Anne Boleyn, Snowflake97 и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  12. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    21.188
    Да ,ама ти како да сакаш да кажеш дека е нормално да е така и дека ако сакаме да бидеме третирани онака како што треба ќе треба да си платиме на приватно,а ако не ќе добиеме третман како да сме животни ( дури и полош).
    Зошто на државно да не те гледаат како што треба,да те породи доктор,да те сместат во соба и да дојде сестра да ти покаже и помогне околу бебето и цицањето? Зошто? Се додека сметаме дека е нормално и се додека си викаме ќе собирам пари цела година и ќе одам на приватно да се пораѓам како човек,вака ќе е.
    Нема секој пари да плати фул третман на приватно,па ајде нека го ебаваат на клиники.
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    14.564
    Пол:
    Женски
    Полека бе полека,ти пишаа поназад како работат специјализантите,затоа се на работа,да сработат и да се научат,ако не ти е јасно како бубрег може да биде зафатен од внатрешно крварење нз како да ти објаснам искрено...исто како што метастазира рак.
     
    На CameliaMiller, Angie1432, Anie93 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Ако е специјализант, може. Објаснивме погоре.

    И ова е можно бе. Во тек на операција, можно е се и сешто да се случи. Не е секогаш се како по книга.

    Лош е пристапот на докторот. Или тоа што криел некои работи од семејството. Не им дал соодветно објаснување.
     
    На CameliaMiller, Angie1432, Anie93 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Ништо не ти реков лошо,само да не бидеш наивна.
    Како може од крварење во матката да биде опфатен баш бубрегот.
    Немој да споредуваш со рак смешно е.
    Башка си трудна како што прочитав па не ти треба темава
     
    На Stressed Out и Mnik им се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Ако така викаш, но присуствувал само докторот кој ја породил и бабицата. И како заклучил дека треба баш три органи да извадат?
    И да не наведат што и како е,да не прашаат некој од роднините кој чекал надвор.
    Се излага од сала се кажува у два реда како стои работата.
    А тоа што го кажа погоре членката дека едно е практика а друго теорија во право е,ми се случило многу пати за друга категорија.
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Женски
    Ако не беше намерно зошто докторот кој ме прими сабајлето се зачуди кога дојде на смена зошто сум царски? Зошто ме праша колку ти беше притисокот и дали пиеше дента по две апчиња како што ти реков? Зошто на кревотот на картонот пишуваше дека имав висок притисок, а немав ми го мереа? Башка осеќам кога ми е висок притисокот? Зошто докторот се врати два пати во денот и ме препрашуваше дали вистина сум имала висок притисок и дека заради притисокот ме земале царски? Го слушав во сестринска соба шо телефон кај што се расправа. Јас цел тој ден имав дури и низок притисок. Друга работа немаа нигде напишано колку бев отворена. Зошто?
    Иначе голем дел од докторите им закажуваат датум унапред. Голем дел од родилкити си му плаќаат пари да и дојде дента док што не е на смена.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Не знам кој присуствувал и не знам што правеле, не присуствував јас на породувањето.
    Жената имала пост партум абдоминална хеморагија која може да се случи од сите органи кои се во близина на матката, без разлика за какво породување станува збор. Па и во тек на операција може да се случи повреда на некој крвен сад или нешто (јатрогена причина). И тоа крварење е живото загрозувачка состојба, што значи дека ако треба и орган ќе извадат за да и го спасат животот на жената.

    Пак ќе кажам, да не ме сфатите погрешно, не го правдам. Ако згрешил, мора да одговара. Ама од друга страна не треба и да се напаѓа пред да се разјаснат убаво сите околности.

    А за односот на докторот кажав, мене не ми се допаѓа.
     
    На Stressed Out, IRBBB, Ugly Duckling и 6 други им се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Фала ти што ми објасни, знам дека не го оправдуваш.

    А сега зошто е наведено дека е породена со машко,а си отишла со женско?
    Мислам дека нешто се заташкува.

    Друго по порталите прочитав дека се обидуваат да ја заќутат жената,а таа не сака. На крај ќе видите дека од голем притосок и страв за семејството ќе се откаже од се ова. Они се моќни,а женава не и ќе се заташка.
     
  20. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Не би знаела, може да е грешка во пишување како што пишале погоре. Copy - paste прават.
    Се надевам дека ќе го прочешлаат случајот детално.
     
    На CameliaMiller, Anne Boleyn и buba4e89 им се допаѓа ова.