Правда за родилката Веапоска- кривична за доктор Асани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Biljarkata, 17 март 2021.

  1. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    21.188
    И на државно можеш да си "избереш" доктор кој сакаш да те пораѓа и да му платиш. На истиот тој доктор не му е баш сеедно дали ќе се породиш додека е он на работа и му трае работното време или ќе се пораѓаш 2 дена.
    Ако не бираш доктор,те пораѓа кој ќе е на смена и нема потреба на никого ништо да дадеш,ама ние некако сме многу "модерни" па мора да почастиме,е тоа е друго.
     
    На Stressed Out, Snowflake97 и deskarada им се допаѓа ова.
  2. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.466
    Допаѓања:
    6.219
    Абе жено, ако си одбиела царски што, немало да те породат природно? Океј, еве ти не можеш да знаеш дали имаш индикација или не за царски. Ама како тоа пари на рака ќе давате во собче, а си отишла на регуларен започнат природен пораѓај? Тука сега и јас се чудам ко тој докторот што го викаш. Пријавуваш фино лепо и толку. Ако нема инспекција, има телевизија ко што гледаш.

    @WildMk како и за се друго во државата ни - чаре за скоро време не гледам.
    Треба да се направи правилна распределба на специјализации што ќе се пуштаат според кадар кој фали во болниците, а не според слободни места на клиника и пожелби, да се мотивираат докторите да останат во ЈЗУ во нивните градови, да им се дадат услови за работа (верувај многу побитен е тој момент од плата), да бидат соодветно платени (океј еве качија плати, ама условите?), а не сите да трчаат да се вработат во Скопје и ред други работи.

    Секој се бори Вајлд за подобро, секој во секоја професија сака да си напредува и да биде почитуван, кај нас ради еден ваков или онаков случај се плукаат докторите, се најгрдо во последно време за нив, логично е дека ќе губат мотив и првата шанса што ќе им искочи - си одат.
     
    На IRBBB, WildMk, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.329
    Допаѓања:
    9.395
    Пол:
    Женски
    А што па толку се труби за тој епидурал не разбирам, секоја жена пред да стане мајка е свесна дека треба да помине низ тој момент на болка, така се станува мајка, тоа е дел од природата на жената. И не, не постои жена што не може да ги издржи тие болки, секоја жена е доволно силна и болките не се посилни од нејзе, туку стравот во сопствената глава е причината за тоа.
    Секоја анестезија има и ризик со себе што си носи, не е тоа туку така ајде ќе се боцкаме, башка секој доктор сам гледа дали има потреба од нешто, царски или анестезија. Јас бар до сега сите што ги познавам што биле со закажан царски причина им е страв ми е од природен пораѓај, неможам да ги издржам болките и сл.

    Далеку од тоа дека осудувам дали некоја раѓала со царски или природно, сите сме мајки без разлика како сме го донеле на свет бебето.
     
    На ElenaOfRivendell и deskarada им се допаѓа ова.
  4. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.989
    Допаѓања:
    59.659
    Пол:
    Женски
    Вие сами сте криви,што не пријавите?
    Даде пари и сега ги плукаш.
    Сами ги учите докторите на ова сами, не давам пари и точка вккам инспекција па ќе видиме дали нема да ме гледаат.
     
    На IRBBB, Leat, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.827
    Пол:
    Женски
    Ако ме читаше поназад ќе сфатеше. Несмееш вода да се напиеш, несмееш да јадеш, за да ти фати анестезија ако треба да те породат со царски. Јас 13 саати требаше да трпам болки без вода и храна, да молам за провокација да ми дадат, а да се породам природно со пресува уста и грло и празен стомак? Од каде сила? Веќе од болките почна да ми се врти и на крај сама реков дајте царски чим несмеам ни вода да се напијам, не се трпи веќе. Колку е хуман услов да раѓаш природно, а да несмееш голтка вода да се напиеш 13/14 саати? Место они да гледаа да ме породат природно, да ми покажат вежби за полесно да се отворам или да ме оставеа бар да се движам, ама не одма чим ме видеа станата низ соба да шетам одма не неее, мораш да лежиш, се карав дека полесно ќе ги поднесам болките во движење, не ме оставаа буквално.
     
  6. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.827
    Пол:
    Женски
    Давам за да ме погледнат колку толку. Што да правам кога сите тоа го прават? Да се заканувам со пријави и тие 5 дена уште полошо да поминев? Читај ми ги и другите мислења ќе видиш. Мм ми имаше купено влошки зошто не ми стасаа, ги прашував 5 саати каде се влошките, зошто ете нели мм не ги плати доволно да се замараат. Јас се расправав со нив за доста работи, еве ќе видиме како ќе заврши случајов со женава, чисто сум скептик. Јас како поединец неможам ништо да направам, затоа ќе си одам на приватно следно.
     
  7. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.989
    Допаѓања:
    59.659
    Пол:
    Женски
    Па на сето тоа што си го поминала и те како си требала да ги пријавиш.
    Со тоа што си преќутела и си фуцнала пари си направила полошо.
    Заради вакви случаеви не шишаат, давај и ќути си.
    Зашто јас не извадив пари, туку кога почнав да урлам како луда колку што ми држи глас, за 5 мин ме однесоа на царски.
    Сите ме слушнаа сите ме знаеа дека се пораѓам од мене никој не спиеше нит на паталошка нит во предродилна.
    Јас молев за царски и 15 саати рикав од болки,дури и со индикација не ме однесоа на царски.
     
    На IRBBB, Leat, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.252
    Допаѓања:
    118.914
    Пол:
    Женски
    Грешка си. Така не се станува мајка. Да родиш не те прави мајка. Ама тоа е друга тема :)

    Јас не сакам да трпам болка кога постои можност да не трпам со епидуралната, а ваму морам да ја трпам оти немало анестезиолози, немале време, ги мрзи... (додај по желба).
    Нема да умрам без епидурална, ама ете не сакам да ме боли, сакам да користам придобивки од модерна медицина ете.

    Ко пример ти што користиш интернет во моментов. Нема да умреш ако немаш интернет, ама па убаво е што го имаш, нели :)
     
    На IRBBB, Leat, Nausicaa и 9 други им се допаѓа ова.
  9. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.989
    Допаѓања:
    59.659
    Пол:
    Женски
    До кога со коментарите ако не осетиш болка незнаеш што е Мајка?
    21 век сме:fubar:
     
    На fana, Leat, smooch и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.290
    Допаѓања:
    189.799
    Не можам да ве дочитам сите од сабајлево, којзнае кај сте заминале со муабетот.
    Значи
    Ако ФЗОМ вели дека 50% царски се алармантни, значи нешто ептен е алармантно.

    Имате тема за царски или природно, не ја полнете темата со оф топици за вашите лични или импутирани предубедувања дека царскиот од рајот излегол. @RainBow
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.661
    Допаѓања:
    7.571
    Пол:
    Женски
    Болките се издржуваат. Треба да имаме доверба во своето тело. И најважно, се забораваат. Ако некој се плаши од болка, ок, има алтернативи. Јас се плашам од епидурал, уште повеќе од операција и отидов да раѓам со ставот дека ќе истрпам. Болка, последици и компликации може од било каков пораѓај да има. Природно боли пред да родиш, царски од после. А некоја среќничка што поминала полесно не е помалку мајка од мене што 2 дена го раѓав син ми.
     
    На IRBBB, WildMk и Anie93 им се допаѓа ова.
  12. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.989
    Допаѓања:
    59.659
    Пол:
    Женски
    Има некоја која после царски била тип топ свежа одма на нога мот болки нит ништо.
    А бога ми има и со природно која има 15 конци од почеток до крај и месец дена немњ на гз да седне.
    Така да природното и од после боли.
     
    На CameliaMiller, Mnik и Cherry333 им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.979
    Зошто да не можеш да станеш со катетер?
    Сите носат катетер после операција, ама нема зошто да не станат, може друго да им пречи, катетерот не е причина за нестанување.
     
    На Stressed Out му/ѝ се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.979
    Можеби се 25 од 50, не се 47 од 50 царски. Немаат услови за толку царски дури и да сакаат.
     
    На Autumn Love, Stressed Out и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  15. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.827
    Пол:
    Женски
    Незнам, кога ги прашував дали може да станам, сепак прв пат раѓав, прв пат се сретнав со такво искуство - катетар, ми рекоа 3тиот ден ќе ти го тргнеме катетарот и ќе станеш. Ваљда има врска и со раната. Претпоставувам таква им е праксата, зошто ниедна со царски што беше не стана пред 3тиот ден, освен првиот кога мораш да станеш да отидеш до соба и тоа со помош од сестра.
     
  16. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.827
    Пол:
    Женски
    Јас кажувам и како што напишав за жени кои ги познавам, последниве 10 години кои се породени, дека се од 50 што ги знам, само 3 природно. Вие како сакате мислете.
     
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.979
    Некои не сфаќаат дека да умрам не ми е страв.
    Страв ми е да живеам со болка.
     
    На fana, Autumn Love и joy1 им се допаѓа ова.
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.015
    Се породив после полноќ со царски станав утрото и сама одев до веце. Медицинската сестра стоеше до мене само.
    Не знам оти 3 дена се чека...каква пракса е тоа, на други места не е така.
     
    На IRBBB, WildMk, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.953
    Допаѓања:
    36.972
    Пол:
    Женски
    Епа затоа постои епидурал :) Само... кај нас во државниве клиники е мисловна именка да го добиеш, за жал :( И не знам дали ќе се среди ситуацијата околу тоа во догледно време, оти не е толку до сакање/нејќење, туку до може/не може т.е недостаток на анестезиолози.
    Кога јас се пораѓав на ГАК (викенд беше) имаше дежурен еден анестезиолог. И сосема нормално е истиот да го чуваат за итни операции, а не за епидурал. Оти без епидурал се може, не викам дека така треба, да не ме разберете погрешно, ама во ситуација кога треба да бираш, многу логично е анестезиологот да го пратиш на царски, а не да дозира епидурал. Оти, ти и без епидурал ќе се породиш, ама таа на која и треба итен царски ( и друг вид операција, оти не се само цезареа операциите на ГАК) нема да преживее.
    Забегав со муабетов, ама поентата ми е оваа: цезареата не е воопшто наивна операција и не треба да се форсира како што тоа се прави кај нас. Особено па не треба да биде избор на пациентот |( (ова мислам само кај нас го има и во слични треторазредни држави) Најважно, според мене, е да се одбере добар доктор кој што ќе ја има твојата целосна доверба. Таквиот доктор самиот ќе процени дали треба царски или не, без ти да го убедуваш или да бараш.
     
    На IRBBB, fana, Peperutce1115 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    И јас со катетар после 8 часа од царски станав за да се сместам во соба, но наредниот ден ме станаа целосно и се туширав плус. Не е катетарот проблем, не знам зошто таква пракса имаат, обично докторите велат колку побрзо станеш после царски, полесно е опоравувањето. 3 дена е премногу.
     
    На WildMk, CameliaMiller, ElenaOfRivendell и 1 друга личност им се допаѓа ова.