1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правда за родилката Веапоска- кривична за доктор Асани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Biljarkata, 17 март 2021.

  1. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    За породилни приказни имате посебна тема.
    Оставете ја барем оваа тема да се задржи на фокусот - касапинот заштитен под етничка и партиска капа и жртвата која бара поддршка.
     
    На christinnn, GrimTheReaper, smooch и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.847
    Пол:
    Женски
    Јас сум породена природно ,и во Охрид и во Струга.Ако правам споредување воСтруга поминав поубаво.Во Охрид ме ставија во една соба и дојдоа во 9 часа, два пати,еднаш да ми кажат дека ќе добијам уште повеќе болки ,а имав огромни и не добив поголеми од тие до породување, а вториот пат за да ме прегледа докторот.Се породив и ми ставија една зелена крпа, да крпа,бидејќи торбата со мои ствари ми ја вратија на влез.Во Струга пораѓајот траеше пократко. Ми приклучија веднаш инфузија што не беше случај во Охрид иако породувањето во Охрид траеше повеќе од дупло подолго.Откако се породив ,докторот повторно стави рака а бабицата ми рече не плаши се, докторот е педантен и сака да провери за сигурно да не останало од постелицата.Потоа веднаш ми ја побараа торбата за да ми дадат влошка ,а да ,и се сетија кога имав средба со моите ,да ми го подадат играчето што претходно им спомнав дека го купив за поголемото дете, како ете бебето му донело поклонче.Е сега за бакшишот.Тоа си е традиција во Струга и Охрид.Одкако ќе се породиш ,секој дава колку има,не дека некој побарал,сами си давамепо народски кажано мужде се вика ,како кој прв извести за радосна вест му се дава ,на возрасни на деца ,па така и на докторот(пример мајка ми им даде на страна на маж ми).Иначе во струшка болница ,јас не памтам да се случил смртен случај на родилка повеќе од 30 години,значи професионалци се,за разлика од Штип каде мислам 4 родилки за кусо време им починаа.Така да јас имам позитивно искуство во Струга ,никој не познавав нити побарав пријател.Значи секој со свое искуство.пс:Иначе јас кога се пораѓав од 7 родилки 5 бевме природно.Другарка се породи со близначина,таа сакаше со царски ама докторот и кажа природно и природно ја породи.Исто вечерта кога бев породена се пораѓаше и една малолетна,се сеќавам никако не даваше да ја прегледа со рака и викаше со царски рез сакам.Слушав колку долго време ја убедуваа и викаа детето ќе ти се угуши мора да излезе а таа дома ќе си одам.,си викав браво за трпението и на крај сепак се породи и тоа природно.
     
    На CameliaMiller, ElenaOfRivendell и Stressed Out им се допаѓа ова.
  3. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.847
    Пол:
    Женски
    Да така е, ама ете се создаде некоја дискусија ,па читаат и трудници,пишав и јас за истите да не се преплашат со случајов.
     
    На Autumn Love и Stressed Out им се допаѓа ова.
  4. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    14.564
    Пол:
    Женски
    Немој те молам да ја побиваш статистиката на другата членка :) знаеш колку дискусија се разви околу нејзините бројки и гинекологијата во Струга ја направија кланица...
     
    На Anne Boleyn и Autumn Love им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.786
    Допаѓања:
    274.533
    На исто мислење сме.

    Само јас не ги осудувам оние што "бираат" царски, затоа што реално, државно и немаат избор.

    Очај, јас не знам дали било што е очајно колку раѓањето тука. А баш таму треба да е најдобро... единствена болница кај што треба за добро, за убаво да се оди.
     
    На Осе, ElenaOfRivendell, An-na и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Lady Maria

    Lady Maria Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    827
    Пол:
    Женски
    Како овај мисиров од Струга, имаме и докторка да наречам гуска од Прилеп.... Имаат јак ѕид позади нив.. Попусто е се.. Нема правда

    Сепак човекот нема грижа на совест, доволно е ова. Дека ја искасапил за на век а не чувствува вина
     
    На Mnik и Biljarkata им се допаѓа ова.
  7. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Женски
    Ај одмори малце и хормоните ти беснеат. Тоа е мое искуство, немораш да се понашаш ко гинекологија во Струга на татко ти да е, го браниш касапов Асани, ништо ко што напишав не е така, има нешто штом толку те допираат негативни коментари. И јас знам жени што поминале ок, ама гротото што ги знам се така како што напишав.
    Ај сите од денес да пишуваме само најубаво за Струшка гинекологија за да може да се дискутира со тебе.
    Страшно.
    Башка ти извадија текст од статија од ФЗОМ. Не ја напишав јас, џабе скокаш.
     
  8. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    14.564
    Пол:
    Женски
    Ти смири се не јас,убаво реков одамна требаше да се застане со тебе дискусијата кај 3 од 50 :rofl:
    Што мислиш дека има дека го бранам него или гинекологијата?
    Не е од татко ми,починат е... и не сум албанка,едноставно осет немаш толку ќе ти кажам.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MarijaMi90

    MarijaMi90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.621
    Допаѓања:
    20.099
    Пол:
    Женски
    Не сум многу запознаена со целава приказна, го изгледав само видеото од родилката, а после го прочитав и тоа дека наводно не се пронајдени лекарски грешки. Искрено, не верувам во тоа. Точно е дека ние луѓето некогаш пребрзо носиме заклучоци, ама сметам дека јавноста, а да не зборувам за родилката, заслужуваше многу подетално да се објасни ситуацијата. Ако не е лекарска грешка, зошто не е. Јас колку што го памтам видеото од родилката, таа кажа дека со многу големи болки ја испратиле дома и не и обратиле доволно внимание, па кога се вратила пак во болница, ја префрлиле Скопје заради компликации. Исто дојдов до заклучок дека мажето и е малце изгубено и како да не реагирал доволно или не бил доволно информиран за да реагира. Во ниту еден момент не помислив дека органите се извадени со цел да се продадат, но мислам дека има некоја недоследност и лекарска грешка. На запад штрајкуваат за тешки глупости, може затоа и државите им се појаки, а кај нас додека не не засегне лично нас никому ништо. Дури и да немало лекарска грешка, јавноста, а особено жената заслужува објаснување.
     
    На Biljarkata и Stressed Out им се допаѓа ова.
  10. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.901
    Допаѓања:
    25.541
    Пол:
    Женски
    Ова да ми се случело мене , до сега Тетово без болница ќе беше . Како може бе да е маж и изгубен ? Ако жената има болки , болницата ќе ја преврти додека не ја примат како што треба . Ако не , ќе ја носи во друг град ако треба . Не смее да е изгубен во тие моменти , особено ако има компликации . Јас да сум била на место на родилкава , има таква шлаканица да му залепам , што ќе го освестам за три живота . Јас да се борам за животот мој и на нашето дете , а тој изгубен да е ?! Ќе се изгуби од планетава !

    Околу случајот , се надевам дека правдата ќе излезе на виделина , и сите инволвирани ќе си го добијат заслуженото , ако не на овој , тогаш на оној свет .

    Ама највиновен е маж и . Не смеел да биде " изгубен " додека не си ги види жената и бебето здрави и живи . Ова не смее тука да застане , правда мора да има . Како прво , родилката вели женско бебе родив , а докторот вели машко бебе се роди .

    Луд је*е збуњеног (facepalm) .
     
    На Stressed Out му/ѝ се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.786
    Допаѓања:
    274.533
    За последното, грешка им е ради копи/пејст. Не е ок, ама не е ништо повеќе од тоа.
     
    На CrazyGirl15 и Stressed Out им се допаѓа ова.
  12. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.901
    Допаѓања:
    25.541
    Пол:
    Женски
    За тоа не знаев , ама сепак ..
     
  13. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    И ова е претпоставка, а не факт. Може во случајов не се работи за копи-пејст нели?
     
  14. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.306
    Допаѓања:
    37.213
    Пол:
    Женски
    Епа ако си до толку моќна направи Струга да е без гинекологов и неговата ординација на диво.
    Не мора лично тебе да ти се случи за да ја искористиш таа моќ и да оставиш еден град без болница.
     
    На Leat, M.B., CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Женски
    Врати се кај сликата извадена од друга членка, дека секоја втора била царски и олабави ме. Од прееска викаш требаше, требаше, се навраќаш, па и уште и неповикана "ме оговараш". Не биди некултурна и помири се дека јас вака мислам, ти не. А тоа што е татко ти починат, како можев јас да знам? И вистина прекини да реплицираш, глупо е. Сама себе се побиваш
     
  16. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    14.564
    Пол:
    Женски
    На форум си :) нз како да ти кажам... за осетот не мислев за татко ми,фала богу не знаеш,узречица е,ама олабави ти и јас познавам многу што се породиле во Струга природно,ти кукаш за работи што се стандард за породување во државно,тоа не ја карактеризира само гинекологија Струга како лоша.
    Во право се членките ,на толку лоши искуства како што тврдиш дека си познавала,а под лоши искуства не мислам дека сестрите ти ги гледале соленките во ќесето,ако барем пола се побунеа ќе се сменеше можеби нешто.
    Во Охрид имаше многу реакции за една докторка ама таа им продаваше некаква си инекција,еднаш ја суспендираа,не се опамети,наредно отказ и одземање лиценца,значи се може.
     
    На Autumn Love и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  17. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Женски
    И ти си на форум де. Ти си таа што одсабајле почна да ми реплицираш дека читаат родилки, трудни жени, ќе се исплашат, па си требала да прекинеш да реплицираш, контрадикторна си страшно... ми се запна нр ти реплицирам и пак продолжуваш, не ти реков јас "требаше да прекинам дискусија". Ти кажаа и други членки да не читаш што не ти одговара, зошто си трудна. Ме напаѓаше демек епа шо очекуваш, тоа е демек помири се. Јас си кажав дека нема да се помирам и кој ќе е мојот втор избор, ти ме напна зошто и така сум рекла. Јако ми се закачи. Алал да ти е ако од моето лошо искуство само за соленките се фати.
     
  18. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    14.564
    Пол:
    Женски
    Јас никаде не напишав да внимаваш дека трудни читаат,туку пишав лично за мене и стриктно за Охрид те прашав да образложиш.
    Ако не можеш да се помириш повели буни се,сега е моментот како што се охрабрија и други покрај женава сега така барем ќе спасиш и други.
    За твојот нареден избор не ме интересира,твое право,за толку пари нормално дека ќе поминеш подобро од државно.
     
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.786
    Допаѓања:
    274.533
    Би се изненадила да не е тоа.

    Користат готови обрасци, самиот систем има таква можност. Е сега, постарите доктори потешко се снаоѓаат, помладите се ок.
     
  20. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Женски
    Како да се бунам? Да и стегнам тужба? На кој основ? Што имам јас документирано од ова што го поминав? Кој ќе ми е сведок? Или ќе скокнам на фб да пишувам статуси кои треба да допрат до министерот и ќе ја "прочешлаат" Захарија, која воедно е комуњар, како и маж и на јака функција во Фондот, која ја дадоа по телевизии за дива ординација и оп наредната недела на АВРМ нели оглас по процердура и по закон, пријавена ординација, сестра и доктор во неа вработени, ординацијата нели неможе на нејзино име, на татко и е (пензионирам гинеколог). Слушна уште еднаш за таа ситуација на вести, прочита негде по социјални мрежи? Се заташка толку. Никок нема да одговара, а најблаго речено треба да и се одземе лиценца, а маж и да лета од работа, зошто он треба по закон да е тој што треба да и ја забрани дејноста. Само сигурно таа што ја пријави може веќе да ја заборави струшка гинекологија, оти сигурно ја знаат и со име и презиме. Свесна си колку се влијателни? Овој Асани може вода да им носи.
    А за парите, снаа ми точно 34.000 и нешто има потрошено кај нејзе сега на вторава бременост и пораѓај. Види дали не и се исплати да оди на приватно друг пат.