1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правда за родилката Веапоска- кривична за доктор Асани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Biljarkata, 17 март 2021.

  1. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.338
    Допаѓања:
    316.827
    Пол:
    Женски
    ако де и ја сум шиена со анестезија.Локална.Ја става гинеколог
     
    На buba4e89, Cherry333 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  2. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.787
    Ок, не викам дека секаде е присутен, ако за тебе не бил, тоа не значи дека сите се ко тебе. Јас кажувам за овој случај што го знам. Ако бил таму значи некоја потреба имало.
     
  3. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.338
    Допаѓања:
    316.827
    Пол:
    Женски
    У глобала така е секаде.За операции немаме анестезолози не пак за 2-3 конци кај родилка.Се надоврзав на твоето цел тим лекари за природен пораѓај.Тимот е лекарот и бабицата никој друг.Некогаш ни лекарот ако се погоди сам на дежурство со две родилки па трча де кај едната де кај другата.
     
    Последна измена: 18 март 2021
    На IRBBB, buba4e89 и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  4. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.787
    Јас нигде не пишав цел тим. Друга членка е. Пишав за овие тројца што биле тогаш. Како одговор на членката што праша. Нешто си се измешала.
    Нормално е дека кај што ќе има потреба ќе иде и некој друг. Кај тебе немало, си минала со тие двајца.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.683
    Епа сега одлучите се. Не е гинекологот тој што треба да вади бубрези, ама не смеат други доктори да бидат присутни во текот на операцијата. Хм, контрадикторност.

    Секакви ситуации може да искрснат во текот на породување или било која друга операција и тогаш најбитно е да се спаси животот на пациентот.
    Не знам, ете ако е крварење некое во прашање (а голема е веројатноста со оглед на тоа што станува збор за крвава интервенција и за гинекологија воопшто) тоа е живото загрозувачка ситуација.

    Не го бранам, ако направил грешка мора по секоја цена да одговора. Се надевам дека ќе го прочешлаат случајот детално.
    Тоа што не ми штима мене е "дивата ординација", "премолчувањето за аблацијата на органи" и неговиот однос генерално.
     
    На Anne Boleyn му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    1.833
    Пол:
    Женски
    Јас колку што знам,при абдоминална операција,секогаш се присутни еден анестезиолог,хирург кој го извршува зафатот,и уште еден хирург,башка инструменталки и сестри евентуално.По мене кога повторно ја оперирале викнале можеби уште некој хирург ,кога увиделе дека жената е во животозагрозувачка состојба,со цел да ја спасат.А за трговија со органи ,во ниеден момент не се посомневав,зошто не е така едноставно ќе си ги извадиме органите па ќе си ги ставиме во некое куферче и ај чао.Тоа е болница има многу персонал,не може да остане не забележано.Колку што знам за да се трансплантираат од еден на друг човек треба брзо време,колку што сум гледала пр.при трансплантација на бубрег во исто време се одвиваат операциите(нека ме поправи некој медицинар ако грешам).Не е тоа така едноставно а и се потврди дека се однесени на патологија,си има процедури во такви случаи.
     
    Последна измена: 18 март 2021
    На Anie93, Stressed Out и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  7. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.787
    А добро ли разбирам дека тек на клиника неа и кажуваат дека и фалат три органи?
    Нема никаково оправдување за случајот инаку. И тим од 50 души да бил, не значи дека одговорноста е распределена и помала. Лекарот пред сѐ е потпишан на лист кој не ни содржи точни информации, нешто ужасно смрди во целата работа и сеуште не ми се верува дека некој може и да помисли дека нема одговорност.

    @joy1 Прашав, ради провокацијата што и била претходно дадена нешто било поврзано, затоа анестезиолог за случајот погоре.
     
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.109
    Допаѓања:
    164.721
    Јас така разбрав, дека до клиника не знаела. Ако ја закрпеле ко шо треба, може и немало да дознае:x

    Е сега, проблемот со тимот. Јас разбрав дека син му се учел да оперира на пациентката, дали е стручен- не стручен, не знам. И тим да биле, интерен тим, фамилијарен де. Памтам брзо по оваа вест, излезе и таа за некој во Битола, ја пуштал жена му да ординира, таа ни доктор не била- и си реков, види коинциденција.
     
    Последна измена: 18 март 2021
    На Anne Boleyn и Celltica им се допаѓа ова.
  9. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.101
    Допаѓања:
    5.278
    Пол:
    Женски
    Сум присуствувала на царски рез, баш на гинекологија во Струга, и вистина е дека има цел тим, што е нормално при оперативен зафат. Колку што памтам, освен гинекологот, дојдоа и анестезиолог и хирург од хируршкото одделение, како и неколку акушерки.
     
    На Anie93, Stressed Out, Autumn Love и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    1.833
    Пол:
    Женски
    Да,до на клиника не знаела а како би знаела во бесознание.За синот добро да се испита ,ако е точно ужас,мора одговорност .За да ја закрпеле ќе ја закрпеле ама тоа не се крие,не може таа никогаш да не појде на ехо,еден ден ќе појде и што еј абе тебе ти фалат три органи..не се крие тоа.Иначе за случајот во Битола таа беше докторка со диплома и специјализација во Белград,ама без нострификација .
     
    Последна измена: 18 март 2021
    На IRBBB, Autumn Love и Biljarkata им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.125
    По дури 6 месеци Филипче конечно го разрешува Асани. На што личи тоа? Ѓубриња. Досега требаше да има и обвинение за него. И друг татко од Дебар го обвини лекарот дека направил компликации со папочната врвца и девојчето сега има здравствени проблеми. Болници нула, лекари исто. Во Дебар нема родилиште. Мораат да одат во Струга, па и таму кланица било како што гледаме. Ужас. Да му е страв на човек да појде по болници. ПРЕДОЦНА Е СЕТО ОВА.
     
  12. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.787
    Дури и да е така, ова се сериозни системски пропусти. Како се појавила таа докторка таму? И да имала диплома, нели има некоја процедура, или кој како стигне оперира. Испаѓа копаме бунари со вујко ми работава.

    Сериозно, во мисла сум денес колку вакви нешта се случуваат често и дали воопшто дознаваме доколку некој како родилкава не објави јавно. Се надевам дека сум само параниочна, ама со оваа историја на туркање ствари под тепих во државава, не би ме чудело. И не целам на трговија со органи, него општо дали и каква контрола има на лекарски грешки. Или моќта на белиот мантил е толку авторитетна што никој не поставува прашања?
     
    На WildMk и Biljarkata им се допаѓа ова.
  13. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    1.833
    Пол:
    Женски
    Секако,јас само и кажав на членката што беше во дилема дали била медицинско лице,не дека оправдувам.Иначе имаше околу тоа ,дека тешко се доаѓа до нострификација во нашава држава и ете и да е таа квалитетен кадар,наместо државата да ја прими ,доаѓа да вака скришно, упаѓа во операциони сали.
     
  14. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.787
    Ама за тој случај таа беше сопруга на друг лекар таму, што искрено ме прави стварно да се сомневам дека оперирала зошто нема кој друг и зошто е исклучително квалитетна. Мислам, без нострификација на диплома можеш ли воопшто да се вработиш во болницата? Тоа е страшно како рандом човек од надвор дошол и оперирал и кој го дозволил тоа. Неа не смее да и се дозволи да стапне во болница понатаму заради вакви малверзации.
     
    На Anne Boleyn му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.677
    Допаѓања:
    14.260
    Пол:
    Женски
    Ај вака сега да кажам,не прочитав наназад можеби веќе некој кажал,значи докторот како прво не е со купена диплома како што лупетаат по фб,30 години го работи тоа,знае да направи царски рез.
    Органите не и биле извадени на пороѓајот туку во интервенција 5 дена по породувањето откако настанале компликации и да,бубрегот го извадиле хирурзи а не тој,имала внатрешно крварење и во моментот направиле се да и го спасат животот.
    Инаку во Струга сите доктори се добри и стручни,ве молам не нафрлајте без потреба клевети.
     
    На Anie93, ElenaOfRivendell, Anne Boleyn и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.677
    Допаѓања:
    14.260
    Пол:
    Женски
    Кажано им било се и не била пуштена без збор туку префрлена на карил во Ск.
     
    На Anie93, ElenaOfRivendell и Autumn Love им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.109
    Допаѓања:
    164.721
    Не ја отворив темава за клевети, и прашав форумски власти, може ли да ја отворам, свесна за сензитивноста на ситуацијата.
    Е сега, таа вели едно нешто- тој вели друго, а ние читаме вести. Во линкот подолу и видео
    https://www.24.mk/details/veaposka-...erirana-na-karil-doznav-deka-nemam-tri-organi

    Мое мислење- да било направено породување ко што треба, немало да има компликации.
     
    Последна измена: 19 март 2021
    На buba4e89, MarijaMi90, Guns N` Roses и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    1.753
    Допаѓања:
    7.818
    Пол:
    Женски
    Е ај сега вака.
    Прво за сите што ќе прочитаат, профилов ми е нов, ама сум постара членка, на претходниот профил му ја заборавив лозинката. Небитно.
    На темава - И јас сум породена во Струга, значи не ги бранете безпотребно, воопшто не се во право. Не и било кажано дека и се извадени три органи. Ова е све зошто син му бил во сала и направена е грешка, вежбал на неа. Друга работа - да во Струга може се и едни од најдобрите гинеколози собрани во државава АМА има едно огромно АМА. Зошто не кажеш дека повеќето те гледаат како пара, после пораѓај го носат таткото во собчето на страна и му бараат пари? Тоа е јавна тајна. Зошто не кажеш дека сите имаат свои приватни ординации дома и ги крпат пациентите секој преглед по 1000че?
    Зошто не кажеш дека 80 % родилки во Струга се со царски рез тррбало не тррбало за да земат пари? Гледаш последно со докторката што ја пријавија дека работи на црно дома во ординација што се случи? Ништо. Си ја пријави фирмата на име на татко и, ни маж и комуњар што е на функција која треба да ги гони и казни тие со ординации на црно не доби никаква казна. Исклучителен гинеколог е ама секоја пациентка ја гледа како царски рез и минимум 50 еур мито.
    Друга работа зошто не збориш за верска/национална поделба која поточно потекнува од докторите албанци во болницата? Албанците доктори си ги фаќаат нивните пациенти, Македонците доктори нивните. Се случи да бидам ите случај, македонецот доктор гинеколог на смена беше отсутен 2 часа, албанката несакаше да ме погледне, ми викаше ќе дојде докторот ќе те види. Ако ни се случеше мене и на моето бебе нешто тогаш кој ќе одговараше?
    Можам цели реферати да пишувам. Не им се допадна кога отидпв на пораѓај, а знаеа дека си одев цела бременост на преглед кај мојот матичен, односно не ми го цедеа џебот кај нив на приватно, па нејќеа да ме погледнат асално со болки, не ми кажуваа колку сум отворена, а заради целосната анестезија за пораѓај зошто немаат стручен анестезиолог за друг вид анестезија, несмеев во 13 саати со болки ни голтка вода да се напијам и од каде јас сила за природен пораѓај да имам? На кратко ме направија сама да си побарам царски зошто веќе нрмав сила, 24 часа не бев ни јадена ни спиена. Мојот избор за второ ќе е Плодност, за тоашто се многу алчни и зинати за пари во Струга. И никакво оправдување нема за докторот зошто снаа ми сега се породи таму и знам што муабети и потсмевања слушала за случајот помеѓу докторот, син му и персоналот.
     
    На buba4e89, WildMk и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  19. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.677
    Допаѓања:
    14.260
    Пол:
    Женски
    Вака сега,за тоа одење на преглед во нивните ординации на црно е личен избор! Никој сосила не ги тера,сама знаеш тоа е обостран бенефит и сите знаеме каква предност е да те породи докторот што ти ја следел бременоста.
    За се друго што си набројала нема да коментирам зошто доволно кажува тоа дека за наредно ќе одиш во Плодност,зошто не одиш во Охрид? Знаеш зошто,затоа што се што си набројала е секаде исто во државните болници не само во Струга и тоа е друга тема на дискусија.
    Ако синот негов направил грешка во породувањето тоа треба да се испита и да се санкционира,ама и ги извадиле органите за да и ги продадат? Аман со вакви небулози,нереално е.
     
    На Осе, Anie93, ElenaOfRivendell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    1.753
    Допаѓања:
    7.818
    Пол:
    Женски
    Јас не викам дека се извадени за да се продадат. Не одам Охрид, полоши се. И не е оправдување дека сегде се исти, ама прост пример од едно 7-8 пораѓаи во Чаир, се каде каде подобри од овие овде.
    Жално е да се потсмеваат, на ваков случај, значи што све ми кажаа, тоа пациентки што лежат со бебиња да го слушаат е страшно. Уште сетрите да му викаат, "да не си одиш докторе, од инает", мислам....
    Ништо нема да се испита, зошто го знаеме правниов систем кај нас каков е, ќе помине вака и ќе се заборави. Ја потпишав и јас петицијата, па ај да видиме.
    Ниеднаш не излезе со објаснување конкретно како дошло до тоа да и извади 3 органи, ај матка, ај јајник ама БУБРЕГ?
     
    На Осе, MarijaMi90 и GrimTheReaper им се допаѓа ова.