1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правда за родилката Веапоска- кривична за доктор Асани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Biljarkata, 17 март 2021.

  1. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Што ако приказната беше раскажана низ твои очи? Дали ќе беше сеуште рамнодушна? И покрај недостигот на органи сеуште ќе го величеше својот доктор? Не, не е нормално на породување да вадат органи. Доколку постои сомнеж дека може да настане компликација, точно е дека се присутни хирурзи. Но првично родилката немала проблеми, значи се работи за докторска грешка. Барем јас немам досега чуено за случај каде дошло до вадење на не еден, туку три органи. И нормално ќе ја бараш правдата.
     
    На smooch, christinnn, buba4e89 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.999
    Пол:
    Женски
    Од кого правда да очекуваме? Од криминалците? Го разрешиле од директор чудо големо, ќе го стават во знак на извинување на некоја подобра позиција во иднина. Незнам некој да одговарал за грешка. А до тие што го браните, може би ви дошол паметот ако се најдете у нејзина кожа и се разбудите без половина органи. Гарант сте истите тие што сакаа аплауз да му даваат на тераса на неспособниот министер. :headbang: У државава изгледа луѓево треба да почнат правдата во свои раце да ја земаат, не се излегува на крај инаку со овие.
     
    На Guns N` Roses и Ева33 им се допаѓа ова.
  3. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.686
    Допаѓања:
    14.327
    Пол:
    Женски
    Никој не вели да го величи,нормална е нејзината реакција,сакам да кажам да се гледа ситуацијата од повеќе страни,сигурно и бубрегот не го извадиле од ќеф,така налагала ситуацијата.
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.686
    Допаѓања:
    14.327
    Пол:
    Женски
    Вака сега,немој да ги генерализираш работите,сум била во Чаир на операција знам како е,врвни се,ама не може цела Мк да оди Ск или да си дозволи пораѓај во приватна болница. Еве здравје Боже јас за 1 месец треба да се пораѓам во Охрид,како да реагирам на овој твој коментар?
     
  5. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    1.853
    Допаѓања:
    8.266
    Пол:
    Женски
    Мене ме прашуваш? Ти не ги знаеш какви се? Колку што знам имаш и опција плаќаш 100 еур и кој доктор сакаш и да не е на смена ќе ти дојде. Немој да ми поставуваш мене прашање или мене да ме обвинуваш што докториве се за нигде. Еве ти ја Струга договори се со доктор Крсте, во сигурни раце ќе си, ама таа ти е тарифата ако немаш среќа да е на смена.
     
  6. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    27.791
    Можеш да не читаш, да се дистанцираш од темиве и може најдобро според мене е да направиш така со оглед дека си трудница.
    Она што не може да очекуваме секој од нас на форум е сите мислења и коментари на членките да се ускладени со нашиот well-being.
     
    На MarijaMi90, Guns N` Roses, Biljarkata и 3 други им се допаѓа ова.
  7. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.954
    Допаѓања:
    20.854
    Ама мене едно не ми е јасно,ако сакал докторот да ги продаде органите не би биле пратени на патологија,туку би ги немало,нели?
     
    На WildMk, Anie93, Anne Boleyn и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.686
    Допаѓања:
    14.327
    Пол:
    Женски
    Сакав да и кажам на членката да не ги генерализира толку работите.
    @Mnik ако сакаш да знаеш и во Чаир е тарифата 100 евра ако сакаш некој доктор специјално да ти дојде на пороѓај.
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.997
    Допаѓања:
    261.113
    Јас се надевам дека женава до крај нема да се откаже.

    Дали имало или немало пропусти, не знам, не бев во сала. Знам за случаеви кај што планот е еден, за да се искомплицира и да се смени планот во момент. Зборувам за други интервенции, не за породување.

    Ако е вистина се' ова што се тврди по медиуми, разрешување не е доволно, треба и кривично да одговара.

    Мора да постои причина како дошло до крварењето, и сите учесници - а сам не оперирал, ако сам оперирал тоа е плус за тужба (ниту е стручен бубрег да вади, ниту смее) така што кога ќе си ги прочешлаат и другите доктори што учествувале, анестезиолог, хирург - уролог... може и ќе се разјасни. Па дали другиве својот или неговиот газ ќе го чуваат.

    Иначе не е често, ама сериозно се случува после оп. да се појави крварење, тогаш се прави ревизија оти е загрозен животот на пациентот.

    Некој праша дали може да се докажат лекарски грешки, може, ама како и секаде - клизаво е, затоа што тешко се докажува, а и за некои грешки не ни може да се бара оштета или казна, затоа што докторот не е семоќен и не може се' да предвиди.

    Ја потпишав петицијата и се надевам ќе излезе вистината на виделина.
     
    На WildMk, Anie93, Guns N` Roses и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Која ситуација? Доктори се или грнчари?! Зарем не видел докторот претходно дека може да дојде до компликации. Значи пак е негова грешка. Имаше една постара родилка, со претходно утврдена тешка бременост, каде постоеше ризик за останатите абдомални органи. Среќа пораѓајот помина во најдобар ред, но беше присутен хирург за во случај да настане компликација според веќе утврден ризик. Значи?!
    Бременоста не е следена како што треба, или едноставно направиле они самите енормна грешка, која понатака си барала отсранување на органи. Во секој случај не си во право и не можеш да ме убедиш во спротивното.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.997
    Допаѓања:
    261.113
    Па не верувам ни дека овој сам фатил да и' вади бубрег. Не верувам да е толку глуп. Гинеколог е, нефректомија не е така "проста" работа па ај, ќе вадам.
     
    На Anie93, Guns N` Roses и Stressed Out им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.997
    Допаѓања:
    261.113
    Не му се за продавање.
    Него или ја оплескал без да сфати, или син му ја оплескал без да сфати, па кога почнала да им крвари немале можеби многу избор.

    Во секој случај, крајно е невообичаено да ти извадат бубрег при пораѓај, освен ако не оплескале некаде па да мора.
     
    На MarijaMi90, Guns N` Roses, Anne Boleyn и 2 други им се допаѓа ова.
  13. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Што и да се случило, остава сомнеж и сосема е во ред да се бара правда. Ниедна причина или замисла не ми кореспондира со логика.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  14. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.954
    Допаѓања:
    20.854
    Да,да и јас така сватив (мислам).
    За продавање да се,не би ги праќал на патологија,или би ги пратил,ама претходно да бил договорен со некој од таму,па заедно да имаат корист,а овие да кажат дека нели не се добри ( ако може да се лажира така). Без претходно промислено се,не би вадел органи тукутака за продажба.
    Ама што би можело да се случи за да треба да се извадат органите,каква компликација,ако веќе е утврдено дека станува збор за здрави органи? Нели нешто треба и со нив да не е во ред,па да мора да се вадат?
     
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.997
    Допаѓања:
    261.113
    Доволно е да пресекле артерија на пример, да нема доток на крв, а не се стручни (или не е можно) да ја затворат.

    Вака само претпоставки нафрламе, сериозно се надевам дека ќе се расветли.
     
    На Stressed Out, Anne Boleyn и hello-kitty.90 им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.997
    Допаѓања:
    261.113
    Се согласувам. Мора да знае што се случило, затоа и ја поддржувам.

    Но, не е толку ретко да се прави ревизија, тоа сакав да кажам. Не е вообичаено, но не е ниту нечуено.

    Не само тоа, него се случува и да се планира операција за вадење на еден орган поради карцином пример, но при сама операција да се увиди дека има метастаза и на друго место, па да се повика соодветен хирург за тој орган да оперира.

    Скоро имавме случај, карцином на дебело црево, на мр не се гледало дека се зафатени простата и мочен меур, па на веќе почната операција се повикаа уролози да оперираат на тие органи, поради засегнатост беа отстранети.

    Значи не е невозможно навистина да има потреба од многу поголема операција од предвидено, ама овде бидејќи сите наудрени се прават, пациентката е ставена во ужасна положба.

    Затоа има секое право да бара објаснување, да бара правда и да се дознае што се случило навистина.
     
    На WildMk, Angie1432 и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.264
    Допаѓања:
    166.179
    Имам прочитано изјава од родилката, лева артерија и била пресечена.
    https://mms.mk/210524/јилдз-родила-женско-а-д-р-асани-пред-ко/
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  18. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.954
    Допаѓања:
    20.854
    Како и да се врти,вина докторот има. Да не излезеше случајов во јавност,ќе си останеше така.
    Докторов како прво нели не смее да има ординација на диво,демек јавна тајна е,сите знаат дека има ординација,само надлежните не знаат |(.
    Исто како и во Куманово доктор Албанец,што прегледува деца во собче од 15 кв и зема за преглед по 300 ден ( инаку добар доктор е).
    Очигледно дека е добар со Владата,и ќе излезе,секое чудо за 3 дена,за жал.
     
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.997
    Допаѓања:
    261.113
    Таа мисли дека лева артерија е исечена. Од ова приложеново нема конкретно опишано. Посебни документи се (и сигурно ги имаат) во детали предоп. заклучок, операција (детали), втора операција (детали). Не знам дали ги има таа, не се вака достапни, но на барање на адвокат ако сака да тужи мора да и' ги издадат.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.264
    Допаѓања:
    166.179
    Добро, прва операција-пород, втора операција, зошто завршува на Карил?