Правда за родилката Веапоска- кривична за доктор Асани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Biljarkata, 17 март 2021.

  1. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.847
    Пол:
    Женски
    Па јас реков нека излезе на суд,и нека одговара ако згрешил и тој и син му.Сакам да кажам судиме предвреме, еве докторот е предвреме осуден.Го дадов мојот пример можев и јас да одам на суд и да го нарекувам џелат ама реалноста беше друга
     
    На Peperutce1115, gjoker4e и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  2. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.870
    А во која тема досега не се глумело дека сме од Марс паднати?
    Секаде мора да сме фини, прогресивни, па не е див запад ова, да судиме предвреме дури имаа пишано на темава.
    А баш див запад е.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.971
    Не е осуден, кога ќе е во затвор тогаш ќе е осуден. Ако мислиш на осуден од народот, епа сори, органи вадиш и не кажуваш. Најмалку што може е медиумски да се прошири.
     
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.910
    Допаѓања:
    36.745
    Пол:
    Женски
    Односот на твојот доктор и овој е далеку од сличен. Твојот доктор се грижел за тебе и бил свесен за ситуацијта, додека овој првенствено воопшто не бил свесен дека направил грешка, па така по цезареата кога имала компликации и болки, родилката ја убедувале дека не и е ништо и сакале да ја пуштат дома. И, откако ја направиле втората операција, повторно не ја известиле што и како и е направено, туку повторно ја пуштиле дома да се лечи :^)
    Еве, ај кажи ми, како овој случај е сличен со твојот?
     
    На Guns N` Roses, Bezimenka90 и Anne Boleyn им се допаѓа ова.
  5. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.847
    Пол:
    Женски
    Органите се извадени и се на патологија значи се знаело.Сега како дошло до компликација,судот ќе каже а не народот.Ако е крив да го осудат и да лежи во затвор.
     
    На Peperutce1115, ElenaOfRivendell и Stressed Out им се допаѓа ова.
  6. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.847
    Пол:
    Женски
    Грешка е што имала болки а во прв момент не и поверувале,колку што знам не ни отишла дома веднаш по втората операција е испратена во Скопје кажува сама во коматозна состојба .Јас бев пуштена дома се супер си бев една недела, а потоа . ..
     
    Последна измена: 19 март 2021
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    14.564
    Пол:
    Женски
    Како бе луѓе не им кажале што направиле? Па неможно е тоа,си има документи,знаела дека и се извадени органи,не е ова градежништво па ај пукна цевка ќе ја замачкаме и ќе ќутиме.
    Некој погоре пиша да не се повтори ваква работа,неможно е тоа,секаде и секогаш се случуваат непредвидени компликации па и грешки.
    На моја братучеда во Австралија и заборавија газа во породувањето,да,во Австралија.
    На мајка ми овде и на државно и во Ремедика и дијагностицираа тумор од 10цм на јајникот за да докторот што ја оперираше излезе од сала и ми рече жал ми е метастазирало цело и најверојатно е сарком,и знаете што,испадна дека беше само гадно воспаление,и сето ова во приватна болница. Да кај нас испадна за среќа на подобро ама настана огромна грешка,иако дијагнозата претходно ја потврдија гинеколог,хирург,интернист и уролог бидејќи веќе накај бубрегот заминало.
    Се случуваат секакви работи,ги имало и ќе ги има,секаде,не само кај нас,е сега разликата е што кај нас нема одговорност за жал...
     
    На IRBBB, ElenaOfRivendell и Anne Boleyn им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.102
    Допаѓања:
    188.536
    Како дошло до компликација, само докторите може да кажат, на судот е да суди. А народот може само притисок да прави, да се процесира правдата.

    Јас реков да не се повтори- да се констатира како е настаната грешка, и да се приспособат процедурите, за истата да не се повтори. Да знаеме дека е медицина, ама заборавена газа, извини @Stressed Out не е баш грешка, прекршена процедура е. Демек нема таму инструментарка да брои, колку ставиле, колку извадиле. Глуп пример, се случува, ама веројатно и одговорност се сноси. Во најмала рака болницата ќе си ја плати ,,грешката,,.
     
    На IRBBB, Ева33, Guns N` Roses и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    14.564
    Пол:
    Женски
    Да се надополнам на муабетот претходно за породување во државно и приватно,па нели и во Санте плус им умре пациентка,нели ако згусне нешто одма те праќаат на државно?
    Еве овде има членки што живеат во странство нека кажат дали можат да трчаат на ехо или на доктор како ќе им текне како овде .
     
    На IRBBB и Anie93 им се допаѓа ова.
  10. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.772
    Пол:
    Женски
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.971
    Сега ја слушав, денешно видео. Во првото видео мислам велеше дека не знаела оти и биле вадени органи, сега вели дека го викнале сопругот и му кажале пред да ја пратат во Скопје. Неа не можеле да и кажат пошто нели, била во кома. Но не напишале во отпусна листа. И бебето женско било, така како што е заведено. Тука читав пишал женско а тоа машко или обратно? :^) Ко расипан телефон.
     
  12. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    14.564
    Пол:
    Женски
    Па така де,сакав да кажам дека ова се случи во Австралија,за да не биде ова го има само кај нас.
     
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.803
    Допаѓања:
    274.733
    Машко е пишано во отпусното. 99% зашто копи-пејст реченица им е, мењаат само по потреба од бебе до бебе. Овде... заборавил :x
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.803
    Допаѓања:
    274.733
    Секаде има докторски грешки и секаде шансите да ги докажеш се прилично мали.
    И овој случај каде било би бил предизвик да се расветли и да се докаже вина. Друго би било да има очигледен пропуст како заборавена газа, или некаков инструмент.
    Да не зборам што по бел свет вакви работи брзо се "заташкуваат" т.е. "надвор од суд" се договараат болницата и оштетениот.
     
    На Stressed Out и JuLleE им се допаѓа ова.
  15. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.825
    Пол:
    Женски
    Јас да ви кажам во таа болница не се знае кој пие кој плаќа. Мене во отпусно писмо откога бев примена со висок притисок 170 со 120 не ми направија ниедно ехо, ми дадоа инфузија па им текна абе што правите каква инфузија, кога почна да ми се врти ептен, на пола ја прекинаа им текна чекајте инекција треба. И нареден ден во отпусно писмо ни терапија, ни предлог за боледување зошто секако 2 дена останав таму, јас како ќе се правдам на работа им е гајле, а рече докторот ќе ти пишам препорака за Метилдопа да пиеш и боледување 15 дена. Ај тоа, пишаа ехо ми направиле, а не ми направија, пишале крвна слика ни тоа, кога си одев го прашав докторот, ми рече абе тоа така заради процедура, не е битно. :@ кај новороденнчиња, во сестринска соба да пушиш цигари и да пушташ песни од Цеца на сред ноќ и родилки да се бунат да се намали малку, мислам..... Ништо не ме чуди од ова што се случува, ме испуштија од болница после царски, без да ми препишат антибиотик да земам. На контрола за раната после една недела, се чудеше докторката. :?:
    Иначе за бебето какво било, имаше слики од извештај и вистина пишуваше машко дека е. Дури и на гинекологија син му си се смеел, "ги пораѓаме со машки деца, ги пуштаме со женски" - пресмешно.
     
  16. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.825
    Пол:
    Женски
    Е добро де, ти ќе се пораѓаш во Охрид, јас зборам за Охрид/Струга. Не реков дека не е така на други места.
     
  17. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.319
    Допаѓања:
    37.254
    Пол:
    Женски
    Зошто антибиотик после царски?
     
  18. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.825
    Пол:
    Женски
    Јас колку што ја сфатив докторката којашто ме породуваше (гинекологот) е дека се давало (нормално) после операција во случај во процес на заздравување на раната, да не се случи одредена инфекција, гноење итн. Зинап или Зинат незнам како се викаат точно, тие кажуваат да се купат. А и друга блиска личност која е медицинско лице истото ми го рече. Незнам, ете јас поминав и без него, ама работава е што демрк требало превентивно да пијам, за Недај Боже.
     
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.803
    Допаѓања:
    274.733
    Пред царски не ти пуштија атб? Исто после царски?

    Не знам дали дома треба или не треба да пиеш, ама рутински пред и после секоја операција се прима атб во инфузија.

    А за другово, бунете се, зошто ќутите? Од ќутење само од полошо во полошо одиме, условите за раѓање се тотално ненормални во државава.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.127
    Допаѓања:
    9.825
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам искрено незнам дали ми пуштија, знам дека примав после пораѓај насабајле и навечер инфузии и клексани ме боцкаа. Јас за се што можев да разговарам разговарав, ама штета до кој степен се доведени. Има многу што им одговара таквиот начин. Еве на пример снаа ми и за прво и за второ сега си беше со договорен царски (зошто така сакаше) си одеше редовно во ординацијата на докторката, 2 пати месечно по 1000ка и си им кажа тарифа на пораѓај минимум 50 еур после пораѓај. Јас што несакав да им одам по диви ординации, туку си одев на прегледи кај матичен, што мм им даде скромни 20 еур зошто знае дека сите така прават, буквално верувајте дека несакаа да ме погледнат. На бебето 3тиот ден едвај ги намолив да му сменат пелена, зошто јас бев со катетар и никако неможев тоа да го направам, додека на тие што си имаа платено убави парички им трчаа околу нив сестри поголемиот дел од времето. На денот кога не пуштаа од болница, свекрвата на цимерката дојде со букети, најлон сокови и благо за персоналот, одма и ја спремија
    отпусната листа, мене мм 3 саати ме чекаше, зошто не им донесе ништо. Затоа напиша поназад, следно Плодност, ако треба 2 години ќе работам само за тоа, ама вакво понижување втор пат не.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.